Мајкл Колинс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мајкл Џон Колинс
16 октомври 1890 - 22 август 1922
Michael Collins 1922.jpg
ирски револуционер и национален херој
Прекар: Мајк
Служба во: Ирско национално движење
Период на служба: 1910 - 1922
Чин: раководител на разузнавачката служба на ИРА врховен командант на Националната армија [1]
Единици: Дванаесет апостоли
Командува/л со: Ирска републиканска армија  • Национална армија
Битки/војни: Велигденско востание  • Ирска војна за незвисност  • Ирска граѓанска војна
Други занимања: политичар

Мајкл Џон Колинс (англиски: Michael Collins, ирски: Mícheál Ó Coileáin; 16 октомври 1890 - 22 август 1922) — ирски национален деец и револуционер, учесник во ирското револуционерно движење, министер за финансии и преставник во Ирското собрание (Dáil Éireann) во 1919 година, раководител на на разузнавачката служба на Ирската републиканска армија (Óglaigh na hÉireann), член на ирската делегација која го потпишала Англо-ирскиот договор (An Conradh Angla-Éireannach).

Подоцна ги извршувал должностите претседателот на Привремената влада на јужна Ирска и врховен командант на Националната армија. Во текот на својата револуционерна дејност, барем од 1919 година, тој исто така бил претседател на Ирското републиканска братство, а според нормативните акти на самото Братство, тој бил и претседател на Ирската Република. Колинс беше застрелан и убиен во август 1922 година, за време на Ирската граѓанска војна.

Мајкл Колинс е една од најмаркантните и најконтроверзните фигури на ирската борба за независност, човек кој со својата дејност за ирското ослободување зазема место во многубројни научно-историски полемики и дискусии. Колинс се чествува како ирски национален херој кој со својата тактичност упеал да ги принуди британските власти да седнат на преговарачака маса за конечно решавање на Ирското прашање, меѓуто истовремено се обвиненува, поради прифаќањето и потпишувањето на Англо-ирскиот договор, се посочува како еден од главните виновници за поделба на Ирска на два дела: Република Ирска и Северна Ирска.

Детство[уреди]

Спомен плоча на Мајкл Колинс во Клонакилти

Роден е во Семс Крос кај Клонакилти, Корк. Колинс бил трето машко дете и најмладо од осумте деца на неговите родители. Повеќето биографи истакнуваат дека е роден на 16 октомври 1890 година, меѓутоа на неговиот гроб, како дата на раѓање се наведува 12 октомври, 1890 година.

Неговиот татко, кој исто така се викал Мајкл (Mícheál), стана член на Ирското републиканско братство, но го напуштил и се посветил земјоделството. Неговиот татко имал 59 години кога се ожени за неговата мајка Маријана О'Брајан која имала 23 годшини. Бракот се случил во 1875 година и бил среќен. Мајкл имал шест години кога неговиот татко починал.

Клонакилти

На својата смртна постела, неговиот татко истакнал дека во иднина неговата ќерка Елена (постара сестра на Мајкл) ќе стане калуѓерка, а потоа се свртел кон семејството и рекол дека тие треба да се грижат за Мајкл, бидејќи "Еден ден тој ќе биде голем човек. Тој ќе направи голема работа за Ирска." [2][белешка 1].

Колинс бил умно и внимателно дете, со огнен темперамент и силно чувство на патриотизам. Неговите патриотски чуства биле потикнати од локалниот ковач, Џејмс Сантри, а подоцна неговата ирска национална свест била доизградена во националното училиште во Лисаваирд, каде се нашол под влијание на училишниот директор Денис Лион, кој бил член на Ирското републиканска братство. На тринаесет и пол годишна возраст почнал да го посетува националното училиште во Клонакилти. Во текот на неделата, тој останал кај својата сестра Маргарет Колинс O'Дрискол и нејзиниот сопруг Патрик O'Дрискол, додека за време на викендите се враќал во семејната фарма. Патрик O'Дрискол го основал весникот West Cork People, а Мајкл му помогнал во рабатата на весникот [3]. На 15 годишна возраст го напуштил училиштето и во февруари 1906 година полагл испит на Британската цивилна служба, а во јули 1906 година се вработил во Кралската пошта [4].

Во 1910 година се преселил во Лондон каде што работел за брокерската фирма Horne and Company како курир. Тој се приклучил во Галската Атлетска Асоцијација, а преку неа остварил контакт со Ирското републиканско братство, тајно друштво кое имало за цел создавање на независна ирска држава. На 19 годишна возраст станал член на Братство [5]. Во 1915 година се префрлил во Guaranty Trust Company of New York каде што останал се до неговото враќање во Ирска следната година [6].

Велигденско востание[уреди]

Колинс во 1915 год.
Даблин по востанието

Мајкл Колинс прв пат се прославил за време на Велигденското востание во 1916 година. Поради својата мудрост и организитароски собособности бил особно ценет во ИРБ, а бил поставен и за финансиски советник на Џорџ Планкет, татко на еден од водачите на востанието, Џозеф Планкет, подоцна станал и негов советник.

Во текот на подготовките на востанието, Колинс, согласно својата прагматичност, не се согласувал со стратегијата на востаничките водачи, која предвидувала освојување на главните институци во Даблин и дирекни судири со британските безбедносни сили, кои имале тешко воружување. Тој истакнувал дека зградата на Главната пошта ќе биде невозможно да се брани, снабдувањето на востаниците ќе биде отежнато, а доколку востаниците се обидат да се повлечат, нема да имаат можност за тоа, таквите искази на Колинс подоцна биле потврдени од самите настани. Меѓутоа и покрај тоа што не се согласува со стратегијата, Колин учествувал во одбраната на Главната пошта од британските сили, рамо до рамо со Патрик Пирс и останатите ирски револуционери.

По пропаста на востанието, Колинс, како и многу други ирски востаници, бил уапсен и одведен во логорот Фрогнох во Велс. За време на својот престој во логорот, една од главната преокупација му била организирањето на затворениците и нивна обука за герилско војување. Во декември 1916 годфина бил ослободен и веднаш станал значајна личност во Шин Фејн. Во октомври 1917 година бил поставен за раководител на организијата на Ирските доброволци [7].

Ирско собрание[уреди]

Членови на првото Ирско собрание

Во 1918 година, како преставник на Шин Фејн учествувал на генералните британски избори, бил избран за претавник во Британскиот долен дом [8]. Меѓутоа претавниците на Шин Фејн не саклае да учествуваат во работата на Британскиот парламент и го напуштиле. Шин Фејн и нејзините претавници го формирале Ирскиот парламент (Dáil Éireann).

Меѓутоа во јануари 1919 година истакнатите водачи на парламентот во кординирана акција на британските безбедносни сили биле уапсени. Колинс, преку својата мрежа на дошуници бил информиран за престојната акција и ги предупредил останатите. Меѓутоа Еамон де Валера сметал дека апсењето на истакнатите ирски водачи ќе предизвика позитивен пропагнаден ефект. Додека де Валера се наоѓал во затвор, Катхал Бругха бил избран за премиер, меѓутоа (април 1919 година) де Валера (со помош на Колинс) избегал од британскиот затвор и ја зазел позицијата на Бругха.

Колинс бил избран за претседател на Ирското републиканско братство и ја добил должноста раководител на на разузнавачката служба на Ирската републиканска армија. Се верува дека Ирската борба за независност започнала истиот ден кога Ирски парламент првпат заседавал, неколку Доброволци од областа Трипери со експлозиви нападнале конвој на безбедносните сили и убиле двајца полицајци.

Ирска војна за независност[уреди]

Министер за финансии[уреди]

Во 1919 година Колинс добил уште една одговорност, де Валера го поставил во Aireacht (влада), како министер за финансии [9]. Во услови на брутална војна, во која министрите се наоѓале во опасност да бидат уапсени или убиени од страна на британските сили за безбедност, најголем дел од министерствата постоеле само на хартија, или министерствата се состоеле од едно или две лица кои работеле во приватни куќи, а голем дел од министрите ги држеле положбите само формално. Меѓутоа Колинс успеал да го организира своето министерство и започнал да подига национален заем за Ирската Република. Министерството за финансии било во можност да организира големи обврзници во форма на "Национален Заем" за финансирање на Ирската Република.

Властите на Руската Република, во текот на Руската граѓанска војна, му наредила на Лудвиг Мартенс, раководител на Советското Бирото во Њујорк, да добие национален заем од Ирската Република преку Хари Боланд, нудејќи дел од рускиот кралски накит како гарант за враќање на заемот (накитот останал во Даблин, бил заборевен се до 1930 година кога бил случајно откриен).

Раководител на разузнавачката служба[уреди]

Колинс на велосипед
Членови на Бандата Каиро, од кои повеќето беа убиени, утрото на 21 ноември 1920 год.

Колинс формирал посебна атентаторска единица наречена Одред или Дванаесет апостоли. Оваа единица имала задача да ги ликвидира британските единици. Во овој период авторитетот на Колинс во Ирската републиканска армија и целокупното ирско движење бил огромен. Кога де Валера отпатувал во Соединети Американски Држави, за еден подолг временски период, со цел да добие подршка од американските кругови за Ирската казуза, Колинс успешно ја раководел владата и успеал да организира операција за набавка на оружје.

Во текот на Ирската војна за независност, под влијание на искуството од 1916 година, Колинс инсистирал да се избегнува статичната стратегија, односно освојувањето и одбрана на поголеми објекти и делимично организирал герилска војна. Колин заедно со Дик Мекиј ги орагнизирал познатите исрки летечки гединици, кои напаѓале ненадејно и бргу се повлекувале, со што постигнувале максимална ефикасност.

Во 1920 година, британските власти ја уцениле главата на Колинс во вредност од 10 000 фунти (еднакво на 360 000 евра во 2010 година), за негово апсење или ликвидирање. Меѓутоа британските сили за безбеност не поседувале фотографија на Колинс со која би можеле да го идентификуваат. Колинс имал неколку канцеларии во Даблин од каде ги раководел своите операции, а британските сили не можеле да му влезат во трага. Колинс за да одбегне секое сомнение, се движел со велосипед по улиците на Даблин, а кога полицијата ќе го застанала, тој останувал мирен и често пати се шегувал со нив, никогаш не бил препознаен.

Под раководство на Колинс биле извршени серија на атентати. Главна мета на нападите биле т.н Black and Tans, британски војници од Првата светска војна кој честопати пателе од воени трауми и биле познати по својата бруталност. Кампањата на Колинс ја доживеала својата кулминација во ноември 1920 година. Колинс подготвил план за ликвидација на британската разузнавачка сила во Даблин, односно т.н Бандата Каиро, која се состоела од осумнаесет високи британски разузнавачи кои воспоставиле широка мрежа на шпиони и информатори низ целиот град. Во текот на целата операција биле ликвидирани тринаесет лица, а шесмина биле ранети. Четворица од жртвите биле воени разузнавчки офицери, а четворица биле членови на британската тајна служба МИ5 или нејзини агенти. Саме еден атенатор бил уапен во текот на акцијата, Френк Телинг, меѓутоа тој подоцна успеал да избега. Како освета, британските сили за безбеност започнале со огнена стрелба врз публиката и играчите на фудбалскиот статдион Крок Парк во Даблин, биле убиени 12 цивили. Кон крајот на денот, биле уапсени и егзекутирани истакнати дејци на ирската партија. Тоа било кулминација на еден од најкрвавите настани во Ирската војна на независнот, познат како Крвава недела.

Во јули 1921 година, британците понудиле примирје. Ирските сили речиси останале без оружје, а јавноста многу оштро ги критикувала британските постапки во Ирска. Двете страни биле изморени од крвавиот судир и биле подговени на преговори.

Англо-ирски договор[уреди]

Последната страница на Англо-ирскиот договор

Де Валера, како претседател на Ирската Република, именувал делегација која требало да ги води преговорите со британските власти. Делегацијата добила овластување за постигнување и потпишување на договор, а притоа не била обврзана да се консултира со Ирскиот парламент. На чело на делегацијата стоел Артур Грифит, а негов заменик бил Колинс.

Делегацијата, вклучително и Колинс, се соочиле со тврдиот став на британските преговарачи. Тие како главен предуслов за постигнување на договор го поставиле прашањето за Северна Ирска. Односно било јасно побарано северниот дел од Ирска да добие посебна администрација и можност во идно време да се отцепи од предвидената Saorstát Éireann. Делегацијата го прифатила предлогот.

На 6 декември 1921 година догорот бил потпишан од двете страни. Тој подразбирал формирање на Saorstát Éireann (Ирска Слободна Држава или Слободна првовинција Ирска), во која влегувал целиот остров Ирска како доминион на Британската империја со своја судска и извршна власт. Меѓутоа, шест окрузи во северниот дел од Ирска добиле право да одлучат дали ќе останат во новоформираната Saorstát Éireann или ќе се отцепат од неа. Договорот во суштина овозможувал во иднина да се создаде целосна независна ирска држава, меѓутоа де факто постоела опција за поделба на Ирска, што и се случило.

По потпишувањето на договорот дошло до поделба на ирското јавно мислење и Шин Фејн. Радикалното крило во ИРА, договорот го оценила како предавство, додека умереното крило ги преставило поволностите од договорот, односно дека тој преставувал чекор кон целосна слободна Ирска. Де Валера се произнел против договорот. Ирската републиканска армија се распаднала: еден дел од неа се оформила како Национална војска и го подржувала Колинс, додека пак противниците на договорот го задржале старото име ИРА и се залагале за продолжување на војната против Британската империја.

Привремена влада на јужна Ирска[уреди]

Поштенска марка на Привремената владата. Текстот е во традиционален ирски правопис: Rialtas Sealadach na hÉireann 1922 и се преведува како Привремената влада на Ирска 1922

Договорот беше исклучително контроверзен во Ирска. Содржината на договорот била жестоко оспорувана. Де Валера и многу други членови на реубликанското движење се спротиставиле на статусот на Ирска како доминион на Британската империја, а ја осудиле и симболичната заклетва за верност кон британскиот крал. Контроверзно било и задржувањето на јужните ирски пристаништа од страна на британската морнарица. Овие две точки од договорот го ограничувале суверенитетот на Ирска, особено во поглед на надворешната политика. Повеќето членовите на Ирската републиканска армија се спротивставиле на договорот, со што се отворила можноста од Ирска граѓанска војна.

Ирскиот парламент продолжи да постои. Де Валера поднел оставка на претседателската функција и побарал реизбор (во обид да се уништи новоодобрениот договорот), меѓутоа Артур Грифит го заменил по тесното гласање на 9 јануари. Сепак, оваа влада, или Aireacht, немала правен статус во британскиот уставен закон.

Била формирана Привремената влада на јужна Ирска, а Колинс бил избран за претседател т.е премиерот. Тој, исто така останал министер за финансии на републиканската администрација Грифит. Колинс тајно започнал да планира герилска војна против Северна Ирска. Почнал со испраќање на воружени сили кон границата, а истворемно започнал со испраќање на оружје и пари за ИРА во Северна Ирска. Во мај и јуни била нападната границата и ИРА се стекнала со превласт. Поради барањето на британската влада, војната била официјално прекината, меѓутоа герилската активност продолжила. Голем дел од силите на ИРА во северниот дел биле на страната на Колинс, а кога избувнала граѓанската војна тие се спуштиле на југ и воено го подржале.

Во месеците кои и претходеле на граѓанската војна, Колинс се обидел очајнички да го спречи судирот во ирското националистичко движење и самата граѓанска војна. Де Валера, откако се спротивставил на Договорот, од Ирскиот парламент ги повлекол своите поддржувачи. Колинс се обидел да постигне компромис помеѓу двете страни во Шин Фејн, заеднички да настапат на изборите и да формираат калициска влада. Колинс предложил Слободната Ирска Држава да има републикански устав, без да се спомнува британскиот крал, а истовремено да не се отфрла договорот со Британците. Меѓуто поголем дел од ирските републиканци биле бескомпромисни. За да се воспостави воено единство, Колинс го формирал Комитет за реунификација на армијата, составен од преставници на двете фракции. Колинс како претседател на Ирското републиканско братство, се обидел преку него да ги придобие офицерите на ИРА да го прифатат договорот.

Граѓанска војна[уреди]

На 14 април 1922 година 200 припадници на ИРА, кои биле против договорот, го окупирале судот во Даблин. За да се избегне избувнување на граѓанска војна Колинс не ги нападна. На 22 јуни 1922 година, пензионираниот британски фелдмаршал сер Хенри Вилсон, кој работел како советник во владата на Северна Ирска, бил ликвидиран од двајца членови на ИРА во Лондон. Британските власти претпоставувале дека атентатот е дело на оној дел од ИРА кој е против договорот, а Винстон Черчил го предупредил Колинс дека ако неговите приврзаници не го заземат судот во Даблин, тогаш тоа ќе го направат британските војници.

Во меѓувреме се случило грабнувањето на О'Конел, владин генерал, кое послужило како повод за преземање на акција против одметнатите членови на ИРА. Колис од страна на британските сили добил артилерија, со која започнал да го гранатира судот [10]. Ова довело до избувнување на Ирската граѓанска војна, а во Даблин се разврзале борби помеѓу приврзаниците на отцепената ИРА и војниците на привремената влада. Силите на привремената влада, под команда на Колинс, брзо ја презеле контролата над главниот град.

Во јули 1922 година, силите на ИРА се одржале во јужната провинција Манстер и неколку други области во внатрешноста. Де Валера и неговите приврзаници ја подржувале ИРА. До срединат на 1922 година бил назначен за главен командант на Националната армија, која била формирана од поранешни членови на ИРА кои го подржувале договорот со Британците, Националната армија била воружена и финансиски потпомогната од британските власти.

Во јули - август 1922 година силите на Националната армија започнала офанзива против ИРА. Во екот на офанзивата Колинс ја посетил родната Корк. Во оваа област поголемиот дел од дејците на поранешната ИРА биле неопределни во судирот. Не е доволно јасно која била целта на Колинс. Има претпоставка дека тој сакал да оствари средба со републиканските водачи за да се стави крај на граѓанската војна или пак да ги придобие неопределените членови на бившата ИРА, на своја страна.

Смрт[уреди]

Гробот на Колинс
Погребот на Колинс во Даблин

На 22 август 1922 година, локалните челнови на ИРА и противниците на договорот, кај месноста Беал поставиле заседа на воениот конвој во кој бил и Колинс. Во текот на престрелката Колинс бил убиен. Неговото тело било вратено во Корк, а отаму било однесено во Даблин.

Неговото тело лежело во три дена во Даблинското градското собрание каде што десетици илјади ожалостени луѓе поминале покрај неговиот ковчег за да му оддадат почит.

Неговиот погреб се одржал во катедрала Сент Мери во Даблин, каде што присуствувале голем број на странски и ирски великодостојници. Околу 500 000 Ирци присуствувале на неговиот погреб, речиси една петтина од населението на земјата.


Белешки[уреди]

  1. Таткото на Мајкл бил седми син од седмиот син, според ирскиот фолклор овие деца имале натприродна моќ, односно можеле да ја предвидат иднината

Извори[уреди]

  1. „Mr. Michael Collins“. „Oireachtas Members Database“. http://www.oireachtas.ie/members-hist/default.asp?housetype=0&HouseNum=1&MemberID=201&ConstID=42. конс. 1 јуни 2009. 
  2. Coogan, page 9
  3. West Cork People. Edition 22-08-2002. pg 3
  4. British Postal Service Appointment Books, 1737-1969 about Michael J Collins
  5. Mackay, James. Michael Collins: A Life. p. 38
  6. Stewart, Anthony Terence Quincey. Michael Collins: The Secret File. p. 8
  7. Michael Collins by Tim Pat Coogan (ISBN 0-09-968580-9), page 72
  8. „Michael Collins“. „ElectionsIreland.org“. http://electionsireland.org/candidate.cfm?ID=6695. конс. 1 јуни 2009. 
  9. Mackay, p. 116
  10. Coogan, Tim Pat. Michael Collins page 331

Надворешни врски[уреди]