Горна Волта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Горна Волта
République de Haute-Volta

1958–1984
Знаме Грб
Гесло
„Unité – Travail – Justice“ (француски)
„Единство – Работа – Правда“
Химна
Hymne Nationale Voltaïque
Главен град Уагадугу
Јазици француски
Уредување Република
Претседател
 -  1959–1966 Морис Јамеого
 -  1983–1984 Тома Санкара
Висок комесар
 -  1958–1959 Макс Берте
 -  1959–1960 Пол Масон
Премиер
 -  1971–1974 Жерар Канго Уедраого
 -  1983 Тома Санкара
Историски период Студена војна
 -  Самоуправувана колонија 11 декември 1958 1958
 -  Независност 5 август 1960
 -  Преименувана 4 август 1984 1984
Валута франк

Горна Волта или службено Република Горна Волта (француски: République de Haute-Volta) била основана на 11 декември 1958 како самоуправувана колонија во рамките на Француската заедница. Пред да стекне автономија била позната како Француска Горна Волта и дел од Францускиот сојуз. На 5 август 1960 стекнала целосно независност од Франција.

Тома Санкара дошол на власт воениот удар на 4 август 1983. По пучот, го создал Националниот совет за Револуција (CNR), а самиот тој бил претседател. Под водство на Санкара, државата го променила своето име на 4 август 1984 од Горна Волта во Буркина Фасо, што означува „Земја на неподмитливи луѓе“.[1]

Името Горна Волта означувало дека државата се наоѓа во горниот тек на реката Волта. Реката е поделена на три делови, Црна Волта, Бела Волта и Црвена Волта, кои ги создаваат боите на националното знаме.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Франа на Море (јазик)“. World Digital Library. http://www.wdl.org/en/item/635. конс. 16 февруари 2013.