Ардабил (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ардабил
استان اردبیل
—  Покраина  —
Ардабил во рамките на Иран
Ардабил во рамките на Иран
Координати: 38°15′05.03″ СГШ 48°17′50.28″ ИГД / 38.2514, 48.2973
Земја  Иран
Админ. центар Ардабил
Окрузи 9
Површина
 • Вкупна 17.800 км2
Население (2006)[1]
 • Вкупно 1.228.155 жит.
Час. појас IRST (UTC+03:30)
 • Лете (DST) IRST (UTC+04:30)
Јазици персиски (службен)
азербејџански (локален)
талишки (локален)
Музејот на Ардабил

Ардабил (персиски: استان اردبیل, Ostān-e Ardabīl) е покраина во Иран. Се наоѓа во северозападниот дел на земјата и се граничи со Азербејџан и со покраините Источен Азербејџан, Занџан, и Гилан. Главен град е истоимениот Ардабил. Покраината е формирана 1993 со одделување од Источен Азербејџан (поголемиот дел) и северниот дел од Гилан.

Клима и географија[уреди]

Во летните периоди температурите не поминуваат преку 35 °C, а во зимите е претежно студено и е до -25 °C.

Најпозната природна атракција е планината Сабалан.

Население[уреди]

Покраината има 1.257.624 жители и мнозинството го сочинуваат Азербејџанци. Северноисточните предели се населени со Талиши.

Наводи[уреди]

  1. Попис 2006 (англиски)

Надворешни врски[уреди]