Тамерлан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тамерлан
eмир

Реконструкција на Тамерлановиот череп од М. Герасимов, 1941
Владеење 1370–1405
Крунисување 1370, Балх
Звања Тамерлан Лунг (Тамерлан Куциот), Бег, Кан, Мирза, Гуркан [1]
Роден(а) 9 април 1336(1336-04-09)
Родно место Каш, Чагатајски ханат (денес во Узбекистан)
Починал(а) 18 февруари 1405(1405-02-18) (на 68 год.)
Место на смрт Отрар, Сир Дарја (денес во Казахстан)
Почивалиште Гур Емир, Самарканд
Претходник Емир Хусеин
Наследник Халил Султан
Династија Тимуриди
Татко Мухамед Таргај
Мајка Текина Хатун
Верска определба Ислам
Гробот на Тамерлан во Гур Емир, Самарканд (со црн мермер)
Статуа на Тамерлан во Самарканд

Тамерлан или Тимур (чагатајски: Temür; во персиско-арапска: форма تیمور - Teymūr, што значи железо; 9 април 1336 - 18 февруари 1405), целосното негово име е Тамерлан Ибн Таргај Барлас (Tīmūr ibn Taraġay Barlas), под името Тамерлан или Тамерлан Ланг (Тамерлан Kуциот) е познат бидејќи имал конгенитален дефект на левото стапало.

Тамерлан е еден од најголемите освојувачи во историјата на човештвото и се вбројува меѓу Александар III Македонски и Џингис Хан [2][3][4]. Тој бил исклучително контроверзна личност на своето време, а како таков останал и до ден денес. Во енциклопедијата Британика, Тамерлан се смета за турски освојувач, додека во индиската историографија, Тамерлан се именува како водач на Турците-чагатајци (потомци на Монголите). Во текот на 35 години, Тамерлан постојано војувал и презел голем број на походи и кампањи. Со освојувањата, неговата држава се проширила на запад и северозапад, таа се простирала во близината на Каспиското Море, бреговите на Урал и Волга. Со походите на југ и југо-запад, тој ја освоил Персија, вклучувајќи ги Багдад, Карбала и северен Ирак.

Негов најголем непријател бил монголскиот владетел, потомок на Џингис Хан, Туктамиша. Овој монголски принц најпрво се засолнил кај Тамерлан барајќи заштита и помош, а подоцна успеал да ја наметне својата власт врз источниот дел на Кипчак и Златната Орда.

Тамерлан бил основач на една голема и моќна држава која во историската наука е позната како Тимуридско царство, а воедно тој е родоначалник на Тимуридите, кои со векови владеееле со територии во Источна, Јужна и Централна Азија. Тамерлан бил прапрадедо на Бабур, основачот на Могулското царство, кое опстојало до 1857 година во Индија [5][6][7][8]. Има значајна улога во историјата на Средна, Јужна и Западна Азија, како и на Кавказ, Поволжјето и Русија.

Настојувал да ја возбнови Монголското царство [9] во нејзините стари граници. Меѓутоа неговата најголемата победа била против исламизираната Златна Орда. Тамерлан се облекувал како исламски војник (на арапски: غازي, ġāzī гази) [10], а своите војни ги преставувал како џихад (на арапски: جهاد‎ ǧihād, света војна насочена против неверниците), но сепак неговите походи имале значителен негативен ефект врз муслиманските земји. Османлиското царство по Битката кај Анагора западнала во граѓанска војна, а нејзината експанзија на запад била сопрена за околу 50 - тина години со што бил продолжен животниот век на Византија.

Неговата војска се состоела од различни народи и племиња. Кон крајот на 14 и почетокот на 15 век, Тамерлан станал најмоќниот владетел во муслиманскиот свет по победите над Мамлуците во Египет и Сирија, Османлиското царство и Делхискиот султанат. Тамерлан исто така го поразил и Малтешкиот ред во Смирна. Во последните години, тој се стекнал со целосна контрола над остатоците на Чагатајскиот ханат, Илканатот и Златната Орда, па дури и се обидел да ја покори Кина и да ја вознбови династијата Јуан.

Во текот на походите, неговите армиии ја разурнале Азија [11]. Во 1387 година, Тамерлан на своите војници им наредил да извршат колеж врз жителите на Исфахан. Во овие настани биле убиени околу 100.000 и 200.000 луѓе [12]. Според еден современик, по убиствата биле изградени 28 кули, а како главен матријал послужиле главите на убиените граѓани. Секоја кула се состоела од околу 1 500 глави [13]. Според некои автори, оваа суровост на Тамерлан преставувала стратегија за заплашување и обесхрабрува на неговите непријатели, авторите исто така потенцираат дека неговите масакри биле селективни, односно во текот на крвопролевањата биле поштедени уметниците и архитектите [12]. Научниците проценуваат дека во текот на неговите воени кампањи загинале околу 17 милиони луѓе, односно 5% од тогашната светската популација [14][15].

Тамерлан исто така е признат и како голем заштитник на уметноста и архитектурата, иако неговите походи честопати носеле големи материјални разурнувања. Под негова заштита работеле голем број на муслиманските интелектуалци, како Ибн Халдун и Мухамед Шемсудин Хафиз [16].

Потекло[уреди]

Тамерлановата татковина Трансоксијана не ја избегнала Црната Смрт, меѓутоа тука состојбата била уште повеќе комплицирана. Во степите, Монголите го возбновиле својот традиционален начин на живеење, по распаѓањето на Џингискановото царство. Западните и централните степи сега во голема мера биле турцизирани во јазикот и обичаиите... Всушност Чагатајскиот Ханат се состоел од две различни области: Трансоксијана на запад и Могулистан или Земја на Монголите на исток. Могулистан била главно номадска област со неколку града и слабо (развиено б.н) земјоделство... Тука (Трансоксијана б.н) во западниот дел на Чагатајскиот Ханат, монголската елита сеуште доминирала во областа, меѓутоа рапидно ја губела контролата над градовите и речните долини...

—Дајвид Николе, Ерата на Тамерлан


Трансоксијана, заедно со соседните области Хорасан и Хорезм
Шахрисабз
Чагатајскиот ханат и неговите соседи во доцниот 13-ти век

Тамерлан потекнувал од областа Трансоксијана или Трансоксанија, позната и како Фераруд (на персиски : فرارود‎,; Ма Вара Ун Нахер на арапски: ما وراء النهر‎). Трансоксијана e древно име за област во Централна Азија која ги опфаќала териториите на денешните држави: Узбекистан, Таџикистан, јужен Киргистан и југозападен Казахстан. Во географска смисла, оваа област ги опфаќа териториите помеѓу реките Аму Дарја и Сир Дарја [17]. Трансоксијана била една од сатрапиите во Персиското царство под името Согдијана. Името Трансоксијана има латинско потекло и во буквален превод зачи преку реката Окс. Арапското име на оваа област Ма Вара Ун Нахер , значи она што е преку реката. Поголеми градови на оваа област се Самарканд и Бухара, и двата во јужниот дел на Трансоксијана. Поголемиот дел од областа е сува, но со плодни рамници. Самарканд и Бухара по исламското освојување останале центри на персисиката култура. Во 1219 година, Џингис Хан ја нападнал оваа област и ја освоил. По неговата смрт во 1227 година, земјите во запaдниот дел на Централна Азија му припаднале на неговиот втор син Чагатај, а областа влегла во рамките на т.н Чагатајски Ханат.

Тамерлан е роден во градот Шахрисабз (Зелениот град). На местото на денешниот град, се наоѓал древниот град Наутака кој бил еден од најстарите градови во Централна Азија. Птоломеј I , генерал на Александар III Македонски, во овој град го заробил бактрискиот сатрап Бес, со што било уништено Персиското царство. Во зимата 328-327 година, Александар со својата жена Роксана престојувал во Шахрисабз. Во Персиското царство, градот бил позната како Каш. Градот, во минатото се наоѓал точно на половина на Патот на свилата, помеѓу Кина и Западот.

Неговиот татко Таргај или Тургај [18] бил војник и ситен земјопоседник од монголското [19][20] племе Барлас, кое веќе било турцизирано и го говорело чагатајскиот јазик [21][22]. Според некои претпоставки, Таргај бил водач на племето и потомок на голем феудален-сопственик кој во средниот век кој бил помошник на Чагатај Хан, синот на Џингис Кан. Според некои извори, Таргај бил далечен роднина на основачот на Монголското царство. Таткото на Тамерлан бил побожен муслиман, а негов духовен ментор бил шеихот Шамс Ад-Дин Кулјал [23]. Таргај имал две жени. Негова прва жена (мајката на Тамерлан) била Текина Хатун, нејзиното потекло во историската наука останува непознато. Втора жена на Таргај била Кадак-Хатун. Мухамед Таргај починал во 1361 година и бил погребан во родниот град на Тамерлан во Шахрисабз. Неговиот гроб е сочуван до денес. Тамерлан имал две сестри, постарата Кутлуг-Туркан Ага и помладата Ширин-Бек Ага. Тие починале пред Тамерлан и биле закопани во мавзолејскиот комплекс Шахи Зинда во Самарканд. Според изворот, Муиз ел-ансаб, Тамерлан имал тројца браќа: Џуки, Алим Шеих и Сујургатмаш.

Особини[уреди]

Јас не сум човек жеден за крв и Господ ми е сведок дека во сите мој војни јас никогаш не сум бил агресор, моите непријатели секогаш биле творци на нивното напаѓање.

—Тамерлан, За време на грабежите на новоосвоениот град Алеп [24]

Самарканд

Име[уреди]

Неговото целосно име е Тамерлан Ибн Тарагај Барлас (Tīmūr ibn Taraġay Barlas - Тамерлан син на Таргај од Барласите), според арапската традицијата (alam-nasab-nisba). На чагатајски и монголски јазик, Тамерлан значи железо. Бидејќи не потекнувал од Џингис Хан, кон своето име не можел да ја додаде титулата Голем Кан и секогаш се именувал како емир (лидер, водач). Меѓутоа, во 1370 година започнале да се декларира како потомок на Џингисхановата куќа и го зел името Тамерлан Гуркани [25] (Timūr Gurkānī, (تيموﺭ گوركان)), гуркани е иранизирана варијанта на монголскиот збор курген или хурген (зет). Во повеќе персиски извори тој е именуван како Тамерлан Ланг (Tīmūr-e Lang, تیمور لنگ). Во буквалем превод: Тамерлан Куциот или Тамерлан Сакатиот, најверојатно ова име имало погрдно и презирно значење [26]. Под влијание на персиските извори, Тамерлан во западната историграфија е познат под името (Tamerlan, Tamerlane, Tamburlaine, Timur Lenk), овие варијанти на неговото име немаат негативна конотација и се користат заедно со неговото оргинално име Тамерлан.

Личност[уреди]

Ирански шатранџ
Мавзолеjот Рухабад, изграден по наредба на Тамерлан

Животниот пат на Тамерлан е сличен со оној на големиот монголски освојувач Џингис Хан. И двајцата биле водачи на лично регрутирани лица кој потоа станале потпора на нивната сила. Како и Џингис, Тамерлан лично се грижел и посветувал вимание за сите детали на сопствената воена организација, за информациите кои се однесувале за непријателските сили, за состојбите во непријателските земји и слично. Тамерлан уживал апсолутна власт меѓу сопствените војници и можел целосно да се потпре врз нив.

Ако се споредат неговите квалитети, Тамерлан бил подобар војсководач отколку управник (државник), има бројни примери кога тој избрал погрешни лица за државната администрација, има повеќе случаи кога биле казнети високи градски првенци поради злоупотреба на својата положба (Самарканд, Херат, Шираз, Табриз). Тамерлан сакал да дискутира со интелектуалците од неговото време, особено сакла да слуша или да чита историски творби. Со своето познавање на историјата, го изненадил средновековниот историчар, философ и мислител Ибн Халдун. Тамерлан за да ги инспирира своите војници, им раскажувал за историските и легендарните херои од блиското или далечното минато.

Зад себе, Тамерлан оставил десетици монументални архитектонски објекти, некои од нив влегоа во културно наследство на светот. Тој главно се грижел за родната Трансоксијана и својата претстолнина Самарканд. Од сите освоени територии и градови, Тамерлан довел голем број на уметници и архитекти во својата престолнила, со задача да ги разубават Самараканд (неговата престолнина), родниот град на неговиот татко - Шахрисабз, Бухара, пограничниот град Иаси (Туркестан) и др. Во текот на своето владеење, Тамерлан посветил особено внимание на својата престолнина, според изворите: "Во Самарканд секогаш сино небо и златни ѕвезди." Во своите последни години, презел мерки за заголемување на благосостојбата на другите региони на царството, во 1398 година бил изграден нов канал за наводнување во Авганистан, во 1401 година на Кавказот и слично [27]. Според историските извори Тамерлан бил љубител на шахот (поточно Шатранџ) [28].

Физички изглед[уреди]

Тамерлан нa гозба во Самарканд
Портрет на Тамерлан. Минијатура од 15 век. Најверојатно копија на претходен оригинал

Врз основа на останките кои биле пронајдени во мавзолеј Гур Емир во Самарканд, за кои се претпоставува дека се на Тамерлан, и последователната студија за скелетот изработена од М. Герасимов, може да се заклучи дека Тамерлан бил висок 172 см. Тој бил силен и физички развиен. Според современиците: Ако поголемиот дел од војниците можеле да го оптегнат лакот до клучната коска, Тамерлан го оптегнувал до увото. Тој имал посветла коса од своите соплеменици [27]. Деталната студија на неговите останки, покажале дека во антрополошка смисла, тој припаѓа на монголоидниот јужносибирски тип [29].

И покрај староста на Тамерлан (69 години), на неговиот череп, како и на скелетот, не биле јасно дефинирани старечки црти. Врз основа на присуството на повеќето од забите, како и недостстокот на остеофитите, научниците заклучиле дека скелетот му припаѓал на човек со полн со сила и здравје, со билошката возраст која не надминува над 50 години. Масовноста на здравите коски, силниот развиен рељеф и нивната густина, ширината на рамењата, градите и релативниот висок раст, придонеле научниците да заклучат дека Тамерлан имал особено силен физички изглед [30]. Неговите силни атлетски атрибути најверојатно биле резултат на неговиот војнички живот.

Надворешни карактеристики кои биле специфични за Тамерлан и неговите војници, со кои се разликувале од останатите муслимани, биле сочувани, како што е монголската коса која е потврдена од некои централноазиски илустрирани ракописи од тоа време. Отварањето на неговиот гроб и антрополошкта анализа покажале дека тој имал плетенки. Според изворите: Тамерлан имал густа коса, рамна, седо-црвена боја, со доминација на темно кафена или црвена. Спротивно на прифатениот обичај за бричење на главата, Тамерлан за време на својата смрт имал релативно долга коса. Според некои историчари, Тамерлан ја бојадисувал својата коса и затоа таа била со посветол тен. Меѓутоа, М. Герасимов заклучил дека црвената боја на неговата коса и мустаќи биле природни и дека тој не ги бојадисувал како што наведувале некои научници [31].

Според тогашната традиција, војничката класа носела мустаќи, оттука Тамерлан не ги исекол и тие слободно виселе над неговите усни. Според некои извори Тамерлан имал мала грмушеста брада со клинест облик. Нејзините влакна биле оштри, речиси рамни, густа со светло кафен тен. На коската на левата нога биле откриени големи лузни со што се потврдува неговиот прекар Куциот, односно Сакатиот.

Образование[уреди]

Детството и младоста ги поминал во планините во близината на родниот град. Во раните години го сакал ловот и коњските трки, фрлањето на копје, а имал и склоност кон воените игри. Кога имал околу десетина години, започанал со изучување на боречките вештини и спорските игри. Тој бил особено храбар човек и искажувал воздржаност во разни ситуации. Имал трезвено размислување и бил во состојба да донесува вистински одлуки во тешки ситуации. Овие особини ги привлекувале луѓето околу него. Неговиот современик Ибн Арабсхах истакнува дека: Што се однесува до персисикиот, турскиот и моголскиот (јазик б.н), тој ги познавал многу подобро од било кој друг.

Прв духовен учител на Тамерлан бил менторот на неговиот татко - Суфи Шеик Шамс Ал-Дин Кул. Главен духовен учител на Тамерлан бил еден од потомците на пророкот Мухамед - шеикот Мир Сејид Береке. Во 1370 година, кога Тамерлан дошол на власт ова духовно лице му ги предало тапанот и знамето, симболите на моќта. При предавањето на овие симбили, Мир Сејид Береке му предвидел голема иднина и речиси секогаш го придружувал во неговите походи. Во 1391 година, Мир Сејид Береке ја благословил Тамерлановата војна со Туктамиша. Друг духовен учител на Тамерлан, бил суфискиот шеик Бурхан ал-Дин Сагардзхи Абу Саид. Во негова чест, Тамерлан го подигнал мавзолејот Рухабад [32].

Подем[уреди]

Вистинскиот Тамерлан... доаѓа од фамилија на турцизирани монголски аристократи, од кланот Барлас. Тие доминирале со мала територија на југ од Самарканд и биле лојални на монголските чагатајски ханови...

—Дајвид Николе, Ерата на Тамерлан

Хива

Вазал[уреди]

Воин во полна воена опрема, 1397 год.
Тамерлан во 1363 год.

Во раните години на Тамерлан, Чагатајскиот ханат се соочил со значајни политички и верски проблеми, всушност ханатот бил поделен на два дела: Могулистан (Земјата на Монголите) на исток, каде што се сочувале монголските вредности и Трансоксијана на запад, каде што било силно влијанието на исламот и турските вредности [33] .

Тамерлан, имал мешано турско-монголско потекло (според некои извори) и живеел во западниот дел. Во 1347 година Монголците ја изгубиле Трансоксијана која што била преземена од локалниот емир Казахан. Во периодот на владењето на овој локален емир, Тамерлан израснал во еден агресивен млад човек кој имал вештини во борење и јавање на коњи. Поради своите способности (вештини и интелегенција), Тамерлан бил поставен на чело на една мала војска. Кога Тамерлан имал 21 година, локалниот емир Казахан бил убиен.

По ова убиство, кое се случило во 1357 година, во Трансоксијана дошло до анархија во текот на која различни племиња се обиделе да ја преземат власта. Оваа состојба била искористена од страна на Тоглук од Могулистан кој во март 1360 [34] година успеал да потчини повеќе првенци во Трансоксијана, меѓутоа Хаџи Бег од Барластам, вујко на Тамерлан, не ја признал власта на Тоглук и бил принуден да избега во Хорасан.

Хаџи Бег бил заменет од Тамерлан која ја признал власта на Тоглук и станал негов вазал. По заминувањето на војските на Тоглук од Трансоксијана, Хаџи Бег се вратил во оваа област, и покрај крвната врска, Тамерлан го нападнал својот вујко. Во битката, Тамерлан победил но неговите војници го напуштиле и власта во Барластам повторно ја презел Хаџи Бег. Во 1361 година, Тоглук повторно нападнал, а Хаџи Бег по втор пат избегал во Хорасан каде што бил убиен. По ликвидирањето на Хаџи Бег, Тамерлан била поставен за управник.

Набргу по овие настани, Тамерлан се подготвувал да настапи против владетелот на Могулистан. Тамерлан склучил сојуз со емирот Хусеин, внук на Казахан, за зедничка борба против Илајас Хоџа, син на Тоглук. Тамерлан и Хусеин успеале да ги поразат силите на Илајас Хоџа кои биле принудени да ја напуштат Трансоксијана. Во 1364 година, Илајас Хоџа со својата војска повторно се вратил во областа и успеал да ги порази Тамерлан и Хусеин. По оваа битка, Трансоксијана била отворена за Илајас Хоџа, а Самарканд бил опколен. Но, населението на овој град, потиканото од исламските свешеници, се побунило. Илајас Хоџа изгубил 2 000 луѓе, а меѓу неговите редови на неговата војска се појавила епидемија. Владетелот на Могулистан, бил принуден да се повлече.

Борби со Хусеин[уреди]

По повлекувањето на Илајас Хоџа, Тамерлан и Хусеин успеале да ја преземат власта во Трансоксијана. Власта била поделена помеѓу нив, а сојузот бил зацврстен со бракот на Тамерлан со сестрата на Хусеин. Меѓутоа ова сојузништво уште во самиот почеток имало проблеми. Хусеин бил помоќен од Тамерлан, под своја контрола ги имал авганистанските градовите Балх, Кундуз, Кхулм и Кабул. Моќта на Тамерлан се на наоѓала во Шахрисабз и Карши, меѓутоа тој се покажал како посилна и поспособна личност [35]. Тамерлан водел прагматична политика и успеал да ја зголеми својата популарност, додека Хусеин имал лоша репутација. Односите помеѓу Тамерлан и Хусеин се повеќе се влошувале, а со смрта на сестрата на Хусеин, жена на Тамерлан дошло до целосно раскинување. Тамерлан го нападнал Хусеин, меѓутоа поради поголемиот број на Хусеиновите војници, бил принуден да се повлече кон Хорасан.

Судирот бил искористен од страна на Монголците кои извршиле инвазија врз Трансоксијана, а нивното пристигнување ги принудило Тамерлан и Хусеин да склучат примирје по кое статусот кво бил возбновен. По протерувањето на Монголците, Тамерлан и Хусеин ги возбновиле меѓусебните борби. Тамерлан се повеќе ја стекнувал наклонетоста на локалните емири и првенци од областа, со што Хусеин се нашол пред пораз. На 10 април 1370 година, Тамерлан го освоил главното упориште на Хусеин, градот Балх. По падот на градот, еден од офицерите успеал да го зароби Хусеин и да го донел пред Тамерлан. Тамерлан му дозволил на Хусеин слободно да отпатува на аџилак во Мека, меѓутоа се обидел да избега и бил убиен [36].

Голем емир[уреди]

Тамерлан го опсадува Балх
Могулистан

По смрта на Хусеин, триесетичетири годишниот Тамерлан станал единствен доминантен владетел во Трансоксијана. Во 1370 година, за своја престолнина го избрал градот Самарканд. Стравувајќи од одмазда од страна на семејството на Хусеин, наредил да бидат убиени неговите синови и приврзаници. Во овој период, Тамерлан ги принудил сите првенци, според стариот монголски обичај, да му се заколнат на верност и ја презел титулата емир ел кебир (голем емир). Тамерлан го именувал Суругатмиш, потомок на Чагатај Хан и Џингис Хан, за хан и управувал во негово име [37].

Тамерлан не останал долго во Самарканд, во 1371 година започнал борба против Хусеин Суфи, основач на династијата Суфи, чија власт се простирала во јужен Хорасан. Овој владетел, за време немирите во Трансоксијана, успеал да ги освои градовите Хива и Катх со што територијата на Чагатајскиот ханат се намалила. Тамерлан, кој себеси се преставувал како наследник на Чагатајскиот ханат, побарал овие градови да му бидат вратени.

Барањето било одбиено, а Тамерлан со својата војска ја нападнал династијата Суфи [38]. Катх бил бргу освоен, а набргу Тамерлан го опседнал градот Кенеургенч каде што Хусеин Суфи се засолнил. Во текот на оваа опсада, Хусеин Суфи загинал, а неговиот брат Јусуф Суфи го наследил. Новиот владетел, набргу склучил мир со Тамерлан и му ги предал градовите [39]. 421. Во 1373 година, Јусуф Суфи повторно се нашол во областа, врз која Тамерлан полагал право, и војната била возбновена. Судирите набргу завршиле, Јусуф Суфи се извинил и ја понудил својата ќерка на најстариот син на Тамерлан - Џахангир [40].

По доѓањето на власт во 1370 година, Тамерлан бил во постојан судир со Могулистан. Наследникот на Тоглук - Илајас Хоџа, во 1368 година бил убиен од страна на Камар Уд Дин Кан Дугхлат и ја презел власта во Могулистан. Тамерлан решил да ја нападне оваа област. Нападите, исто така, имале превентивен карактер, со цел во иднина Трансоксијана да биде заштите од овој правец. Камар со својата војска навлегол во областа Фергана. Тамерлан започнал да го гони Камар, меѓутоа наишол на заседа и бил принуден да се повлече. Со новите војници, Тамерлан успеал да се стекне со предност и по успешниот поход се вратил во Самарканд. По враќањето во својата престолнина, ја примил веста за смрта на својот син Џахангир, кој починал во 1375 или 1376 година [41].

Владетел[уреди]

Тамерлановата кариера беше совршена, (невидена б.) уште до времето на Александар Македонски во постојани победи на бојното поле. Единствено во младоста, додека го реосовојувал фамилијарниот имот на југ од Самарканд, доживеал пораз. Тој се нафрлил врз сите свои соседи и ги победил. Тој бил несомнено голем генерал, Тамерлан за разлика од Џингис Хан не бил државник. Тој ги предводел своите армии во кампањи, чија бруталсност не била надмината дури до 20 век... Уште по впечатлив е фактот што Тамерлан имал повеќе од 40 години кога ги започнал своите освојувања...

—Дајвид Николе, Ерата на Тамерлан


[[Image:|200px|alt=|Статуа на Тамерлан во неговиот роден град Шахрисабз]] [[Image:|400px|alt=|Споменик на Тамерлан во Ташкент]]
Статуа на Тамерлан во неговиот роден град Шахрисабз
Споменик на Тамерлан во Ташкент
Портрет на Тамерлан

Титули[уреди]

Детал од Тамерлановата биографија од Ахмад ибн Арабшах
Устоличувањето на Тамерлан во Балх., Авганистан. Тамерлан седи на кренат подиум; луѓето надвор се видливи преку сводот, оние внатре седат со скрстени нозе. Внатрешноста е украсена во исламскиот стил со цветни мотиви
Војската на Тамерлан ги напаѓа преживеаните од градот Наргис, во Грузија.
  • Абу Мансор - Титулата абу мансор (татко на победниците) се сретнува во писмото на Пир Шеик Заин Уд Ден Абу Бакар испратено до Тамерлан. Титулата вообичаено не било користено од Тамерлан, туку повеќе преставува насока и мотивација од страна на духовниот учител на Тамерлан. Мансур е пасивна партикула од арапскиот коренот НСР نصر (победа).
  • Абу Фатех - Со оваа Тамерлан бил именуван во една дипломатска нота испратена од османлискиот султан Бајазит I. Тамерлан и Бајазит, иако биле ривали, разменувале писма и амбасадори во текот на нивните животи. Абул Фатех (татко на победата) е титула која ја користел Бајазит пред да ги влоши односите со Тамерлан и има чисто дипломатско значење. ФТН е арапски збор за победа.
  • Абу Гази - Титулата гази (غازى) има слично значање со терминит муџахедин (оној кој се бори против неверниците). Оваа титула, Тамерлан ја усвоил за време на неговата поход на Индија од 1398 година кога војувал против Делхискиот султанат и Хиндусите. Оваа титула ја користел и во битката против христијанскиот витешки ред на Хоспиталците кога ја освил Смирна. Меѓутоа, иако ја користел оваа титула, најголемиот дел од неговите воени кампањи биле насочени против сунитските муслимани.
  • Емир - Преку оваа титула, Тамерлан си обезбедил легитимитет на своето владеење. Кога во 1370 година станал господар на Трансоксијана тој неможел да ја преземе титулата хан. Оваа титула му ја доделил на Суругатмиша, потомок на Чагатај Хан, а себеси се прогласил за голем емир (командант). Оваа одлука на Тамерлан, била легитимна во очите на сите околу него. Во текот на сите негови воени кампањи тој настапувал како претставник на Чагатајскиот Ханат, односно како потчинет на една поголема власт олицетворена во ханот Суругатмиша, иако реално власта се наоѓала во негови раце. Со титулата емир, Тамерлан ја започнал својата воена и политичка кариера, и како таков започнал да го гради своето царство. Тамерлан како емир, односно како потчинет на ханот Суругатмиша, истакнувал дека е возбновувач на Монголското царство на Џингис Хан и на тој начин ги оправдувал своите освојувања на еден поголем простор. Титулата емир му била призната само во западниот дел (Трансоксијана) на поранешниот Чагатајски Ханат, источниот дел (Могулистан) не потпаднал под негова власт. Сите негови војници и генерали му се обраќале со оваа титула, а таа му била драга и на самиот Тамерлан.
  • Гуркани - Оваа титула Тамерлан ја презел откако се оженил со монголска принцеза која потекнувала од Џингис Хан. Оваа титула има монголско потекло и е персизирана форма на монголскиот збор кураган (зет). Оваа титула особено била почитувана во неговото родно племе Барлас. Иако ова племе во голема мера било турцизирано, во многу аспекти ги почитувало монголската култура, обичаји и закони. Без разлика што членовите на племето Барлас биле муслимани и го говореле чагатајскиот јазик. Во монголската култура, оваа титула му била доделувана на онаа лице кое било најмногу почитувано во редовите на едно племе или клан. Подоцна, потомците на Тамерлан од Могулската династија се именувале како Гуркани [42].
  • Сахиб И Кирани - Саахиб и кираани или Сахиб и кирани или Сахиб ул киран била вобичаена титула за Тамерлан која се користела во официјалните негови дворски хроники, како и во подоцнежните тимуридски и могулски хроники. Саахиб или сахиб потекнува од арапскиот збор СХБ (صحب) што означува господар. Кирани значи случајна коњункција. Иако кирани или киран може да се поврзе со зборот рог (кои исто така се користи за Дхул Карнајан во Куранот ذا القرنين). Според преданијата, Тамерлан се родил кога планетите Јупитер и Венера биле во коњункција и веројатно оваа титула потекнува од тука. Кога Тамерлан во неговите хроники, како и во подоцнежните тимуридски и могулски, е именуван како Сахиб и кирани, хроничарите сакале да предизвикаат стравопочит и да истакнат дека успехот на Тамерлан имал божественото прифаќање. Во текот на Тамерлановите битки, титулата сахиб и кирани била официјално користена и требало да претставува голема среќа за Тамерлан во битките, а исто така требало да се прикаже и божествената помош која му била доделена на Тамерлан за да ги разбие своите непријатели. Оваа титула често се користела и за Хамза, чичкото на пророкот Мухамед.
  • Хаган - Оваа титула е најоспоруваната од сите титули кои Тамерлан ги користел. Самата титула традиционално се користела за императорот на Кина. Џингис Хан, своето Монголско царство го поделил на неколку ханатства (кралства). Кина исто така била ханатство, како еден дел од пространото Монголско царство, а Кублај Хан, внукот на Џингис Хан бил последниот признат голем хаган на Кина. Во 1368 година монголската династија Јуан била протерана од Кина. Тамерлан кој секогаш дејствувал од името на потомците на Џингис Хан, мечтаел да ја присоедни Кина во рамките на своето царство. За да има легитимна основа за војна против династијата Минг, Тамерлан одлучил да ја прифати титулата хаган, односно император на Кина. Кинескиот император Хунг Ву од династијата Минг, испратил свое претставништво на Тамерлановиот двор каде што се побарало од Тамерлан да ја увиди својата грешка со користењето на титулата хаган, односно од Тамерлан било побарано да го признае Хунг Ву за вистински император на Кина. Тамерлан не го прифатил оваа барање. Во почетокот на 1405 година ја започнал кинеската камапања, меѓутоа Тамерлан набргу починал. Војната не се случила, а прашањето за тоа кој е вистински император на Кина не било решено. Бабур, потомокот на Тамерлан, 125 години подоцна ја користел оваа титула. Треба да се напомене дека титулите хаган и хан водат потекло од алтајскиот збор каан, меѓутоа немаат исто значење. Титулата хан се користела за селски или племенски владетел, додека титулата хаган значи врховен владетел (господар).
  • Падишах - Оваа титула ја зел во подоцнежните години од своето владеење. Тамерлан станал падишах (господар на кралевите) по освојувањето на Иран, Хиндустан, Сирија и Анадолија. Оваа владетелска титула потекнува од персиските зборови пад (господар) и шах (крал) и има еднакво значање на староперсисиката титула големиот крал, која била користена од страна на владетелите од династијата Ахеменидите. Титулата падишах била користена од сите потомци на Тамерлан од Могулската династија.
  • Гете Стани - Титулата гете стани (победник на светот) има персиско потекло, меѓутоа може да се сретне во многу турски јазици. Оваа титула се сретнува во официјалните хроники на Тамерлан, меѓутоа и во подоцнежните могулски хроники.
  • Султан - Оваа титула е најверојатно најупотребуваната титула за крал во исламскиот свет. Зборот султан (арапски: سلطان) има арапско потекло и има многу различни значења. Најмногу, овој збор се преведува како моќност, авторитет, раководител и слично. Оваа титула од страна на Тамерлан била усвоена во почетокот на неговата кариера, најверојатно со цел да истакне дека е одобрен владетел.
  • Искандар Ул Ахад - Александар III Македонски отсекогаш бил синоним за војнички достигнувања и победи во Азија. Тамерлан бил еден од многумината кои сакале да одат по стапките на овој голем освојувач. Оваа титула била една од неговите најомилени. Околу стотина различни кралеви биле стилизирани како Александар и многу често, голем број на владетели, ја користеле оваа титула. Искандер, е азиско-персиска варијанта на име Александар.

Освојувања[уреди]

Тамерлан го победува султанот на Делхи, во зимата 1397-1398 год.

Во текот на 35 години, Тамерлан постојано војувал и презел голем број на походи и кампањи. Во 1381 година, Тамерлан му наредил на Џијас Ал Дин, владетел на Херат да стане негов вазал. Барањето било одбиено, а силите на Тамерлан во пролета истата година се нашле пред ѕидините на Херат. Жителите на овој град се предале, а градот бил освоен. Во 1382 година во Херат започнало востание, а Џијас Ал Дин ја отфрлил вазалната обврска. Во 1383 година, третиот син на Тамерлан - Миран Шах го нападнал и освоил градот. Тамерлан ја продолжил походот на југ и го освоил Систан, Захедан главниот град на оваа област бил разурнат, а неговите жители масакрирани. Тамерлан својот поход го продолжил во правец на Кандахар, овој град наскоро бил освоен. По навлегувањето на неговите сили во источен Хорасан, тој се судрил со Али Моеаџад од Сарбдарен и емирот Вали од Мазандаран. Во 1384 година Тамерлан навлегол во источниот и северениот дел на Иран и решил да ја освои државата на монголската династија Џаларидите. Освојувањата против оваа држава, Тамерлан ги продолжил во 1386 година, решен целосно да ја потчини западна Персија. Во 1387 година, Тамерлан и Туктамиша се судриле поради Азербејџан.

Тамерлан решил да ја нападне Ерменија. Во овој период Ерменија била поделена помеѓу Туркмениските емири. Тамерлан им објавил џихад на овие владетели, под изговор дека тие ги напаѓале карвани кои биле на пат за Мека. Тамерлан го испратил својот син Миран Шах да војува против туркменскиот племенски сојуз познат како Кара Којунлу (Црна Овца) во областа Муш. по освојувањето на градот Ван, Тамерлан лично предводел походот против Музафаридската држава, чие јадро се сосотоело од Фарс, Исфахан и Керман [43]. Тамерлан успеал да ја потчини Музафаридската држава, но прославата била кратка, Туктамиша од север се заканил врз Самарканд, престолнината на Тамерлан.

Кампањите на Тамерлан против Златната Орда во 1392-1396 год.
Индискиот поход на Тамерлан во 1398-1399 год.

Туктамиша, бил поранешен Тамерланов штитеник и со негова помош дошол ја освоил власта Златната Орда [44], решил да ја искористи војната и зафатеноста на Тамерлан со Кара Којунлу. Туктамиша решил да започне војна со Тамерлан и од север ја нападнал Трансоксијана, срцето на Тамерлановото царство. Една од главните причини за серијата на војни кои започнале помеѓу Тамерлан и Туктамиша е борбата за превласт помеѓу овие двајца владетели. Тамерлан и Туктамиша сакале да ја возбноват Монголското царство, или во крајна мера себеси се преставувувале како такви, меѓутоа Туктамиша имал подобра основа и предиспозиција за остварување на оваа цел. Туктамиша бил потомок на големиот монголски освојувач Џингис Хан и можел да ја носи титулата хан, додека пак потеклото на Тамерлан не било доволно јасно, без разлика како тој се преставувал, Тамерлан не можел дирекно да ја преземе титулата хан и владеел преку Суругатмиш од куќата на Угедеј Хан, а подоцна преку неговиот син Султан Мухамад Хан.

На 18 јуни 1391 година, дошло до битката кај реката Кондурче. Во текот на битката изгледало дека Туктамиша ќе преовлада, но меѓу неговите војници се појавила гласина дека Туктамиша е мртов и настанала паника која придонела Туктамишовата војска да се распадне. Тамерлан го искористл моментот и ја масакрирал војската. Околу 100 000 мажи и жени биле убиени. Тамерлан својата победа ја славел речиси еден месец на бреговите на Волга [45]. На 22 април 1395 година дошло до Битката кај Тереке. По битката, Тамерлан се нафрлил врз богатите градови. Најпрво бил ограбен Астрахан, а потоа престолнината на Златната Орда - Сарај Бату. Тамерлан и нанел тежок удар на Златната Орда, од кој таа никогаш не се опоравила. Туктамиша бил принуден да се повлече во степите каде што го минал остатокот од својот живот, неговите освојувања завршиле [46].

На возраст од 61 година, Тамерлан се вратил во Самарканд каде што свечено бил дочекан. Во својата престолнина останал две години, каде што започнал големи градежни проекти. Но, Тамерлан никогаш не престанал да рамислува за освојувањата и покрај тоа што бил зафатен со разубувањето на Самарканд, започнал со подготвување на својот иден воен поход. Во овој период во Делхискиот султанат, по смрта на Махмуд Насир уд Дин (1394 година) започнала граѓанска војна со која ослабнала оваа држава. Тамерлан ја видел својата шанса за стекнување на уште поголема моќ и престиж. Во октомври, Тамерлан и неговиот внук Пир Мухамед со голема тешкотија го освоиле градот Мултан, но патот кон престолнината на Делхискиот султанат им бил отворен.

На 17 декември, 1398 година дошло до голема битка. Султанот Насир Уд Дин Махмуд Шах, покрај пешадијата и коњаницата, на располагање имал и борбени слонови кои биле заштитени со панцирна мрежа, а нивните две долги и извиени коски биле премачкани со отров. Тамерлановите војници, немале искуство во водење на битка со воени слонови, биле испалашени. Тамерлан им наредил на своите борбени трупи да ископаат ровови на своите предни позиции. Потоа, им наредил сите камили, кои неговата војска ги поседува, да бидат натоварени со дрва и сено. Кога борбените слонови го започнале нападот, им наредил на своите војници да го запалат товарот на камилите, кои биле принудени да тргнат во пресрет на слоновите. Тамерлан разбрал дека слоновите лесно ги фаќа паника и страв. Слоновите, соочени со дотогаш невидена ситуација, се завртеле и се упатиле кон позициите на султанот Насир Уд Дин Махмуд Шах. Во воените редови на овој владетел настанал хаос, а Тамерлан си обезбедил лесна победа.

Во летото 1400 година, Тамерлан презел еден брз поход во Анадолија, фокусирајќи се врз градот Сивас. Во август, Тамерлан ја започнал опсадата на градот која траела три недели и во текот на која градските ѕидини биле поткопани. Жителите на градот плашејќи се од суровоста на Тамерлан решиле да се предадат, а претходно добиле ветување дека "нивната крв нема да тече". Сивас имал мешано населени, во него живееле муслимани и христијани (главно Ерменци). По влегувањето на Тамерлановите сили во градот, животите на муслиманите биле поштедени, меѓутоа Еремнците и останатите христијани биле затворени. Градскиот воен гарнизон бил главно составен од Еременци. Тиммур наредил овие ерменските војници, околу 3 000 души, да бидат живи закопани. По овој настан Тамерлан истакнал дека тој го запазил своето ветување, односно дека не била пролеана ниту една капка крв. Сивас бил уништен и сведен на урнатини. Тамерлановата дирекна конфротација со Бајази морала да почека, во меѓувреме во Египет дошло до немири кои биле предизвикани со смрта на султанот Баркук, кој починал во 1399 година [47], состојбата била погодна за Тамерлан.

По освојувањето на Алеп, на Тамерлан бил отворен патот кон Дамаск. Овој град бил еден од најстарите градови во светот и станал богат преку посредничката трговија помеѓу Европа и Азија. На патот кон Дамаск, Тамерлановата војска ги освоила Хама, Хомс, Балбек, Сидон и Бејрут. На 16 март 1401 година [48], Тамерлан го освоил Дамаск, тој бил целосно изгорен, дури и Омајадската џамија била зафатена од пламенот [49].

Тамерлановата коњаница
Тамерлановите походи во Анадолија и Блискиот Исток

Во текот на сирискиот поход и освојувањето на Багдад, Тамерлан не ги занемарил Османлиите. Во градот Трабзон, избеганиот византиски император Мануел II Палеолог ја признал власта на Тамерлан и бил склучен сојуз со Константинопол. Од друга страна, османлискиот султан Бајазит I им дал прибежиште на двајца непријатели на Тамерлан и одбил да ги предаде. Бајазит бил еден од најдобрите генерали на своето време. Тој во 1396 година разбил една крстоносна војна и бил блиску до освојувањето на Константинопол. Во февруари 1402 година, двајцата водачи започнале со подготовки на војната која била неизбежна. Утрото, на 28 јули 1402 година на полето Чибук, во близината на денешната престолнина на Турција, Анкара дошло до битката кај Ангора. По поразот на Бајазит, сите османлиски земји биле целосно отворени за Тамерлан. Тој и неговата војска го ограбиле и опустошиле градот Бруса. Речиси цела Анадолија се наоѓала во негови раце.

Иако патот кон Европа му бил отворен, Тамерлан не сакал да продолжи понатаму. Постоеле неколку причини за неговата одлука. Тамерлановата здравствена состојба се влошила и не сакал да го губи своето време во освојување на сиромашен континет. За Тамерлан по привлечна била Кина и војната со династијата Минг, тој се надевал дека оваа војната ќе му донесе поголема слава, чест и богатство. Пред походот, Тамерлан склучил сојуз со Монголите од Северната Јуан Династија. Монголскиот водач Енкхе Хан го испратил својот внук Олдзеј Темур Хан, познат како Бујашир Хан откако преминал во ислам во текот на својот престој на Тамерлановиот двор во Самараканд [50].

Во Самарканд, од сите страни на зарството се собрала војска од околу 200 000 војници. Тамерлан со својата војска го започнал долгиот марш од 4 500 километри кон Пекинг. Воениот поход започнал во зима (декември 1404 година), што не било својствено за Тамерлан. Многумина од неговите војници починале од студ, но Тамерлан се брзал. Во средината на јануари 1405 година, Тамерлановата војска пристигнала во централноазискиот град Отрар. Тука застанале бидејќи планинските премини не биле проодни од снегот. Во овој град, Тамерлан го примил амбасадорот на неговиот стар непријател, Туктамиша. Монголскиот хан преку своето претставништво ја признал власта на Тамерлан. Во средината на зимата, здравствената состојба на Тамерлан се влошила, добил треска. Големиот освојувач разбрал дека неговиот крај е блиску. Го повикал семејството и сите свои емири, господари и воени команданти, по што им ги пренел своите последни напатствија. Тамерлан, центарот на универзумот, починал на 19 јануари 1405 година [51].

Законодавство[уреди]

Тамерлан го освојува Багдад
Куран

Во текот на неговото владеење бил донесен правен акт кој бил познат како Кодекс на Тамерлан [52]. Во него биле наведени правила за однесување на членовите на општетсвото, како и должностите на управниците и властите. Со него биле регулирани управувањето со војската и државата. Кога Тамерлан се именувал за голем емир, од сите побарал лојалност и верност. Тој на високите позиции именувал 315 луѓе кои биле со него на почетокот на неговата кариера и се борел со него, рамо до рамо. Првите стотина ги поставил за управници (надзорници), вторите стотина ги поставил за сотници, а стотина биле поставени за хилиархи. Од преостанатите, петнаесетмина биле назаначени за бегови, еден бил поставен за врховен емир, а останатите биле поставени на други високи функции. Пред законот, сите биле еднакви, вклучително и емирот. Правосудниот систем бил поделен на три дела:

  • Шеријатски судија - кој ги разгледувал делата според Шеријатот.
  • Ахдос судија кој се раководел според обичајите на друштвото (обичајно право).
  • Кази аскер кој бил задолжен за правни прашања во војската.

Везирот заедно со диванот (државен совет) бил одговорен за положбата на поданиците и војската, за финансиската сосотојба на државата и дејноста на државните органи. Везирите, како и емирот, требало да бидат од благородничко потекло, да поседуваат квалитети како што храброст, иницијативност, внимателност и др. Тие требало темелно да размислуваат за последиците од секој свој чекор. Везирите, покрај се, требало да ги познаваат тајните на битката во која требало да знаат како да го победат непријателот и да ги предводат своите трупи.

Тамерлан ја засилил заштитата на војниците и обичните луѓе. Кодексот ги обврзувал селските и градските старешините, собирачите на даноците и гувернерите (обласните управници) да платат парична казна за своите грешки. Доколку еден воин направел некако злосторство, казната ја изрекувал жртвата или неговото семејство. Кодексот, колку што е можно, се обидувал да обезбеди заштита на луѓето во освоените земји од понижувања и грабежи. Посебно внимание било посветено на сиромашните, тие требало да бидат собрани на одредено место каде што требло да им се обезбеди храна и работа.

Посебно внимание Тамерлан посветил на моралот на луѓето, во својата држава тој го вовел концептот за неповредливост на законите. Судиите биле обврзани пред донесувањето на казните да ги проверат сите факти, по што можела да уследи пресудата. На муслиманите, кои биле доминантни во неговата држава, им била објаснета основата на исламот и бил воведен во силаШеријатот. Како основни правни книги биле користени Тафсерот (интерпретација на Коранот) и Хадисот (збирка на приказни за пророкот Мухамед), бил воводен и Фик (исламска судска пракса). Во градовите биле поставени улеми и мудариси (учители во медресите - исламски училишта). Законите и другите државни акти биле пишувани на два јазика: персиски и чагатајски јазик. На неговиот двор имало турски и чагатајски службеници [53].

Култура и наука[уреди]

Од новоосвоени земји, Тамерлан во својата престолнина не натрупувал само богатство туку довел и истакнати научници, занаетчии, уметници и архитекти. Преку зголемувањето на бројот на интелектуалците сакал да го забрза развојот на градовите во Трансоксијана, срцето на неговото царство. Со своите освојувања, ставил крај на политичката фрагментација на Персија и Блискиот Исток и довел до стабилизрање на еден поголем регион. Во сите освоени области и градови, Тиму сакал да остави свои белег. Тој ги обновил Багдад, Дербент и Бајлакан, меѓу останантото тој обновил голем број на тврдини, мостови, системи за наводнување и др. Тамерлан посветил големо внимание во развојот на исламската култура и изградбата (разубувањетото) на муслимански свети места. Според некои научници, со Тамерлан започнал третиот голем период на средновековната иранска уметност. Во текот на 15 век, потомците на Тамерлан од Тимуридската династија го воздиганле златното доба на персиското ракописно сликарство, под нивно менторство творел познатиот Кемаледдин Бехзад, но и голем број на други уметници (види Исламска уметност).

Војска[уреди]

Тамерлановото знаме
Тамерлановата пешадија

Тамерлановата војска се состоела од два основни воени рода коњаница и пешадија [54]. Јадрото на коњаницата се состоела од турско-монголски лесни коњички стрелци, најчесто од областа Трансоксијана. Покрај нив, постоеле и тешко воружени коњаници, кои ја сочинувале воената елита, а од нив биле регрутирани и личните телохранители на Тамерлан. Кон крајот на 14 и почетокот на 15 век, улогата на пешадијата драстично се зголемила. Пешадијата имала особено важна улога при опсадите на градовите и тврдините, меѓутоа пешадијата сепак имала помошна улога во воените дејствија. Но, армијта на Тамерлан се состоела од тешко воружена пешадија.

Неговата војска била поделена според децимален сиситем, сличен на оној на војска на Џингис Хан. Силите биле поделени на десетици, стотици, илјадници и десетици илјади (тумен). Старите монголски војнички имиња биле заменети со турски. Иако Тамерлановата војска како основа ја имала монголската воена организација, таа поминала низ некои промени. Силите биле поделени во единици во јачина од 50 - 1000 души, нарчени кошунами, бројноста на поголемите единци варирала. Оружјето било стандардизирано. Војниците најчесто носеле мач на едната страна и кратко сечило на другата страна. Во текот на еден воен поход, секој војник морал да поседува одредена количина на стрели. Во еден поход насочен против Златната Орда, секој војник морал да има по десет стрели во својот тоболец.

Тамерлан бил совршено запознаен со состојбите и политичкиот сиситем во областите кои сакал да ги освои. Тој се служел со услугите на многу шпиуни. Тамерлан посветувал големо вниманије на стратегијата и тактиката на своите непријатели. Во текот на една битка, војската на Тамерлан била поделена на три големи формации (линии), секоја формација се состоела од три ешалона. Така, војниците на бојното поле биле распоредени на девет длабински нивоа (линии), со различна големина. Значителни сили биле чувани во позадина како резерва за уфрлање во вистинско време како засилување на центарот или крилата. Во текот на своите воени кампањи, Тамерлан користел знаме на кое биле преставени три прстена. Ова знаме се сретнува во две варијанти. Во едната варијанта трите прстени се во црвена боја со црна позадина [55], додоека во втората варијанта, прстените се во бела боја и сина позадина [56].

Контакти со Европа[уреди]

Кастилијанскиот амбасадор Руј Гонзалес Де Клавијо
Писмо на Тамерлан од 1402 година до францускиот крал Шарл VI

Тамерлан имал бројни дипломатски контакти со различни европски држави, особено со шпананските и француските владетели. Дипломатските односи помеѓу Тамерлан и кастилјскиот владетел Енрике III е најважната епизода во средновековната шпанска (кастилијска) дипломатија.

Во 1402 година, за време на битката кај Ангора, на Тамерлановиот двор пристигнале двајца шпански абасадори: Пелајо Де Сотомајор и Фернандо Де Палазуелос. Подоцна, Тамерлан на дворот на Кастилија и Леон го испратил својот дипломатски преставник дервишот Хаџи Мухамед Ал Кази, со писма и подароци.

Како возврат, кастилијанскиот крал Енрике III го испратил познатото дипломатско преставништво во Самарканд, предводено од кастилијанскиот амбасадор Руј Гонзалес Де Клавијо, во делегацијата имало уште двајца преставници: Алфонсо Паез и Гомез де Салазар. При нивното враќање, Тамерлан потврдил дека кралот на Кастилија го смета како негов сопствен син.

Според амбасадор Руј Гонзалес Де Клавијо, кастилијанската делегација била добро пречекана од Тамерлан за разлика од делегацијата испратена од господарот на Китај (алтернативно име за Кина), одноно кинескиот император од династијата Минг.

Посетата на Руј Гонзалес Де Клавијо во Самарканд му овозможила да собере информации за состојбите во Кина, кои потоа ги пренел во Европа и европската јавност. Од патувањето на Марко Поло пред околу еден век, Европејците немале никакви контакти со Кина или нејзини преставници.

Покрај дипломатските контактите со кралот на Кастилија и Леон, Тамерлан се допишувал и со други европски владетели. Дипломатски писма биле разменети и со францускиот крал Шарл VI. Во француската архива се зачувани:

  • Писмо од Тамерлан до францускиот крал Шарл VI, со дата од 30 јули 1402 година. Во ова писмо, Тамерлан побарал од францускиот крал да ги врати своите трговци на Ориентот. Писмото било напишано на персиски јазик [57].
  • Писмо од мај 1403 година, во латинична транскрипција испратено од Тамерлан до Шарл VI. Уште едно писмо било сочувано, тоа било испратено од Тамерлановиот трет син - Миран Шах, во кое била објавена победата над Бајазит I [58].
  • Сочувана е копија на одговорот на францускиот крал Шарл VI до Тамерлан, писмото е со датум од 15 јуни 1403 година [59].

Гроб[уреди]

Секој кој го нарушува мојот мир, во овој живот или во следниот, ќе биде предмет на неизбежна казна и страдање.

—Натпис на гробот на Тамерлан, Гур Емир


Внатрешен детал од мавзолејот
Тамерлановиот мавзолеј
Тамерлановата првобитна криптата во Шахрисабз

Гур Емир[уреди]

Тамерлановите останки се закопани во архитектонскиот комплекс Гур Емир, на персиски Гроб на кралот ( گورِ امیر) во Самарканд, денес во Узбекистан. Изградбата ја започнал Тамерлан во 1403 година по ненадејната смрт на Мухамад Султан, негов најомилен внук. Гур Емир требало да биде наменет за Мухамад. За себе, Тамерлан подигнал помала гробница во Шахрисабз во близина на палатата Ак Сарај. Меѓутоа, кога Тамерлан починал во 1405 година, во текот воениот поход против династијата Минг, патот за Шахрисабз бил попречен од снег и Тумур бил погребан во Гур Емир. Целиот мавзолеј бил завршен од Улуг Бег, друг внук на Тамерлан. Во текот на владеењето на Улуг Бег, мавзолејот станал семејна крипта на Тимуридската династија. Покрај Тамерлан, во Гур Емир биле закопани неговите синови Шахрух и Миран Шах, како и неговите внуци Улуг Бег и Мухамад Султан. Во мавзолејот, како знак на почит, бил закопан и учителот на Тамерлан - Саид Барака.

Мавзолејскиот комплекс Гур Емир зазема важно место во турко-персиската архитектура како предвесник и модел за подоцнежните могулски архитектурски гробници, како што се Хумајуновата гробница и Таџ Махал, кои биле изградени од потомците на Тамерлан - владетелите на Могулското царство во северна Индија.

Легенди[уреди]

За гробот на Тамерлан постојат неколку легенди, според една од нив, доколку гробот на Тамерлан биде осквернавен ќе дојде до голема несреќа. Според традицијата, кога во 1747 година иранскиот владетел Надир Шах Афшар во Гур Емир го отстранил надгробниот камен на Тамерлан, истиот тој ден Иран бил разурнат од земјотрес, а Надир-шах Афшар се разболел. Според легендата, земјотресот се повторил по враќањето на Надир, каде што набргу починал, во Иран и враќањето на надгробниот камен.

Според една друга легенда, која изворно не може да се потврди, постои пророштво според кое доколку погребните остатоци на Тамерлан бидат вознемирени во Гур Емир, ќе дојде до голема и страшна војна [60]. Во 1941 година, советска експедиција вршела истражувања во Гур Емир. Во текот на истражувањата, советскиот антропологист Михаил Михајлович Герасимов го отворил гробот на Тамерлан. Според некои извори, во внатрешноста на ковчег бил пронајден натпис кој гласел: Оној кој ќе го отвори мојот ковчек, ќе ослободи поголем освојувач (разурнувач б.н) од мене. [61]. Два дена подоцна, односно на на 22 јуни 1941 година, Адолф Хитлер со четири милијони војници ја започнал Операцијата Барбароса и извршил инвазија врз Советскиот Сојуз [62]. Во ноември 1942 година со целосен исламски ритуал Тамерлан бил повторно погребен, токму пред советската победа во Сталинградската битка [63].

Династија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Тимуридска династија.

Гробницата на големиот султан, на милосрдниот хакан емир Тамерлана Гурган, син на емирот Таргај, син на емирот Ајалангир, син на емирот Анџилја, син на Кара Чарнујан, син на емирот Сигунчинчин, син на емирот Ирданчи-Барласа, син на емирот Качулај, сина на Тумнај Хан. Овие девет генерации. Џингис Хан потекнува од едното и исто семејство, од кое бабите и дедовците ги пофали султанот, кој е закопан во оваа света и прекрасна гробница: Хакан-син Џингис. Емир Маисукаи-Бахадур, син на емирот Барнав-Бахадур, син на Кабул Хан, син на Тумнаи Хан, син на емирот Баисунгари, син на Кајду Хан, син на Тутумтина, син на емир Кука, син на емирот Бузанџара...

—Натписот на влезот во Гур Емир [64]

Жени и деца[уреди]

Тамерлан имал 18 жени. Од сите тие најомилена му била Улџахај Туркан Ага, сестра на Хусеин [65]. Според друга верзија, негова омилена жена била ќерката на Казан-хан, Сарај-мулак ханам. Таа имала свои деца, меѓутоа била задолжена за образованието на некои од децата и внуците на Тамерлан. Таа била славен патрон на уметноста и науката. Таа наредила да се подигне во Самарканд, медреса и мавзолеј за нејзината мајка.

Во 1352 година, Тамерлан се оженил со ќерката на емирот Џака Барлас Турмуш-ага. Емирот Казаган во 1355 година му дозволил на Тамерлан да се ожени со неговата внука Улџахај Туркан Ага. Со овој брак, се зацврстил сојузот помеѓу Тамерлан и Хусеин, внук на Казаган. Покрај првите две жени, тој имал и други: Улус Ага ид племето Сулдуз, Науруз Aга, Бахт Султан Ага, Бурхан Ага, Таваккул-ханим, Турмиш ага, Џани-Бик Ага, Чулпан Ага и др.

Тамерлан имал четири сина: Џахангир, Омар Шеик, Миран Шах и Шахрух. Тамерлан имал неколку ќерки: Ука бегим (1359—1382), Султан Бахт Aга (1362—1430), Биги Џан, Саадат Султан, Мусалла [66].

Семејно дрво[уреди]

 
 
 
 
 
 
1.
Тамерлан
(1336–1405)
основач на династија
1370–1405
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
принц
Џахангир
 
принц
Омар Шеик
 
 
принц
Миран Шах
(1366–1408)
 
3.
Шахрух
(1377–1447)
емир на Тимуридската династија
1407–1447
 
Гавхаршад
(1378–1457)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
.2
Пир-Мухаммед Џахангир
(1374–1407)
емир на Тимуридската династија
1405–1407
 
принц
Бајгара
 
 
принц
Султан Мухамад
 
 
принц
Султан Ибрахим
 
 
принц
Баисунгурr
(1399–1437)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
1.
Халил-Султан
(1384–1411)
владетел на Самарканд
1405–1409
 
 
4.
Улуг Бег
(1393–1449)
емир на Тимуридската династија
1447–1449
 
 
принц
Султан Мухамад
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
принц
Амир Мансур
 
5.
Султан Абу Саид
(1424–1469)
владетел на Самарканд
1451–1469
владетел на Херат
1459–1569
 
 
2.
Абдулах
(b. 1410–d. 1451)
владетел на Самарканд
1450–1451
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
7.
Хусеин Бајкара
(1438–1506)
владетел на Херат
1470–1506
 
 
 
 
3.
Абд ал Латиф
(1420–1450)
владетел на Самарканд
1449–1450
 
6.
Јадигар Мухамад
(починал во 1470)
владетел на Хера
1469–1470
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
6.
Султан Ахмед Мирза
владетел на Самарканд
1469–1494
 
принц
Умар Шеик
 
 
 
 
2.
Абул Касим Бабур Мирза
(1427–1457)
владетел на Херат
1451–1457
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8.
Бади Ал Заман
(починал во 1517)
владетел на Херат
1506–1507
 
9.
Музафар Хусеин
владетел на Херат
1507
 
Бабур
основач на Могулското царство во Индија
 
1.
Султан Мухамад
(п. 1451)
владетел на Херат
1447–1451
 
 
принц
Рок Ал Дин
Ала Ал Даулех
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
3.
Махмуд
(починал во 1457)
владетел на Херат
1457
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
4.
Ибрахим
(починал во 1459)
владетел на Херат
1457–1459
Тамерлан
Претходник
нема
Тимуридска династија
1370–1526
Наследник
Пир Мухамед
Халил Султан
Шахрух
Улугбек

Европски погледи на Тамерлан[уреди]

Сега во нивна слава светат златните круни. Од овие горди Турци, многу сакам толу сонца. Таа половина ја запрепастува величанственоста на небото. Сега, брате, следиго мечот на нашиот татко, Тој лета со бес побрз од нашите мисли, И ги сосекува армиите со своите освојувачки крилја

—Кристофeр Марлоу, Тамбурлајн Велики [67]


Францускиот крал Шарл VI Лудиот
Медитеранот во 1400 год.
Англискиот крал Хенри IV

Тамерлан веројатно имал најголемо влијание врз Ренесансата и почетокот на модерна Европа [68]. Тој, истовремено ги фасцинирал и ужаснувал Еввропејците од петнаесеттиот до почетокот на деветнаесеттиот век. Европските погледи за Тамерлан во текот на 15 век биле различни, некои европски држави го именувале како сојузник, а други го сметале како закана за Европа поради неговата брза експанзија и бруталност [69].

Кога Тамерлан го поразил османлискиот султан Бајазит I во близината на денешна Анкара, тој често бил фален од европските владетели како што се Шарл VI Лудиот од Франција и Хенри IV од Англија, бидејќи верувале дека Тамерлан го спасил христијанството од Османлиското царство на Блискиот Исток. Тамерлан, од страна на францускиот и англискиот крал бил почитуван поради тоа што на европските трговци им дозволил да останат на Блискиот Исток и верувале дека тој им вратил правото на премин на христијанските верници (аџии) во Светата Земја [70].

Некои европски земји за Тамерлан имале престава како на варварски непријател кои е закана за европската култура и христијанството. Големата моќ на Тамерлан, потикнала некои од европските владетели да испратат свои преставници на неговиот двор. Кастилијанскиот владетел Енрике III испратил дипломатски претставници во Самарканд со цел да се запознаат со Тамерлановиот народ, да се обидат да го убедат на премине во христијанство за да биде избегна војна [71].

Биографии[уреди]

Во времето на неговата смрт во 1405 година, монголскиот освојувач Тамерлан, погрден дериват од неговиот прекар Тумур Куциот, командувал со онолку земја и сеел страв како и секој владетел во историјата. Буквално ги прател стапските на Џингис Хан, тој изградил царство со инвазија по инвазија, на крајот неговото царство се протегло од од Москва до Медитеранот, од Делхи во Дамаск. Сепак, Тамерлан останува релативно непозната личност во западниот свет...

—Рецензија, Тамерлан: Мечот на исламот, Освојувачот на светот [72]

Епот за Тамерлан од Хатифи

Постојат повеќе биографи за животот на Тамерлан. Една од најпознатите и општо признати се оние на Али Јазди, познат како Шарафан Уд Дин, автор на Zafarnāmeh (на персиски: ظفرنامه), преведена на француски јазик од Петис Дела Кроиџ во 1772 година, ова дело на англиски јазик било преведено од страна на Џ. Дарби во 1773 година. Друг познат биограф на овој средновековен владетел е Ахмад ибн Мухаммед ибн Абдала ал-Димашики, Ал-Ајами (најчесто познат како Ахмад ибн Арабшах), неговото дело за прв пат било преведено од данскиот ориенталист Колитис во 1636 година. Во поранешните биграфии, како она на сер Вилијам Џоунс, Тамерлан бил преставен како: либералeн, добронамерeн и славен принц. Во подоцнежните дела тој бил преставен како личност од низок род со одвратни принципи. Во позитивно светли, Тамерлан е преставен во делото кое било напишано под личен надзор на наговиот внук Ибрахим, додека во делата напишани од неговите непријатели, Тамерлан е оцрнуван.

Меѓу помалкуте познати биографии или материјали за неговиот живот се второто дело под наслов Zafarnāmeh од Низам Шами Ал Дин кој истакнал дека ова дело е најраната позната историја на Тамерлан. Тука спаѓа и наводната автобиографија Тузук е Таимури (Мемоарите на Темур), за која подоцна е утврдено дека е фалсификат иако повеќето историски факти се точни [73]. Понови биграфи за неговиот живот се: Тамерлан: Мечот на исламот, Освојувачот на светот [74] објавена во 2006 година од Џастин Марози и Крајниот воин (The Ultimate Warrior) објавена во 1998 година од Рој Стиерс [75].

Тамерлан во уметноста[уреди]

Историја[уреди]

  • Гийасаддин Али. Дневник похода Тамерлана в Индию. М., 1958.
  • Низам ад-Дин Шами. Зафар-наме. Материалы по истории киргизов и Киргизии. Выпуск I. М., 1973.
  • Шараф ад-Дин Йазди. Зафар-наме. Т., 2008.
  • Ибн-Арабшах, Чудеса судьбы истории Тамерлана. Т., 2007.
  • Гонсалес де Клавихо, Руй. Дневник путешествия в Самарканд ко двору Тамерлана (1403—1406). М., 1990.
  • Абд ар-Раззак. Места восхода двух счастливых звёзд и места слияния двух морей. Сборник материалов, относящихся к истории Золотой Орды. М., 1941.

Уметност[уреди]

  • Марло, Кристофер. Тамерлан Велики.
  • Lucien Kehren, Tamerlan — l’empire du Seigneur de Fer, 1978
  • Lucien Kehren «La route de Samarkand au temps de Tamerlan, Relation du voyage de l’ambassade de Castille à la cour de Timour Beg par Ruy Gonzalez De Clavijo (1403—1406)» (traduite et commentee par Lucien Kehren), Publ: Paris, Imprimerie nationale. Les editions: 1990, 2002 et 2006.
  • Едгар Алан По. Тамерлан.
  • Џавид, Гусеин. Хромой Тамерлан.
  • Бородин, Сергей Петрович. Звёзды над Самаркандом.
  • Сегень, Александр Юрьевич. Тамерлан.
  • Попов, Михаил Михайлович. Тамерлан.
  • Говард, Роберт Ирвин. Правитель Самарканда.
  • Хуршид Даврон (Xurshid Davron), Самарқанд хаёли (Samarqand xayoli), 1991
  • Хуршид Даврон (Xurshid Davron), Соҳибқирон набираси (Sohibqiron nabirasi), 1995
  • Хуршид Даврон (Xurshid Davron), Бибихоним қиссаси (Bibixonim Qissasi), 2006

Музика[уреди]

  • Георг Фридрих Хендл, Тамерлан, 1724.
  • А. Чајковски, опера во 1 дејство. Либрето Р. Ползуновскои, Н. Карасика, Легендата на древниот град на Елец, света Богородица и Тамерлан.

Филм[уреди]

  • Проклетството на Тамерлан - документарен филм од 2006, во режија на Александар Фетисов.
  • Тамерлан - Опера од 2009 година во режија на Греам Вик.

Сликарство[уреди]

  • Станислав Хлебовски, Заробувањето на Бајазит од страна на Тамерлан, (1878).
  • Василиј Верешчагин, Портите на ханот Тамерлан, (1871)[76][77].
  • Рерих, Свјатослав Николаевич, Цвекињата на Тамерлан, (1933).

Споменици, топонимија и др.[уреди]

  • Имињата Темир, Тамерлан, Темирлан и Тамерлан денес се заеднички за многу турски и некои кавкаски народи.
  • На територијата на модерен Узбекистан се сочувани десетици географски особености, пештери, населби, чија историја во народната меморија се поврзани со името на Тамерлан [78].
  • Плоштадот Амир Тамерлан се наоѓа во центарот на Ташкент (Узбекистан).
  • Во градот Шахрисабз е подигант споменик во чест на Тамерлан.
  • Во Самарканд е поставен споменик на Тамерлан во седечка положба, а двете раце ги потпира на меч.
  • Во 1996 година, во Ташкент бил отворен Национален музеј на историјата на Тамерлан.
  • Во 1996 година, во Узбекистан донесен орденот Амир Темур [79].
  • Во 1996 година, во Узбекистан бил пуштен сувенирна поштенска марка посветена на Тамерлан.

Интересни факти[уреди]

Според башкирската митологија Тамерлан во 1395-96 година го изградил мавзолејот на Хусеин Бег, првиот човек кој го донел исламот меѓу Башкирските племиња. Според преданието, гробот на Хусеин бил случајно пронајден, а Тамерлан решил да му одаде чест на овој човек бидејќи ја ширел исламската култура. Според традицијата, во мавзолејот се наоѓаат шест принца-команданти, кои со дел од војската почибале додоека кампувале во близина. Не познато кој точно ја дал наредбата за подигање на мавзолејот, дали Тамерлан или некој негов командант. Денес овој мавзолеј се наоѓа во селото Чишми во Башкортостан.

Голем број на лични предмети кои му припаѓале на Тамерлан, денес се разнесени низ голем број на музеи низ светот. На пример, Рубинот Тамерлан кој ја украсувал круната на Тамерлан, денесе наоѓа во Лондон. Во раниот 20 век, личниот меч на Тамерлан се чувал во музејот во Техеран [80] .

Во текот на Тамерлановото владеење со Персија, во оваа област бил измислен т.н Тамерланов шах, кои е стратешка игра на табла слична на шахот и потекнува од чатурангата. Според некои извори, оваа игра била измислена лично од Тамерлан, меѓутоа ова тврдење можеби не е точно [81].

Галерија[уреди]

Извори[уреди]

  1. The Titles and Names of Timur
  2. Ten of the greatest: Historical conquerors
  3. Asia's Great Conquerors
  4. History’s Top Conquerors
  5. "Timur", Encyclopædia Britannica, Online Academic Edition, 2007.
  6. "Central Asia, history of Timur", in Encyclopædia Britannica, Online Edition, 2007., Quotation: "... Timur first united under his leadership the Turko-Mongol tribes located in the basins of the two rivers...."
  7. History of Central Asia, Encyclopædia Britannica Online. 13 December 2008.
  8. B.F. Manz, "Tīmūr Lang", in Encyclopaedia of Islam.
  9. Beatrice Forbes Manz, Temür and the Problem of a Conqueror's Legacy, Journal of the Royal Asiatic Society, Third Series, Vol. 8, No. 1 (Apr., 1998), 25; "In his formal correspondance Temur continued throughout his life as the restorer of Chinggisid rights. He even justified his Iranian, Mamluk and Ottoman campaigns as a reimposition of legitimate Mongol control over lands taken by usurpers...".
  10. Marozzi, Justin (2004). „Tamerlane: sword of Islam, conqueror of the world“. Great Britain: HarperCollinsPublisher. стр. 91. 
  11. Matthew White: Atrocitology: Humanity's 100 Deadliest Achievements, Canongate Books, 2011, ISBN 9780857861252, section "Timur"
  12. 12,0 12,1 Chaliand, Gerard; Arnaud Blin (2007). „The History of Terrorism: From Antiquity to Al Qaeda“. University of California Press. стр. 87. ISBN 978-0520247093. http://books.google.co.uk/books?id=YmpfgNqmVXYC&pg=PA87&dq=isfahan+Timur%7Ctamerlane+genocidal&hl=en&sa=X&ei=UoGjUI7aJKe80QWAk4CAAQ&ved=0CDEQ6AEwAA#v=onepage&q=isfahan%20Timur. 
  13. Fisher, W.B.; Jackson, P.; Lockhart, L.; Boyle, J.A. : The Cambridge History of Iran, p55.
  14. The Rehabilitation Of Tamerlane“, „Chicago Tribune“, 17 јануари 1999.
  15. J.J. Saunders, The history of the Mongol conquests (page 174), Routledge & Kegan Paul Ltd., 1971, ISBN 0812217667
  16. Marozzi, pp 341–342.
  17. Encyclopædia Britannica online
  18. Муиз ел-ансаб (Прославляющее генеалогии). Введение, перевод с персидского языка, примечания, подготовка факсимиле к изданию Ш. Х. Вахидова. // История Казахстана в персидских источниках. Т.3. Алматы, 2006, с.115]
  19. M.S. Asimov & C. E. Bosworth, History of Civilizations of Central Asia (История цивилизаций Центральной Азии), UNESCO Regional Office, 1998, ISBN 92-3-103467-7, стр. 320: «… One of his followers was […] Timur of the Barlas tribe. This Mongol tribe had settled […] in the valley of Kashka Darya, intermingling with the Turkish population, adopting their religion (Islam) and gradually giving up its own nomadic ways, like a number of other Mongol tribes in Transoxania …»
  20. B.F. Manz, The rise and rule of Tamerlan, Cambridge University Press, Cambridge 1989, стр. 28: «… We know definitely that the leading clan of the Barlas tribe traced its origin to Qarchar Barlas, head of one of Chaghadai’s regiments … These then were the most prominent members of the Ulus Chaghadai: the old Mongolian tribes — Barlas, Arlat, Soldus and Jalayir …»
  21. Лин фон Паль. Месть Тамерлана. М.,2008
  22. M.S. Asimov & C. E. Bosworth, History of Civilizations of Central Asia, UNESCO Regional Office, 1998, ISBN 92-3-103467-7, p. 320
  23. Бартольд В. В. Сочинения т.2. часть 2. М.,1964, с.40
  24. Gibbon, Edward, Decline and Fall on the Roman Empire, Modern Library, v. iii, p. 665.
  25. Султанов Т. И., Поднятые на белой кошме. Потомки Чингиз-хана. Алматы: Дайк-пресс, 2001, с.97
  26. Статья о Тамерлане в энциклопедии Britannica
  27. 27,0 27,1 „Наталья Басовская, профессор РГГУ“. Эхо Москвы. 13 февраля 2010 г.. архивирано од оригиналот на 23 август 2011. http://www.webcitation.org/619VeP8Z0. 
  28. Ибн Арабшах. История Амира Темура. Ташкент. Институт истории народов Средней Азии имени Махпират. 2007, с.61
  29. Гинзбург В. В., Трофимова Т. А. Палеанталогия Средней Азии. М., 1972, стр. 292
  30. Герасимов М. М. Портрет Тамерлана (опыт скульптурного воспроизведения на краниологической основе) // Краткие сообщения о докладах и полевых исследованиях института истории материальной культуры. Вып. XVII. 1947
  31. Герасимов М. М. Портрет Тамерлана (опыт скульптурного воспроизведения на краниологической основе) ...
  32. Кандия Малая (пер. В. Вяткина) // Справочная книжка Самаркандской области. Вып. 8. Самаркандский областной статистический комитет. Самарканд, 1905, с. 258
  33. Jackson (1986), p. 43
  34. Marozzi (2005), p. 7
  35. Grousset (1970), p. 412
  36. Timur (Tamerlane) , Macro History. Accessed on 14 September 2008
  37. Prawdin (2005), p. 435
  38. Boaworth (2003), p. 328
  39. Grousset (1970), p
  40. Boaworth (2003), p. 329
  41. Grousset (1970), p. 422-423
  42. Zahir ud-Din Mohammad (September 10, 2002). Thackston, Wheeler M.. ed. The Baburnama: Memoirs of Babur, Prince and Emperor. New York: Modern Library. p. xlvi. ISBN 978-0375761379. "In India the dynasty always called itself Gurkani, after Temür's title Gurkân, the Persianized form of the Mongolian kürägän, 'son-in-law,' a title he assumed after his marriage to a Genghisid princess."
  43. Grousset (1970)
  44. Marozzi (2005), p. 159
  45. Marozzi (2005), p. 188-191
  46. Marozzi (2005), p. 198-200
  47. Marozzi (2005), p. 287-289
  48. Burns (2005), p. 219
  49. Marozzi (2005), p. 299-310
  50. C. P. Atwood-Encyclopedia of Mongolia and the Mongol Empire, see: Northern Yuan Dynasty
  51. Marozzi (2005), p. 360-404
  52. УЛОЖЕНИЕ ТАМЕРЛАНА
  53. Му‘изз ал-ансаб (Прославляющее генеалогии). Введение, перевод с персидского языка, примечания, подготовка факсимиле к изданию Ш. Х. Вахидова. // История Казахстана в персидских источниках. Т.3. Алматы: Дайк-Пресс, 2006, с.118
  54. Армия Тамерлана
  55. Flag of the Timurid Empire according to the Catalan Atlas c.1375 created by James Dahl The three bezants arranged in a triangle is the "Symbol of Peace". I have seen a variant shown of this flag which has the bezants pointing upwards, and they are white on a light blue background, but I have found no evidence to support this, and it is doubtless a reconstruction based on coinage (which also features the Symbol of Peace) with the colours a matter of congecture. However, in historical accounts of the flag of Tamerlane, he is always described as bearing a flag of black, red and white, which Europeans incorrectly interpret as a tricolour for lack of a description of the flag's devices. (the white is probably a fringe). Since I have never found reason to doubt the accuracy of the Catalan Atlas in terms of flags (it has proven in fact to be the most trustworthy document of the time period) I have concluded that this in fact was Timur's flag. WARNING: This image is highly speculative. The main source pointing to this design is the Catalan Atlas, which as a historical primary source cannot be considered a reliable reference, especially if it is the only source used. This image should not be added to articles without clearly indicating its speculative nature. Note that FOTW (where most of those images on Commons are taken from) is based on user contributions like Wikipedia, and hence not authoritative either.
  56. Alleged flag of the Great Timur Empire - Image by Ivan Sache, 4 July 2004
  57. Document preserved at Le Musée de l'Histoire de France, code AE III 204. Mentioned Dossier II, 7, J936
  58. Mentioned Dossier II, 7 bis
  59. Mentioned Dossier II, 7 ter
  60. Independent
  61. Uzbekistan: On the bloody trail of“, „The Independent“, 9 јули 2006 (конс. 25 мај 2010).
  62. Mark & Ruth Dickens. „Timurid Architecture in Samarkand“. Oxuscom.com. http://www.oxuscom.com/timursam.htm. конс. 22 мај 2012. 
  63. Marozzi 2004
  64. Надпись при входе в Мавзолей Гур-Эмир
  65. Наталья Басовская, профессор РГГУ. Эхо Москвы (13 февраля 2010 г.)
  66. Му‘изз ал-ансаб (Прославляющее генеалогии). Введение, перевод с персидского языка, примечания, подготовка факсимиле к изданию Ш. Х. Вахидова. // История Казахстана в персидских источниках. Т.3. Алматы: Дайк-Пресс, 2006, с.120
  67. The Second Part of Tamburlaine the Great, by Christopher Marlowe
  68. Milwright, Marcus (2006). „So Despicable a Vessel: Representations of Tamerlane in Printed Books of the Sixteenth and Seventeenth Centuries“. „Muqarnas“ 23: 317. 
  69. Knobler, Adam (November 1995). „The Rise of Timur and Western Diplomatic Response, 1390–1405“. „Journal of the Royal Asiatic Society“. Third Series 5 (3): 341. 
  70. Knobler, 341–344
  71. Knobler, 348–349
  72. Tamerlane: Sword of Islam, Conqueror of the World
  73. B.F. Manz, "Tīmūr Lang", in Encyclopaedia of Islam.
  74. Marozzi, Justin (2006). „Tamerlane: Sword of Islam, Conqueror of the World“. Da Capo Press. ISBN 0-306-81465-X. Limited preview“ - Google Книги (англиски)
  75. Stier, Roy (1998). „Tamerlane: The Ultimate Warrior“. BookPartners. ISBN 1-885221-77-0. 
  76. „Биография Верещагина Василия Васильевича“. veresh.ru. архивирано од оригиналот на 23 август 2011. http://www.webcitation.org/619VnwNYf. 
  77. 50 биографий мастеров русского искусства. Л., Аврора. 1970. С.170
  78. Памятники Природы Узбекистана — Вековые деревья, Пещеры, Петроглифы, Озера, Скалы, Потухший вулкан / Monuments of nature in Uzbekistan
  79. УзА: 26 апреля — день учреждения ордена Амира Темура
  80. Persia past and present a book of travel and research, with more than two hundred illustrations and a map by A.V. Williams Jackson. Published 1906 by The Macmillan Company, Macmillan & Co., ltd. in New York, London, p.422
  81. Tamerlane chess

Надворешни врски[уреди]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Тамерлан“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).