Јохан Чоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јохан Чоп

Чоп на Трката околу Германија 2006.
Лични податоци
Цело име Јохан Чоп
Роден 1 јули 1982 (1982-07-01) (31 г.)
Сиере, Швајцарија
Висина 1,75 м
Маса 62 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб ИАМ Сајклинг
Дисциплина Друмски, велокрос и планински велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2004–2006
2007–2010
2011–2012
2013–
Фонак
Бјуик Телеком
БМЦ Рејсинг Тим
ИАМ Сајклинг
Значајни победи
Национален маратонски планински првак (2005)
Џиро д’Италија, 1 етапа
Трка околу Јута (2012)
Последна промена
1 февруари 2014

Јохан Чоп (германски: Johann Tschopp; р. 1 јули 1982 во Сиере) — швајцарски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа ИАМ Сајклинг.[1] Станал професионалец во 2004, настапувајќи за екипите Фонак, Бјуик Телеком и БМЦ Рејсинг Тим и во текот на овие настапи двапати возел на Џиро д’Италија. Тој е особено добар специјалист за искачување, поради неговата мала тежина и неговиот терен за тренирање е главно планински. Воедно, имал свои настапи и во велокрос и планинскиот велосипедизам.

Во август 2012, Чоп ја освоил Трката околу Јута, благодарение на неговата победа на кралската етапа на трката. Заминал од групата во падините на последното искачување, поминувајќи ги сите претходно побегнати возачи и ја поминал целта со 43 секунди предност пред второпласираниот. Оваа етапа му ја донела водечката маичка, која претходно ја носел возачот на Гармин-Шарп Кристијан Ванде Велде.[2] Чоп и неговите колеги успеале да го одржат водството во генералниот пласман на последната етапа, која била исто така планинска и ја прославиле победата.[3]

Чоп го напуштил БМЦ Рејсинг Тим на крајот на сезоната 2012 и ѝ се приклучил на новата екипа од неговата држава, екипата ИАМ Сајклинг за сезоната 2013.[1] На Трката околу Оман 2013 го освоил шестото место во генералниот пласман.[4] На Париз-Ница 2013, Чоп го освоил планинскиот пласман благодарение на учествата во бројни бегства. Имал огромно водство од 64 бода, 40 повеќе отколку најблискиот натпреварувач.[5]

Достигнувања[уреди]

2003 – под 23 години
2.  Швајцарија Првенство во планински велосипедизам
2. Сиере-Лоје
3.  Швајцарија Велокрос првенство
2005
2. Трка околу Австрија
2007
5. Краен пласман Тур де л’Ен
2009
5. Краен пласман Тропикале Амиса Бонго
1. Етапа 4
5. Краен пласман Тур де Лангкави
2010
1. Етапа 20 Џиро д’Италија
Чима Копи
2011
15. Џиро д’Италија
2012
1. Краен пласман Трка околу Јута
1. Етапа 5
3. Краен пласман Париз-Корез
12. Џиро д’Италија
2013
2. Трофео Матеоти
6. Краен пласман Париз-Ница
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
6. Краен пласман Трка околу Оман
9. Краен пласман Критериум Интернационал
9. Краен пласман Трка околу Норвешка

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 41 45 126 34 15 12
Jersey yellow.svg Тур 93 54
Jersey gold.svg Вуелта 81 СО

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Мињо, Александер. „Tschopp et Rasch signent chez IAM Cycling“, „Cyclism'Actu“, Swar-Agency, 9 август 2012 (конс. 11 август 2012). (на француски)
  2. Пет Малак. „Чоп освоил етапа и го преземал водството во Сноубирд“, „Cycling News“, FuturePublishing Limited, 13 август 2012 (конс. 13 август 2012).
  3. Кајл Мур. „Лајпхајмер сам до победа на шестата етапа на Трката околу Јута, Чоп победи на трката“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 12 август 2012 (конс. 13 август 2012).
  4. Резултати на Трката околу Оман 2013“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 16 февруари 2013 (конс. 10 мај 2013).
  5. Париз-Ница 2013: Силвен Шаванел ја освои етапата во Ница во спринт“, „Velo Wire“, Томас Вергувен, 9 март 2013 (конс. 11 мај 2013).

Надворешни врски[уреди]