JavaScript

Од Википедија — слободната енциклопедија

JavaScript — производ на Netscape, и претставува скриптен јазик кој е објектно ориентиран, со можност да се извршува на повеќе хардверски и софтверски платформи. JavaScript е мал и едноставен јазик, кој се користи во комбинација со други производи и апликации, како на пример прелистувач (анг. web browser). Вгнезден во соодветен производ, JavaScript може да се поврзе со објектите во неговата околина и да овозможи програмска контрола над нив. Основата на JavaScript јазикот се состои од основно множество на објекти, како што се Array, Data и Math, основно множество на елементи на јазикот како што се операторите, контролните структури и искази. Основата на JavaScript може да се проширува во зависност од потребите со додавање на дополнителни објекти; пример:

Лого на JavaScript
  • Client-side JavaScript врши проширување на основата на јазикот со додавање на објекти за контрола на прелистувачот (Navigator, MS Internet Explorer или некој друг прелистувач) и Document Object Model објектот. На пример овие објекти овозможуваат да се додаваат и контролираат елементите од HTML формата или да се одговори соодветно на акциите на корисникот (клик на глушец, пишување во поле, или пак навигација низ страната).
  • Server-side JavaScript врши проширување на основата на јазикот со додавање на објекти одговорни за извршување на JavaScript на серверска страна. На пример: овие објекти овозможуваат комуникација со релациона база на податоци, обезбедуваат континуитет помеѓу две сесии или пак разменуваат податоци помеѓу две или повеќе различни апликации, или вршат некаква манипулација на податотeки сместени на опслужувачот.

JavaScript во комбинација со некои други технологии успешно се користи за изработка на AJAX апликации.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]