Даница Ручигај
Даница Ручигај (Скопје, 5 мај 1934 - Скопје, 26 јули 1963) била македонска поетеса[1].
[уреди] Биографија
Ручигај е родена во 1934 година во Скопје. Учела класична гимназија, каде што ги изучувала старогрчкиот и латинскиот јазик. Извесно време поминала во Грција. По завршувањето на средното образование, студира на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што дипломирала југословенска книжевност, со што трајно и професионално се врзала за поезијата и за книжевноста. Својот краток работен век го поминала во Министерството за култура на Македонија. Таа е авторка на две стихозбирки. Дебитирала со исповедната љубовна лирика „Сребрени, ноќни игри“ во 1960 и “Заробеници на ветерот“ во 1963 година. Со втората стихозбирка таа е претходничка на мотивскиот и јазичен нонконформизам на една цела плејада македонски поетеси[2]. Загинува трагично во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година. Од 2005 година во нејзина чест се доделува наградата „Даница Ручигај“ за најдобра дебитантска поетска книга[3].
[уреди] Наводи
- ↑ Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност XX век, 1990
- ↑ Јасна Котеска. Македонско женско писмо, 2002
- ↑ „Марга Велеска ја доби наградата „Даница Ручигај“ за најдобра дебитантска стихозбирка за 2006 година“ (на македонски). IDIVIDI.com. недела, 15.11.2009. http://www.idividi.com.mk/vesti/svet/367101/index.html. проверено на 2009-11-15.