Фарс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Фарс
استان فارس
—  Покраина  —
Фарс во рамките на Иран
Фарс во рамките на Иран
Земја  Иран
Админ. центар Шираз
Окрузи 23
Површина
 • Вкупна 122.608 км2
Население (2006)[1]
 • Вкупно 4.569.292 жит.
Час. појас IRST (UTC+03:30)
 • Лете (DST) IRST (UTC+04:30)
Јазици персиски
кашкајски
лурски
фарски дијалекти

Фарс (персиски: استان فارس Ostān-e Fārs) е покраина во Иран. Се наоѓа во јужниот дел на земјата и главен град е Шираз. Има површина од 122.400 км². Во 1996, покраината имала 3,8 милиони жители, од кои 56,7% урбано, 41,0% рурално и 1,4% номадско население.


Етмологија[уреди]

Името Фарс води потекло од зборот Персијци (Персија) (староперсиски: Pārsa).

Администартивна поделба[уреди]

Фарс е сместен на југот на земјата и се граничи со Бушер на запад, Хормозган на југ, Керман и Јазд на исток, Исфахан на север и Кохкилуех и Бујер Ахмад на северозапад. Според последната територијалната поделба на Фарс изгледала вака:

Карта на окрузите во Фарс
  1. Естахбан
  2. Абадех
  3. Еклид
  4. Бованат
  5. Јахрум
  6. Дараб
  7. Сепидан
  8. Шираз
  9. Фаса
  10. Фирузабад
  11. Саадат Шар
  12. Сарвестан
  13. Сафашахр
  14. Мор
  15. Казерун
  16. Лар
  17. Ламерд
  18. Марвдашт
  19. Мамасани
  20. Конџ
  21. Нејриз

Демографија[уреди]

Според географската положба и блискоста до Персиски Залив, Фарс има мешана етничка структура. Па така во Фарс има Турки, Семити, и Арјани кои се под влијание на иранската култура. Како и да е староседелци и главна етничка група се Кашкајците, Мамасаните, Лорците, Камсеите и Кокилуејците. Сите овие се ирански народи.

Фарс во поезијата[уреди]

Рушевини на Персеполис
Фарс: Древната татковина на Персија.

روی گفتم که در جهان بنهم
گردم از قید بندگی آزاد

که نه بیرون پارس منزل هست
شام و روم و بصره و بغداد

"I said, turn your path to the greater world,
So I should be free of the chains of slavery.

But I found no place for me outside of Fars,
Not Levant, not Anatolia, not Basra, nor Baghdad."

Јас реков, смени го патот до поголем свет
Зa јас да бидам слободен од синџирите на ропството

Но јас не најдов место за мене надвор од Фарс
Ниту Левант, ниту Анадолија, ниту Басра, ниту Багдад

Хафез

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Попис 2006 (англиски)

Надворешни врски[уреди]