Џулијан Асанж

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џулијан Асанж
Роден Џулијан Пол Асанж
3 јули 1971[1][2][3]
Таунсвил, Австралија
Познат уредник на Викиликс
Занимање главен уредник и основач на Викиликс
Сопружник Сара Харисон
Деца Даниел Асанж[4]
НаградиEconomist Index on Censorship Award (2008)
Amnesty International UK Media Award (2009)
Sam Adams Award (2010)

Џулијан Пол Асанж (англиски: Julian Paul Assange; Таунсвил, Австралија, 3 јули 1971) — австралиски новинар и семрежен активист. Тој е најдобро познат по неговата работа на мрежното место Викиликс, каде е портпарол и уредник. Студирал физика и математика, а се занимавал и со програмирање.[5]

На 16 години започнал да се занимава со хакерство. Бил уапсен во 1991 година за неовластен упад во компјутерски систем. На судењето се изјаснил за виновен по сите точки од обвинението. Поради доброто однесување бил осуден на парична казна од 2100 австралиски долари. Џулијан Асанж во 2006 година го основал мрежното место Викиликс и го вдомувал на домашен опслужувач. Од тогаш на Викиликс има објавено стотици документи поврзани со војните во Ирак и во Авганистан. На 30 ноември 2010 година бил ставен на црвениот список на Интерпол за лица[1][6] по кои се трага на барањето на Шведска, каде против него започнала, потоа била стопирана, а потоа уште еднаш била започната истрага за наводно силување извршена во текот на летото 2010. На 7 декември Асанж ѝ се предал на лондонската полиција, но бил пуштен на слобода со кауција по 10 дена.

Работата на Викиликс[уреди | уреди извор]

Асанж го основал мрежното место Викиликс во 2006 година и е член на неговиот советодавен одбор. Во Викиликс тој е вклучен во публикувањето на документи за незаконски убиства во Кенија, извештаи за исфрлање на токсичен отпад африканскиот брег, прирачници на црквата на Скиентологија, процедури кои се одвиваат во затворот на Гвантанамо, вклучувајќи и материјални големи банки и др.[7] Тој од почетокот на декември 2010 е во центарот на вниманието на светската јавноста поради објавувањето на тајни документи на Викиликс кои содржат детали за инволвираноста на САД во војните во Авганистан и Ирак. На 28 ноември 2010 година, Викиликс и медиумите кои ја поддржуваат започна да публикуваат тајни дипломатски документи на САД. Според британскиот весник "Гардијан", ова го довело „Асанж во центарот на интензини медиумски шпекулации и кампања на омраза против него во Америка“.[8]

Политички азил[уреди | уреди извор]

Еквадор на 16 август 2012 година го одобрил политичкиот азил на Џулијан Асанж, кој се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон од јуни истата година. Британските власти соопштиле дека без оглед на одлуката, нема да дозволат Асанж да ја напушти земјата, затоа што „се истрајни во намерата да го испорачаат“. Асанж кој ги негира сите обвинувања, тврди дека позади одлуката да биде испорачан се крие намерата Шведска да го испорачаат на властите во САД. На 11 април, 2019 година Еквадор го укинал азилот за Асанж, а веднаш потоа бил уапсен од страна на британската полиција.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Wanted: Assange, Julian Paul. Interpol.int“. Архивирано од изворникот на 2010-12-08. Посетено на 2010-12-07.
  2. „Julian Assange's mother recalls Magnetic“. Australia: Magnetic Times. 7 August 2010. Архивирано од изворникот на 2010-11-30. Посетено на 2010-12-07.
  3. Khatchadourian, Raffi (7 June 2010). „No Secrets“. The New Yorker.
  4. Johns-Wickberg, Nick (17 September 2010). „Daniel Assange: I never thought WikiLeaks would succeed“. Crikey.
  5. „Profile: Julian Assange, the man behind Wikileaks“. The Sunday Times. UK. 11 April 2010. Посетено на 29 June 2010.
  6. http://www.nytimes.com/2010/12/02/world/europe/02assange.html?_r=1
  7. „WikiLeak And Apache Attack In Iraq — Julian Assange“. The Sydney Morning Herald. 2010-04-09. Посетено на 3 December 2010.
  8. „WikiLeaks cables: Live Q&A with Julian Assange“. The Guardian. 3 December 2010. Посетено на 3 December 2010.
  9. Асанж - борец за вистината или непријател за светскиот поредок