Фригиски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фригиски јазик
Застапен во Мала Азија
Народ Фриги
Говорници непознато  
Јазично семејство
Индоевропско
  • фригиски јазик
Јазични кодови
ISO 639-2 ine
ISO 639-3 xpg

Фригискиот јазик е дел од индоевропските јазици и бил зборуван на територијата на Мала Азија од населението наречено Фриги. Фригискиот јазик е оставен од два дела и тоа едниот наречен Палео-фригиски и датира од 800 п.н.е. па се после неколку години кога се појавува т.н. Нео-фригиски јазик. Понатака, Палео-фригискиот јазик е поделен географски на говори од Мидас, Гордион, централен, Птерија, Битинија, Тианам Даскилеион, Бајиндир. Фригискиот јазик опстоил до 6 век н.е.

Класификација[уреди]

Фригискиот јазик бил најмногу сличен со тракиски јазик, ерменски јазик и до некаде со грчки јазик[1]. Во најголем број случаеви, фригискиот јаизк користел азбука слична со феникиската азбука. Поголем број на достапни документи и извори на фригиски јазик сѐ уште не се преведени, додека пак извори и документи напишани на азбука слична на грчката денес се преведени и идентификувани фригиски зборови.

Примери од јазикот[уреди]

  • anar, 'сопруг'
  • attagos, 'коза';
  • Bagaios, "Зевс"
  • balaios, 'голем, брз'
  • bedu 'вода'
  • bekos 'леб'
  • belte, 'мочуриште'
  • brater, 'брат',
  • daket, 'предизвикува'
  • germe, 'топло'
  • kakon, 'нарушен, болен'
  • knoumane, 'гроб'
  • mater, 'мајка'
  • meka, 'голем'
  • zamelon, 'роб'

Наводи[уреди]