Петар Манџуков
| Петар Манџуков | |
| македонски револуционер | |
| Роден | 20 јули 1878 Мирковци, Македонија |
|---|---|
| Починал | 1 јануари 1966 Пловдив, Бугарија |
Петар Манџуков (20 јули 1878 - 1 јануари 1966) бил македонски револуционер и анархист, активен член на Македонскиот таен револуционерен комитет од Женева и повремен придружник на Гоце Делчев, деец на ТМОРО [1] ценет автор на мемоарска белетристика.
Содржина |
[уреди] Биографија
[уреди] Образование и првите контакти со македонското револуционерно движење
Роден е во скопското селото Мирковци на Скопска Црна Гора, а основно училиште завршува во Ловеч, Бугарија. Средното образование го започнал во Пловдив под непосредно менторство на неговиот вујко, митрополитот охридски и пловдивски Натанаил Кучевишки.
Поради личното ангажирање во работата на месниот анахристички кружок, есента 1895 година е исклучен од пловдивската гимназија во V клас и образованието го продолжува во Казанлак и Лом.
[уреди] Приклучување кон МТРК
Кон крајот на мај 1898 пристигнува во Женева со намера да студира хемија. Сепак, вистинскиот повод за неговото доаѓање во Швајцарија е желбата за директно поврзување со МТРК и стекнување на неопходна теоретска подготовка за идната анархистичка револуционерна дејност.
Соработувајќи агилно со предводниците на овој кружок: Михаил Герџиков, Светослав Мерџанов, Петар Соколов, Јордан Калчев и другите, сосема ги запоставува студиите.
Во Женева, од француски на бугарски ја преведува брошурата на Себастиен Фор „Престапите на Бога“, а од руски „Речта на Емил Анри“. Двата превода му ги доставува на Гоце Делчев за да ги публикува.
[уреди] Враќање во Македонија, приклучување кон четата на Гоце Делчев
Напуштајќи ги дефинитивно студиите, по краткотраен престој во Бугарија, заминува во Македонија со задача да организира анархистички кружоци во Солунската егзархиска гимназија и Скопското педагошко училиште.
Меѓутоа во јануари 1899 ќе биде откриен од турските власти во Скопје, каде што ќе помине неколку месеци во истражниот затвор. Ослободен поради недостиг од докази, тој заедно со четата на Гоце Делчев ќе крстосува низ Македонија и ќе присуствува на средбата на револуционерните чети во подножјето на Спиров Чукар, Серско.
[уреди] Акции
Кон крајот на ноември 1899 година, заедно со Светослав Мерџанов, пристигнуваат во Цариград со тајна задача, да ископаат тунел до Отоманската банка и да ја минираат.
Акцијата е финансирана од Врховниот македонски комитет од Софија предводен од Борис Сарафов. Подоцна ним ќе им се приклучат и други анархисти како Павел Шатев.
Потфатот во Цариград доживува целосен неуспех при откривањето на тунелот во еден случаен пожар во близина на банката. Главните негови актери се веднаш затворени, но по интервенција на бугарскиот диполоматски претставник во Цариград Иван Гешов тие се екстрадирани во Бугарија.
Во септември 1901 година Манџуков на чело на чета презел обид да ослободи од затворот во Едрене Слави Мерџанов, како за цел, тој планирал да го завземе Ориент Експрес и да ги земе патниците како заложници, но претрпел неуспех. Без пари, во летото на 1902 година во Софија, тој го планирал убиството на еден свој познаник од Цариград, но откако претходно без негово знаење го осугурал на свое име за големи сума пари, чија сима би била исплатена на трето лице. Потфатот пропаднал поради ненадејното заминување на незнајната жртва. По неуспехот Манџуков извесно време се занимавал со уцени во корист на Врховниот комитет. Од пролета на 1903 година Петар Манџуков станал војвода на чета на ВМОК на Родопите. Со новата чета Манџуков се упатил да ја уништи железничката пруга Крстополе - Ксанти, а се со цел да биде спречено пренесувањето на отомански војници. Поради вниманието на турската железничка заштита пропаднал и овој напор. Манџуков дознал од весниците за Солунските атентати и за смрта на самите атентатори, меѓу кои биле и неговите најблиски пријатели. За време на Илинденското востание бил војвода на чета во Ахчелебискиот револуционерен реон. По востанието Манџуков го извршил своето прво убиство по нарачка на Комитетот. Жртвата била Турчин, кој го тероризирал населението во регионот. Само четири дена потоа следувала нова нарачка, овој пат за убиството на Бугарин од Лакавица. Како стражар на заспаната врховистичка чета, Манџуков ја преиспитал својата улога на платен убиец на организација, која му била туѓа на неговите анархо-комунистички погледи и тој ги прекинал односите со Комитетот.
[уреди] Натамошен живот
Смислата во натамошниот живот ја пронаоѓа во посветувањето на едно благородно општополезно дело.
Завршувајќи више образование на шумарската академија во Нанси (Франција) во 1909 година, до крајот на својот живот ќе работи на зачувување и збогатување на природните богатства на Бугарија.
Починал во Пловдив во поодмината старост во 1966 година.
[уреди] Дела
Манџуков е автор е на две дела „Одисеја на првите“ (1947), посветено на страдањата на првите шумари во Бугарија и на петтомната мемоарска проза „Предвесници на бурата“ (1993) чиј оригинален ракопис е депониран во архивот на градот Пловдив, заедно со целокупната негова литературна оставнина.
Таа, според идејно-содржинската структурираност и според начинот на обликувањето на третираната материја се вбројува меѓу најдобрите обрасци на овој вид литература.