Во петтиот натпервар од Светската лига, ватерполо репрезентацијата на Македонија ја победи репрезентацијата на Грција со резултат 7:6. „Победата ѝ ја подарувам на македонскиот народ и Македонија бидејќи навистина заслужи, a Грците вечерва научија каде дојдоа и каде е Македонија. Ние им одржавме час по ватерполо.“ изјави тренерот на Македонија, Стеван Нонковиќ.
Граѓаните на Крим на референдум се изјаснуваат дека сакаат да станат составен дел од Руската Федерација. Поддршката изнесувала 96,77% при излезност од 83%. Највеќето неизлезени биле Кримски Татари, кои решиле да го бојкотираат гласањето.