Кристофер Хил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кристофер Хил, 2006.

Кристофер Роберт Хил (англ. Christopher Robert Hill) р. 1952, е дипломат на САД кој во моментов работи како Помошник државен секретар за источно-Азиски и Пацифички работи во владата на САД.

Хил завршил економски факултет во 1974, потоа бил доброволец на мировните трупи во Камерун од 1974 до 1976. Се здобил и со магирстерска титула од Поморскиот воен колеџ во 1994. Хил зборува полски, српско-хрватски, македонски и албански.[1]

Неговата дипломатска кариера започнала во 1995 кога соработувал со Ричард Холбрук како негов заменик во Дејтонските мировни преговори. Холбрук го опишал како „брилијантен, неустрашлив и разложен“ и рекол дека е истовремено „многу смирен и многу страстен што му обезбедува одлични преговарачки способности“.[2]

Хил бил назначен за aмбасадор на САД во Република Македонија од претседателот Бил Клинтон од 1996-1999. Од 1998-1999 бил и Специјален пратеник на САД за Косово. Од 2000-2004 бил aмбасадор на САД во Полска, а од 2004-2005 aмбасадор на САД во Република Кореја. Во 2006 претседателот Џорџ В. Буш го номинирал Хил за службеник од кариера, втор највисок ранг на признание за елитните дипломати на САД.

Во 2005 Кристофер Хил бил именуван за Водач на делегацијата на САД на шест-партитните преговори (помеѓу САД, Русија, Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Северна Кореја) за разрешување на Северно-корејската нуклеарна криза.

Приватен живот[уреди]

Хил е оженет и има три деца.[3]

Наводи[уреди]