Бурушаски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бурушаски
Застапен во Гилгит-Балтистан, Пакистан,
Џаму-Кашмир
Говорници 87.000 (2000)  
Јазично семејство
Изолирани јазици
    Јазични кодови
    ISO 639-3 bsk

    Бурушаски (урду: بروشسکی) — изолиран јазик зборуван од 87.000 Хунзи (Буруши) во Долината на Хунзите, долината Нагар, долината Јасин, и делови на Гилгит долината во северен Пакистан и Кашмир. Други имиња за јазикот се канџут, верчиквар, буришки.

    Денес бурушаскиот јазик содржи многу зборови од урду (вклучувајќи и англиски зборови добиени преку урду) и од соседни дардикски како и коварски и шина јазик, како и нови форми на турски и форми од соседните сино-тибетски, балти, но оргиналниот лексикон останува во голема мера непроменет. Дардикскиот јазик исто така содржи голем број на позајмени зборови од бурушаскиот.

    Постојат три дијалекти, наречени според долините: хунза, нагар, и јасин (исто така наречен и „верчиквар“). Дијалектот од Јасин се мисли дека е со најмалку влијание од јазиците од соседството и е генерално помалку сличен на другите два отколку тие што се меѓу себе.

    Блискост со други јазици[уреди]

    Направени се обиди да се воспостави врска помеѓу бурушаскиот и сумерскиот, и кавкаскиот, дравидискиот, и индо-европските[1] јазични семејства; бурушаскиот е исто така дел од дене-кавкаската хипотеза, заедно со енисејски, кавкаски и сино-тибетски. Сепак, ниеден од овие трудови не задоволила генерално прифаќање. Самиот народ тврди дека се потомци на Александар Македонски и дека јазикот е дел од старомакедонскиот јазик.

    Во Република Македонија бурушаскиот јазик се проучува преку напорите на Илија Чашуле.

    Поврзано[уреди]

    Забелешки[уреди]

    1. подетално враска со „палеобалканската“ група (бригиски и тракиски), како и балтословенските јазици, е предложена од Илија Чашуле од универзитетот „Маквори“, Сиднеј

    Литература[уреди]

    • Čašule, Ilija. 2003b. "Evidence for the Indo-European Laryngeals in Burushaski and Its Genetic Affiliation with Indo-European". Journal of Indoeuropean Studies. 31/1-2 : 21-86.
    • Čašule, Ilija. 2004. "Burushaski-Phrygian Lexical Correspondences in Ritual, Burial, Myth and Onomastics". Central Asiatic Journal. 48/1: 50-104.
    • Čašule, Ilija. 2009. "Burushaski Shepherd Vocabulary of Indo-European Origin". Acta Orientalia. 70: 147-195.
    • Čašule, Ilija. 2009. Burushaski as an Indo-European "Kentum" language. Languages of the World 38. Lincom GmbH

    Надворешни врски[уреди]