Тамерланово второ освојување на Багдад

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тамерлановото второ освојување на Багдад се случило во 1401 година и завршило со масовен колеж на граѓаните на Багдад [1].

По сириската експедиција, Тамерлан сакал со главнината од својата војска да се упати кон север и во Карабах. Меѓутоа, бил известен дека дваесет илјадната војска, која требало да го освои Багдад, целосно потфрлила во својата мисија. Тамерлан решил сета работа да ја презеем во свој раце и самиот да се справи со Багдад. Градот бил опколен од сите страни и по шест недели, Тамерлан издал наредба за влегување во градот. Тамерлан му наредил на секој војник да донесе по една глава од жителите на Багдад. Околу 90 000 луѓе биле масакрирани и Тамерлан повторно наредил да бидат подигнати кули со главите на убиените. По освојувањето на Багдад, Тамерлан се упатил кон Карабах .

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Marozzi, Justin (2004). Tamerlane: Sword of Islam, Conqueror of the World. Hammersmith, London: HarperCollins