Мишо Ковач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Мишо Ковач
Познат(а) и како Мате Мишо Ковач
Роден(а) 17 јули 1941, Кралство Југославија (сега Хрватска)
Потекло Хрватска Хрватска
Жанрови Поп музика
Занимања пејач
Период на активност 1969 — сегашност

Мишо Ковач (17 јули 1941) е хрватски пејач на забавна музика.

Животопис[уреди]

Роден е од мајка Зринка и татко Јаков Ковач. Мишо пораснал во семејство со братот Ратко и сестрата Бланка.

Работата како тапетар требало да ја одреди професијата во неговиот живот, но, на еден натпревар за таленти во Карловац, со песната"I can't stop loving you" на Реј Чарлс, доживеал голем успех, па така го одредил животниот, а и естрадниот пат.

Хитот со кој се издигнал помеѓу најуспешните пеачи на забавна музика некогаш гледани на сите простори на поранешна Југославија, беше песната "Više se nećeš vratiti", победничка песна на некогашниот популарен сараевски фестивал "Vaš šlager sezone" (1969), дело на тогашниот млад композитор и текстописец Ѓорѓе Новковиќ. Тој сингл е продаден во пола милион примероци, а сорабтоката со Новковиќ го обележала скоро целиот опус на Ковач, и е продолжена понатаму, се до изненадната смрт на Новковиќ, 2007 година. Во 1971 го освојува сплитскиот фестивал со песната на Стефан Михаљинац "Proplakat će zora", кој сингл, исто така е продаден во пола милион примероциu, и дефинивно се зацврстува на тронот на најпопуларен пеач на поранешните југословенски простори, а и покрај годините, неговата популарност и до ден денес не е избледена. По 1980тата и победата во Сплит со песната "Dobra ti večer mati moja" долги години не настапува на ниеден фестивал.

Пејач е со далеку најмногу продадени плочи и (и останати медиуми) на забавна музика во поранешна Југославија, а за Хрватска да не станува ни збор.

Заедно со Раде Шербеџија во филмот "Poslijepodne jednog fazana" ги вкусил и филмските води. Музичката кариера и понатаму се развива, пет пати е прогласуван за пејач на годината, а во 1989 година е прогласен за личност на годината во поранешна Југославија.

Од сопругата Љубица се разведува после четири години брак, па во 1973 се венчава со сплиќанката Анита Батурина, Мис на Југославија, со која во 1975 година го добива синот Еди, а две години покасно и ќерката Ивана. На турнеите по Канада и Австралија во 80тите одбива да пее под Павелиќевата слика со што стекнува репутација на “комуњар“ помеѓу екстремната емиграција која тоа никогаш не му го прости. Пред првите повеќепартиски избори во Хрваткса во големото интервју издадено во Неделна Далмација под наслов "Dalmacija u mom oku" изјавува: "Ако овие дојдат на власт, за мене овде веќе нема место", мислејќи на ХДЗ.

Во 1992, дојде до голема трагедија. Неговиот син, Еди, кој се придружил на специјалната војска на Хрватска наречена "Шкорпиони" во текот на граѓанската војна, е убиен во Загреб под сомнителни околности. Мишо таа вест никогаш во потполност не ја преболе. Полицијата објави соопштение во кое се тврди дека станува збор за замоубиство. Но, Мишо Ковач и ден денес тврди дека станува збор за убиство.

По смртта на Еди, јавно објавува дека повеќе нема да настапува. После тоа пристапува кон сликање за весниците во црна облека.

Западнат во депресија на 14 февруари 1999, во станот во Загреб на улицата Максимирска 69, Мишо Ковач пукаше во себе со непријавениот пиштол "Берета", но тој неуспешен обид за самоубиство му донесе до знаење дека животот мора да продолжи понатаму. Во тие 90ти години, освен синот Еди, ја загуби мајка му и помладиот брат Ратко. Пред неговиот обид за самоубиство, бракот со Анита се распаѓа, па пробува да оствари љубовна врска со 30 години помладата Силвија Конте Калви Марковиќ. По уште еден љубовен бродолом, негова сопруга постанува Лидија Пинтариќ.

По опоравувањето од пукањето во себеси, во Сплит одржува проштален концерт пред околу 50000 луѓе. Тоа го повтори и во домот на спортови во Загреб, а после тоа следеше цела серија на проштални концерти. Сепак, тоа не беше крај на Мишовата кариера. Следеа и нови албуми.

Во 1999 година, Мишо го сними албумот "Budi čovjek dobre volje", како што самиот кажува за кој е заслужна неговата ќерка Ивана. Самиот смета дека тоа му е најдобар албум во неговата кариера.

Албуми[уреди]

  • Mišo Kovač (1972)
  • Portret (1973)
  • Mi smo se voljeli (1974)
  • Oj ti dušo duše moje (1974)
  • Ovo je naša noć (1977)
  • Uvijek ima nešto dalje (1979)
  • Čovjek bez adrese (1980)
  • Jači od vjetra (1981)
  • Dalmacija u mom oku (1982)
  • Osjećam te (1983)
  • Zajedno smo (1984)
  • Potraži me u pjesmi (1984)
  • Ostala si uvijek ista (1985)
  • Ti si pjesma moje duše (1986)
  • Malo mi je jedan život s tobom (1987)
  • La paloma - koncert (1988)
  • Sačuvali smo od zaborava (1988)
  • Samo nas nebo rastavit može (1988)
  • Suza nebeska (1989)
  • Za kim zvono plače (1990)
  • Grobovi mi nikad oprostiti neće (1991)
  • Pjesma za Edija (1993)
  • Stari portret (1993)
  • Mate Mišo Kovač (1994)
  • Mojoj vjernoj publici (1995)
  • Al je ljubav bolest teška (1996)
  • Osjećam se jači (1997)
  • Budi čovjek dobre volje (1999)
  • Pjevaj, legendo (1999)
  • Rane godine 1964-69 (1999)
  • Dalmatino (2001)
  • Zabavni megamix (2002)
  • Mir u srce (2004)
  • Mišo u Šibeniku (2005)
  • Ja sam kovač svoje sreće (2006)
  • The platinum collection (2006)
  • Ne trazim istinu (2010)