17 декември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
1538  Папата Павле III го екскомуницирал Хенри VIII од католичката црква. За возврат, Хенри ја укинал неговата јурисдикција и го иницирал осамостојувањето на Црквата на Англија.
1577  По налог на кралицата Елизабета I, Франсис Дрејк отпловил од Плимут, Англија, на тајна мисија да го истражи тихоокеанскиот брег на Америка.
1903  Во Северна Каролина, во САД, браќата Рајт го извршиле првиот лет со машина потешка од воздухот.
1970  Работничките протести во Полска против покачувањето на цените на храната биле крваво задушени со пукање во протестантите од војската и полицијата, при што загинале околу 40 луѓе, а стотици биле ранети.
1991  Турција, ги призна сите советски републики, кои прогласија независност.
1993  Финска ја призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија.
1989  Емитувана е првата епизода на „Симпсонови“.
2005  Република Македонија доби статус на кандидат за членка на Европската Унија.
2004  Избрана владата на Република Македонија, предводена од Владо Бучковски.