Амедео Модилјани

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Амедео Модиљани)
Прејди на: содржини, барај
Амедео Модилјани

Амадео Клементе Модилјани (италијански: Amedeo Clemente Modiglian; 12 јули 1984 – 24 јануари 1920) — италијански сликар и вајар кој најголемиот дел од животот го минал во Франција. Првенствено познат како „метафоричен/преносен уметник“, се прославил со уметнички дела и скуплтури во модерен стил препознатливи по издолжените лица без емоции кои повеќе изгледаат како да носат маски. Починал во Париз од туберкулозен менингитис , како резултат на сиромаштија, премногу работа и зависност од алкохол и наркотици.

Семејната слика и детството[уреди]

Модилјани бил роден во еврејско семејство во Ливорно, Италија. Ливорно како пристанишен град долго време бил засолниште за оние кои биле протерани поради религиозни причини и истовремено бил дом на многу евреи. Неговиот пра-пра дедо, од страната на мајка му, Соломон Гарсин, како бегалец емигрирал во Ливорно,уште во 18 век. Мајката на Модилјани, Евгенија Гарсин, која се родила и пораснала во Марсеј, потекнувала од интелектуална и образована сефердско еврејска фамилија. Нивното семејство, генерации наназад живеело на Медитеранското крајбрежје. Нејзините предци биле учени и образовани луѓе, говореле течно многу јазици,биле заштитници на светите еврејски текстови и основачи на училиштето за талмудски студии (од Талмуд – староеврејкси зборник на граѓански и церемонијални закони). Следејќи ја семејната легенда, лозата на Гарсинови често пати е поврзувана со холандскиот филозоф од 17 век, Барух Спиноза. Се претпоставува дека имале семеен бизнис, водејќи агенции за давање на кредит, со филијали во Ливорно, Марсеј, Тунис и Лондон. Финансиската состојба константно им се менувала. Некогаш уживалее во изобилство, некогаш пак се справувале со тешки финанскиски кризи. Таткото на Модилјани, Фламинио, потекнува од семејство на успешни бизнисмени и претприемачи. Иако не биле обожувачи на интелекуалното, како Гарсинови, сепак одлично знаеле како да инвестираат за да придонесат до просперитет на деловните потфати. Поседувале рудници богати со вредни метали на териториите на Сардинија и Тоскана, а богатсвото го стекнале извозовајќи и увезувајќи руда. Фламинио бил млад и богат рударски инжинер, кога Гарсинови и семејството Модилјани ја објавиле свршувачката на нивните деца. Управувал со рудниците во Сардинија и бил одговорен за речиси 30,000 хектари шума која семејството ја поседувало. Одлично се снаоѓал и во шумарството и во земјоделството. Среќата им го свртела грбот во 1883 година. Падот на цената на рудата ги довело Модиљанови до банкрот. Мајката на Фламинио, веднаш ги контактирала солцијалните служби, сакајќи да основа школа заедно со нејзините две сестри, и на тој начин да спаси дел од семејниот бизнис, надевајќи се подоцна школата да ја претвори во успешно претпријатие. Модилјани бил четврто дете во семејството. Се родил во периодот кога неговиот татко се соочувал со катастрофален финанскиски колапс. Неговото раѓање го спасило семејсството од пропаст. Имено, според древните закони, заемодавците немале право да запленат ништо што се наоѓа на креветот на бремена жена при пораѓај. Токму кога чиновниците влегле во семејната куќа на Модилјани, Евгенија добила трудови. Семејството успеало да спаси дел од вредниот инвентар ставајќи го врз креветот на кој се пораѓала Евгенија. Модилјани бил доста близок со својата мајка, која го подучувала во сопствениот дом се до неговата десетта година. Постојано се соочувал со здравствени проблеми. Кога имал 11 година боледувал од плевритис, а неколку години подоцна заболел и од стомачен тифус. На 16 годишна возраст заболел од туберкулоза која на некој начин го одбележува неговиот живот. Откако Модилјани се опоравил од плевритисот, неговата мајка го понела на патување низ јужна Италија и тоа Неапол, Капри, Рим и Амалфи, а потоа северно кон Фиренца и Венеција. Неговата мајка, на свој начин се обидувала да му ја наметне уметноста како професија, па кога Модилјани имал 11 години, таа во својот дневник запишала:

„ Карактерот на ова дете сеуште не е оформен, па неможам да кажам што мислам околу тоа. Се однесува како разгалено дете, меѓутоа е доста интелегентен. Ќе мора да почекаме и да видиме што се крие во внатрешноста на овој кожурец. Можеби уметник ?“

Период на студии по уметност[уреди]

Познато е дека Модилјани започнал да црта и слика на рана восраст, па уште пред воопшто да го започне своето формално образование се гледал себеси како уметник, на оној начин на кој неговата мајка тоа го сакала. И покрај стравот дека запишувавањто на малиот Модилјани на курс по уметност, негативно ке се одрази врз неговото останато образование, сепак неговата мајка не му го скратила тоа задоволство. Додека боледувал од тифусна треска, на само 14 години, бладајќи во делириум изразил желба, пред се да ги види уметничките дела во Палацо Пити и Уфици во Фиренца.Поради фактот дека музејот во Ливорно располагал со многу мал дел на дела од овие ренесансни генијалци и со оглед на неговата здравствена состојба, Модилјани мислел дека никогаш нема да има шанса лично да ги види останатите нивни дела и одново да ги доживее сите приказни кои ги чул за нив. Неговата мајка му ветила дека лично ке го одведе во Фиренца веднаш по неговото закрепнување. Подоцна, не само што го остварила своето ветување туку се потрудила и да го запише на ликовната школа на најдобриот сликарски мајстор Џулиемо Мишели.

Мишели и Макијоли[уреди]

Модилјани работел во уметничката школа на Мишели од 1898 година до 1900 година. Неговите први формални совети за уметноста ги стекнува во средина натрупана со стилови и теми од италијанската уметност од 19 век. Во неговите први дела кои ги насликал во Париз, се забележува ваквото италијанско влијание, траги од ренесансната уметност како и примеси од умметноста на Џовани Болдини и Тулис Лутрек. Модилјани покажал огромна заинтересираност и наклонетост за работата со Мишели, меѓутоа неговата здравствена состојба и заболувањето од туберкулоза го спречиле да продолжи со тоа. Во 1901 година, додека престојувал во Рим, Модилјани се восхитувал на работата и делата на Доменико Морели, сликар кој ги пренесувал на платно мелодраматичните библиски моменти од светската литература. Иронијата се крие во фактот што Модилјани се наоѓал под преголемо влијание на делата на Морели кој пак служел како инспирација за основање на група на иконоборци позната под името Макијоли (од „макија“ што значи капка боја или едноставно дамка) со чие постоење Модилјани бил веќе запознат. Ова мало локално движење имало функција да се спротивставува на буржоаските стилови на академските сликари. Иако било поврзувано со француските импресионисти, ова движење не успеало да остави некое посебно влијание врз светската уметничка култура, барем не на оној начин на кој тоа го направиле современиците и следбениците на Моне, од кои повеќето се веќе одамна заборавени во Италија. Врската помеѓу Модилјани и ова движење била неговиот прв учител по уметност, Џулиемо Мишели. Тој не само што бил дел од „Макијоли“ туку бил и ученик на познатиот Џовани Фатори, кој го основал ова движење. Делата на Мишели биле толку модерни и на пати обични, што младиот Модилјани наместо да го следи тој стил, се спротивставил така што ја игнорирал опсесијата со пејзажи по што бил препознатлив францускиот импресионизам а воедно и ова движење. Мишели се обидел да ги охрабри неговите ученици да творат на отворено ( en plein air), меѓутоа Модилјани преферирал да скицира по локалните кафулиња, на затворено, најмногу од времето минувајќи во своето студио. Дури и кога бил принуден да слика пејзажи (од кои само три се познати), Модилјани како прототип ја избирал кубистичката палета слична на Сезан, пред онаа на Мишели. Додека бил дел од школата на Мишели, Модилјани не учел само за сликање на пејзажи, туку и за начинот на сликање портрети, мртва природа и голи тела. Неговите соученици потврдувале дека токму школата на Мишели била местото каде Модилјани го усовршил својот огромен талент, меѓутоа очигледно еден тинејџер како што бил Модилјани сигурно не бил во потрага по којзнае какво образование, барем не на таа возраст. Слободното време, кога не цртал голи тела, Модилјани го посветувал на куќните помошнички, заведувајќи ги и флертувајќи. И поркај тоа што Модилјани не го следел слепо пристапот кон уметноста на Мишели сепак бил негов омилен ученик, кој често пати го ословувал со „Супермен“, сугерурајќи на тоа дека Модилјани не само што бил еден од најдобрите уметници во неговата школа, туку бил и исклучително посветен на литературата често цитирајќи извадоци од Ничевата „Така зборуваше Заратустра“ .Лично Фатори, неретко ја посетувал Мишелиовата школа фалејќи ги иновациите на младиот уметник. Во 1902 година, Модилјани продолжил да се надградува за она што требаше да претставува негова доживотна преокупација, запишувајќи се на „Академија ди Беле Арти“ ( „слободна школа за студии по уметност“) во Фиренца. Една година подоцна, додека сеуште боледувал од туберкулоза, се преселил во Венеција, за да се запише на Институтот „Ди беле Арти“. Токму во Венеција за прв пат се среќава со хашишот и наместо да се школува, започнува да минува време по озлогласените делови на градот. Останува да биде предмет на претпоставка дали токму ваквиот начин на живот влијаел врз развивање на неговата уметност во онаков правец во каков што се развивала или сепак овој бурен период бил само резултат на тинејџерско бунтовништво, клишираниот хедонизам и боемство што е карактеристично за еден уметник од тоа време. Оваа индиферентна страна од карактерот веројатно се должи и на неговата опседнатост со радикалните филозофи, вклучувајќи го тука и Ниче.

Литературни влијаниа врз уметноста на Модилјани[уреди]

Уште како дете Модилјани бил одблиску запознаен со филозофската литература благодарение на неговиот дедо, Исако Гарсин, кој ја всадил во него желбата за познавање на дела од таков калибар. Откако ја стекнал навиката за постојано да чита, продолжил да се интересира и за делата на познатите Ниче, Бодлер, Кардучи, Конт де Лотреамонт и многу други, доградувајќи го сопственото гледиште дека единствениот начин да се достигне ниво на креативност води преку пркос и безредие. Во писмото кое го напишал до својот пријател Оскар Чилиа, додека се одмарал во Капри се повеќе е очигледно влијанието на Ниче врз неговата лична перцепција кон светот. Тој го советувал Чилиа на кој начин максимално да ја искористи својата интелегенција за време на креативен наплив. Влијанието на Лотреамонт било подеднакво препознатливо во делата на Модилјани. Поемата на овој кобен поет „Тhe songs of Maldoror“ ( Les Chants de Maldoror ) станала дело кое го обележала перидот на надреализам во Париз, а Модилјани до толку го обожувал што успеал да го научи на памет. Поезијата на Лотреамонт се карактеризира со негирање и спротивставување на „фантастичните елементи“ и изобилува со садистички слики. Застрашувачки е фактот што Модилјани бил толку опседнат со овој вид на поезија што го дава одговорот од каде потекнува неговата бунтовна природа. Бодлер и Де Анунсио на сличен начин влијаеле врз младиот уметник, всадувајќи го во Модилјани восхитот кон изопачената убавина и нејзино проникнување со помош на симболичка метафора. Модилјани постојано му пишувал на неговито пријател, Чилиа, од Капри каде што престојувал со неговата мајка која го однела таму за да се опорави од туберкулозата. Овие писма се жив доказ за тоа какви се идеи парадирале во главата на Модилјани. Чилиа седум години претставувал пример за Модилјани па поради тоа голема е веројатноста токму тој да е човекот кој му ги отворил хоризонтите и погледите за животот во Ливорно. Како и сите предвреме созреани тинејџери така и Модилјани поудобно се чувствувал во друштво на своите постари колеги отколку во друштво на негови врсници. Чилиа бил постојано присутен во периодот на адолесценција на Модилјани низ сите негови премрежја и препреки, а доказ за тоа се и писмата кои постојано си ги пишувале и кои се сочувани до ден денес.

„Мој драг пријателе,

Ти пишувам како би се отворил кон тебе а притоа да си го потврдам фактот дека јас навистина постојам. Јас сум само жртва на моќни сили кои ме подигнуваат па ме уништуваат. Денес еден припадник на буржаоската класа ми рече дека мојот мозок бил мрзелив. И добро направи. Би требало некој да ми го кажува тоа секое утро откако ќе се разбудам..но тие не можат да не разберат, ниту нас, ниту пак животот...“

Животот во Париз[уреди]

Во 1906 година Модилјани се преселил во Париз, град кој во тој период претставувал центар за развивање на „авангардот“. Всушност, неговото пристигнување во Париз се совпаѓа со пристигнувањето на уште двајца, тогаш анонимни странци кои исто така ги оставиле своите траги во светот на уметноста. Тоа се Џино Северини и Хуан Гриз. Модилјани изнајмил атеље во Ру Кајлаинкорт, во Ли Бати Лавор, населба во која најмногу се населувале бедни уметници од целиот Монмартр. Фактот што овој кварт бил познат како кварт на сиромаштија и беда, Модилјани не го засегало којзнае колку. И покрај финансиските колапси со кои се соочувало неговото семејство, тој се обидувал и понатаму да изгледа префинето и богато. Неговата облека била елегантна, меѓутоа без никакво претерување, а атељето кое го изнајмил било уредено стилски да одговора некому кој е способен прецизно да ги усогласи кадифените завеси со ренесансните примероци. Подоцна, го променил начинот на облекување, обидувајќи се и преку него да ја изрази својата боемска природа, меѓутоа дури и во неговите кафени пантолони од сомот, црвениот шал и големата црна шапка, изгледајќи како бедник давале слика на некој кој сака да каже: „ Сум искусил јас и многу полоши нешта “ Набргу после пристугнувањето во Париз, и пишал на мајка си, известил дека скицира дела во Академијата „Колароси“ и дека умерено се дружи со алкохолот. Врз околината, на прв поглед оставал впечаток на резервирана, речиси непријателски настроена личност. Модилјани, после првата средба со Пикасо, кој во тој период се шетал наоколу со неговат брендирана облека, искоментирал дека иако човекот има огромен талент, тоа не му дава право да изгледа „недоделкано и просто“

Промени и трансформација[уреди]

После година дена по пристигнувањто во Париз, неговиот изглед и репутација драматично се промениле. Од елегантен академски уметник се трансформирал во „принц на скитниците“. Поетот и новинар, Луис Латорет, при посетата на Модилјани, најпрво бил сведок на прикладно уреденото атеље, меѓутоа откако го посетил, по втор пат, по неговата трансформација се што можел да забележи бил хаосот, расфрлани ренесанси примероци и неуредни кадифени завеси, што било резултат на неговата зависност од алкохолот и дрогата. Ваквото негово однесување отвора една нова патека во развивањето на неговиот стил како уметник, а неговото студио пак станува жртва, исфрлајќи ја врз него целата фрустрација кон академската уметност која го одбележала неговиот живот се до тој период. Не само што од студиото ги отстранил сите додатоци и украси од неговото буржоаско наследство туку и започнал да ги уништува сите дела и скици кои претходно ги создал. На неговите вчудоневидени соседи овој необичен акт на однесување им го објаснил, велејќи:

„Детски и незрели тракатанци, создадени кога бев припадник на одвратната буржоазија“.

Сепак се чини дека ова сопствено „насилно одбивање“ на човекот кој што претходно бил е само предмет на шпекулација. Од почетокот на неговото пристигнување во Париз, Модилјани свесно, за себе создал лажна слика, стекнувајќи репутација на безнадежен алкохоличар и ненаситен наркоман. Се претпоставува дека тоа што постојано бил под дејство на алкохол и дрога претставувало само начин да ја замаскира својата болест од неговите познаници, од кои малкумина ја знаеле вистината за тежината на состојбата. Туберкулозата , која всушност претставува главна причина за неговата смрт во 1900 година, во Франција, била многу заразна болест за која немало лек, а луѓето кои боледувале од неа биле избегнувани, отфрлени и сожалувани. Модилјани успеал да развие прилично пријателски однос со својата околина, не дозволувајќи болеста да биде причина за негово изолирање. Се обидувал да го камуфлира кашлањето и сите други препознатливи знаци на болеста кои пополека го исцрпувале. Постојано конзумирал дрога и алкохол, на своја рака користејќи ги како привремено решение со цел да си ја намали физичката болка, што ќе му помогне да го одржи здравиот физички изглед и ќе му дозволи да продолжи да работи на своите дела. Модилјани започнал интензивно да ги конзумира дрогата и алкохолот од 1914 година, па се до крајот на неговиот живот. После неколку години борба со болеста, ова бил период во кој сите симптоми на туберкулозата се влошиле, сигнализирајќи дека веќе го достигнала последниот стадиум. Се дружел со уметници како Утрилио и Сотоне, барајќи прифаќање и охрабрување за неговата работа. Изостанувал дури и од „боемските кругови“. Имал многу афери, бил постојано пијан, конзумирал апсинт и хашиш. Додека бил под дејство на алкохол, се случувало дури и да се појави тотално гол на јавни настани и собири. Станал олицетворение на „трагичен уметник“, создавајќи постхумна легенда за себе, слична на онаа од Винсент Ван Гог. Во текот на 1920тите години, во екот на кариерата на Модилјани и поттикнати од изјавите на Андре Салмон, многу амбициозни уметници се обиделе да го копираат чекорејќи по патот на алкохолизмот и боемскиот живот, поврзувајќи го конзумирањето на апсинтот и хашишот со развивањето и појавата на неговиот стил. Салмон во своите изјави шпекулирал дека додека бил трезен, Модилјани бил тотално неиновативен уметник,

„од денот кога започна да ужива во развратот, една неочекувана светлина се отвори пред него, трансформирајќи ја неговата уметност...од тогаш тој стана дел од групата уметници кои се сметаат за „мајстори“ на живата уметност....“

Иако овие изјави служеле како оправдување за оние романтичари кои копнееле да бидат трагични, пропаднати уметници, ваквиот начин на живот не бил доволен за создавање на уникатна уметност и техника, за оние кои воопшто немале талент. Многу историчари по уметност, тврдат дека Модилјани ќе постигнел многу повеќе во уметноста доколку не се затворел и не се препуштил на сопствените уживања. Можеме само да претпоставуваме што се ќе се случело ако успеел да се одбрани себеси од авто деструктивноста.

Квантитет[уреди]

Во првите години од неговиот престој во Париз, Модилјани работел со пребрзо темпо. Непрекинато цртал скици, создавајќи околу стотина на ден. Сепак, многу од неговите дела биле загубени, уништени од него, во моменти на слабост, заборавени како резултат на постојано променување на адресата на живеење или едноставно подарени на девојки кои не ги зачувале. Неговиот уметничкиот развој најпрво бил допрен од влијанието на Хенри де Тулуз-Лотрек, за подоцна, околу 1907 година, да започне да се восхитува на делата на Пол Сезан. На крајот развива еден сопствен стил, кој не може соодветно да биде категоризиран ниту спореден со оној на другите уметници. Во 1910 година, на 26 годишна возраст, ја започнал својата прва посериозна љубовна врска, со руската поетеса Ана Ахматова. Таа имала свое студио во истата зграда во која Модилјани го изнајмил своето атеље, и иако од неодамна стапила во брак, тие сепак започнале афера. Ана била висока, со темна коса, светол тен и сиво-зелени очи. Таа претставувала поим за убавина и естетски идеал за Модилјани, па така двајцата набргу станале зависни еден од друг. Сепак, после година дена, Ана се вратила кај својот сопруг.

Вајарство[уреди]

Во 1909 година Модилјани се вратил во својот дом во Ливорно, болен и изморен од бурниот начин на живот. Меѓутоа, набргу потоа, повторно се вратил во Париз, овој пат изнајмувајќи атеље во Монпарнас. Уште на самиот почеток на кариерата, Модилјани повеќе се пронаоѓал во вајарството отколку во сликарстовото. Токму поради тоа, Пол Гијом, кој бил млад и амбициозен дилер со уметнички дела, го охрабрил да продолжи да работи со вајарството, откако претходно го запознал со вајарот Константин Бранкуси. Модилјани останал да биде негов ученик цела година. Иако многу од неговите скулптури биле изложени во „Слоновата Градина“( Salon d’Automne) во 1912 година, од 1914 година па се до крајот на животот, Модилјани целосно се посветил на сликарството. Бил приморан да донесе таква одлука, пред се поради тешкотиите за пронаѓање на вајарски материјал, избувнувањето на војната како и поради неговата здравствена состојба. „Тете“, резбата во варовник со форма на глава од жена, во јуни 2010 година, станала втората најскапо скулптура некогаш продадена.

Влијанија[уреди]

Модилјани насликал голем број на портрети на негови пријатели и современици во Монпарнас, меѓу кои Хаим Сутин, Мојсе Кислинг, Пабло Пикасо, Диего Ривера, Мари „Маревна“ Воробејев- Стебелска, Хуан Гриз, Макс Џејкоб, Блез Кендрарс и Хуан Кокто, сите поставени во седечка положба. На почетокот на Првата светска војна, Модилјани се обидел да волонтира во војска меѓутоа бил одбиен поради неговата лоша здравствена состојба.

Воен период[уреди]

Познат како „Моди“ што на паришки дијалетк значи „проколнат“(maudit), или уште како „Дидо“, меѓу своите пријатели и во семејството, Модилјани бил исклучително згоден маж, кој привлекувал многу од вниманието на спротивниот пол. Многу жени минале низ неговиот живот, се до моментот кога се појавиле Беатриче Хастингс.Таа останала со него цели две години, му послужила како модел за неколку негови портрети, меѓу кои и „Мадам Помпадор“, но исто така била причина за неговите пијани и гневни ноќи. Во 1914 година, британската сликарка Нина Хамнет пристигнала во Монпарнас. Уште првата вечер по пристигнувањето, наишла на еден привлечен маж кој смешкајќи се и се претставил како „Модилјани, уметник и евреин“. Од тој момент станале неразделни пријатели. Две години подоцна се спиријателил со полскиот поет и дилер со уметнички дела, Леополд Зборовски и со неговата сопруга Ана.

Џена Хјебатерн[уреди]

Во летото, следната година, рускиот вајар Чана Орлоф го запознал со една прекрасна, 19 годишна студентка по уметност, Џена Хјебатерн која дотогаш позирала за Цагахару Фуџито. Со оглед на нејзиното буржаоско и конзервативно воспитување, Џена не ни очекувала некавка подршка од нејзиното семејство кои важеле за едни од најпосветените римо-католици. Така и било, наскоро откако дознале за нејзината врска со младиот уметник се откажале од нејзе, не гледајќи во него ништо повеќе од еден расипан скитник. Меѓутоа и покрај несогасувањето од страна на нејзиното семејство , Модилјани и Џена, набрзо започнале да живеат заедно. Иако изгледало дека таа е само негова моментална опсесија, Модилјани поминувал најголем дел од времето со неа, водејќи ја со себе секаде и запоставувајќи ги постојаните ноќни опивања. На 3 декември 1917 година, Модилјани ја претставил својата прва самостојна изложба во галеријата Berthe Weill. Меѓутоа шефот на париската полиција бил згрозен од неговите дела и го приморал да ја затвори само неколку часа по нејзиното отворање. Откако заедно со Џена се преселиле во Ница, таа останала бремена. На 29 ноемрви 1918 година, на свет донела девојче кое го добило нејзиното име (1918 – 1984 година). Кога Модилјани починал, на 24 јануари 1920 година, Џена веќе била бремена со нивното второ дете.

Ница[уреди]

На едно патување во Ница, организирано на иницијатива на Леополд Зборовски, Модилјани, Фуџито и уште неколку други уметници се обиделе да ги продадат своите дела на богати туристи. Модилјани успеал да продаде неколку од неговите слики, но за многу ниска цена. Без оглед на тоа, многу од сликите кои Модилјани ги насликал во овој период, подоцна станале негови најпознати и највредни дела. За време на неговиот живот, Модилјани продал многу од неговите дела, но ниту едно за некоја голема сума на пари. Колку и средства да заработел, наскоро исчезнувале, како резултата на неговите лоши навики и пороци. Во мај 1919 година, заедно со Џена и нивната ќерка, Модилјани се вратил во Париз, каде изнајмил стан во Rue de la Grande Chaumire. За време на престојот таму, Џена и Модилјани постојано цртале портрети еден на друг.

Смрт[уреди]

Иако никогаш не престанал да слика, неговото здравје се повеќе и повеќе се влошувало, а несвестиците предизвикани од премногу алкохол станувале се почести. Во 1920 година, нивната загрижена сосетка се качила во нивниот стан да ја провери состојбата во која се наоѓаат. Го нашла Модилјани легнат во креветот, во бессознание, држејќи ја Џена која веќе била во деветитот месец од бременоста. Веднаш повикале доктор, но ништо неможело да се направи бидејќи Модилјани веќе бил во последната фаза од туберкулозен менингитис. Починал на 24 јануари 1920 година. Имал огромен погреб на кој присуствувале многу уметнички имиња од Момартар и Монпарнас. Џена била вратена во домот на нејзните родители. Неможејќи да се помири со смртта на Модилјани, се фрлила од прозорот на петтиот смрт, убивајќи се себеси и нероденото дете на Амадео, само еден ден откако тој починал. Модилјани бил погребан на гробиштата во Piere Lachaise, а Џена на гробишта близу Париз, се до 1930 година кога семејството на Џена дозволило нејзиното тело да биде преместено за да почива покрај Модилјани. Над двата гробови се наоѓа само една надгробна плоча со два епитафи. Неговиот гласи „затекнат од смртта, во моментот на славата“, а нејзиниот надополнува „посветен придружник, вечна жртва“. Амадео починал сиромашен и беден, успевајќи само еднаш да ги изложи своите дела во самостојна изложба, и расфралјќи ги неговите дела наоколу во замена за храна по локалните ресторани. По неговата смрт, неговата репутација нагло расте. Девет романи, драма, еден документарен и три играни филма се направени во негова чест и посветени на неговиот живот. Во ноември 2010 година, слика на Модилјани на која е насликано голо тело, дел од колекцијата која ја насликал во 1917 година, на аукција во Њујорк било продадено за 68,9 милиони долари што претставува рекорд за уметничко дело дотогаш продадено. На друга аукција во Париз, делото “La Belle Romaine”, достигнува цена далеку повисока од онаа за која претходно била проценета (43.2 милиони евра). Друго дело, „Портрет на Џена со шапка“, едно од првите на кое Модилјани ја насликал својата љубовница, било продадено за 19.1 милиони долари, откако претходно било проценето за само 9.12 милиони долари.

Наследство[уреди]

Карактеристики на уметниците на линеарната форма на африканската скулптура и описниот хуманизам како дел од преносната ренесанса се оние кои се среќаваат и во уметноста на Модилјани. Иако работел во плоден период на правци како што се кубизмот, дадаизмот, надреализмот и футиризмот, Модилјани во ниту еден момент не дозволил да биде сместен во некој од нив, напротив, постојано трвдоглаво ги истакнувал разликите меѓу нив, инсистирајќи на уникатност. Не бил еден од оние уметници чија цел била сликајќи да разбезнат или да шокираат. Едиствената порака која Модилјани сакал да ја испрати преку своите дела е „Ова е тоа што јас го гледам“. Низ годините повеќе бил почитуван од обичните колекционери отколку од академските уметници и критичари. Не копнеел да добие признание во уметничкиот свет на авангардот. Може да се каже дека се водел по познатиот цитат на Жан Кокто кој вели „Не обрнувај внимание на авангардот“ (“Ne t’attendes pas avec l’avante garde” ). Сестрата на Модилјани ја посвоила ќерката на својот брат, Џена (1918 – 1984 година), која подоцна напишала биографија за својот татко насловена како „Модилјани, човек и мит“.

Критики кон делата на Модилјани[уреди]

Питер Шедал запишал :

„Се сеќавам колку бев возбуден, кога, како тинејџер, прв пат видов едно од неговите

дела - жена со долг врат, специфично издолжен и скаменет лик. Беше лесно да се ужива во ноншалантното стилизирање и огромниот колорит. Поставеноста на ликот зрачеше со оптимистичка еротичност која ме охрабри да се почувствувам одважен, безобразен и благороден, занемарувајќи ги моите години. Во тој момент ја сфатив вредноста на Модилјани. Од тогаш, макар и на кратко, уживам да ги гледам и да се восхитувам на неговите дела каде и да ги забележам, низ музеите“. Шедал ги поддржал изјавите на Мерили Секрест, дека Модилјани бил среќен кога луѓето кои не знаеле за неговата болест го гледале како обичен алкохоличар и наркоман. Сакајќи да се оправда за ова и самиот Модилјани велел „пијаниците се толерирани, но носителите на заразни болести не“.

Кинемоатографија[уреди]

Во чест на Модилјани биле направени два филма, „Љубовниците од Монпарнас“, во 1958 година, во режија на Жак Бекер и „Модилјани“ во 2004 година, во режија на Мик Дејвис, во кој главната улога ја толкува актерот Енди Гарсија. Делото „Црвенокосата девојка“ одигрува важна улога во филмот од 1972 година, „Патување со тетка ми“. Кокетното лице на Меги Смит и нејзината црвена коса совршено ја пренесеуваат емоцијата од сликата која лично Модилјани ја насликал. Францускиот филм „Тетоважа“ направен во 1968 година, зборува за легионер чиј грб е покриен со тетоважа нацртана лично од Модилјани. Дејството на филмот се одвива и по неговата смрт, кога делата на Модилјани добиваат повисока вредност, а дилерите со уметнички дела непрекинато се обидуваат истата слика од грбот на легионерот да ја префрлат на платно.