Долина на Хунзите

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За статијата за поранешната кнежевска држава, погледнете Хунза (кнежество)
Знаме на Хунза
Грб на Хунза

Долината на Хунзите е планинска долина во близина на Гилгит, во северните предели на Пакистан. Долината на Хунзите е сместена на надморска височина од 2,438 метри (7,999 стапки). Територијата на Хунзите се простира на околу 7,900 km² {3,050 mi²). Каримабад (порано нарекувана Балтит) е престолнината којашто, истотака, е мошне извесно туристичко одредиште во Пакистан, поради впечатливите предели на околните планини како Ракапоши, Ултар Сар, Боџахагур II, Врв Гента, Врв Хунза, Врв Дармиани, и Бублиматинг, сите на 6,000 m (19,685 стапки) или повеќе.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Хунза (кнежество).
The Thon (Принц) Мир Сафдар Али Кан од Хунза и Трибесмен, 1891. E. F. Knight

Хунза е поранешно кнежество кое се граничело со Кина на североисток и Памир на северозапад. Истото продолжува да суштествува до 1974, кога конечно е распуштено (поништено) од Зулфикар Али Буто. Кнежеството се граничи со претставништвото Гилгит на југ, поранешно кнежество Нагар-исток. Престолнина на кнежеството е Балтит (позната и како Каримабад).

Хунза било независно кнежество повеќе од 900 години. Британците воспоставиле сопствено владение над Хунза и околните долини на Нагар помеѓу 1889 и 1892, проследено со воена интервенција на сурова сила. Тогашниот Thom (Принц) Мир Сафдар Али Кан од Хунза пребегал во Кашгар во Кина и барал политички азил.

Иако никогаш непосредно непокорено од соседниот Кашмир, кнежеството Хунза било потчинето на Кашмир, во времето на Махараџа Ранбир Синг од Јаму и Кашмир. Миревите на Хунза плаќале годишeн данок на Кашмир Дурбар до 1947, и заедно со владетелот на Нагар, се сметале за најпреданите подвласници на Махараџата од Кашмир.


Географија[уреди]

Тврдина Балтит, поранешната резиденција на the Mirs од Хунза

Хунза е ситуирана на надморска восочина од 2,438 метри (7,999 стапки). Низ многу векови, Хунза го овозможувала најбрзиот пристап до Сват и Гандара за некој што патува пешки. Рутата била непроодна за натоварени животни; само human porters можеле да поминат, и тоа само со дозвола на локалното население. Хунза била лесно бранета бидејки проодите биле често помалце од поламетар (околу 18") широки.

Клима[уреди]

Температурата во мај е максимум 27 °C и минимум 14 °C и Октомви максимум е 10 °C a минимум е 0 °C. Туристичката сезона во Ханза започнува од мај до Октомври, бидејки во зима автопатот на Каракорум е вообичаено блокиран од снег.

Транспорт[уреди]

Денес, познатиот автопат Каракорум поминува низ Хунза, поврзувајки го пакистан со Кина преку Хунџераб. Патувајќи низ долината од југ на на север, Хунза е земјата на лево, и поранешната земја Нагар надесно од Реката Хунза. Регуларни автобуски линии оперираат помеѓу Гилгит и Централна Хунза (Алиабад и Каримабад) и истотака помеѓу Гилгит и Сост гојал. PTDC канцеларијата во Гилгит, Сост и Исламабад организира тури и транспорт за посетители.

Спектакуларни предели[уреди]

Хунза е едно од најегзотичните места во Пакистан. Неколку high peaks се издигнуваат над 6,000 m во околината на долината на Хунзите. Долината овозможува спектакуларни погледи на некои од најубавите и magnificent планини од светот во кои спаѓаат Ракапоши 7,788 m (25,551 стапки), Ултар Сар 7,388 m (24,239 ft), Боџахагур Дуанасир II 7,329 m (24,045 стапки), Врв Гента 7,090 m (15,631 стапки), Врв Хунза 6,270 m (20,571 ft), Врв Дармјани 6,090 m (19,980 стапки), и Bublimating (Ladyfinger Peak) 6,000 m (19,685 стапки). Во долината на Хунзите се наогаат и древните Тврдина Балтит и Тврдина Алтит. Тврдина Балтит е на врвот на Каримабад, додека Тврдина Алтит лежи на подножјето на долината.

Хунзи[уреди]

Реката Хунза во долината Хунза

Колку што е долината позната по нејзината убавина, Хунзите се познати како пријателски и гостопримливи. Локалниот јазик е бурушаски, а Ваки и Шина се исто така говорени, но повеќето луѓе разбираат Урду и Англиски. Степенот на писменост во долината Хунза се верува дека е мовеќе од 90%, така што секое дете од новите генерации изучува најмалки средно школо. Многу од нив се одлучуваат за високо образование на престижни колеџи и универзитети во Пакистан и надвор.

Повеќето Хунзи се муслимани (Исмаили Шиа), следбеници на Неговото Величество Принцот Карим Ага Кан IV. Регионот Хунза е дом на луге од три етнитети:

Бурушаскиот го зборуваат низ цела Хунза. Јазикот е изолат.

Хинзите колективно се нарекуваат Хунзукути, додека Бурушо се однесува само на лугето што говорат Бурушаски. Мнозинството се (Исмаили Шиа) муслимани кои се следбеници на Ага Кан.

Поврзано[уреди]

Извори[уреди]

  • Leitner, G. W. (1893): Dardistan in 1866, 1886 and 1893: Being An Account of the History, Religions, Customs, Legends, Fables and Songs of Gilgit, Chilas, Kandia (Gabrial) Yasin, Chitral, Hunza, Nagyr and other parts of the Hindukush, as also a supplement to the second edition of The Hunza and Nagyr Handbook. And An Epitome of Part III of the author’s “The Languages and Races of Dardistan.” First Reprint 1978. Manjusri Publishing House, New Delhi.
  • Lorimer, Lt. Col. D.L.R. Folk Tales of Hunza. 1st edition 1935, Oslo. Three volumes. Vol. II, republished by the Institute of Folk Heritage, Islamabad. 1981.
  • Sidkey, M. H. "Shamans and Mountain Spirits in Hunza." Asian Foklore Studies, Vol. 53, No. 1 (1994), pp. 67-96.

Надворешни врски[уреди]