Хузестан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хузестан
استان خوزستان
—  Покраина  —
Хузестан во рамките на Иран
Хузестан во рамките на Иран
Координати: 31°19′38.28″ СГШ 48°41′38.4″ ИГД / 31.3273, 48.6940
Земја  Иран
Админ. центар Ахваз
Окрузи 23
Површина
 • Вкупна 64.055 км2
Население (2006)[1]
 • Вкупно 4.274.979 жит.
Час. појас IRST (UTC+03:30)
 • Лете (DST) IRST (UTC+04:30)
Јазици персиски и арапски
Иранската влада инвестира во големи суми во Хузестан.
Бронзена статуа стара 2100 години.
Чока Занбил тврдина на една од многуте персиски империи
Бронзена плоча на кој е прикажан коњот Пегаз.

Хузестан (персиски: استان خوزستان, Ostān-e Khūzestān) е покраина Иран. Се наоѓа во југозападниот дел на земјата и се граничи со Ирак. Главен град е Ахваз и има површина од 63.238 км². Други поголеми градови се Бехбахан, Абадан, Амдимешк, Коремшехр, Бандар Имам, Дезфул, Шуштар, Омидијех, Изех, Бак-e-Малек, Мах Шахр, Дашт-e-Азадеган, Рамхормос, Шадеган, Суза, Масџед Солејман, Мину и Ховејзех.

Хузестан има 18 пратеници во Меџлисот и 6 преставници во Советот на експерти

Етимологија[уреди]

Името Kузестан, во слободен превод значи Земјата на Кузите.

Хузестан во книжевноста[уреди]

Хузестан долго време е предмет за инспирација на многу писатели и поети од Пресија. Следуваат некои прочуени текстови:

زبس کز دامن لب شکر افشاند
شکر دامن به خوزستان بر افشاند

„На усните ѝ сладок шеќер разлеан,
Како шеќерот во Хузестан што се лее.“
Незами

قد رعنای تو و قامت سرو کشمر
لب شیرین تو و شکر خوزستانی

„Твојта витка става како кешмарскиот чемпрес,
Усните слатки, како хузестанскиот шеќер.“
Незари Кохистани

که باشد که پیوند سام سوار
نخواهد از اهواز تا قندهار

„Та Сем не требаше далеку да јава
од Хазар, сал до Кандахар.“
Фирдоуси

Колеџи и универзитети[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Попис 2006 (англиски)

Надворешни врски[уреди]