Википедија:Избрана статија/2008

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Гласање за избрана статија[уреди извор]

Како да гласам за овој предлог?


Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните шаблони. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Седмица 53, 29.12.2008 - 04.01.2009
Jerusalem from mt olives.jpg

Ерусалим (иврит:יְרוּשָׁלַיִם За снимкава (audio) ; арапски:القُدس القُدس За снимкава (audio)  Ал Кудс, грчки: Ίερουσαλήμ или Ίεροσόλυμα; латински: Hierosolyma, Hierusalem, Aelia Capitolina) е антички блискоисточен град, главен и најголем град во Израел, и покрај тоа што овој факт е спорен за муслиманските земји, особено за Палестина. Градот брои 747.600 жители, и се протега на точно 125,1 km², вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Градот се наоѓа во близина на јудејската планина, помеѓу Средоземното Море и Мртвото Море. Модерниот Ерусалим е изграден надвор од ѕидините на стариот дел од градот. Градот бил основан во 4 век п.н.е., и како таков е дел од најстарите градови на светот.

Ерусалим е најсветиот град во јудаизмот, и претставувал најголемиот духовен центар на Евреите во 10 век п.н.е.. Тој исто така претставува трет најсвет град во исламот, по Мека и Медина, а е свет град и за христијанството. На површина од само 0,9 km², во Стариот Град, на Ридот на храмовите се наоѓаат најважните религиозни градби: Западниот Ѕид или Ѕидот на плачот за јудаизмот, Светиот Гроб за христијанството и Ал Акса со Златната купола за исламот. Стариот Град е поделен на четири населби: еврејска, исламска, христијанска и ерменска населба, кои биле поделени во текот 19 век. Стариот Град бил номиниран и вклучен во списокот на светско наследство за несигурни градови во 1982 година од Јордан. Во текот на својата историја, градот Ерусалим два пати бил целосно разрушен, 23 пати под опсада, 52 пати нападнат и 44 пати освоен.

Денес, статусот на Ерусалим е определен со израелско-палестинскиот конфликт. Анексијата на Источен Ерусалим е многупати дискутирана и осудувана од страна на ООН, а и самите Палестинци го сметаат Источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, Палестина. По 1980 година, многу амбасади и светски организации своите канцеларии ги преместиле од Ерусалим во Тел Авив, но има и такви чии амбасади сѐ уште се во Ерусалим, како на пример амбасадата на САД. (Повеќе)


Седмица 52, 22.12. - 28.12.2008
Godina na makedonski jazik.jpg

Македонскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенски јазици, и е службен јазик во Република Македонија. Македонскиот јазик е исто така службен во регионот на Корча во Албанија каде живее бројно македонско население. Македонски се зборува и во Австралија, Албанија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Србија, Црна Гора, Турција и во некои земји−членки на Европската Унија. Вкупниот број на македонски говорници е околу 2,5 до 3 милиони луѓе.

Според респектираниот лингвистички извор Etnologue, македонски се зборува и во југоисточниот дел на Бугарија, но нема податоци за бројот на луѓето што го зборуваат поради неспроведени регуларни пописи. Сличен став имаат и BBC, Britannica и UNESCO.

Кога се зборува за Македонците како етничка група и македонскиот јазик, треба да се има предвид дека јазикот т.е. потекло или класификација на јазикот не соодветствува секогаш со етничкото потекло на еден народ. Македонскиот јазик спаѓа во групата на словенските јазици, а потеклото на Македонците како народ не е целосно словенско. (Повеќе)


Седмица 51, 15.12. - 21.12.2008
JacquesdeMolay.jpg

Жак де Молеј (се проценува околу 1244–5/1249–50 – 18 март 1314) бил 23. и официјално последниот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, од 1292, па сѐ до укинувањето на редот од страна на папата во 1312. Тој е најпознатиот темплар по основачот на редот Иг де Пајен (1070-1136). Неговата цел како Голем мајстор била да изврши реформи во редот и да ги усогласи со состојбата во Светата земја за време на намалувањето на влијанието по Крстоносни војни. Без преостанати крстоносни држави на кои би им била потребна заштита од витезите, и со голем број на други проблеми, прашање било дали витешкиот ред на темпларите ќе опстои. Францускиот крал Филип IV Убавиот, со намера да го преземе водството, го напаѓал редот. По донесувањето на папската була Pastoralis Praeeminentiae на 22 ноември 1307, од неговиот пријател, папата Климент V, со која се наложувало темпларите насекаде да се апсат, де Молеј и уште многу други темплари биле уапсени. Во текот на следните 7 години биле држени во затвор и измачувани, за да признаат дека се еретици. Кога Молеј подоцна го негирал признанието, и ги прозвал пред Бога Филип IV и папата, кралот наредил Жак де Молеј, заедно со Годфруа де Шарнеј да бидат спалени на клада на 18 март 1314, на островот Ил де ла Сите, во Париз. (повеќе...)


Седмица 50, 08.12. - 14.12.2008
Нилски коњ

Нилскиот коњ (лат. Hippopotamus amphibius) од грчкиот збор ἱπποπόταμος (хипопотамос, ιππος хипос што значи „коњ“ и πόταμος потамус што значи „река“), е голем, претежно тревојаден африкански цицач, еден од двата преживеани видови од фамилијата Нилски коњи (другиот преживеан вид е пигмејскиот нилски коњ). Тој е најтешкиот претставник од парнокопитните животни.

Нилскиот коњ е полуводно животно, кое живее во реките и езерата на субсахарска Африка во групи од 5 до 30 нилски коњи. Преку денот ја одржува температурата седејќи во вода или во кал. Парењето и породувањето се одвиваат во вода. Во квечерината излегуваат од вода за да се хранат. Додека се во вода, нилските коњи седат во групи (и до 40 индивидуи), а пасењето е самотна активност.

И покрај нивната физичка сличност со свињите, нивните најблиски роднини сепак се животните од фамилијата Китовидни (китови, делфини...). Заедничкиот предок на нилскиот коњ и китот се одвоил од останатите копитари пред околу 60 милиони години. Најстарите пронајдени фосили кои спаѓаат во родот Кенијапотам датираат од пред 16 милиони години.

Нилскиот коњ е лесно препознатлив по телото со облик на буре, огромната уста и заби, кратките набиени нозе и кожата без крзно. По големина е сличен на белиот носорог, само слонот е многу поголем од него. И покрај големината, нилските коњи се доста подвижни. На кратки растојанија можат да трчаат и 48 км/ч, што е побрзо од олимписки спринтер. Ова животно е едно од најагресивните животни во Африка. Денес се смета дека има помеѓу 125.000 и 150.000 нилски коњи во субсахарска Африка, од кои 40.000 во Замбија и Танзанија, со најголема популација од 20.000 до 30.000 индивидуи. Овој вид сè уште е загрозен од ловокрадството поради нивното месо и забите, како и од уништувањето на нивното природно живеалиште. (повеќе...)

Седмица 49, 01.12. - 07.12.2008
HKBuildingFengshui.jpg

Фенг шуи е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата. Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи служи за разместување на предметите (како на пример мебелот) со што на луѓето им се помага да ги остварат своите цели. Но, традиционално, фенг шуи се користи првенствено за да се одбере местото на живеење, за работа и за гробни места.

Традиционалниот фенг шуи компас се нарекува луопан, и за разлика од конвенционалниот, овој компас го покажува југ. Во 1949 година, комунистите во Кина го прогласиле фенг шуи за „општествено зло“, а едно време бил потполно забранет. Посебно било строго за време на „културната револуција“, кога практикантите на фенг шуи биле тепани од страна на Црвената Гарда, а нивните книги биле спалувани. Западот не покажувал многу интерес за фенг шуи сè до 1972 година, после патувањето на Ричард Никсон во Кина. Оттогаш, фенг шуи се претвора во индустрија. (повеќе...)

Седмица 48, 24.11. - 30.11.2008
Американски тенкисти во Ирак

Тенк е гасенично оклопно борбено возило конструирано за директен судар со непријателот, користејќи се со директен оган од големокалибарски топ и поддршка од митралези. Тешкиот оклоп како и релативно големата подвижност претставуваат заштита, а гасениците му овозможуваат движење по непрооден терен со релативно големи брзини.

Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква поддршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони. (Повеќе)


Седмица 47, 17.11. - 23.11.2008

Џамијата е муслимански храм, во кој муслиманите се собираат и извршуваат општа молитва. Првите џамии биле изградени на арапскиот полуостров. Според исламските убедувања, првата џамија која била изградена била Каба во Мека, Саудиска Арабија, која била изградена од самиот Алах, кој наредил на Ибрахим и неговиот син Исмаил да ја исполнат Неговата заповед, како и Ал Куба во Медина, Саудиска Арабија. Нејзиниот прв камен-темелник бил поставен од пророкот Мухамед, кога се преселил од Мека во Медина. Подоцна, во почетокот на средниот век и проширувањето на османлиската империја, многу цркви и христијански објекти биле претворени во џамии. Во џамијата се појавува арапската калиграфија, како уметност на убавиот ракопис, како и предавање за Куранот и тоа исклучиво на арапски јазик. (повеќе...)

Седмица 46, 10.11. - 16.11.2008

Крсте Петков Мисирков (18 ноември 187426 јули 1926) бил македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Тој врз научна база, ја објаснил самобитноста на македонскиот јазик, објаснувајќи низ анализа дека македонскиот народ, македонската нација го има своето право на самостојно егзистирање. Крсте Петков Мисирков е роден во ноември 1874 година во селото Постол, Ениџевардарско во Егејска Македонија. Селото се наоѓа недалеку од древната македонска престолнина Пела. Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазик и на таков начин го совладал туѓиот, наметнат јазик. Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија. (повеќе...)

Седмица 45, 03.11. - 09.11.2008
Flag of Mongolia.svg

Монголија (монголски:Монгол улс, или Monggol ulus.svg) е парламентарна република во Источна Азија и со мал дел во Централна Азија. Монголија граничи со Русија на север и со Народна Република Кина на југ, исток и на југозапад. На запад монголија има допирна точка со Казахстан. Најголем а воедно и главен град на Монголија е Улан Батор. Во градот живее 38% од вкупното население на Монголија.

Низ текот на историјата, денешната територија на Монголија била владеена од различно номадски империи, меѓу кои се и Сионгу, Руран, Сјенбеј, Ѓоктурк и останати. Монголската Империја била основата од Џингис Кан во 1206 година. По распаѓањето на династијата Јуен, Монголците се вратиле на старите обичаи. Во XVI и XVII век, Монголија подпаднала под влијание на тибетскиот будизам наследен од владеењето на династијата Чинг кон крајот на XVII век. За време на распаѓањето на Чинг династијата во 1911, Монголија прогласила независност но со поголеми потешкотии. Официјално во 1921 година Монголија целосно била независна и суверена република и до 1945 година го стекна меѓународното признавање. Како последина на сето тоа, а со блискоста на Советскиот Сојуз, Монголија подпаднала под големо влијание на Советскиот Сојуз, особено под руско влијание. Според тогашната моментална состојба, Монголија ја призна независноста како Монголска Народна Република или Народна Република Монголија. Државното уредување беше комунистичко, налик на советското општествено уредување. Со распаѓањето на Комунизмот во Источна Европа и Советскиот Сојуз, во 1989 година се случила Монголската демократска револуција и резултирала со повеќепартиски систем во државата и со одржување на редовни избори. Монголија се здобила со нов устав, државно уредување и економски пазар. (повеќе...)


Седмица 44, 27.10. - 02.11.2008

Тенцин Ѓацо (роден на 6 јули, 1935 во Ќингхај) — четиринаесеттиот и сегашен далај-лама. Неговото вистинско име е Ламо Дондруб,а подоцна го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Ѓацо. Тој е религиозен поглавар со големо влијание врз религијата во Тибет. Тој го проповеда учењето Гелуг, а е и претседател на владата во прогонство (во Дарамсала, Индија). Тенцин Ѓацо е и добитник на Нобеловата награда за мир во 1989 година. Тој е и најголемиот будистички свештеник во светот.

Тој бил петто од шеснаесетте деца родени во земјоделско семејство во селото Такцер, Кингаи, каде што го научил дијалектот амдо како негов прв јазик. Тој бил прокламиран како тулку (реинкарнација) на тринаесеттиот далај-лама, Тубтен Ѓацо 2 години по неговото раѓање. Тој бил поставен на тронот како далај-лама на 17 ноември 1950, само еден месец по извршената инвазија на кинеската војска врз Тибет.

Тој бил под воен притисок при ратификација на Седумнаесетте точки за слободата на Тибет во 1951, а тогаш тој го напуштил Тибет и отишол во Индија каде што ја формирал тибетската влада во прогонство во 1959 година. Таму тој е придружен од илјадници соработници и тој се грижи за заштита на тибетската култура и тибетското образование. (повеќе...)

Седмица 43, 20.10. - 26.10.2008
Chess zhor 26.png
Chess zver 26.png
Chess rdl44.png Chess ndd44.png Chess bdl44.png Chess qdd44.png Chess kdl44.png Chess bdd44.png Chess ndl44.png Chess rdd44.png
Chess pdd44.png Chess pdl44.png Chess d44.png Chess pdl44.png Chess pdd44.png Chess pdl44.png Chess pdd44.png Chess pdl44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess pdd44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess pll44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess pll44.png Chess pld44.png Chess pll44.png Chess pld44.png Chess l44.png Chess pld44.png Chess pll44.png Chess pld44.png
Chess rld44.png Chess nll44.png Chess bld44.png Chess qll44.png Chess kld44.png Chess bll44.png Chess nld44.png Chess rll44.png
Chess zver 26.png
Chess zhor 26.png

Сицилијанската одбрана е шаховско отворање кое настанува со потезите: е4 с5.

Сицилијанската одбрана е најпопуларен и најсигурен одговор на потегот 1.е4. Всушност, многу статистички истражувања покажуваат дека најголеми шанси за победа белиот има доколку се отвори со 1.d4, укажувајќи на тоа дека 1...с5 е силен потег против 1.е4. Всушност New in Chess, во едно од своите издданија од 2000, тврдеше дека во базата на податоци на одиграните партии, белиот победува со 56.1% сигурност (296.200 партии) отворајќи се со 1.d4, но цели 2 одсто помалку (54.1%) од 349.855 партии отворајќи се со 1.е4. „Главен виновник одговорен за потврдувањето на оваа работа“ беше Сицилијанската Одбрана којашто го намали степенот на успешност на белиот на 52.4% од 145.996 партии. Една шестина (околу 17%) од сите партии помеѓу велемајсторите, и една четвртина (25%) од базата на податоци на Шаховски информатор започнуваат со Сицилијанска одбрана.

Велемајсторот Џон Нан забележува дека причина за популарноста на Сицилијанската одбрана е „борбената природа; во многу линии, црниот не игра само за еднаквост, туку и за предност. Слабата е страна е тоа што белиот чето рано ја презема иницијативата, па црниот мора да внимава да не прифати жртва за брз напад.“ Најраните регистрирани белешки на Сицилијансјката Одбрана датираат од доцниот 16. век од италијанските шахисти Џулио Полерио и Џоакино Греко. (повеќе...)

Седмица 42, 13.10. - 19.10.2008
Кралскиот грб на Обединетото Кралство

Кралскиот грб на Обединетото Кралство (англиски: Royal Coat of Arms of the United Kingdom) — државен грб на британскиот монарх, моментално кралицата Елизабета II. Овој грб се користи од кралицата во својство на монарх, и како такви официјално се нарекува нејзин „Грб на власта“ (Arms of Dominion). Варијанти на кралскиот грб користат други членови на кралското семејство; како и британската влада во врска со администрација и управување со земјата. Во Шкотска кралицата користи посебна верзија на кралскиот грб, варијанта која се користи во Министерството за Шкотска (Scotland Office).

Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина прикажани се по три лава на Англија; во втората, лав обрабен со кринови за Шкотска; а во третиот пак, харфа за Ирска.

Крестата е лав кој ја носи империјалната круна, која самата е друг приказ на таа круна.

Левиот држач е исто така крунисан лав, кој ја симболизира Англија; левиот држач е еднорог, кој ја симболизира Шкотска. Според една легенда еднорогот се смета за многу опасна ѕверка; затоа хералдичкиот еднорог е опкован со ланец, како што се двата еднорози-држачи на кралскиот грб на Шкотска.

На долниот дел од грбот стои мотото на англиските монарси, Dieu et mon droit („Бог и моето право“), како и мотото на Редот на Подвеската, Honi soit qui mal y pense („Срам да му е на тој што го смета за зол“) на приказ на подвеската зад штитот. (повеќе...)

Седмица 41, 06.10. - 12.10.2008
Седмица 40, 29.09. - 05.10.2008

Син сомот (англиски: Blue Velvet) е американски нео-ноар, детективски трилер филм напишан и режиран од Дејвид Линч. Кајл Меклахлан, Изабела Роселини, Денис Хопер и Лора Дерн ги играат главните улоги во филмот. Насловот Син сомот е земен од насловот на истоимената песна на Боби Винтон.

Дејството во филмот се одвива во малото место Ламбертон, Северна Каролина и ја раскажува приказната за студентот Џефри Бомонт, кој открива оштетено и исечено човечко уво во еден тревник во соседството. Џефри одлучува сам да го истражи злосторството, но притоа добива помош и од Сенди Вилијамс - невина средношколка, ќерка на поручникот Џон Вилијамс, градскиот шериф. Како напредува неговата истрага, така Џефри се повеќе навлегува во мрачниот свет на малоградското подземје, дом на Френк Бут, аморален злосторник и водач на група криминалци вмешана во убиствa, силувања и склона кон уживање на халуциногени средства.

Син сомот наидува на големо одобрение од критичарите и, имајќи го предвид емитирањето во ограничен број кина, се смета и за успешен на боксофисот. Дејвид Линч се здобива со втората номинација за оскар за најдобар режисер токму за Син сомот. Денес, филмот, заедно со Кјубриковите Пеколен портокал и 2001: Вселенска одисеја, и Евтини приказни на Квентин Тарантино се смета за еден од најзначајните и најуспешни култни класици на сите времиња. (повеќе...)

Седмица 39, 22.09. - 28.09.2008

Гимнастика е спорт во кој се изведуваат физички вежби за кои е потребна комбинација на физичка сила, брзина и кондиција. Во модерната гимнастика се изведуваат вежби на разбој, греда, партер, коњ со разчки и без рачки (прескок), кругови и вратило. Гимнастиката се развивала врз основа на вежби кои се изведувале во античко време, како јавнување и симнувањње од коњ и циркуски вештини.

Зборот гимнастика потекнува од грчкиот збор γυμναστική(гимнастике) што значи „фонд на физички вежби“, од γυμνάσια (гимназија) што значи „вежба“ и γυμνός (гиннос) што значи „гол", бидејќи физичките вежби се изведувале со голо тело.

Гимнастиката за прв пат се појавила во Египет, но тогаш се сметало дека тоа биле само акробации. Во 2 милениум п.н.е. на островот Крит, како дел од минојската култура многу мажи и жени почнале да скокаат преку бикови. Ваквата опасна вежба се состоела во скок кон бикот кој е во фаќање, држење и испуштање од неговите рогови по што следувале акробации во воздух.

Во римската држава гимнастиката исто така била популарна како и во стара Грција, а таа главно се практикувала во подготвувањето на војската. Со укинувањето на Античките олимписки игри во 393 година од страна на римскиот император Теодосиј Велики, гимнастиката како и останатите спортови останала заборавена со векови.

Седмица 38, 15.09. - 21.09.2008
Грб на Република Турција

Република Турција (Türkiye Cumhuriyeti) е земја сместена во југозападна Азија и со мал дел од својата територија (3%) во југоисточна Европа. До 1922 година земјата беше центар на Отоманската Империја. Анатолискиот полуостров, меѓу Црно Море и Средоземно море, го формира јадрото на земјата.

Денешната Турција е возобновена во 1923 година од Кемал Ататурк. Се граничи на исток со Грузија, Ерменија, Азербејџан и Иран; на југ со Ирак и Сирија; и на запад со Грција и Бугарија. Главен град е Анкара.

Вкупниот број на население на Турција изнесува 71.158.647 (2007). Природниот прираст е околу 1,04 %. Просечната густина на населението е околу 92 жители на километар квадратен. Провинцијата Истанбул има најголема густина на население со околу 2.420 жители на километар квадратен. Околу 70,5 % од населението живее во градовите и половина од населението е помладо од 28 години.

Турција е член на ОН од 1945. и на НАТО од 1952. година и е земја-кандидат за членство во ЕУ.

Седмица 37, 08.09. - 14.09.2008
Церемонија по повод 20 години од независноста на Република Македонија на 8 сетпември 2011 г. На сликата, Баталјонот за почести на АРМ свечено му предава државотворен документ на претседателот на Собранието на РМ, Трајко Велјановски.

Ден на независноста на Македонијадржавен празник кој се празнува во Македонија на 8 септември. Празникот популарно е наречен и 8-ми Септември. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ, на 8 септември 1991 г. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определил за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласила независност. Веднаш по тој чин дошло до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир завршил за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.

Денот на независноста како државен празник е неработен ден во Македонија. Претседателот и Владата на Македонија организираат разни свечености. Претседателот традиционално го доделува Орденот „8 Септември“. Народот традиционално оди на излети во познатите излетнички места. Македонскиот олимписки комитет организира спортски пикници, а додека Мотоциклистичката федерација на Македонија го организира Меѓународното мото рели „Македонија 2008“ во Скопје. Сите македонски амбасади, конзулати и преставништва приредуваат пригодни коктели и свечености во земјите во кои се наоѓаат. (Дознајте повеќе...)


Седмица 36, 01.09. - 07.09.2008

За оваа седмина била избрана статијата Макс Еве. По ревизијата извршена на 8.11.2010 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 35, 25.8. - 31.8.2008

За оваа седмина била избрана статијата Старомакедонска азбука. По ревизијата извршена на 28.10.2010 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 34, 18.8. - 24.8.2008
Освојувањето на Цариград 1204. во 4. Крстоносна војна

Крстоносните војни претставуваат серија од воени кампањи и походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од страна на христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле покренати против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против евреите, руските и грчките православни христијани, монголците, катарството и политичките противници на папата.

Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале се со учество на рицари, монаси, кои ќе војуваат против арапите, маврите, Турците-Селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од Западна Европа се појавиле католички професионални војници –кои најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката публика идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите „Бог тоа го сака“. Во крстоносните војни учествувале множество претставители на витешки редови како што биле болничари, Витези-Темплари, Ред на Свети Лазар Ерусалимски, Тевтонски витези, Малтешки ред и.т.н.

Седмица 33, 11.8. - 17.8.2008
mini

Александар Македонски или Александар III Велики, роден во Пела, Македонија, на 20 јули 356 п.н.е. — починал во Вавилон, на 10 јуни 323 п.н.е., крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади, еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водство на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет и Месопотамија. Ги проширил границите на Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-македонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде светска држава.

Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде исто така голем, ако не и поголем од татка си. Teшко e да ја израмнуваме и мериме големината на Филип и Александар Македонски. Можело да се случи, но не се случило да Филип Македонски освои се што може да се освои и да не остави на својот син да изврши ни едно големо и славно дело. Сепак, пред необузданиот копнеж на Александар Македонски за воени подвизи и откривање на далечни непознати земји се отворило бескрајно поле на можности.

Седмица 32, 4.8. - 10.8.2008

Летните олимписки игри 2008, официјално познати како Игри на XXIX Олимпијада, моментно се прославуваат со почеток на 8 август 2008 до 24 август 2008, почнувајќи со церемонијата на свеченото отварање којашто започна точно во 08:08:08 попладне (кинеско централно време) (12:08:08 UTC) на Националниот стадион во Пекинг, Народна Република Кина. Неколку настани ќе се одржат надвор од Пекинг, а истите ги опфаќаат фудбалското натпреварување (во Квинхуангдао, Шангај, Шенјанг и Тјаижин), јавачкато натпреварување (во Хонг Конг) и натпреварувањето во едрење (во Квингдао). Ова ќе биде трет пат Олимпијадата да се одржува под јурисдикција на два различни олимписки комитета (Хонг Конг и Кина се натпреваруваат одделно).

Организацијата на Олимписките игри беше доделена на градот Пекинг, Народна Република Кина по гласањето на Меѓународниот олимписки комитет оддржано на 13 јули 2001. Официјалното лого на игрите, насловено „Разиграниот Пекинг“ прикажува стилизиран кинески калиграфски симбол, „жинг“(, со значење главен град), алузивно поставено во однос на градот домаќин. Маскотите на Пекинг 2008 се пет „Фува“ (кинески:福娃, Fúwá); буквален превод „кукли за добра среќа“), секоја обоена во една од боите на Олимписките прстени. Олимпискиот слоган, Еден свет, еден сон, го повикува светот да се обедини во олимпискиот дух. Атлетите ќе се натпреваруваат во 302 натпреварувања во 28 спортови, само еден натпревар повеќе од распоредот на игрите од Атина 2004. Како учесници ќе се појават и неколку нови земји, чии национални олимписки комитети се признаени од МОК во периодот меѓу двете олимписки години.

Седмица 31, 28.7. - 3.8.2008
Еже во маглата на советска марка од 1988 година.

Еже во маглата (руски: Ёжик в тума́не) е советски анимиран филм од 1975 во режија на Јуриј Норштејн и продукција на Сојузмултфилм. Сценариото е напишано од страна на Сергеј Козлов, кој подоцна објавува и книга со истото име. Сепак, во 2006 година, книгата е реиздадена а како потписници на истата се јавуваат и Козлов и Норштејн; овде Норштејн појаснува дека и самиот тој има одреден удел во пишувањето на сценариото.

Еже во маглата се смета за еден од најдобрите цртани филмови во историјата. Во 1976 година, добива награда за најдобар филм на Кинофестивалот на републиките одржан во Фројнц како и на Техеранскиот филмски фестивал на децата и младината. Во 2003 година, пак, цртаниот е прогласен за најдобар на сите времиња откако е спроведена анкета меѓу 140 кинокритичари и аниматори од сите страни на светот. Претходно, на два пати оваа титула му е доделена на еден друг цртан филм на Норштејн - Приказна на приказните; овде тој завршува на второто место.


Седмица 30, 21.7. - 27.7.2008
Натписи на монголски јазик со различни писма

Монголскиот јазик ( Monggol kele.svg, Mongɣul kele, кирилица: Монгол хэл, Mongol khel) е најпознатиот јазик на подгрупата на монголски јазици од алтајската јазична фамилија. Монголскиот јазик е официјален јазик на Монголија и се пишува со кирилица. Во текот на својот развој, јазикот се пишувал и со традиционалното монголско писмо што се вовело во монголскиот јазик прегу ујгрурскиот јазик со одредени модификации. Исто така, јазикот се зборува во НР Кина, поточно во Внатрешна Монголија, во Русија и во Киргистан. Во Автономниот Регион Внатрешна Монголија, монголскиот јазик е официјален јазик заедно со кинескиот јазик, иако бројот на монголците што живеат во тој регион не е повеќе од 30 проценти. Во Монголија се зборува Халх дијалектот па поради тоа јазикот се нарекува и како Халх монголски јазик. Во НР Кина, монголскиот се нарекува и како чахарски, ојирадски или бургу-бурјатски. Јазикот го зборуваат околу 5,7 милиони луѓе, од кои повеќето се надвор од границите на денешна Монголија.

Првите зачуван монголски текст е Каменот од Јисунге, извештај за спортови на монголско традиционално писмо што датира некаде од 1224 или 1225 година. Други рани записи напишани на монголски јазик се фагспа натписот (декрети), кинески карактери, Тајната историја на монголците, арапска азбука (речници), и мал број западни натписи. Овие натписи и текстови го претставуваат средновековниот монголски јазик што се зборувал од 13 век па се до раниот 15 век или 16 век. Документите на монголски јазик покажуваат некои различни лингвистички карактеристики и се често разделени со именување на наивниот јазик како пред-класично пишување на монголски јазик. Класичниот монголски јазик датира од 17 па се до 19 век. Јазикот се пишувал со голем степен на стандардизација во ортографијата и синтаксата што е блиску до денешниот модерен монголски јазик. Најзначајните монголски документи од овој период се монголските канџур и танџул, како и неколку колекции на хроники.


Седмица 29, 14.7. - 20.7.2008
Кинески чај во листови

Чај (од кин. 茶, chá) е пијалок кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка (лат. Camellia sinensis), во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Зависно од начинот на преработка на чајните листови, постојат четири главни вида на чај (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај. Поимот „билен чај“ се однесува на инфузии од овошки или билки (како шипинка, камилица, или џиоагулан) кои не содржат Camellia sinensis. Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis.

Чајот е природен извор на аминокиселината теанин, метилксантини како кофеинот и теоброминот, и полифенолски антиоксидантски катехини. Речиси воопшто не содржи јаглехидрати, масти или протеини. Има разладен, малку нагорчлив и устособирачки вкус.

Според една позната кинеска легенда, Шеннунг, легендарниот кинески цар, изумител на земјоделството и кинеската медицина, околу 2737 п.н.е. пиел врела вода кога ветрот дувнал и неколку листови од блиското дрво паднале во чашката, па течноста почнала да ја менува бојата. Љубопитниот монарх пробал од новонастанатиот пијалок и пријатно се изненадил од вкусот и закрепнувачките својства. Друга варијанта на легендата вели дека царот на себеси ги опитувал лековитите својства на растенијата, од кои некои биле отровни, и увидел дека чајот работи како противотров.

Седмица 28, 7.7. - 13.7.2008


Неидентификуван летечки објект или НЛО, е било каков летечки објект кој не може да биде идентификуван. Најголемиот дел од дискусиите за НЛО целат кон тоа дека некои од нив би можеле да бидат вонземјански направи, но нема научни докази кои би го поддржале ова објаснување.

Извештаи за необични воздушни феномени датираат уште од антички времиња, но актуелни записи и први официјални истраги започнуваат да се пишуваат и спроведуваат дури за време на Втората светска војна, со забележувања на т.н. фу-фајтери во 1946 и широко-познатите видувања на европски „ракети-духови“. Овие НЛО видувања и пријавувања пристигнуваат во сé поголем број по првиот публициран натпис во САД за НЛО, кога приватниот пилот Кенет Арнолд, во летото 1947, тврди дека видел еден таков објект. Оттогаш се пријавени десетици илјади видувања на НЛО на светско ниво.

Седмица 27, 30.6. - 6.7.2008
Распоред на натпреварите Евро 2008.

Европското првенство во фудбал 2008, често нарекувано само Евро 2008 е тринаесеттото Европско првенство во фудбал, најголем фудбалски турнир на кој учествуваат најдобрите фудбалски репрезентации од европскиот континент. Турнирот, чии домаќини беа Австрија и Швајцарија, започна на 7 јуни 2008 година и заврши со големото финале меѓу Шпанија и Германија, одиграно на Ернст Хапел стадионот во Виена на 29 јуни 2008, на кое шпанската репрезентација со голот на Фернандо Торес успеа да ја освои својата втора европска титула. Претходно, во полуфиналните натпревари, Шпанија ја победи Русија, а Германија во еден возбудлив натпревар успеа да ја совлада Турција со гол во последната минута.

На турнирот учествуваа шестнаесет земји. Австрија и Швајцарија се квалификуваа автоматски како домаќини; останатите четиринаесет репрезентации беа избрани низ квалификациски циклус, кој отпочна од август 2006 година. Шпанија, како победник на Евро 2008 се пласира на Купот на Конфедерациите 2009, закажан да се оддржи во Јужна Африка.

Седмица 26, 23. - 29.6.2008
Bitola 2007.JPG

Битола е град во југозападниот дел на Република Македонија, административен, културен, економски, индустриски, образовен, научен како и дипломатски центар, и поради тоа е познат и под името град на конзулите. Битола е втор по големина град во Република Македонија според бројот на жители, и трет според површината. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во битолскиот Народен музеј.

Традиционално силниот трговски центар, е познат и како град на конзулите поради тоа што за време на Отоманската империја, Битола имала дури дваесет конзулати од разни европски земји. Во истиот период, градот имал многу школи, меѓу другите и воена академија, којашто ја посетувал и славниот турски реформатор Кемал Ататурк. На крајот на деветнаесеттиот век бил толку просперитетен град, што неговото население непрестано растело и го надминало бројот на населението на Белград. Градот бил преполн со фабрики, а интересно е и тоа што покрај фабриката на Сингер, во Битола уште во тоа време постоела фабрика за слатки. Во Битола се снимени првите фотографии и филмови на Балканот, благодарејќи на браќата Манаки. Тоа било златното доба на градот. За жал, за време на Балканските војни, многу битки биле водени во околината на градот и самиот град, па многу материјални докази, како и фотографски документи, изгореле или биле потполно уништени. Архитектурата можела да се обнови, посебно последните петнаесетина години, а докази за сѐ што се случувало се и прераскажувањата на старите кои добро се сеќаваат. Меѓутоа, денес останале многу организации и фестивали, коишто по долг период, повторно се оддржуваат. Еден од нив се оддржува секој година од 29 јули до 2 август во Битола, во знак на спомен на Илинденското востание, под името „Културен фестивал Илинденски денови“.

Седмица 25, 16. - 22.6.2008

Евтини приказни (англиски: Pulp Fiction) е американски филм од 1994 на режисерот Квентин Тарантино кој го напиша заедно со Роџер Ејвери. Познат е по нелинеарната приказна, еклектичкиот дијалог, ироничната мешавина на хумор и насилство и референци од филмови и од популарната култура. Номиниран е за седум Оскари, вклучувајќи за најдобар филм; Тарантино и Ејвери ја освоија наградата Оскар за најдобро оригинално сценарио. На Канскиот филмски фестивал е награден со Златна палма. Големиот комерцијален успех ја ревитализираше кариерата на главниот глумец, Џон Траволта, кој беше номиниран за Оскар, како и Семјуел Л. Џексон и Ума Турман.

Насловот на филмот се однесува на шунд списанијата и „тврдо варените“ криминалистички романи од средината на 20 век, познати по сликовитите прикази на насилство и испразнети дијалози. Приказната е, како и во другите дела на Тарантино, нелинеарна. Критичарите го нарекуваат филмот прв пример за постмодерен филм заради неговата саморефлективност и неконвенционална структура. Евтини приказни послужи како инспирација за многу подоцнежни филмови кои примија многу елементи од неговиот стил. Природата на неговата продукција, маркетингот и дистрибуцијата и дополнителната профитабилност имаа силно влијание на подрачјето на независната кинематографија.

Седмица 24, 9. - 15.6.2008
Статуа на Јустинијан I на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Јустинијан I (латински: Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus; 11 мај 48313/14 ноември 565) — византиски владетел од Македонија како император на Источното римско царство (од 527565 год.), христијанин и православен теолог. Најстојувал да ја обнови моќта и големината на Римската империја која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на Империјата, првенствено со воените походи на Велизариј, како и по неговиот брак со императорката Теодора, која била сметана за негов ко-регент. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право. Јустинијан бил една од најзначајните личности во доцната антика, и со него завршува периодот на благосостојба во Византија, сè до IX век кога таа повторно ќе се издигне.

Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Верувал и живеел според верата. За време на пост не јадел леб и не пиел вино, а се хранел со зелје и пиел вода секој втор ден. Завојувал со дунавските варвари само затоа што ги кастрирале заробениците. Ова е еден од знаците на неговото човекољубие. Бил среќен и успешен во војните и во работата. Изградил голем број прекрасни храмови, од кои најубав е Света Софија во Цариград. Ги собрал и ги спроведувал римските закони. Самиот издавал многу строги закони против неморал и распусност. Ја составил црковната песна „Јединородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536 година почнала да се пее на литургија. Го свикал Петтиот Вселенски Собор во 553 година.

Поради неговите заслуги за развојот на црквата и ширењето на верата, Светиот Цар Јустинијан се смета за светец во православното христијанство. Прочитајте повеќе...


Седмица 23, 2. - 8.6.2008
Амблем на Федерацијата на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина.

Меѓународниот Црвен Крст и Црвена Полумесечина е меѓународно хуманитарно движење со околу 97 милиони доброволци ширум светот, чија мисија е да го штитат човечкиот живот и здравје, да обезбедат почитување на човекот, и да го оневозможат или олеснат човечкото страдање, без било каква дискриминација заснована на националност, раса, религија, класна припадност и политичко мислење.

Често слушаниот израз „Меѓународен Црвен Крст“ всушност е погрешен, бидејќи не постои таква организација. Во стварност, Движењето се состои од неколку одделни организации кои се правно независни, но се обединети во Движењето преку заеднички основни принципи, цели, симболи, статути и органи на управување. Деловите на Движењето се:

  • Меѓународниот Комитет на Црвениот Крст (МКЦК), приватна хуманитарна установа основана во 1863 во Женева, Швајцарија. 25-члениот Комитет, според меѓународните хуманитарни закони, има уникатно право да го штити животот и достоинството на жртвите од меѓународни и граѓански вооружени конфликти.
  • Меѓународната Федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина, основана во 1919 и која денес ги координира активностите меѓу 186 национални здруженија. Секретаријатот на Федерацијата е со седиште во Женева, Швајцарија. Федерацијата ги предводи и огранизира, во тесна соработка со националните здруженија, мисиите за помош во случаи на големи непогоди.

Национални здруженија на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина постојат во речиси сите земји во светот. Во моментов, 186 национални здруженија се признаени од МКЦК и се примени како полноправни членови на Федерацијата. Секоја членка работи во својата земја според принципите на меѓународното хуманитарно право и статутите на меѓународното движење. Зависно од нивните конкретни околности и можности, националните здруженија можат да преземат дополнителни хуманитарни активности кои не се директно дефинирани со меѓународното хуманитарно право или со одредбите на меѓународното движење.

Седмица 22, 26.5.2008 - 1.6.2008

Манчестер Јунајтед (англ. Manchester United) е светски познат англиски фудбалски клуб, чиј стадион е Олд Трафорд кој се наоѓа во Трафорд, пошироката околина на Манчестер. Тој е еден од најпопуларните спортски клубови во светот со повеќе од 50 милиони обожаватели. Манчестер Јунајтед е исто така и еден од најуспешните клубови во светот, а во англиската лига се наоѓа на второто место по бројот на освоени титули, веднаш зад Ливерпул. Ја има освоено англиската лига 17 пати, ФА Купот - 11 пати (рекорд во Англија), два пати Лига Купот, Купот на Победниците на Куповите на УЕФА еднаш, Интерконтиненталниот Куп еднаш и Европскиот Супер Куп еднаш.

На 21. мај 2008. со победата над Челзи Манчестер Јунајтед по трет пат победи во Лигата на шампионите.

Клубот има највисок просек на посетеност на натпреварите во англиската лига континуирано во последните 34 сезони, со исклучок на периодот од 1987-1989 за време на реновирањето на Олд Трафорд. Меѓу европските клубови, Манчестер е предводник во однос на годишните финансиски добивки во текот на деценијата меѓу 1990 и 2000, во наредниот период го губи приматот но во 2008 година повторно е најбогат клуб во светот со вредност од 1 милијарда и 330 милиони долари.

Од 1991 година клубот се водеше како Друштво со ограничена одговорност и требаше да биде преземено од Руперт Мердок во 1998 преку зделка што беше блокирана од британската влада. Кон крајот на 1990тите, вредноста на клубот достигна повеќе од £1 милијарда, правејќи го процесот на откупување безмалку невозможен. Сепак, во мај 2005, Малколм Глејзер го комплетираше превземањето на компанијата против волја на клубот и го повлече името Манчестер од лондонската берза.

Моментално, капитен на Манчестер Јунајтед е Гери Невил, кој капитенската улога ја презеде од Рој Кин на 16 ноември 2005 година.

Седмица 21, 19.5.2008 - 25.5.2008
Jacques-Louis David 017.jpg

Наполеон Бонапарт (1769-1821), француски император, основоположник на многу реформи на Француската Револуција. Тој е еден од најголемите воени гении во 19 век; ја освоил цела Западна Европа и Египет, додека воведувал реформи во овие нови територии, цело време им гарантирал слобода на народот и дека ќе го подобри начинот на живеење. Тој самиот се крунисал за император на Франција во 1804 и вовел реформи очекувајќи да го обедини незадоволниот народ. Неколку од Наполеоновите реформи се во употреба и денес.

Наполеон e роден на 15 август 1769 г. во Ајачо, на островот Корзика и e крстен како Наполеон (во Франција неговото име станало Наполеон Бонапарта). Тој е второто дете (од осумте деца) на Карло (Чарлс) Бонапарта и Летиција Рамолино Бонапарта, и двајцата од повисоката Корзиско-Италијанска класа. Но, Наполеон никогаш не бил професионален војник. Карло бил адвокат кој се борел за Корзијската независност, но откако Французите го освоиле островот во 1768, тој служел како обвинител и судија, и влегол во Француската аристократија како гроф. За време на влијанието на татко му, Наполеон се изучувал на трошок на кралот Луј XVI, во Брине и Военото Училиште, во Париз. Наполеон матурирал во 1785, на возраст од 16 години, и се приклучил на артилеријата како втор наредник...

Седмица 20, 12.5.2008 - 18.5.2008

Арсенал ФК е професионален фудбалски клуб од Холовеј, Северен Лондон. Тимот игра во Англиската Премиер Лига и е еден од најуспешните во англискиот фудбал, со освоени 10 трофеи во Англиска Прва Дивизија, 3 во Англиската Премиер Лига и 10 ФА купови.

Основан е во 1886 година во Вулвич, југо-источен Лондон од страна на работници во Кралскиот Арсенал. Својот прв голем трофеј го освоиле во 30те, а тој трофеј го проследиле со освојување уште 5 прволигашки титули и 2 ФА Купови. Во повоениот период Арсенал стана втор клуб во Англија кој освоил Двојна Круна. Тоа го направил во сезоната 1970-71. Оттогаш Арсенал стана еден од најуспешните клубови во Англија, освојувајќи уште две Двојни Круни, Премиер Лигата 2003-04 без пораз (втор клуб кој успеал да направи вакво нешто, прв во Премиер Лигата) а во 2005-06 стана првиот лондонски клуб кој стигнал до финалето на Лигата на Шампиони.

Клубот од своето основање игра со црвено-бели дресови, кои со текот на годините го имаат променето единствено дизајнот. Арсенал се има преселено, од Вулвич каде што бил основан, на стадионот Арсенал во Хајбери Северен Лондон во 1913. Во 2006 клубот повторно се пресели, овојпат 500 метри на запад на новиот Стадион Емирати во Холовеј.

Арсенал имаат голем број навивачи, во Лондон но и во остатокот од Велика Британија и светот. Клубот има и долги ривалства со неколку клубови од Англија. Меѓу најдолгите е она со локалниот ривал Тотенхем Хотспур. Меѓу двата клуба редовно се одигрува познатото Северно Лондонското Дерби. Арсенал е еден од најбогатите клубови во Англија, со проценета вредност од околу 600 милиони фунти во 2007.

Арсенал е основан под името Дајл Сквер во 1886 од работници во Кралскиот Арсенал во Вулвич, но набрзо бил преименуван во Кралски Арсенал. Тимот повторно го променил името во Вулвич Арсенал, кога се здобил со професионален статус во 1891. Клубот влегол во Фудбалската Лига во 1893, почнувајќи во Втората Дивизија, а се изборил и за влез во Првата Дивизија во 1904. Сепак географската изолација резултирала со помала посетеност на натпреварите споредено со другите клубови што довело до сериозни финансиски проблеми и прогласување на банкрот во 1910, кога клубот бил купен од

Седмица 19, 5.5.2008 - 11.5.2008

Киро Глигоров бил првиот претседател на самостојна Република Македонија од 1991 до 1999 година. Функцијата ја извршувал во два мандати: прв пат за претседател бил избран на 27 јануари 1991 година од страна на Собранието на Република Македонија, а втор пат на 19 ноември 1994 на општи претседателски избори. Функцијата претседател на Републиката ја вршел до 19 ноември 1999 година.

Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Завршил правен факултет во Белград во 1939 година. Соработувал со Кузман Јосифовски - Питу и активно се вклучил во комунистичкото и антифашистичкото движење. На Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 во манастирот Свети Прохор Пчињски, тој го водел записникот од заседанието, но исто така бил избран и за член на АВНОЈ.

Од 1945 до 1987 вршел бројни високи функции во федералната власт и во комунистичката партија на СФРЈ во Белград. Во 1987 се пензионирал, а потоа продолжил да соработува со Анте Марковиќ, а подоцна и со Петар Гошев на реформирањето на политичкиот и економскиот систем на СФРЈ. Во 1989 се вратил во Македонија.

На 3 октомври 1995 година врз Глигоров бил извршен неуспешен обид за атентат, кој го преживеал со тешки повреди на главата. Нарачателите и извршителите на атентатот до денес се непознати.

Кон крајот на својата кариера, Киро Глигоров бил најстариот македонски политичар, со околу 70 години активност во современата историја на Македонија. Во 1999 година, кога завршил неговиот втор претседателски мандат, тој имал 82 години, а во 2000 Гинисовата книга на рекорди го забележалa како најстар претседател на држава во светот.

Седмица 18, 28.4.2008 - 4.5.2008
Гоце Делчев.

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 - Баница, 4 мај 1903) — македонски револуционер и национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Во Бугарија исто така му оддаваат почит на Делчев како национален херој.

Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.

Учествувал на Солунскиот конгрес на кој била усвоена нова идеологија и стратегија во дејствувањето. Со Ѓорче Петров ги изработиле новиот Устав и Правилник на Организацијата.

Делчев бил посветен на функционирањето на тајните канали, курирската служба, тајната пошта, обезбедувањето материјални средства и снабдувањето на Организацијата со оружје, со муниција, со револуционерна литература и со весници. Организирал производство на бомби и експлозиви во с. Саблер (Ќустендилско), Бургас, Пловдив, а потоа и на Св. Гора (меѓу Зографскиот манастир и Хиландар). Тој е основач на Четничкиот институт и творец и воспитувач на првите организациско-агитациони чети и војводи. Заедно со Ѓорче Петров изработиле Правилник за четите. Со формирањето на селската милиција била доградена четничката организација, која непосредно ја раководел Делчев, со статус на главен ревизор. Револуционерната организација ја презела на дело судската и извршната власт. Дејствувала тајна македонска држава во Османлиската империја.

Од Солун се упатил за Серско на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ. Пристигнал во селото Баница, Серско на 3 мај. Војската го опколила селото и во борбата утрото загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.

На 2 мај Делчев пристигнал во село Баница, близу до Сер, за што од страна на непознат(и) дознала турската управа. Во зорите на 4 мај 1903, Гоце Делчев и неговата придружба биле известени од јатаците дека биле под опсада од турската војска (аскер). Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил убиен.

Неговите посмртни останки од 11 октомври 1946 година се погребани во Скопје, во црквата Свети Спас.

Седмица 17, 21.04.2008 - 27.04.2008

Канада зафаќа поголем дел од Северна Америка, на југ се граничи со САД, на северозапад со сојузната држава на САД - Аљаска. Се протега од Атлантскиот океан на исток до Пацификот на запад, на север се наоѓа Арктичкиот океан.

Првите Европски доселеници се Викинзите, кои околу 1000-та година се населуваат на брегот на Атлантикот. Следната посета на Европјаните е во 1497, кога истражувачката експедиција на Џон Кебот од Кралството Англија пловела покрај Атлантскиот брег на Канада и Жак Картие во 1534 од Франција. По нив, повремено до истиот брег допловувале рибари и китоловци од Баскија во текот на целиот 16-ти век.

Канада има околу 31,5 милиони жители. Прирастот на населението се должи главно на доселеништвото. Околу 3/4 од населението живее во појасот од 150 km од границата со САД, веројатно поради климатските прилики. Огромното мнозинство од населението живее во појасот Квебек сити - Виндзор, кој ги опфаќа и градовите Монтреал, Отава и Торонто, потоа во појасот Едмонтон - Калгари во Алберта и Ванкувер, Британска Колумбија. Според пописот од 2001, Канада има 34 етнички групи со по најмалку 100.000 припадници, a 83% од населението се сметаат за белци.

Официјални јазици во Канада се англискиот и франускиот. Англискиот е мајчин јазик на 59,7%, а францускиот на 23,2% од населението. 98,5% од канаѓаните зборуваат англиски или француски. 85% од франкофоните живеат во Квебек. Неколку индијански јазици исто така имаат официјален статус во Северозападните територии. Инуктитут е мнозински јазик во Нунавут и еден од трите официјални јазици во територијата.

Според многу показатели, како што се Степенот на човеков развој на ОН, Индексот на глобализација, Квалитетот на живот, Одржливоста на животната средина, Економските слободи и др., Канада е меѓу водечките земји во светот. Во Канада живеат голем број македонски иселеници и нивни потомци.

Седмица 16, 14.04.2008 - 21.04.2008

За оваа седмина била избрана статијата Георг Фридрих Хендл. По ревизијата извршена на 15.11.2010 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 15, 06.04.2008 - 13.04.2008

За оваа седмина била избрана статијата Шарл Бодлер. По ревизијата извршена на 15.11.2010 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 13, 24.03.2008 - 30.03.2008
Елизабета I - кралица на Англија, кралица на Франција (само титуларно) и кралица на Ирска.

Елизабета I (англ. Elizabeth I) (7 септември 1533 - 24 март 1603) била кралица на Англија, кралица на Франција (само титуларно) и кралица на Ирска од 17 ноември 1558г. па се до нејзината смрт. Понекогаш е попозната преку нејзините синоними како Девствената Кралица или Добрата Кралица Бес. Кралицата Елизабета претставувала петти и последен монарх од династијата Тјудори (претходните пет биле нејзиниот дедо Хенри VII, нејзиниот татко Хенри VIII, нејзиниот полубрат Едвард VI и нејзината полусестра Мери I). Владеела околу 45 години, период кој бил обележан со зголемување на Анлгиската моќ и влијание во меѓународните односи, како и големи религиозни нереди кои беснееле внатре во Англија.

Нејзиното владеење е одбележано како Елизабетино доба или Златното доба на кралицата Елизабета. Вилијам Шекспир, Кристофер Марло и Бен Џонсон сите живееле и твореле за време на оваа ера; Францис Дрејк станал првиот Англичанец кој го обиколил светот; Францис Бејкон ги изнел своите политички и филозофски гледишта; а Англиската колонизација на Северна Америка отпочнала благодарејќи на Сер Волтер Рајли и Сер Хамфри Гилберт. Елизабета била сигурна и силна владетелка. Нејзиното омилено мото било video et taceo („гледам и памтам“). Оваа последна нејзина карактеристика, честопати посматрана со нетрпение од нејзините советници, ја има спасено од недолични додворувања и брачни понуди. Баш како и нејзиниот татко Хенри VIII кој бил писател и поет, и Елизабета ги следела неговите стапки. Има врачено Кралски прогласи на неколку значајни организации меѓу кои вредни да се споменат се Колеџот на Тројството во Даблин во 1592. како и на Источноиндиската компанија во 1600.

Седмица 12, 17.03.2008 - 23.03.2008

За оваа седмина била избрана статијата Косовска битка. По ревизијата извршена на 15.11.2010 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 11, 10.03.2008 - 16.03.2008
Белата кула во Солун

Солун (грчки Θεσσαλονίκη, латински Thessaloníki) е вториот по големина град (веднаш по Атина) во Република Грција и главен град на Централна Македонија. Основач на Солун е кралот Касандар во 315 год. п.н.е., крал на Македонија (Μακεδών). Градот така бил наречен според неговата сопруга Тесалоника, сестра на Александар Македонски. За заштитник на градот се смета Свети Димитрија кој градот го добил во 306 година. Во Солун се родени и словенските браќа Свети Кирил и Методиј, кои земајќи го јужниот говор во Македонија го создале старословенскиот јазик. Нa 23 октомври 1893 година, во Солун била основана ВМРО, чија цел била добивање на автономија за Македонија преку револуционерна борба. Во Солун, од тој период се познати и големите напади од страна на ВМРО и нејзините членови наречени гемиџии. По Балканските војни, градот стапил во составот на Грција. Еврејската населба во Солун била една од најголемите населби во градот. Евреите во времето на Османлиската империја го сочинувале половина од вкупното население на градот.

Седмица 10, 03.03.2008 - 09.03.2008
National Emblem of the People's Republic of China.svg

Кинескиот јазик (汉语/漢語, Ханји; 中文, Чунгвен) може да се смета за јазик или за јазично семејство и првично се зборувал од Хан-Кинезите во Кина. Тој ја сочинува една од двете гранки на синотибетското јазично семејство.Околу една шестина од светското население, или над милијарда луѓе, зборуваат некаков кинески како мајчин јазик. Дали кинеските варијанти можат да се наречат „јазици“ или „дијалекти“ е прилично спорна тема. Како јазично семејство, кинескиот има околу 1.2 милијарди говорници; само мандаринскиот има околу 850 милиони говорници, бројно надминувајќи ги сите јазици на светот.

Говорниот кинески се одликува со голема внатрешна разнообразност, иако сите кинески варијанти се тонски и аналитички. Постојат помеѓу шест и дванаесет регионални групи на кинески (зависно од начинот на класификација), од кои (во огромна мера) предоминантен е мандаринскиот (~ 850 милиони), а по него следи Ву (~ 90 милиони), Мин (~ 70 милиони) и кантонскиот (~ 70 милиони). Највеќето од нив се меѓусебно разбирливи, иако некои, како Хсијанг и југозападните мандарински дијалекти се разбирливи во извесна помала мера. Кинескиот се класификува како макројазик со тринаесет подјазици ISO 639-3, иако прашањето дали овие се „јазици“ или „дијалекти“ е мошне спорно.

Седмица 09, 15.02.2008 - 02.03.2008

Џозеф Кемпбел (26 март 190430 октомври 1987) е американски митолог, писател и оратор најпознат по неговата работа на полето на компаративната митологија и религија.

Кога како мал го посетува Американскиот музеј за национална историја, Кемпбел толку многу се восхитува од артефактите на американските староседелци што уште тогаш ја развива својата животна опсесија: митот и заедничките обележја на различните култури, особено на оние кои никогаш и не биле во контакт.

Со образование се здобива во САД (на Универзитетот Колумбија) и Европа (каде ги посетува Парискиот и Минхенскиот Универзитет). За неколку месеци научува и француски и германски, јазици кои течно ги зборува до крајот на својот живот. Поради несогласувања со раководството на својот матичен универзитет, Кемпбел се откажува од понатамошното школување и обидот да се здобие со докторат.

Големо влијание врз Кемпбеловата филозофија имаат Карл Јунг, Фридрих Ниче, Зигмунд Фројд, Џејмс Џојс, Томас Ман и Артур Шопенхауер. Улогата на херојот и структурата на мономитот се најпознати плодови на неговата работа, творби чие влијание ги надминува границите на компаративната митологија. Впрочем, по излегувањето на првиот филм од серијалот Војна на ѕвездите во 1977 година, режисерот Џорџ Лукас ќе рече дека приказната е обликувана преку идеите обработени во Херојот со илјада лица од страна на Кемпбел.

Седмица 08, 18.02.2008 - 24.02.2008

За оваа седмина била избрана статијата Струмица. По ревизијата извршена на 15.11.2010 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 07, 11.02.2008 - 17.02.2008

Нобеловата награда за литература (шведски: Nobelpriset i litteratur) е награда која се доделува секоја година, почнувајќи од 1901 на автор од некоја земја кој, според зборовите на Алфред Нобел од неговиот тестамент, го има напишано "најзначајното дело со идеалистички тенденции" (во оригинал на шведски: den som inom litteraturen har producerat det utmärktaste i idealisk riktning). "Делото" во овој случај се однесува на авторовиот опус, иако понекогаш се цитираат и поединечни дела. Шведската Академија одлучува кој, доколку и воопшто има некој, ќе ја прими наградата во соодветната година, а неговото име го објавува во почетокот на октомври.

Изборот на Нобел да го вметне зборот "идеалистичко" или "идеално" (во македонски превод) како основен критериум при одбирањето на лауреатите е причина за многу контроверзии и несогласувања (шведскиот збор idealisk може да се преведе и како "идеалистички" и како "идеален".) Во почетокот на дваесеттиот век, Одборот за доделување на наградата се осврнува кон првото значење на зборот, и ова е единствената причина што автори од типот на Лав Толстој и Хенрик Ибзен не ја добиле Нобеловата награда. Сепак, во последно време, зборот е сфатен во многу послободното значење, па Нобеловата награда за литература се доделува и на писатели чии дела се од големо значење, но и на такви кои се залагаат за почитување на човековите права; вторава причина, за некои луѓе, е причина да се додаде и политичка конотација на наградите.

"Крунскиот момент во текот на церемонијата по повод доделувањето на наградата во Стокхолм е кога лауреатот истапува за да ја прими наградата од Неговото Височество - Кралот на Шведска. ... Пред очите на целиот свет, Нобеловиот лауреат прима три нешта: диплома, медал и документ кој го потврдува износот на наградата".

Седмица 06, 04.02.2008 - 10.02.2008

За оваа седмина била избрана статијата Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка). По ревизијата извршена на 15.11.2010 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 05, 28.01.2008 - 03.02.2008

За оваа седмина била избрана статијата Јосиф Бродски. По ревизијата извршена на 15.11.2010 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 04, 21.01.2008 - 27.01.2008

Оваа седмица, пред 27 години е роден Тоше Проески (25 јануари 198116 октомври 2007), најпопуларниот пејач во Република Македонија и една од најголемите ѕвезди на Балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Има блиска соработка со голем број на влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Почина на 16 октомври после кобна сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб (17 октомври) е прогласен за Ден на Национална Жалост во Република Македонија.

Седмица 03, 07.01.2008 - 20.01.2008

За оваа седмина била избрана статијата Словени. По ревизијата извршена на 15.11.2010 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
2018
Џ. Р. Р. Толкин  • Хебрејски јазик  • Грег ван Авермет  • Логаритам  • Анри Матис  • Прва светска војна  • Вирус  • Писменост  • Самоубиство  • Горна Река  • Археи
2017
Оноре де Балзак  • Гравитационен бран  • Гомељ  • Македонско девојче 2  • Камерун  • Освојување на Африка  • Сараево  • Историја на Цариград  • Петер Саган  • Планков закон  • Затемнување на Сонцето  • Шредингерова равенка  • Тур де Франс 2015  • Фудбалска репрезентација на Аргентина
2016
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи Сарај  • Нуклеарна фисија  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
2015
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
2014
Безијеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносен распоред  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаошки јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
2013
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
2012
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
2011
Фердинанд I • Историја на христијанството • Грчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадеира • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Двоичен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
2010
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска унија • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хозе Раул Капабланка • Фердинанд I
2009
Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Константинопол (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
2008
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
2007
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
2006
Кочо Рацин • Светско Првенство во Фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
2005
Евтини приказни