Масакрот во Сребреница

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Падот на Сребреница и Жепа
Дел од Граѓанската војна во БиХ
Srebrenica massacre map.jpg
Датум 11 јули23 јули 1995
Место Источна Босна
Исход НАТО-во бомбардирање на Република Српска
Завојувани страни
Flag of Republika Srpska.svg Република Српска
10. диверзиски одред
Flag of Bosnia and Herzegovina (1992-1998).svg Босна и Херцеговина
Flag of the Netherlands.svg Холандија
Команданти и водачи
Flag of Republika Srpska.svg Ратко Младиќ
Flag of Republika Srpska.svg Радислав Крстиќ
Милорад Пелемиш[1]
Дражен Ердемовиќ
Flag of Bosnia and Herzegovina (1992-1998).svg Насер Ориќ
Flag of Bosnia and Herzegovina (1992-1998).svg Авдо Палиќ
Flag of the Netherlands.svg Тон Карреманс
Жртви и загуби
300[2]-500[3] убиени и ранени 2000 убиени[4] ,
35632 (+10000[се бара извор]) бегалци (Сребреница,Жепа→Тузла,Кладањ),
800 бегалци (→Србија)[5]
750[3] i 1500 пленени (Сребреница и Жепа)

Масакрот во Сребреница, познат и како Геноцидот во Сребреница бил извршен во периодот од 11. до 23. јули 1995. година во текот на Граѓанската војна во БиХ од страна на војската на босанските срби, и се состоел од убиство на над 8.000 босански муслимани, претежно мажи, во и околу Сребреница, БиХ.[6][7] Покрај војската на босанските срби, предводена од генерал Ратко Младиќ, во масакрот учествувале и паравоени единици од Србија познати како шкорпии, кои работеле под контрола на Министерството за внатрешни работи на Србија до 1991.[8][9][10]

Обединетите нации ја имале прогласено Сребреница за „безбедна зона“ под своја заштита, и поради тоа многу бегалци и раселени од други региони во БиХ исто така се наоѓале во Сребреница. Безбедната зона ја надгледувале 400 вооружени холандски мировници.[11]

И покрај присуството на мировните сили на ОН (познати како УНПРОФОР), како и уверувањето на нивниот заповедник, генералот Моријон, дека Сребреница ќе биде заштитена,[12] Војската на Република Српска и паравоените единици непречено навлегле во Сребреница на 11. јули 1995., ги раздвоиле мажите од жените, и ги однеле мажите во заробеништво надвор од градот. Потоа, во период од 12 дена, заробениците биле систематски убивани и закопувани во неозначени гробници во регионот, во групи од по неколку десетици, до неколку стотици луѓе. Најголем број биле убиени во местото Поточари, каде што денес се наоѓа и меморијалниот центар. На жените кои останале во Сребреница, околу 25.000, им било дозволено да се евакуираат од градот, после што градот и околината останале под српска власт.

Повеќето убиени биле мажи на возраст од 18-60 години, но помеѓу жртвите имало и деца под 15 години, старци и жени, па дури и бебиња.[13][14][15]

Масакрот во Сребреница е најголемо масовно убиство во Европа по Втората светска војна.[16] Во 2004. година, Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија (МСПЈ) едногласно пресудил дека масакрот во Сребреница бил геноцид.[17]

Во 2007. Меѓународниот суд на правдата пресудил дека „Србија ја прекршила обврската да го спречи геноцидот“ и дека Србија мора да соработува со меѓународниот суд во изведувањето на одговорните пред лицето на правдата.[18] Неколку лица барани од (МСПЈ) и понатаму се во бегство, и се претпоставува дека се кријат во БиХ или во Србија.[19]

Прелиминарниот список на исчезнати или загинати во Сребреница составен од федералната комисија на БиХ содржел 8.372 имиња[20], од кои околку 500 биле под 18 години,[21] и вклучувал неколку десетици жени и девојки. До јули 2009, 6.186 жртви биле идентификувани преку ДНК анализа, а 3.125 се погребани во меморијалниот центар.[22] До 1 мај 2009. се откриени 6.006 тела.[23] Сепак, никој со сигурност не го знае конечниот број на убиени, бидејќи таква евиденција не постоела, а убиените се закопувани во групни неозначени гробници ширум регионот. Последната масовна гробница досега (јули 2009.) е откриена во мај 2009.[24]

Конспиративна теорија[уреди]

На 10 август 1995 американскиот амбасадор во ОН Медлин Олбрајт ги објави сателитски снимки од регионот на Сребреница. Аналитичарите на ЦИА открија дека она што се гледа на фотографиите се масовни гробници. Една фотографија покажуваше неколку стотици затвореници собрани на една ледина до Нова Касаба. Оваа пропаганда одвлекува вниманието од етничко чистењето на Србите од Крајина[25].

Воениот командир на бошњачката полиција во Сребреница Хакија Мехољиќ "БХ Дани" 22 Јуни 1998 изјавил дека Алија Изетбеговиќ во 1993 година на група сребреничани им пренел дека претседателот на САД Бил Клинтон му „понудил“ САД да интервенираат воено откако „четниците ќе влезат во Сребреница и ќе извршат масакр над 5.000 Муслимани“.[26] Во интервју за холандски документарен филм Мехољиќ вели дека "во 1993 година бев во сребреничката делегација во Сараево кога Изетбеговиќ ни предложи Сребреница да се жртвува за Вогошќа. Тоа, за жал, се случи во 1995-та година кога нашите жртви некој ги наплати, но и потоа имаше доста наплатувања на трагедијата на сребреничките Бошњаци". "Сребреница е продадена за Сараево да биде кантон" и "Алија Изетбеговиќ аминувал да се дозволи геноцид, а Србите наседнале на нешто што претходно е подготвувано", рекол Хакија Мeхољиќ.[27]

Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ 6 септемвра 2005 во Хашкиот трибунал тврдеше дека странските разузнавачки служби го „инсценирале“ масакрот во Сребреница за да ги обвинат Србите и Радован Караџиќ за геноцид. Шешељ изјави дека како потпретседател на Владата на Србија добил разузнавачки материјал според кој стрелањето на муслиманските заробеници го организирала француска разузнавачка служба, а со извршителите од Десеттиот диверзантски вод на Војската на РС командувале нејзините соработници Југослав Петрушиќ и Милорад Пелемиш.[28]

Наводи[уреди]

  1. http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2845&stID=61760
  2. Сребреница. История и загадки трагедии//Эхо планеты №31 (902) 29 июля-4 августа 2005
  3. 3,0 3,1 "Page 34931:Out of these 25.000 people, there were about 750 men that were held prisoners because their identity was to be checked and it had to be checked that none of them was suspected of crimes against Serbs in the area. Out of these people, 500 were not suspected at all. They were released, and they were able to go towards Kladanj and Tuzla. Two hundred and fifty of them were held back because there was suspicion against them. They were suspected of crimes against the Serbs. They were detained in Zvornik and Batkovic, and it is probable that out of these people there were some summary executions because some Serbs recognised some of the authors of some crimes in their villages, but according to General Mladic, no more than hundred summary executions took place out of this group of people. Regarding the actual battle that took place in the night of the 11th to the 12th of July, 1995, in the surrounding woods, some 15.000 Muslims, armed Muslims, came out of Srebrenica in that night of the 11th to the 12th. This figure was confirmed by Naser Oric himself. And out of these 10 to 15.000 men, they were confronted in the woods in the night with General Mladic's army, who expected a ferocious battle against well-armed Muslims. So of course there were fights during the night. The Serbs, conducted by General Mladic, lost over 500 men, and the armed Muslims lost some 1.500 to 1.800 men." Patrick Barriot.Wednesday, 12 јануари 2005
  4. Srebrenica And the Politics of War Crimes
  5. "Милошевиќ тогаш побара од ОН да помогнат во тоа оние 800 муслимани мажи од Жепа кои ја минаа Дрина и влегоа во Србија да бидат снабдени со основни продукти за живот."Крај на играта Предавството и паѓањето на Сребреница: Најголемиот масакр во Европа по II Светска Војна
  6. Corder, Mike. „Srebrenica Genocide Trial to Restart“, Associated Press, 20 август 2006 (конс. 1 ноември 2008).
  7. UN Srebrenica immunity questioned“, BBC, 18 јуни 2008 (конс. 1 ноември 2008).
  8. Paramilitaries Get 15 - 20 Years for Kosovo Crimes - [Balkan Insight http://balkaninsight.com/en/main/news/20364/]
  9. "Serbia: Mladic “Recruited” Infamous Scorpions". Institute for War and Peace Reporting. [1]
  10. Srebrenica Video Vindicates Long Pursuit by Serb Activist; [2]
  11. >ICTY, Prosecutor vs Krstic, Judgement, Case No. IT-98-33, United Nations, 2 август 2001[3] PDF (685 KB), "Findings of Fact", paragraphs 18 and 26 [4]
  12. BBC: UN general 'foresaw Srebrenica'
  13. ICTY, Prosecutor vs Krstic, Judgement.
  14. Trial Judgment: Blagojević & Jokić (IT-02-60) - Dutchbat soldiers testified that several times babies were thrust into their arms 'which were so swollen [from dehydration] that they finally died.'
  15. Vidoje Blagojevic Trial Chamberg Judgement [ICTY http://www.icty.org/x/cases/blagojevic_jokic/tjug/en/bla-050117e.pdf]
  16. Institute for War and Peace Reporting, Tribunal Update: Briefly Noted (TU No 398, 18 март 2005) [5]
  17. ICTY "Prosecutor v. Krstic" [6]
  18. ICJ press release 2007/8 26 февруари 2007, See points 7 nad 8
  19. Nick Hawton. The hunt for Mladic and Karadzic BBC, 26 февруари 2007
  20. Potocari Memorial Center PRELIMINARY LIST of Missing Persons from Srebrenica '95 [7]
  21. By: Danijel Toljaga and Hasan Nuhanovic: Incomplete List of Killed Children During Srebrenica Genocide Srebrenica Bilten 41, page #7 published by Women of Srebrenica
  22. [International Commission on Missing Persons http://www.ic-mp.org/press-releases/dna-results-of-the-international-commission-on-missing-persons-reveal-the-identity-of-6186-srebrenica-victims-dnk-izvjestaji-medunarodne-komisije-za-nestale-osobe-icmp-otkrili-identitete-6186-sreb/]DNA Results of the International Commission on Missing Persons Reveal the Identity of 6,186 Srebrenica Victims
  23. Testimony of Dusan Janac and Dr. Thomas Parsons [8]
  24. A1:Масовна гробница пронајдена во Источна Босна
  25. ["Сателитски снимци"(VII)//Aleksandar Pavić, "Zabranjena istina o Srebrenici"]
  26. 5000 MUSLIMANSKIH GLAVA ZA VOJNU INTERVENCIJU (Objavljeno u broju 78 DANA, 22. JUNI / LIPANJ 1998)
  27. Srebrenica Planned in Washington and Sarajevo (Excerpt from Dutch television documentary on Srebrenica. Features interview with Hakija Meholic the Muslim police chief of Srebrenica during the war)
  28. Шешељ: „Масакрот во Сребреница инсцениран“