Рамуш Харадинај
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Рамуш Харадинај (албански :Ramush Haradinaj), Глоѓане кај Дечани, роден е на 3 јули 1968) и е поранешен герилски водич на ОВК и поранешен премиер на Косово. Обвинет е за воени злосторства врз Србите за време на Косовската војна.
Биографија [уреди]
Харадинај е роден на 3 јули 1968 година во Глоѓане, Дечани во Косово. После демонстрациите на Косовските Албанци во 1989 година емигрирал во Швајцарија, каде што е регрутиран во Народното движење на Косово од кое се создала Ослободителна Војска на Косово. Во Швајцарија научил кунг-фу и воени вештини. Во Албанија во 1996 година завршил обука и се приклучил во основањето на терористички бази во градовите Кукс и Тропоја. На Косово доаѓал само илегално, а додека трајно се вратил во средината на 1997 година. каде што со браќата Даути и Шкељзени организирале терористички напади на полицијата ширум Косово. Во април станал еден од регионалните команданти на ОВК.