Ото Бауер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ото Бауер (5 септември 18814 јули 1938) бил австриски лев социјалист и еден од најистакнатите теоретичари на австромарксизмот.

Бауер студираше на Универзитетот во Виена каде што се здоби со титулата доктор на право во 1906. Својата прва книга, „Социјалдемократијата и националното прашање“, ја објави во 1907. Иако беше политички активен и во текот на студиите, неговиот постепен подем во Социјалдемократската партија на Австрија започна по стекнувањето со докторската титула. Меѓу другото, во 1907 година Бауер го основа „Дер кампф“, теоретското списание на партијата.

Во текот на Првата светска војна, Бауер беше мобилизиран уште во 1914 и беше испратен на Рускиот фронт. Таму беше заробен, но во 1917 беше ослободен и се врати во Австрија. По смртта на лидерот на Социјалдемократската партија на Австрија, Виктор Адлер, во 1918, Бауер застанува на чело на партијата. Од ноември 1918 до јули 1919 австриските социјалдемократи формираа коалициона влада со Христијанско социјалната партија во која Бауер беше министер за надворешни работи.

Кога Енгелберт Долфус, со помош на елементи од Христијанско социјалната партија и на Хајмверот, во 1933 воспостави авторитарна корпоративна диктатура, активностите на австриските социјалдемократи беа сериозно ограничени. По задушувањето на бунтот против владата во февруари 1934, Бауер беше принуден да пребегне во странство. Тој продолжи да го организира отпорот на социјалдемократите против диктатурата во Австрија прво од Брно во Чехословачка, а потоа од Париз. Умира во Париз на 57-годишна возраст, само четири месеци по инкорпорирањето на Австрија во Третиот рајх од страна на Адолф Хитлер (т.н. „аншлус“).

Творештво[уреди]

Основни дела на Ото Бауер се:

  • „Социјалдемократијата и националното прашање“ (1908)
  • „Светската револуција“ (1919)
  • „Патот до социјализам“ (1919)
  • „Болшевизам или социјалдемократија?“ (1920)
  • „Новиот курс на Советска Русија“ (1921)
  • „Фашизмот“ (1936)
  • „Кризата на демократијата“ (1936).

Надворешни врски[уреди]