Себастијан Фетел
Фетел за време на Големата награда на Бахреин во 2012 година |
|
| Земја: |
|
| Кариера во Формула 1 | |
|---|---|
| Моментен тим | Ред Бул Рејсинг |
| Возило # | 1 |
| Трки | 101 (100 стартови) |
| Освоени првенства | 3 (2010, 2011, 2012) |
| Победи | 26 |
| Подиуми | 46 |
| Вкупно освоено поени | 1054 |
| Пол позиции | 36 |
| Најбрз круг | 15 |
| Прва трка | Голема награда на САД 2007 |
| Прва победа | Голема награда на Италија 2008 |
| Последна победа | Голема награда на Индија 2012 |
| Последна трка | Голема награда на Бразил 2012 |
| Пласман во 2012 | 1. (281 поен) |
Себастијан Фетел (германски: Sebastian Vettel; 3 јули 1987, Хепенхајм) е германски возач, трократен и актуелен светски првак во Формула 1.
Фетел е роден на 3 јули 1987 година во Хепенхајм, Германија. Во 2007 година ја започнал својата кариера во Формула 1 како тест возач на БМВ Заубер. Свое деби имал на трката за Големата награда на САД, кога настапил на местото на Роберт Кубица, кој пак бил повреден.
Во следната сезона, фетел бил ангажиран како постојанен возач за тимот на Скудерија Торо Росо. Својата прва пол позиција ја постигнал во 2008 година како најмлад возач во историјата на Формула 1[1], за Големата награда на Италија во Монца, а по ова ја забележил и првата победа, воедно и прва за својот тим Торо Росо.
Во 2009 година, Фетел својата кариера ја продолжил во тимот на Ред Бул Рејсинг, а сезоната ја завршил на второто место во вкупниот поредок. Веќе следната 2010, тој станал станал најмладиот светски првак со 23 години и 134 дена.[2] Титулата успеал успешно да ја одбрани во следните две натпреварувачки сезони (2011 и 2012), притоа своевремено соборувајќи го рекордот на најмлад двократен и најмлад трократен светски првак.
Наводи [уреди]
- ↑ „Vettel makes history in taking pole at Italian Grand Prix“, TSN, 2008-09-13 (проверено на 2008-09-13).
- ↑ А1 Телевизија: Себастијан Фетел стана најмладиот шампион во Формула 1