Веб опслужувач

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Веб опслужувач (англиски: web server) значи:

  1. Сметач кој е одговорен да ги прифаќа HTTP барањата од клиентите, познати како веб прелистувачи, и да дава HTTP одговори на овие барања кои може да бидат проследени и со дополнителни податоци, кои најчесто се веб места во облик на HTML-документи или поврзани објекти (слики, мултимедијални податотеки, ...).
  1. Сметачки програм кој ја обезбедува функционалноста опишана погоре.

Основна фунцкија на веб опслужувачот е да овозможи доставување на веб страници до клиентите. Тоа значи доставување на HTML документи и друга содржина која може да биде вклучена во документот, како на пример слики, стилови и JavaScript.

Клиентот, најчесто некој веб прелистувач или веб пребарувач, ја иницира комуникацијата со испраќање барање за некој документ со користење на HTTP. Серверот одговара со испраќање на содржината на тој документ. Документот вообичаено е некоја податотека сместена некаде на секундарната меморија на опслужувачот, но не мора неопходно да биде така, тоа е зависино како веб серверот е имплементиран.

Иако основната функција на веб опслужувачот е да овозможи доставување на веб страници, целосната имплементација на HTTP вклучува и начин на примање на содржини од клиентите. Оваа функционалност се користи за прифаќање на податоците од веб форми, како и подигнување на податотеки.

Многу генерички веб опслужувачи исто така подржуваат и извршување на скрипти (анг. server-side scripting), пример PHP, Python, Java, ... Тоа значи дека својствата на веб опслужувачот може да се програмираат (со помош на скрипти), додека HTTP софтверот останува не променет. Оваа функционалност се користи за создавање на HTML документи во лет, т.е. станува збор за Динамички веб страни.

Веб опслужувачите не се користат само за опслужување на world wide web, тие исто така може да се најдат вгнездени во некои уреди, како например кај печатарите, рутерите, веб камерите и сл. каде веб опслужувачот може да се користи како дел од системот за надгледување и/или администрирање на уредот за кој станува збор.

[уреди] Види исто така

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици