Месапски јазик
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Масапски | ||
|---|---|---|
| Зборуван во: | Италија | |
| Регион: | Калабрија, Апулија | |
| Исчезнување: | околу 1 век | |
| Јазично семејство: | Масапски |
|
| Јазични кодови | ||
| ISO 639-1: | нема | |
| ISO 639-2: | — | |
| ISO 639-3: | — | |
Месапскиот јазик е исчезнат јазик од индоевропската фамилија на јазици. Јазикот бил зборуван во југоисточна Италија во регионите Апулија и Калабрија. Бил зборуван од три племиња и тоа: месапи, дауни и пеучети. Јазикот е зачуван во писмена форма во околу 300 натписи што датират од 6 век п.н.е. па се до 1 век. Месапскиот јазик можеби бил илирски јазик. Илирските јазици воглавном биле зборувани на другата страна од Јадранското Море најмногу на бреговите на Далмација и Црна Гора. Врската помеѓу месапскиот јазик и останатите илирски јазици е базирана врз сопствените имиња пронајдени на натписи во гробови и во класичните тесктуални извори но сепак тешко се наоѓаат други сличности со илирските јазици. Јазикот исчезнал веднаш со освојувањето на териториите на населението што го говорело овој јазик од страна на Римската империја.
