Историја на отомански Цариград

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поглед кон стариот дел од Истанбул

Историја на отомански Цариград — периодот од заземањето на Цариград од страна на Османлиите на 29 мај 1453 година до распаѓањето на Отоманската Империја во 1922 и преместувањето на главниот град на Турција во Анкара на 13 октомври 1923 година.

Скоро пет века Цариград или Стамбол бил главен град на големата држава која опстојувала како резултат на освојувањата на турските султани. Границите на Отоманската Империја опфаќала три континенти - Европа, Азија и Африка. Некогашниот антички град на бреговите на Босфор повторно се претворил во политички и економски центар од глобално значење. Цариград постепено ја вратил својата стара слава од пред Крстоносните војни и многу бргу станал голем трговски центар. Како една од главните причини за овој голем подем на градот била стратешката географска положба како мост меѓу Азија и Европа.

Во градот се наоѓало и седиштето на калифатот преку кое градот станал важен религиозен центар во муслиманскиот свет, а овде продолжила да опстојува и Цариградската патријаршија како центар на христијанскиот православен народ. Во градот била помешена културата на Селџуците, Византијците, Арапите и Персијците. Ова означувало дека во градот живеело население од различен етнички и религиозен карактер. Градот најголем развој имал за време на владеењето на Сулејман Величествениот, додека пак во времето на Мехмед III се почуствувал мал пад поради поразите на империјата во војните во Европа. По смртта на Ахмед I во градот речиси немало изградба на нова џамија или некои позначајни градби. Влошувањето на економската ситуација довело до стагнација на културата и науката и зголемување на влијанието на западните сили во сите сферите на животот на империјата и нејзиниот главен град.

Мехмед II[уреди | уреди извор]

На 29 мај 1453 година, Османлиите го зазеле Цариград а самиот султан наредил тридневно ограбување на градот од страна на неговата армија, според исламската традиција. На третиот ден Мехмед II качен на бел коњ, влегол во градот преку Адријанополската порта (Едренекапи), свечено марширајќи кон центарот на градот Августајон пристигнувајќи пред Аја Софија која веднаш наредил да се претвори во џамија под името Аја Софија џамија кабир или Големата џамија на Света Софија. За претварање во џамија било потребно да се изгради минаре за муезинот за да ги повикува верниците на молитва, како и некои внатрешни промени како изградба на минбер (говорница) и михраб (насока кон Мека).

Поголемиот дел од градот бил ограбен додека некои области како Студион и Петрион останале недопрени. Самиот град постепено започнал да се нарекува Истанбул[1], иако Османлиите официјално никогаш не го промениле името на градот. Подоцна, благодарение на подемот на грчките драгомани (преведувачи), името Цариград (Константинопол) повторно започнало широко да се употребува во османлиската дипломатија [2][3][4][5][6][7], посебно во христијанска Европа.

По крајот на грабежите, една петтина според традицијата паднала во негова сопственост. Така, својот дел од грчките робови наредил да бидат населени кај месноста Фенер која станала позната како грчка населба на градот. Освен тоа, султанот наредил иселување на жителите на грчките села по должината на Босфорот. Повеќе од 30.000 Византијци и Латини биле продадени на пазарите за робови во Едрене, Бурса, Галиполи, Анкара и Пловдив. Според некои извори, во времето на освојувањето на Цариград во околината живееле околу 70.000 луѓе од кои 50.000 биле продадени во ропство или присилени на егзил, додека околу 10.000 останале во градот како слободни граѓани. Исто така биле извршени и неколку егзекуции по судски пат врз венецијански и џеновски граѓани како и врз каталонскиот конзул и неколку други негови сонародници. Лука Нотарас, кој Мехмед најприн сметал да го назначи како нов префект на отомански Цариград најпрвин бил поштеден од погубување, но по одбивањето да се откаже од својот син во полза на султанот, тој бил погубен. Неколку значајни личности успеале да побегнат од градот, како кардиналот Исидор Киевски, архиепископот Леонард Хиос, Георгиј Сфранцес и.т.н. Мехмед наредил да бидат разрушени и дел од ѕидините околу кулата Галата и целото оружје да биде запленето. Галата долго време го задржила својот христијански дух а султанот им забранил на муслиманите да се населат во овој дел од градот поради кое Галата не се сметала како дел од градот туку како место каде живееле неверниците. Управителот на Галата Ломелино заедно со неговите синови морале да стапат во служба на султанот додека неколку девојки биле однесени во султанскиот харем[3][2][4].

На почетокот на јуни 1453 во Аја Софија во придружба на султанот за прв пат се одржала петочната молитва. Во дворот на џамијата биле поставени две дрвени минариња, крстот од куполата бил променет со полумесечина додека фреските и мозаиците во внатрешноста на храмот биле покриени со вар, освен четирите ангели кои се наоѓале веднаш под сводовите[8]. На ист начин поголемиот број на византиски цркви биле претворени во џамии и текиња. Но Мехмед II задржал голем број од паганските симболи на градот како столбот на Јустинијан од плоштадот Августајон, Змискиот столб и обелискот на Теодосиј од хиподромот и.т.н. Столбот на Јустинијан бил соборен по некое време кога некои астролози го убедиле на султанот. Дел од фрагментите од статуата биле однесени во Топкапи Сарај, пред да бидат потопени за создавање на топови во следниот век. Златната порта, преку која поминувале византиските императори и преку која се сметало дека треба да се врати Константин XI Палеолог, била соѕидена[9] Името на Адријанополската порта било променето во Едрене капи, станувајќи симбол на османлискиот триумф и место каде биле одржувани годишни церемонии и прослави по повод заземањето на градот. Преку духовниот ментор на султанот, шеикот Акшемсетин, Мехмед наредил изградба на Ејуп Султан џамија. Оваа џамија била изградена прва по заземањето на градот бидејќи во неа се наоѓа гробот на Абу Ајуб ал-Ансари кој бил наследник на муслиманскиот пророк Мухамед. Ансари загинал за време на опсадата на Цариград во 674 година[3][2][4].

Османиските власти се обиделе бргу да ја вратат економската важност на градот преку повикување на сите народи кои живееле во освоените делови од империјата и кои традиционално се занимавале со трговија и занаетчиство, да се населат во Цариград. Така турското население од Аксарај, Караман и Самсун како и ерменското од Бурса, Токат, Сивас, Кајсери, грчкото од Синоп, Трабзон и егејските острови и евреите од Солун биле населени во новата престолнина. Во градот некогаш постоеле населби населени со Ерменци, Турци и Грци. Мехмед ги повикал да се вратат во своите домови кои ги напуштиле во времето на Византија, доделувајќи им бенефиции во нивната трговија. На овој начин во градот се населиле голем број на занаетчии, трговци, морнари, инженери кое довело до зголемување на бројот на населението на градот. Неемуслиманското население немало воена обврска туку им бил наложен посебен данок. Султанот назначил везир кој бил одгворен за одржување на редот на градот, наредил реконструкција на оштетените ѕидини, владини објекти, приватни куќи и каналите за снабдување со вода. Исто така биле потпишани договори со италијанските трговски градови за размена на стока. На Џеновската република и биле задржани привилегиите во Галата а подоцна на Венецијанците и на Франките им било дозволено да се населуваат во тој дел од градот[2][4][5][6][10][11][12][13].

Мехмед наредил на Грците избор на нов православен патријарх. Така Генадиј Сколариј станал новиот патријарх на Цариградската патријаршија. Церемонијата за неговото прогласување за патријарх се одвила во црквата на Светите Апостоли како втор најголем и најважен храм во градот за христијаните во јануари 1454 година. Црквата станала катедрално седиште на патријаршијата. Според новиот закон, константинополскиот патријарх станал одговорен не само за однесувањето на грчките христијани во градот, туку и за сите православни христијани во целата империја во Мала Азија, Грција, Македонија, Бугарија, Романија, Србија и Албанија покрај патријарсите на Ерусалим, Антиохија и Александрија. Во овој период биле поштедени неколку цркви во градот, но на христијанските верници им било наложено да носат посебна облека и им било забрането да носат оружје. Христијанското население во градот плаќало данок наречен џизија[3][4].

Во 1456 година седиштето на патријаршијата било преместено во манастир Богородица Памакаристос. Во зимата 1457-1458, Мехмед конечно својата резиденција ја пренесел од Едрене во Цариград и тоа во Ески Сарај (денешен Истанбулски универзитет) во близина на форумот на Теодосиј. Во овој период продолжила и реставрацијата на ѕидините во јужниот дел на градот каде биле изградени три поголеми кули кај некогашната Златна порта во внатрешноста на ѕидините, формирајќи тврдина од седум кули која тврдина денеска е позната како Едикуле Хисар[14]. Овде најпрвин бил сместен султанскиот трезор и архива а подоцна тврдината служела како затвор. Во 1461 година била основана Вселенската патријаршија на Ерменската Апостолска црква а истата 1461 година била разрушена црквата на Светите Апостоли заедно со бројните гробници на византиските цареви и патријарси на Цариград. На ова место во 1470 година била изградена Фатих џамија како комплекс од згради кој вклучува медреса, библиотека, болница, бања, кујна и ан. Во градината на џамијата бил погребан султанот Мехмед II, кој починал во мај 1481 година. Во соседните сводови била погребена мајката на Мехмед, Хума Хатун[3][2][4][6][7].

Во ноември 1463 година во тврдината Едикуле бил егзекутиран последниот император на Трапезунтската Империја, Давид заедно со неговите синови поради одбивање да го прифати исламот. Во 1464 година била изградена џамијата Махмуд Паша а во 1466 џамијата Мурат Паша. Овие џамии не се разликувале од џамиите кои претходно биле градени во Бурса и Изник, но во следниот период Османлиите започнале да го користат искуството на византиските архитекти. Истата година, црквата Свети Пантократор била претворена во џамија Зејрек, а дел од манастирските простории биле претворени во медреса. Истата 1466 година на местото на античкиот Акропол започнала изградбата на новата палата на султанот позната како Топкапи сарај. По изградба на првите објекти меѓу кои и чинили киоск, резиденцијата на султанот била преместена од Ески сарај во Топкапи сарај и оваа палата останала седиште на османлиските султани до 19 век. Ески сарај во следните два века служел како место каде живееле султанските вдовици и наложници[2][4][7].

Поранешниот храм посветен на Света Ирина, кој по започнувањето на изградбата на Топкапи сарај се нашол во нејзиниот двор, бил претворен во касарна од јаничарскиот корпус. Во Топкапи Сарај биле преместени многу византиски и османлиски реликви, како мечот на Мехмед II, голем број на оружја кои биле запленети при заземањето на градот, саркофази од византиските императори[2]..

Во 1475 година Османлиите ги освоиле џеновските колонии на Крим по кое голем број од тамошното џеновско и ерменско население било депортирано во Цариград, околу црквата Свети Никола (џамија Кефели). Од Крим исто така бил депортиран и кримскиот хан Менгли Гирај кој во текот на конфликтот се борел на страната на Џенова. Тој бил ослободен во 1478 година и вратен на престолот во Крим. Истата 1475 година, Османлиите ја претвориле католичката црква посветена на Свети Павле во џамија[15]Во 1478 година Мехмед II издал закон за братоубиство кој гласел: кој и да биде од моите синови што ќе го наследи престолот, веднаш да ги убие своите браќа за да го осигури мирот во земјата[2][4].

Составен дел од османлиската престолнина претставувале и големиот број на пазари, во најголем дел од нив специјализирани за продажба на одреден прозивод. На пазарите најчесто се продавало месо, риба, овошје и зеленчук додека на чаршиите се продавале зачини, ткаенини и крзна. Најчесто пазарите претставувале лавиринти од тесни улици и сокаци и се состоеле од стотици продавници и занаетчиски дуќани. Пазарите биле градени од познатите архитекти во градот и најчесто опфаќале официјална порта (влез) кон пазарот, галерија и фонтана. Во времето на Мехмед II на местото на стариот антички форум бил изграден бедестан кој со текот на времето бил проширен добивајќи го името Капали чаршија.



Едикуле
Црквата Света Ирина
Капали чаршија

Исто така, за време на владеењето на Мехмед II биле поставени темелите на образовниот систем во Истанбул, кој се состоел од разни добротворни организации и донации од богатите муслимани. На дното на овој систем биле мектебите (почетно улилиште за исламски науки) кои биле градени во секоја населба на градот и најчесто во близина на џамија. Со основно образование во градот можело да се стекнат сите деца, без исклучок. Следниот чекор за учениците биле медресите кои најчесто се наоѓале во составот на џамиите. Студентите кои живееле во медресите биле ослободени од сите давачки. Дипломираните студенти на пристижните медреси се стекнувале со титулите улама, кадија, мударис, имам, хатиб и.т.н.

Во времето на Мехмед II во градот биле изградени 190 џамии (вклучувајќи 17 христијански цркви кои биле претворени во џамии), 24 училишта, 32 амами и 12 пазари. Во доцните 70-ти години на 15 век населението на Истанбул и Галата било околу 80.000 жители, до околи 9.500 куќи од кои околу 6.300 муслимански. Античкиот Халкидон на азискиот брег од Мраморно Море станал познат како Кадиќој, што во превод значи село на судиите[7].

Мехмед починал на 3 мај 1481 година, на возраст од четириесет и девет години и бил погребан во неговото турбе на гробиштата во Фатих џамија. Неговиот лекар Јакуб Паша изјавил дека султанот бил отруен. На османлискиот престол застанал неговиот син Бајазид II[2][4][7].

Бајазид II[уреди | уреди извор]

На крајот на 15 век во Истанбул се населиле голем број на еврејските бегалци од Шпанија и Португалија во времето на Шпанската инквизиција. Бајазид II ја испратил османлиската морнарица на чело со Кемал Рејс во Шпанија во 1492 година со цел безбедно да ги евакуира овие луѓе. Тој исто така им понудил на бегалците да се засолнат во неговите земји и да станат османлиски граѓани, исмејувајќи ги Фернандо II Арагонски и Изабела I Кастилјска за овој чин бидејќи сметал дека протерувањето на оваа класа на луѓе била многу лоша одлука[16]. Голем дел од овие евреи биле ангажирани во земјоделскиот сектор, занаетчиството, медицината и заедно со Ерменците и Грците го сочинувале столбот на трговската класа во земјата. Првата печатарска преса во Цариград била основана од страна на сефардските Евреи во 1493 година. Покрај евреите во градот се населиле и голем број на Маври кои исто така биле протерени од Пиринејскиот Полуостров. Маврите биле населени во Галата околу џамијата која денеска е позната како Арапска џамија. Кон крајот на 15 век, населението на османлиската престолнина надминувало 200.000 жители[17][18][3][2][4][10][11].

Џамијата посветена на Бајазид II

На почетокот на 16 век во градот започнала борба меѓу старите еврејски заедници кои живееле на овие простори од времето на Мехмед и новодојдените од Шпанија. Конфликтот се појавил околу прашањето за тоа кој треба да го поседува приматот Голем рабин и кој ќе биде главен и одговорен на целата еврејска заедница во империјата. Конфликтот завршил со победа на сефардските Евреи кои биле побројни и пообразовани, додека старите евреи претрпиле серија од катастрофи вклучувајќи ги и двата големи пожари кои ги уништиле нивните населби и синагоги. Во следниот период оваа заедница целосно исчезнала од османлиската престолнина. Во текот на 16 век во градот се населиле и голем број на поранешни христијански деца кои биле дадени во османлиските палати како данок во крв (девширме). Голем дел од овие момчиња станале големи везири, функционери, воени лица (особено јаничари), теолози и службеници во палатата[4][11].

На крајот на 15 век и почетокот на 16 век во Цариград се појавил нов вид на уметност за османлиските џамии, а како главен модел за идните муслимански храмови послужила џамијата Света Софија. Во градот од Самарканд пристигнал уметникот Баба Накаш. Во 1491 година била изградена Галата Мевлевихан, најстарото теќе (дервишки манастир) во градот. Во времето на Бајазид бил изграден Бајазидовиот комплекс на Третиот рид. За таа цел бил срушен форумот на Теодосиј. Според Евлија Челебија: Откако беше целосно изградена џамијата со државни пари, бидејќи се наоѓа во близина на Големиот пазар (Капали ќаршија), е исполнета ден и ноќ со верни муслимани.

На 14 септември 1509 година престолнината била погодена од силен земјотрес. Земјотресот имал јачина од 7,2 степени. Во следените 45 дена земјата постојано се тресела од привремени помали земјотреси по кое следувало цунами. Во земјотресот загинале повеќе од 10.000 луѓе а над 110 џамии биле уништени. Галата и Бујукчекмеџе исто така претрпиле сериозни оштетувања. Новоизградената Бајазитова џамија исто така била оштетена, каде куполата паднала заедно со минарињата. Фатих џамија претрпелела штета на своите четири големи столбови и куполата. Аја Софија не била оштетена освен едно минаре. Во внатрешноста на џамијата гипсот, кои бил користен за да се прикријат византиските мозаици паднале, откривајќи ги христијанските слики.

Во април 1512 година Бајазид II под притисок на јаничарите абдицирал во корист на неговиот син Селим, а еден месец подоцна бил отруен. Тој бил погребан во неговата џамија која била изградена во 1506 година во близина на Капали чаршија. Освен оваа џамија, во негово време христијанските храмови: Црквата Исус Спасител (џамија Карије), Студискиот манастир (џамија Имрахор)[19], Мала Света Софија (џамија Ќучук), црквата Свети Андреј Критски (џамија Коџа Мустафа Паша), биле претворени во џамии[3][2][5][6].

Селим I[уреди | уреди извор]

По враќањето од Кримското ханство во престолнината, Селим I бил прогласен за нов султан во Топкапи сарај и веднаш наредил да се погубат сите машки роднини (неговите двајца браќа, четири внуци, малку подоцна - тројца негови синови бунтовници), кои би можеле да го загрозат неговиот престол[20]. Во 1514, Селим ја поразил персиската армија на Исмаил I и го освоил главниот град Тебриз, а по оваа победа во Цариград биле донесени голем број на скапоцености од рубин и бисери како и голем број на робови. Во 1516-1517 година Селим ги освоил Хиџас, Сирија, Палестина и Египет и ја презел титулата калиф како духовен лидер на муслиманите. Со оваа титула се здобил кога најпрвин го заробил последниот абасидски калиф Ал Мутавакил III во Едикуле и под притисок и закани тој јавно се откажал од оваа функција во корист на Селим. Така поранешниот главен град на источното христијанство станал главен бастион на исламот, но за разлика од Каиро и Багдад, Истанбул никогаш не станал центар на муслиманската теологија. За време на владеењето на Селим I во престолнината се преселиле голем број на Власи, а во градот работеле и познати арапски, персиски и еврејски луѓе како историчарот Идрис Бидлиси, поетот и писател Ревани Сади. По наредба на султанот, по брегот на Златниот рог биле отворени голем број на продавници за грнчарија, познати по своите прекрасни производи (вклучувајќи плочки)[2][4][5][10][11].


Харемот во Топкапи сарај
Арапската џамија
Џамија Јавуз Селим

Официјално во име на султанот, империјата била управувана од страна на големиот везир и шејк-ул-исламот (муфтија на градот). Но вистинската моќ често била во рацете на лица блиски до султанот, како на пример неговата мајка (валиде), главниот евнух или командантот на јаничарите. Харемот имал јасна хиерархиска скала: Валиде султан била главна и одговорна на харемот, а под неа стоеле привремените наложници на султанот, одалиски (робинка во султанскиот харем), и робовите. Неколку илјади луѓе улествуваке директно во животот во палатата на султанот. На дното на хиерархијата биле учениците во палатата. Постоеле пониски функции како главен градинар (одговорен за внатрешно уредување на палатата), главен знаменосец (го придружувале на султанот во походите), главен чувар (раководител на сите службеници во палатата), раководител на портите, раководител на личната каса на султанот, службеници за снабдуање на палатата со храна, лични телохранители на султанотви принцовите, нивните лекари, улеми[2][4].

Сулејман I[уреди | уреди извор]

По освојувањето на Белград (1521) во престолнината се населиле голем број на Срби. Во 1525, на врвот на петтиот рид на градот била изградена голема џамија посветена на Селим, каде што денеска се наоѓа неговото турбе. Во 1526 година султанот Сулејман I од своите освојувачки походи во Унгарија донел две колосални свеќи и ги поставил од двете страни на михработ во џамијата на Света Софија. Во текот на неговото владеење се зацврстила позицијата на османлиските евреи кои само во Истанбул ги имало околу 30.000 население со 44 синагоги. Бројот на населението на градот бил околу 400.000 со околу 80.000 домакинства. Од нив, околу 60% биле муслимани, 30% христијани и околу 10% евреи[17][2][4][5][7][11].

Во март 1534 во Топкапи починала Ајше Хафса султан која всушност била втора највлијателна личност во империјата веднаш по нејзиниот син. Таа била погребена во Селимовата џамија покрај својот сопруг. Во март 1536 година, по наредба на султанот бил задавен големиот везир Паргали Ибрахим-паша, кој бил еден од највлијателните и најбогатите во градот, чија сопрруга му била сестрата на султанот, Хатиџе султан. Неговата огромна палата која се наоѓа веднаш до поранешниот Хиподром претставувала една од најлуксузните градби надвор од Топкапи сарај. По смртта на Хафса султан и Паргали Паша, со најголемо влијание во империјата покрај султанот се здобила неговата наложница Хурем султан. Во 1539 година за главен архитект на градот и целата империја бил назначен Мимар Синан, чии дела го промениле лицето на градот. Во 1546 година починал легендарниот адмирал Хајредин Барбароса. Тој бил погребан со воени почести во денешната населба Бешикташ. Во 1548 година, Синан го завршил своето прво ремек дело, џамија Шехзаде која била посветена на синот на Сулејман, Мехмед. Во оваа џамија подоцна биле погребани Џихангир (син на Сулејман), Рустем Паша, сопругата на принцот Мехмед. Во 1548 година била довршена и џамијата посветена на Михримах Султан во Усќудар[2][4][7][10][21].

Според изврите, веќе кон средината на 16 век, населението на градот се зголемило на 500.000 луѓе, однодно за многу мал период населението се зголемило за околу 100.000 луѓе. Околу 60% од населението на градот биле муслимански Турци, но меѓу муслиманите имало староседелци од Египет и Сирија, Албанија, Персија и голем број на Курди. Најголема немуслиманска етничка група биле Грците, доселениа од градовите на Мала Азија (Измир, Синоп, Самсун и Трабзон), Мореја, Тракија и егејските острови (Тасос, Самотраки, Лезбос). Во овој период дошло до зголемување на ерменското население во градот главно од Сивас, Кајсери, Адана, Токат, Бурса, Анкара. Во градот живееле и неколку илјади луѓе дојдени од балканските земји, главно Срби, Бугари како и Власи. Од овие народи најчесто бил пополнуван јаничарскиот корпус (околу 4,000 момчиња). Грците, Ерменците и Евреите продолжиле да одржуваат силна позиција во сите области на економскиот живот, доминирајќи во трговијата, финансиите (особено во лихварството), занаетчиството и медицината. Галата исто така продолжила да се развива преку италијанските, француските, холандските и англиските трговци кои со заедничко име биле нарекувани Франки. Во периодот од владеењето на Сулејман, малцинствата во престолнината често пати биле заплашувани од страна на муслиманското население и самите тие стравувале од честите насилства и непријателства[2][22][4].

Грците живееле по јужниот брег на Златниот рог посебно во населбата Фенер, по должинатаа на Мраморно Море од Студион до Кумкапи, кон Галата, Тофан, Касимпаша и на азискиот брег во Усќудар. Евреите живееле од Еминону до Фенер, во близина на Адријанополската порта до Галата, додека Ермените живееле Самат, Галата, Арапите во Галата, Персијците во Мехмедпаша и Усќудар и.т.н. Пред ерата на владеењето на Сулејман Величествениот, речиси сите странци кои живееле во Истанбул биле трговци.

Во 1536 година Франција на чело со кралот Франсоа I потпишала трговски договор со империјата. Во следниот период Франција испратила официјален амбасадор во османлиската престолнина. Трговските привилегии на Французите зналително се зголемиле. Било кој европски трговец, со исклучок на Венеција, можел да тргува со империјата единствено под заштита на Франција. Со ова француската позиција се зацврстила на сметка на Англија и Холандија[4].


Амамот на Рокселана
Палатата на Ибрахим Паша
Сулејманова џамија

Во 1554 година во градот била отворена првата кафетерија наменета исклучиително за дегустација на кафе кое било донесено од Сирија. Овој пијалок станал многу популарен меѓу населението и самите кафулиња се трансформирале во најпосетувните места во градот[4]. Во 1555 година, по наредба на султанот бил погубен големиот везир Кара Ахмед-паша, чија жена била сестрата на султанот, Фатма. Во 1556 година била изградена џамијата Шах султан од страна на Синан, посветена на сестрата на султанот, Шах султан. Истата 1556 година, во близина на Аја Софија била изградена луксузна бања посветена на Хасеки Хурем султан. Амамите во градот одиграле посебна улога во животот на населението, и главно служеле како место за релаксација и состаноци. Во текот на овој период биле изградени десетици големи и стотици мали базени. Класичниот амам бил во класичен византиски архитектонски стил со употреба на селџучки елементи. Во амамите биле вработени илјадници луѓе кои нудиле масажи за посетителите[2]..

Меѓу луѓето кои живееле во градот бил и францускиот учен Пјер Жил, познат како Петрус Гилиус. Според неговите пишувања, тој ја открил Базилика цистерна, односно големиот подземен резервар кој бил изграден од Јустинијан I. Во врска со столбот на Јустинијан, тој запишал:

Пред околу 30 години статуата на Јустинијан била симнета, а по една година бил разрушен целиот столб (околу 1545). Неодамна видов како ја носат статуата на Јустинијан во леарница каде ги прават оружјата. Меѓу фрагментите беа ногата на Јустинијан, која на надвишуваше мојата висина, и носот, долг околу 23 сантиметри.


Исто така Гилиус запишал и дека голем дел од старите византиски споменици биле целосно рушени а материјалот од нив бил користен за изградба на најразлични објекти. Така, дел од разрушениот хиподром бил искористен за изградба на болница која денес се наоѓа во комплексот Сулејманије. Во 1557, Синан ја завршил Сулејмановата џамија која била по замисла на султанот и служела како споменик на неговото славно владеење. Како и со другите царски џамии во Истанбул, така и Сулејмановата џамија била дизајниран како kulliye, или комплекс од различни културни и религиозни потреби. Оригиналниот комплекс бил составен од самата џамија, болница (darüşşifa), основно училиште, јавни бањи (амам), кервансарај, четири училишта (медреса), специјализирана школа за учење на Хадисот, медицински колеџ, и јавна кујна (имарет), која служела за хранење на сиромасите. Оваа џамија била првата во престолнината со четири минариња. Едно од минарињата било обликувано со даровите на иранскиот шах Тахмасп. Неколку столбови од гранит биле земени од некогашниот плоштад Августајон. Во градината зад главната џамија постојат два мавзолеи (турбе), вклучувајќи и гробовите на Сулејман Величенствениот и неговата сопруга Рокселана која починала во 1558 година[2][4].

Во 1558 османлиските власти, поради честите пожари во градот, издале декрет според кој се забранило изградба на нови куќи во близина на градските ѕидини. Во 1562 година била удавена поранешната наложница на султанот, Ѓулфем хатун. Во 1563 година била завршена џамијата на Рустем Паша на бреговите на Златниот Рог од страна на Синан[23]. Според внатрешната декорација, оваа џамија е една од најбогато украсените во градот. Исто така во овој период биле изградени и неколку палати за благорониците, пазарот Тираки и.т.н. Во негово време освен бројните џамии, библиотеки, бањи и паркови, била проширена и Топкапи палатата која станала јадрото на административната власт во земјата и бил реновиран системот за водоснабдување[2][4].

Во текот на следниот период, големо значење за градот било изградбата на бродоградилиште во населбата Касимпаша. На ова бродоградилиште работеле околу 30,000 работници, христијански робови. Материјалите за изградба биле од различни области во империјата и тоа: смола од Албанија, Измир и Лезбос, железо и калај од Солун, рудниците за бакар на Анадолија, масти од Кафа, Варна и Хиос, коноп од Египет и Мала Азија, справи и јажиња од Трабзон, платно од Анадолија и.т.н. Најпрометниот поморски сообраќај во истанбулските пристаништа се одвивал кон Текирдаг, Муданија, Бандирма, Синоп, Трабзон, Солун, Измир, Родос, Триполи, Бејрут и Александрија. Во овие правци доминирале грчките и турските бродосопственици. Патот кон Едрене бил еден од најважните бидејќи овозможувал транспорт кон Бугарија, Влашко, Македонија, Грција, Босна и Далмација. Во азискиот дел главна улога имал патот Истанбул - Измит кој продолжувал кон Сирија и Персија. Истанбул бил поврзан и со Измир, Краков, Персија, Алепо, Басра[4].. Сулејман починал во септември 1566 година во воена кампања во Унгарија. Негов наследник станал неговиот син Селим II[4][5].

Селим II[уреди | уреди извор]

Кога Селим II се качил на престолот, имал 24 години и во тоа време тој веќе бил голем алкохоличар кој немал намера да управува со земјата туку се препуштил на харемскиот живот, додека со земјата управувале неговиот везир Мехмед-паша Соколовиќ и неговата омилена сопруга Нурбану султан. Во времето на Селим II, во градот живеел и работел португалскиот евреин Јосиф Наси, кој починал во престолнината во 1569 година. Под негова команда биле изградени синагога, болница и засолниште за сиромашните евреи од градот. Јосиф Наси станал управител на Наксос и живеел во преградието на градот и главно се занимавал со трговија на вино. Исто така имал голема шпионска мрежа во Европа и редовно му ги доставувал на султанот најновите вести кои пристигнувале од Европа. Во целина тој имал големо влијание врз надворешната политика на империјата[24][25][26][11][12]..

Поради недостаток од противпожарни бригади и поради зачестените пожари во домовите на населението на градот, чии куќи главно биле изградени од дрво, во 1572 година било решено секој сопственик да мора да поседува скала која требало да биде голема како висината на куќата, котел за вода и било забрането изградба на куќа во близина на џамија. Сепак, последниот указ останал само на хартија. Истата 1572 година била завршена џамијата посветена на Мехмед Паша Соколовиќ, а следната 1573 година џамијата посветена на Пајале Паша кој бил капудан паша под раководство на Синан. Бродоградилиштето во Касимпаша продолжило да се развива, а исто така продолжило и снабдувањето со храна на градот преку морските патишта[2][4][10][21]. Селим починал во декември 1574 година и бил погребан во турбе во Аја Софија заедно со неговите пет синови (според некои извори 17 синови) кои биле погубени кога Мурат III станал султан.

Мурат III[уреди | уреди извор]

Мурат III како омилена сопруга му била Сафије султан, но имал и голем број на други наложнички, а еден извор вели дека имал вкупно 103 деца. Во 1578 година по наредба на султанот во градот била отворена опсерваторија, каде работел познатиот астроном и математичар Такиидин аш-Шами. Во 1579 година бил убиен Големиот везир Мехмед-паша Соколовиќ, како еден од највлијателните луѓе во империјата. Во 1581 година била формирена Левантската компанија од Велика Британија за контролирање на англиската трговија со Османлиската Империја. Оваа компанија немала колонијален карактер, туку била основана кога неколку лондонски трговци упатиле петиција до кралицата Елизабета I за основање на трговски центри во Левант, вклучувајќи го и Цариград. Во 1581 година на брегот на Усќудар по проект на Синан била изградена џамијата Шемси Паша. Во текот на владеењето на Мурад, големо влијание имал глемиот везир Сијавуш-паша Кањижанин (1582-1584, 1586-1589 и 1592-1593).

Во текот на летото на 1585 година на хиподромот било отпразнувано официјалното обрежување на идниот Мехмед III[27]. Во 1583 година починала мајката на султанот, Нурбану султан која имала големо влијание во политичкиот живот на империјата. По нејзината смрт оваа улога преминала во рацете на Сафије султан како жена на Мурад III. Во 1585 година завршила успешно војната со Персија во Кавказ, а по враќањето во престолнината султанот наредил да бидат затворени сите цркви во главниот град. Така седиштето на патријархот, манастирот Богородица Памакаристос била претворена во џамија а патријархот се сместил во дворот на Александриската патријаршија, а подоцна во црквата Свети Димитриј[2][28][4][6][21][29]. Во времето на Мурад продолжило проширувањето на палатата Топкапи а бил изграден и павилјонот на Мурад. Исто така биле додадени две минариња на џамијата Аја Софија.

Исто така султанот под притисок на улемата издал декрет за затварање на сите кафулиња во градот и ја забранил продажбата и увозот на кафе, но овој декрет никогаш не бил применуван во реалниот живот. Во 1588 година починал главниот архитект на империјата и градот, Мимар Синан. По неговата смрт османлиската архитектура ја загубила својата монументалност, но продолжила да се развива во голема мера благодарение на студентите на Синан, кој бил погребан во близина на Сулејмановата џамија. Во негово време во градот се развила корупцијата и митото, самата војна со Персија ја дестабилизирала османлиската каса. Султанот починал во 1595 година и погребан во дворот на џамијата Аја Софија. Негов наследник станал Мехмед III[2][30][4].

Мехмед III[уреди | уреди извор]

Владеењето Мехмед III го започнал со наредба да се убијат 19 од неговите браќа и полубраќа со цел да ја зацврсти својата власт. Ова претставува најголемиот колеж во историјата на братоубиството. По убивањето, Мехмед наредил и да се удаваат во Босфорот нивните бремени љубовници. Тој има забранил на своите синови да контролираат провинции во империјата и наместо тоа наредил да бидат држени во Топкапи сарај, заклучени во посебен дел од палатата наречен кафез. Мехмед III бил неактивен владетел, оставајќи ја неговата мајка Сафије султан како Валиде султан да владее со империјата која била во својот почеток на распаѓање. Во текот на неговото владеење започнала изградбата на Јени џамија. За местоположба на новата џамија била избрана еврејската трговска област во близина на старата порта во градот. Кога започнала изградбата, сите евреи биле протерани кон Галата.

Во 1599 година, третата година од владеењето на султанот, англиската кралица Елизабета I испратила голем број на подароци кои вклучувале голем број на скапоцени камења, еден музички часовник кој подоцна бил уништен од страна на Ахмед I. Овие дарови биле како знак за зацврстување на односите меѓу двете земји и трговскиот договор потпишан во 1581 година. Овие односи значително се влошиле по смртта на Сафије султан и проанглискиот шеф Хасан Паша. Во овој период започнало да се шири пушењето тутун кој доаѓал од Солун, Мала Азија и Латакија[3][4][7][31]. По многубројните барања, султанот дозволил поправка на црквата Свети Ѓорѓи во Фенер. Во 1601 година црквата станала седиште на Цариградскиот патријарх. Постепено покрај црквата се населиле христијански влијателни Грци. Султанот починал во декември 1603 година и бил погребан во дворот на џамијата Аја Софија. Негов наследник станал Ахмед I.

Ахмед I[уреди | уреди извор]

Улица Диван Јолу

Ахмед I дозволил неговиот помлад брат Мустафа I да остане жив, но го затворил во кафез во дворецот, прекинувајќи ја вековната братоубиствена практика при качување на султанот на престолот. На почетокот на 17 век во Истанбул се населиле голем број на Ерменци од Источна Анадолија. Во ноември 1605 година во главниот град починале две моќни жени - Сафије султан (сопруга на османлискиот султан Мурат III, Валиде султан и дефакто ко-регент на нејзиниот син Мехмед III) и Хандан султан (мајка на Ахмед). Во 1609 година во близина на џамијата Аја Софија започнала изградбата на Сината џамија. За нејзина изградба бил срушен западниот дел од хиподромот и дел од Големата палата. Како главен архитект бил назначан Седефкар Мехмед Ага, ученик и асистент на познатиот архитект Мимар Синан. Официјално изградбата завршила во 1616 година и џамијата станала најважна во градот и еден од симболите на градот. Оваа џамија има шест минариња и самиот комплекс вклучува медреса, болница, кујна и ан[2][4][7][32][33].

Централна улица во градот станала Диван Јолу која започнувала од Адријанополската порта и завршувала до Топкапи сарај. Оваа улица се совпаѓала со главната улица во времето на Византиски Цариград, Месе. Но остатокот од улиците во градот биле тесни, искривени, темни и повеќето од нив не биле асфалтирани. Тие се одликувале со голема нечистотија, особено по врнежите од дожд. Во градот палатите и куќите на богатите благородници биле градени од камен, како и џамиите или бањите додека останатите градби, како куќите на занаетчиите, малите продавници биле градени од дрво и глина и истите немале никаков архитектонски вид. Поради честите пожари, султанот и во минатото издавал укази за изградба на куќите од камен, но спроведувањето на овие декрети немало никакво значење па изградбата на дрвени куќи во градот продолжила и во следниот период. Станбените објекти во градот биле поделени на неколку категории. Првата ја сочинувале малите куќи на обичните работници, потоа следувале конаците на богатите граѓани, замоците покрај Босфорот, и сараите или палатите кои обично биле опкружени со ѕидини и имале пристап до вода. Обично една благородничка османлиска куќа се состоела од два спрата. Првиот се состоел од кујна и место каде живееле слугите додека домакините живееле на вториот спрат кој најчесто имал балкон[4][7].

Кон почетокот на 17 век по иницијатива на кралот Анри IV, започнало да се зголемува француското присуство во градот, додека Венеција паднала во втор план. Корупцијата и митото во времето на Ахмед I продолжила во голема мера. Во 1614 година по наредба на Косем султан продолжила изградбата на Јени џамија. Косем султан станала една од највлијателните жени во историјата на Османлиската Империја. Ахмед починал во ноември 1617 година и бил погребан во Сината џамија[2][4].

Мустафа I и Осман II[уреди | уреди извор]

По смртта на Ахмед на престолот бил качен неговиот помлад брат Мустафа I, кој за многу години пред тоа поминал во "кафез". Во февруари 1618, Мустафа бил соборен во корист на 14-годишниот Осман II - негов внук и најстар син на Ахмед. Новиот султан бил сосема независен владетел, но по поразот кај Хотин неговиот угед се намалил. Осман сакал да воведе реформи во воениот систем на земјата, но во мај 1622 година бил затворен и убиен од јаничарите и за нов султан бил поставен повторно Мустафа I кој пак на престолот се задржал до 1623 кога бил соборен а на негово место бил поставен Мурат IV. Мустафа остатокот од својот живот го поминал во кафез во Топкапи сарај. Бил погребан во дворот на Аја Софија[2][34][4].

Мурат IV[уреди | уреди извор]

Основни податоци за владеењето на Мурат IV доаѓаат од записите на патешественикот Евлија Челебија. Описот на Истанбул од страна на Евлија Челебија зазема повеќе од две третини од неговата книга Сејахатнаме. Тој својата книга ја започнува со расказ за владеењето на Мурад и прогласувањето му за султан во Ејуп:

Престолнината доби нов изглед - и млади и стари се радуваа заради настанот. На следниот ден султанот замина кон џамијата во Ејуп, каде церемонијата започна со два јатагани; едниот на Селим, другиот на пророкот... По крајот на церемонијата тој влезе во градот преку Адријанополската порта и додека минуваше беше поздравуван од луѓето кои беа од неговата лева и десна страна... После тој замина кон сарајот... каде се помоли да биде примен од Бог и од луѓето и да му се даде можност да служи на религијата и народот. Иако млад на години, тој беше забелжителен по својата скромност и интелигентност...


Во септември 1623, како резултат државен удар на тронот застанал Мурат IV чие владеење во почетните години било под контрола на неговата мајка Косем султан и верните на неа евнуси. Во име на султанот биле егзекутирани тројца од неговите браќа. Во 1626 година од страна на грчки монаси била основена печатница каде била објавена првата книга на грчки јазик во градот. Во 1626 година во градот дошло до побуна на јаничарите и спахиите. По задушување на востанието, во 1629 година султанот Мурат наполнил седумнаесет години и можел самостојно да управува со државата а улогата на неговата мајка започнала да се намалува. Во мај 1633 година кога се прославувал роденден на еден од принцовите во Истанбул избил пожар. Поради ова султанот наредил да се срушат сите кафеани во Истанбул. Преку репресивни мерки, султанот успеал да го врати редот во земјата. Тој наредил попис на сите објекти, корпорации и здруженија на главниот град (1637).

Во времето на Мурад IV се случила голема поворка на занаетчиите од градот која се одржила во 1638 година, додека султанот се подготвувал за походот кон Персија. Една третина од својот патепис посветен на престолнината, Евлија Челебија го посветува на овој настан под името За сите еснафи, трговци и занаетчии, продавници и домови во големиот град Цариград. Според Евлија, Мурад повикал да се направи таква поворка на седница на Диванот, обраќајќи се кон Јахја ефенди, муфтијата или главниот судија според верскиот закон на Истанбул:

... Мили другари и ти, Јахја ефенди, ако е угодно на Бога, ќе го освоиме Багдад од рацете на Персијците и ќе ја ослободиме од еретиците гробницата на основачот на нашата права секта. Со цел да ми помогнат во нашата голема експедиција посакувам сите еснафи од градот Константинопол, како големи, така и мали, да дојдат во мојот лагер. Сите тие да поминат покрај Алај Ќошку со своите водачи, пешки или на коњ, свирејќи своја музика, за да можам да видам колку илјади мажи и колку еснафи имаат. Ова ќе биде церемонија, каква никогаш порано не била видлива.


Парадата продолжила три дена, почнувајќи секојдневно во зори и завршувајќи пред зајдисонце, а султанот гледал од својот павилјон[35].


Еревански киоск
Багдадски киоск
Еревански киоск

По поразот на турската флота од страна на Британците, во градот биле ограбени и опожарени поголемиот дел од западните амбасади. Истата 1635 година во Топкапи бил изграден Реван киоск (Ереванска палата), посветен на заземањето на Ереван од Османлиите. Во 1639 година бил изграден Багдадскиот киоск (Багдадска палата), посветена на освојувањето на Багдад. Во 1637 година во населбата Џебали избил пожар, по кое султанот се обидел да го забрани пушењето на тутун и пиењето на кафе. Во некои џамии дури имало и проповед против ова. Во времето на Мурат, во градот живееле и творели неколку познати поети како Нефи (егзекутиран во 1635) и Јахија (служел како Шеик-ул-ислам). Мурат починал во февруари 1640 година а на негово место застанал неговиот помал брат Ибрахим I кој бил ослободен од кафезот[2][36][4][6].

Ибрахим I[уреди | уреди извор]

Ибрахим пораснал во постојанене страв да не биде убиен од страна на своите браќа. Тоа бил насилен човек, несовесен трошач на касата за да ги задоволи своите љубовници, кои оделе со него секаде, дури и во бањите. Во 1642 година, седиштето на ерменскиот патријарх било преместено од Сулумонастир во Кумкапи на брегот од Мраморно Море, во која област се населиле голем дел од Ерменците во градот. Кога во октомври 1644 година витезите Болничари заробиле еден османлиски брод во кој се наоѓале високи функционери, султанот наредил да се убијат сите христијани во империјата. Подоцна, тој се откажал од ова, но наредил подготовка за војна со Венеција. Ова предизвикало големи штети на венецијанските трговци во градот, кои дотогаш биле супериорни во однос на другите европски народи во градот. Но во исто време ова довело до заладување на односите со Франција. Така од 1646 година, сите западни амбасади биле преместени кон Галата и Пера, а подоцна голем дел од истите биле затворени. По ова повторно бил активиран декретот на Сулејман Величествениот кој забранувал странски државјани да носат западна облека туку да бидат облечени во турски стил (кафтан). Контактите со западните народи биле ограничени на минимум, а кога било потребно овие задачи им биле доверувани на Ерменците, Грците или Евреите. Во 1648 година избувнала побуна на јаничарите и спахиите кои во 1648 година го убиле султанот Ибрахим I. На негово место дошол неговиот малолетен син Мехмед IV. Ибрахим бил погребан во дворот на Аја Софија[2][4].

Мехмед IV[уреди | уреди извор]

Типична османлиска куќа

Во 1648 година, на престолот застанал малолетниот син на Ибрахим, Мехмед IV. Целата моќ во империјата била сконцентрирана во рацете на неговата мајка Турхан Хатиџе султан и баба Косем султан. Во 1651 година Косем султан била удавена по наредба на Турхан Хатиџе султан, а истата година бил убиен и големиот везир Мелек Ахмед-паша. Влошувањето на економската состојба во империјата довело до серија од бунтови од страна на јаничарите. Во 1656 година за нов везир бил избран Ќопрулу Мехмед-паша по кое започнала Ќопрулската ера, додека т.н. Султанат на жените завршил[2][4].

Султаните на империјата секогаш ги наградувале јаничарите со подароци, поголеми плати и позиции. Уште во времето на Бајазид II, обичај бил по стапување на престолот на еден султан, тој морал да ги дарува на јаничарите со пари. Во следните години ова станало практика на новите султани. Во времето на Мехмед IV, јаничарите биле во главниот фокус на предизвикување немири во земјата. Така тие дигнале повеќе бунтови, и тоа во 1651, мај 1655 и март 1656 година[2][4].

Во 1654 година, една од палатите во близина на Топкапи сарај станала седиште на големиот везир. Портата преку која се влегувало кон палатата на везирот најпрвин била наречена Пашина порта, а подоцна и Висока порта. Во текот на владеењето на Мехмед, економско активното население започнало да се спојува во еснафи. Така во четирите најголеми области (Истанбул, Ејуп, Галата и Усќудар), околу 1100 продавници се здружиле во околу 57 здруженија[4]. Според информациите од познатиот историчар и географ, Евлија Челебија, во средината на 17 век во Истанбул имало повеќе од 23.000 занаетчиски работилници. Во занаетчиството биле вработени околу 80.000 работници додека трговци имало околу 50.000 луѓе. Текстилната индустрија била претставувала од 19 еснафски организации, 35 кожарски, 36 градежни, 29 пекари и слаткарници. Особено познат производ кој се продавал бил накитот[2][4].

Исто така во градот секоја година се продавале по 4 милиони јагниња и 3 милиони говеда. Дневно се трошеле 500,000 килограми пченично брашно, голема количина на ориз, млечни производи, зеленчук и овошје. Пченката се набавувала од Тракија, азискиот брег на Мраморно, Егејско и Црно Море, ориз од Египет, овци - од Балканот и Централна Анадолија, живина од источна Тракија и Измир, риба - од селата по должината на Босфорот и на брегот на Црно Море, јогурт - од околината на Истанбул, маслинки и маслиново масло од Централна Анадолија, лимони од Хиос и од Киликија, мед од Молдавија и Влашко, сол од Египет, Крим и Западна Анадолија, кафе од Египет и Јемен. Набавката на суровини и материјали (особено кожа) се вршела од Крим, Бугарија и Молдавија. Од Западна Европа (Франција, Англија, Холандија, Шпанија, Венеција) се носело шеќер, хартија, бакар, калај, олово, железо, бои, стакло и.т.н. Во градот постоеле и специјализирани пазари, како пазар за продажба на робови, коњи, живина, солени риби, книги, зачини. Помеѓу градските трговци постоела еден вид на хиерархија. На врвот се наоѓале трговците на големо и преговарачите. Овие трговци биле ангажирани за набавка, транспорт и складирање на жито, месо, кафе, цигари, вино, текстил, теписи, кожа. Локалните трговци, вклучувајќи ги и немуслиманите, ретко оделе подалеку од границите на империјата. Најчесто се тргувало со Персијците, Арапите и Италијанците. На дното од хиерархија биле малите продавници и уличните продаваќи кои нуделе мал обем на производи. Исто така, помеѓу големите и малите продававници постоело и категорија на трговци кои своите производи ги продавале директно од своите работилници. По правило пазарот бил поделен на области според видот на производите кои се продавале. Пазарот најчесто бил со обезбедување.

Исто така како посебна група на трговци биле евреите кои продавале робови. Трговијата со робови се наоѓала на Есирпазар во близина на Големата чаршија. Робовите морале да бидат купувани единствено од муслиманите, иако со текот на времето кон средината на 17 век биле можни отстапувања, додека кон крајот на истиот век, христијаните и евреите легално можеле да купуваат робови.

Пазарите се делиле и според главниот ден на пазарот. Така постолел неделен пазар во Галата, пазар во среда (Чаршамбапазар во Фетије), пазар во четврток (Першембепазар во Караќој). Во петок работеле пазарите во населбите Едренекапи, Хоџамустафа паша, Ќучукмустафа Паша, Ејуп, Фатих. Во сабота пазарот во Алипаша и Касимпаша, во недела Авретпазар, во понеделник пазарот во Маџунџу. Најголемиот пазар Капали чаршија работел секојдневно. Самиот комплекс се состоел од каравансараи, царински складишта, продавници и работилници, џамии и фонтани. На пазарот се продавало свила, сатен, кадифе, накит, скапоцени камења, теписи, крзна, злато и сребро и.т.н. Сите 18 порти на чаршијата во вечерните часови биле затварени и чувани од ноќни стражи[4].

Владините претставници ја обезбедувале султанската палата, касарната и шталите, султанските бродоградилишта и работилници (за лиење топови, кованица, производство на барут). Во центарот на градот, во близина на Големата чаршија се наоѓале државните складишта на пченица, јачмен, овес, дрво, сол и барут. Самата османлиска власт поседувала голем број на индустриски организации. Така во Касимпаша се наоѓала работилница за производство на поморско оружје, во Топхане се произведувало артилериско и друг вид на оружје и барут наменети за јаничарскиот корпус. Администрацијата посебудала сопствени пекари, сопствени работилници за производство на предмети од мебел, плочки, стакло и бронза, сопствени текстилни работилници. Во близина на Бајазидовата џамија се наоѓала ковачницата за пари, каде работеле христијани и евреи. Државата поседувала вкупно 31 претпријатие во престолнината со вработени 10.000 лица[4].

Околу 40 илјади луѓе во градот заработувале преку својата интелектуална работа. Шеик-ул-Исламот бил предводник на верниците (муслиманите) во градот кои биле поделени во две групи: свештеници и учители во медресата. Во градот твореле голем број на писатели и поети, доктори, хирурзи, оптичари и фармацевти. Околу 15.000 луѓе биле жонглери, куклари, актери, улични изведувачи. Околу 6.000 броеле музичарите, 150 биле вработените во јавните бањи (амами) и неколку стотици бербери кои освен правење фризури и бричење го практикувале и обрежувањето. Освен вработени, во градот имало и голем број на невработено население како и питачи кои проселе по улиците. Сите овие луѓе биле подржувани од страна на имаретите (бесплатна кујна) која ја имала секоја голема џамија во градот. Во градот постоел посебен фонд наменет за вдовиците, сирачињата, инвалидите и раселените лица[4]. Дел од сиромашното население работело при изградба на патишта или копање на канализација.

Во градот имало и голем број на меани каде биле вработени околу 6,000 луѓе. Сопствениците главно биле немуслимани (неверници) и се наоѓале далеку од муслиманските населби или џамии. Во меаните работеле и проститутки кои нуделе своите услуги на клиентите, верници и неверници. Според Евлија Челебија, омилено место за одмор и рекреација на населението од градот бил плоштадот Султанахмед, плоштадот Бајазид, плоштадот Вефа пред Фатих џамија, Јени Бахче пред Топкапи, плоштадите пред Аја Софија, Сулејманова замија и Шехзаде џамија како и по бреговите на Мраморно Море и Босфрот. За време на викендите, граѓаните бродски оделе на тивките места по должината на европскиот брег од градот, како во Бешикташ, Еникеј, Тараба, Белградската шума и.т.н. На азискиот дел од градот најпосетувани биле гробиштата во Усќудар и тврдината Анадолхисар.

Турските власти строго забранувле печатење книги на турски, арапски и персиски јазик и не дозволувале увоз на книги на арапски јазик отпечатени во Европа. Муслиманските текстови, објавени во печатена форма биле прогласувани за "нечисти" и биле предмет на уништување. Мехмед IV наредил сите копии од Куранот да се уништат кога биле донесени од некој англичанец. Исто така Мехмед наредил и да се фрли во Босфорот арапското писмо кое било испратено како подарок на султнот од Венеција.

Во 1660 била завршена Египетската чаршија која била специјализирана за продажба на билки и зачини. Од приходите од пазарот била изградена Јени џамија. Во истата 1600 година во градот имало голем пожар кој уништил многу куќи, џамии, цркви и други објекти, вклучувајќи голем број на дрвени објекти во Топкапи. По ова, новите градби во палатата се граделе од камен како што се харемот на султанот. Во 1665 година во Топкапи избил пожар кој ги зафатил просториите на султанот. За реновирање на султанските простири биле потребни три години. Во периодот од 1633 до 1698 година во градот имало вкупно 21 пожари. Самите пожари предизвикувале уништување на цели населби, занаетчиски работилници, магацини и голема штета врз економијата на градот. Според декретот издаден уште од времето на Мехмед II, изгорените цркви или синагоги немале право да бидат обновувани.

Евлија голем дел од својот Патепис посветил на престолнината. За Галата, како посебен град од Истанбул напишал:

Во Галата има 18 населби, населени од муслимани, 70 од Грци, 3 од Франки, 1 од Евреи и 2 од Ерменци. Градот е полн со неверници, чиј број е 200.000 според пописот, направен при владеењето на Мурад IV, додека муслиманите се само 64 000. Различните населби на градот се патролираат деноноќно од чувари, за да се спречи немири меѓу населението, кое е склонето кон бунтови - поради тоа од време на време луѓето таму треба да се заплашат со сабја. Жителите се морнари, трговци или занаетчии. Поголемиот дел од нив се облекуваат по алжирската мода, бидејќи многумина од нив се Арапи или Маври. Грците ги држат пабовите; Евреите се посредници во љубовните интриги, а нивните млади се најлошите меѓу љубителите на порокот. Во Галата има двесте пабови и пивници, каде неверниците се забавуваат со музика и пиење. Пабовите се познати по вината од Анкона, Муданија, Смирна и Тенедос. Кога поминав низ овој регион, видов мнозина со непокриени глави и боси, кои лежеа пијани на улица; некои гласно си ја признаваа состојбата во која се наоѓаа, пеејќи: пиев рубин вино, колку пијан, колку пијан сум јас! Роб на кадриците, колку луд, колку луд сум јас!



Во септември 1661 година, по долго боледување починал големиот везир Мехмед Паша Ќопрулу, и неговото место било наследено од неговиот син Ќопрулу Фазил Ахмед-паша. Во 1665 година, по напорите на Турхан султан завршила изградбата на Јени џамија, која вклучувала медреса, мактаб, болница, бања. Во февруари 1666 година во градот пристигнал еврејскиот лажен месија Шабатај Цви кој предизвикал возбуда кај еврејската заедница во градот. По наредба на везирот, тој бил затворен. Во август бил поканет во Топкапи палатата пред султанот, каде го примил исламот заедно со неговите истомисленици а потоа заминал кон Едрене. Во 1670 година султанот издал декрет според кој ја забранил продажбата на виното и наредил да се затворат сите кафеани. Тој ја укинал забраната за пушење на тутун и вовел монопол при продажба на тутунот. Во јуни 1674 година пред џамијата Султанахмед се одржал донесе голем фестивал посветен на синовите на султанот Мустафа и Ахмед. Во ноември 1676 година, починал големиот везир Фазил Ахмед Паша а на негово место бил назначен Кара Мустафа-паша.

Во втората половина на 17 век во градот се населиле голем број на Ашкенази, кои побегнале од прогоните на Полско-литванската унија. Во јули 1683 година починала Турхан султан и била погребена во Јени џамија. Во декември 1683 година, по катастрофалниот пораз во битката на Виена, во Белград бил убиен големиот везир Кара Мустафа-паша. Во 1684 година била ограничена поморската трговија на Венеција поради започнувањето на Морејската војна. Во есента 1687 година, Мехмед бил соборен од престолот од страна на јаничарите и бил затворен во Топкапи сарај. По по кратко време му било дозволено да го напушти сарајот и да замине во Едрене каде починал во 1693 година. Тој бил погребан во турбе заедно со Турхан Хатиџе султан во Јени џамија[2][4][10]. Негов наследник станал Сулејман II.

Сулејман II[уреди | уреди извор]

Пред да дојде на престолот, Сулејман II околу четириесет години поминал во кафез и бил во лоша здравствена состојба. Сите работи на империјата ги вршел големиот везир Ќопрулу Фазил Мустафа Паша. Во негово време започнал обидот на властите за борба против корупцијата, војската била реорганизирана и биле намалени даноците на христијаните. По долгите војни со Венеција и поразот кај Виена, османлиската економија се нашла во многу лоша положба. Сулејман II починал во Едрене палата во 1691 година и бил погребан во Сулејмановата џамија[2][37][4].

Ахмед II[уреди | уреди извор]

По смртта на Сулејман II, на османлискиот престол со подршка на Ќопрулу Фазил Мустафа Паша застанал Ахмед II, кој исто така околу четириесет години поминал во кафез. Ахмед II починал во февруари 1695 и бил погребан во Сулејмановата џамија[2][38]. До крајот на 17 век во Истанбул имало развиено неколку големи трговски и занаетчиски области. На прво место бил долниот дел од градот односно Галата и Касимпаша. Исто така трговски развиена област била и населбата во Еминону. Во центарот на градот најголема развиена област била онаа околу безистенот со бројните продавници и ресторани. Од Капали чаршија се издвојувале три трговски улици и тоа областа Мехмедпаша, улицата која водела до џамијата Шехзаде и Аксарај.

Густо населените области се наоѓале по должината на јужниот брег од Златниот Рог односно од Адријанополската порта до џамијата Аја Софија и Бајазидската џамија во Аксарај, преградието на Ејуп, Галата, Топхан и Касимпаша, по кое следувале крајбрежните населби Кумкапи, Самат и Едикуле[4]. Куќите и палатите на благородниците биле сконцентрирани во две престижни области: улицата Диван Јолу која ги поврзувала џамијата Аја Софија и Бајазидовата џамија, триаглникот меѓу Сулејмановата џамија, џамијата Шехзаде и плоштадот Вефа[4].


Обичните христијани и евреи, особено оние кои живееле во стариот дел на градот, иако го заджувале својот јазик и религија, тие морале да се навикнат на муслиманската животна средина. Спротивно на тоа во Галата Франките живееле во посебна социјална средина. Но самите тие како трговци немале дозвола да ги донесат своите семејства во градот. Центар на нивниот социјален живот претставувала Католичката црква во која служеле неколку италијански и француски свештеници, Во Галата постоеле пет цркви: Света Богородица, Свети Петар, Свети Бенедикт, Свети Ѓорѓи и Свети Францис[4][7][13].

Кон крајот на 17 век, градот претставувал центар на девизните трансакции кои биле во употреба. Така се тргувало со злато, египетскиот ашраф, венецијанските дукати, германските дукати, сребрените османлиски акчиња, курушите, австрискиот и холандскиот талер, шпанскиот пиастир. Во градот постоеле бројни менувачници кои припаѓале на Џенова, Венеција, Французите, Холанѓаните, Британците, како и локалните Евреи[4].

Мустафа II[уреди | уреди извор]

Фенер
Црковно училиште во Фенер

До крајот на 17 век населението на Истанбул било околу 800.000 жители. Во градот имало 485 катедрални џамии и околу 4,500 парохиски џамии, 515 медреси, 500 текиња, 40 синагоги, 30 православни цркви, 10 католички цркви и 9 ерменски цркви. Градот во голема мера се проширил надвор од Теодосиевите ѕидини, по должината на брегот на Мраморно Море и Златниот Рог, Галата и Пера, како и азискиот брег на Босфорот. Ејуп во минатото се сметало за предградие на Истанбул, додека кон 17 век населбата била вклучена со градот целосно. Значењето на Ејуп се зголемило поради самата џамија во која биле сместени моштите на Абу Ајуб ал-Ансари, камен со траги од нозете на пророкот Мухамед, мечот на Осман и неколку антички ракописи од Куранот. Во градината на џамијата биле погребувани истакнати државници, евнуси, шеици, дипломати и.т.н. Друга област која значително прераснала бил реонот околу Едикуле[2][4][7][13].

Галата продолжила да се развива како една од трите населби надвор од ѕидините на стариот град. Во населбата живееле претежно Грци, Ерменци, Евреи и Франки, како и Арапи кои живееле одвоено. Областа била по строга контрола на османлиските власти, и се одликувала како центар на поморската трговија во градот. Во областа имало голем број на магацини, бродски работилници, работилници за производство и опрема на бродови, анови, хотели, јавни куќи. Надвор од ѕидините на Галата во почетокот имало лозја и овоштарници. Со изградбата на училиштето Галатасарај, во училиштето започнале да се школуваат семејствата од дворецот а со тоа и да се зголемува бројот на населението.

Усќудар бил еден од трите населби надвор од градските ѕидини на Цариград (заедно со Ејуп и Галата). Областа била населена од Турци, Ерменци и Персијци. Овде се наоѓале различни видови на пазари, летна резиденција на султанот и палатите на административните работници[2][4][7][13].

За безбедноста и одржувањето на редот на градот биле одговорни специјалните полициски службеници. Во текот на ноќта, улиците на градот биле турнати во темнина, додека било дозволено движење наоколу единствено со фенер. Прекршителите на ова правило биле затварани и испраќани на принудна работа. Во секоја населба ноќната стража се состоела од чувари и полицајци кои вршеле патрола по улиците. Според прописите сите луѓе, без разлика дали биле обични скитници, пијаници, разбојници или прикриени агенти биле апсени. Во градот убиствата биле релативно ретки главно поради фактот што доколку еден убиец не бил фатен, тогаш жителите на областа каде било сторено кривичното дело биле принудени да плаќаат голема парична казна[2][4].

Армијата во градот била поделена на неколку категории: јаничари (пешадија), спахии (коњаница), артилеристи, топарабаџии (транспортери на оружје) и.т.н. Јаничарите биле поделени на три групи: ќемат (трупи на границата), бејлик (лични телохранители на султанот) и шекбан. Во време на војна една третина од јаничарите во градот останувале во престолнината. Бројот на јаничарите понекогаш стигнувал до 25.000 војници. Војниците во градот живееле во повеќе области.

Кон крајот на 17 век во градот се појавиле членови на истакнати грчки семејства познати како фанариоти. Од 17 век Османлиите започнале да се соочуваат со проблеми во однесувањето на нивните односи со странство односно со дипломатски преговори. Османлиската традиција долго време ги игнорирала западните европски јазици, па Високата порта овие задачи ги доделила на Грците кои имале долга трговска и образователна традиција. Овие преведувачи биле наречени драгомани. Со текот на времето фанариотите станале многу влијателни дури и во османлиската администрација и самата Цариградска патријаршија.

Од почетокот на 18 век започнала да се зголемува ерменската буржоазија во градот, надминувајќи ја онаа на Грците и Евреите. Меѓу ерменската заедница во Истанбул имало многу влијателни банкари, кредитори, продавачи на големо и посредници меѓу Турците и Франките.

Во август 1703 година, против султанот во градот започнало востание, а на бунтовниците се приклучил дел од јаничарите. Бунтовниците организирале поход на Едрене. Во борбата на бунтовниците со владините трупи, вториве прешле на бунтовничката страна, а потоа Мустафа абдицирал во корист на неговиот брат Ахмед III. По четири месеци поранешниот султан починал (можно е да бил отруен). Мустафа бил погребан во Јени џамија[2][4][6].

Ахмед III[уреди | уреди извор]

Владеењето на Ахмед III било познато како ера на лалињата. Периодот е наречен според бескрајниот број на лалиња кои биле одгледувани. Лалињата можеле да се најдат дури и во продавници за текстил. Во текот на 18 век значително се забележил економскиот и културен напредок на Западна Европа и голем пад на Османлиската Империја. Поради тоа Османлиите биле решени да спроведат реформи по европски начин. Во престолнината по покана од Високата порта започнале да пристигнуваат европски инженери и архитекти, лекари и воени експерти, градот бил посетуван од истакнати европски научници, музичари, уметници и писатели. Во текот на овој период биле отворени најголемиот број на амбасади во градот. И покрај тоа, османлиското општество често пати давало отпор кон воведување на иновации. Така на пример, во 1704 година султанот Ахмед III издал декрет според кој била забранета употребата на нови увезени лекови и наредил да се затворат сите аптеки во сопственост на Франките[2][4][39].

И покрај тоа, во градот доаѓале се повеќе странци, особено од Франција. Во периодот од 1685 до 1719 година во градот се населиле 175 француски трговци, додека како за споредба во 1636 година во градот имало само две куќи на француски трговци. На почетокот од 18 век, во селото Бујукдере на европскиот брег на Босфорот била отворена првата дипломатска мисија на Русија во Отоманската Империја. Наскоро до амбасадата била осветена мала православна црква[4][40].

Во 1709 година започнала изградба на неколку објекти во Топкапи сарај и истата завршила во 1817 година. Така по наредба на султанот биле изградени султанската библиотека (1719) каде биле чувани вредни колекции на книги и ракописи, како и една убава фонтана пред главниот влез на палатата во 1728 година. Целиот комплекс на палатата бил одликуван со бројни градини меѓу кои најпозната била Градината на лалињата. За одржување на султанската палата биле вложувани големи суми на пари а во комплексот во времето на Ахмед живееле околу 12.000 луѓе. Во нив спаѓале жените на султанот и наложничките, дворјаните, евнуси, службеници и чувари, астролози и лекари, секретари и службеници, книговодители, клучари, соколари, ловџии, музичари, готвачи, пекари, месари, производители на мебел, градинари и.т.н. Постоеле и функции како чувари на облеката и турбанот на султанот или чувари на славејот или папагалот на султанот. Во времето на Ахмед бил променет начинот на обработка на сребрените монети (акче) од рачен во механички начин[2][4][10][13].

Во 1717 година во Цариград пристигнала Лејди Мери Вортли Монтагу, чиј сопруг станал англиски амбасадор. За градот таа напишала:

На следното утро стигнавме во Константинопол; јас сепак можам да ти кажам малку за тоа, бидејќи целото мое време беше зафатено од посети. Овде сите млади дами се многу убави, а убавината им станува уште поголема поради добриот вкус, со кој ја избираат својата облека. Нашата палата е во Пера, која е исто толку предградие на градот колку Вестминстер е предградие на Лондон. Сите амбасадори живеат сосема блиску еден до другодина Од еден дел на нашиот дом може да го гледаме пристаништето, градот и палатата, како и далечните ридови на Азија; Ова сигурно е најубавиот поглед на светот.


Поголемиот дел од куќите сè уште биле дрвени и покрај бројните декрети на претходните султани да не се користи дрвото како материјал за изградба на станбени домови поради бројните пожари кои нанесувале големи штети во градот. На почетокот на 18 век градските власти издале декрет според кој била одредена висината на куќите. Така висината на муслиманските куќи не смеело да надминува 9 метри, додека кај немуслиманите висината била до 7 метри, а продавниците до 3 метри. Во текот на овој период, обичната турска куќа се состоела од два дела: машки и женски. Горниот дел на куќата најчесто бил наменет за сопствениците, додека долниот бил наменет како канцелариски простор или место за слугите. Куќата најчесто имала многу прозорци и барем еден балкон кој гледал кон улицата. Прозорците во женскиот дел на куќата биле затворени со ролетни. Благородниците своите куќи ги градиле од камен. Тие биле доста повисоки од обичните и најмногу се обраќало внимание на внатрешната декорација. Во овие куќи најчество имало маси за јадење, подовите биле покриени, на ѕидовите се наоѓало место за чување прибор, имало посебни простории кои служеле како работни кабинети и најчесто биле поставувани камини. Дворовите биле исполнети со базени, бањи, летни кујни, резервоари за вода, место каде живееле слугите. Слугите најчесто имале една до две мали соби кои се наоѓале во составот на летните кујни[4][13].

Во 1726 година Ибрахим Мутеферика и Саид Ефенди како османлиски дипломати, апелиларе до големиот везир да дозволи да се отвори печатница за печатење книги на турски јазик. Така на 5 јули 1727 година султанот издал указ со кое било дозволено да се отвори печарницата, но забранил објавување на верски книги. Ова било поради големото противење на муслиманските свештеници за издавање на Куранот. Така првата печатница во градот на османлиски јазик била отворена на 31 јануари 1729 година од страна на Ибрахим Мутеферика. Книгата претставувала османлиско-арапски речник. Во мај 1729 година било објавено географското дело на Катиба Челебија, а во следниот период и неколку книги за историјата на турската граматика.

Континуираните серии на војни со Русија, Венеција и Австрија довеле до значително зголемување на бројот на јаничарите во чиј состав можел да биде секого. Новите регрути се одликувале со ниска дисциплина и морал, тие не сакале да војуваат туку единствена цел им била да бидат припадници на привелигираната воена класа. Јаничарите во тоа време имале сила да се противат на решенијата на султанот, контролирале неколку продавници во градот, се занимавале со трговија, и често пати помагале на своите блиски роднини или пријатели да добијат дозвола за тргување и слично. Во целина јаниачрите повеќе не биле вистинските војници од времето на Мехмед II или Сулејман I, туку работеле за свои цели[4].

Војната со Персија довела до зголемување на даноците, митото и корупцијата во градот. Војната со Персија довела до зголемување на даноците, митото и корупцијата во градот. Ова предизвикало големо незадоволство кај народот. Особено незадоволство предизвикало големите трошоци за изградба на нови палати и раскошните гозби. На 20 септември 1730 избувнал бунт од страна на јаничарите на чело со Патрона Халил. Востанието било толку големо што довело Ахмед да се откаже од престолот. Така тој доброволно го предал престолот на неговиот внук Махмуд I (1730-1754). По ова Ахмед бил затворен во кафезот на Топкапи сарај каде починал по шест години[2][6].

Махмуд I[уреди | уреди извор]

На 7 октомври 1730 година се одржала церемонијата за прогласување на новиот султан на империјата Махмуд I. Махмуд бил признаен како султан од бунтовниците и судовите и ги прифатил нивните барања откажувајќи се од неколку даноци. На 24 ноември 1731 султанот ги поканил Патрона Халил и останатите лидери на востанието во палатата на разговор но таму тие биле убиени, а телата фрлени во морето. Големо влијание во времето на Ахмед имал големиот везир Хекимоглу Али-паша кој изградил џамија посветена на него во градот[2][41].

Во 1737 година во Усќудар било основано воено училиште за модернизација на армијата, но сите радикални обиди за реформирање на армијата наишле на жесток отпор на јаничарскиот корпус. Махмуд го искористил мирниот период за модернизација на водоводниот канал на градот поради кое изградил еден аквадукт во Белградската гора. Во 1740 година во Аја Софија била отворена библиотека. Махмуд починал во 1754 година и бил погребан во Јени џамија[2][42].

Осман III[уреди | уреди извор]

По смртта на султанот Махмуд I на престолот застанал неговиот помлад брат Осман III кој претходно поминал речиси половина век во кафез. Тој бил познат по тоа што не му се допаѓала музиката и ги протерал сите музичари надвор од палатата. Во негово време во градот живеел и работел познатиот лекар и астроном Абас Васим Ефенди кој превел голем број на дела од медицината и астрономијата, како и историчарот Сеид Мухамед Риза. Во 1755 година во близина на замокот Јорос била изградена џамија, теќе и гробница посветена на Јуши (Исус Навин) и местото станало свето за аџилак на суфистите. Истата 1755 година во близина на Големата чаршија била завршена Нуруосманлиската џамија (Светлината на Османлиите). Комплексот се состои од џамија, медреса, библиотека, кујна и гробот на Шехсувар султан, мајка на Осман III која починала во 1756 година. Осман починал во 1757 година и бил погребан во Јени џамија[2][43][7].

Мустафа III[уреди | уреди извор]

Мустафа III бил син на Ахмед III. Во 1761 година во градот под покровителство на советникот на турската армија биле основани неколку академии за математика, навигација и науки. Во 1763 година била изградена џамијата Лалели, последната од големите султански џамии. По поразот кај Чесма од руските сили, во 1773 година било основено поморско инженерско училиште. Сепак сите обиди за реформи во армијата и земјата не биле прифатени од османлиското општество, најмногу од јаничарите. Мустафа починал во 1774 година и бил погребан во џамијата Лалели. На негово место застанал неговиот брат Абдул Хамид I[2][7][13].

Абдул Хамид I[уреди | уреди извор]

Во почетниот период од владеењето на Абдул Хамид I државата доживеала огромна криза. Функционерите, војниците, па дури и јаничарите често останувале без плата а империјата доживеала пораз на бојното поле во Европа. Султанот бил принуден да направи некои реформи во јаничарскиот корпус, морнарица и артилеријата. Тој повикал странски специјалисти (особено Французи на чело со баронот Франсоа де Тот) и отворил модерни училишта. Ефектите од овие реформи биле ограничени поради големата корупција во градот. Падот на империјата бил толку очевиден што западните сили започнале империјата да ја нарекуваат болен човек на Европа, и истите започнале со подготовки за поделба на империјата. Во 1778, на брегот на Усќудар била изградена Бејлербегската џамија. Во 1782 година во градот избил голем пожар за чие гаснење учествувал и самиот султан. Султанот починал во 1789 година и бил наследен од Селим III, син на Мустафа III[44].

Селим III[уреди | уреди извор]

Селим III бил син на султан Мустафа III и Михришах султан. Во 1794 година во областа Шишли била изградена џамијата Тешвикије. Во 1795 година било отворено училиште за обука на армијата, додека кон крајот на 18 век поради новиот закон за пожари, голем дел од Капали чаршија заедно со двата безистена биле покриени со сводови кои биле украсени со слики и мозаици[2].

По почетокот на египетската кампања на Наполеон во 1798 година бил склучен мир со Франција и султанот започнал големи административни реформи. Тој започнал со подготовка на програма за реформи во сите институции а најмногу се посветил на вооружените сили, основајќи нова артилериска армија наречена Низам. Во 1805 година починала Михришах султан, мајка на Селим. Во 1807 година по налог на султанот во близина на џамијата на Селим Јавуз била изградена голема касарна наречена Низам џедит. Кратко потоа, јаничарите незадоволни од реформите и зголемените даноци го собориле султанот од престолот и на негово место го поставиле Мустафа IV, син на Абдул Хамид I[2].

Мустафа IV[уреди | уреди извор]

Мустафа IV веднаш по доаѓањето на власт по јаничарскиот бунт во 1807 година и излегувањето од кафез, го затворил својот претходник и ги поништил сите воени реформи, а против подржувачите на Селим биле покренети жестоки мерки. Новиот султан бил целосно под контрола на бунтовниците, кои низ истанбулските улици слободно го убивале на секој кој имал униформа на армијата Низам. Овој период бил исполнет со ретки ограбувања на куќите и дуканите во престолнината. Во јули 1808 година подржувачите на Селим и противниците на јаничарите на чело со Алемдар Мустафа-паша го окупирале Истанбул, упаднале во палатата и се обиделе да ги ослободат затворениците. Кога побарале султанот да се предаде, тој наредил егзекуција на Селим и идниот Махмуд, на кој начин тој ќе останел единствениот машки наследник за османлискиот престол.

Селим бил убиен од страна на султанот Мустафа а идниот Махмуд II пак успеал да побегне. Во меѓувреме бунтовничките сили ја опколиле палатата, по кое влегле во палатата и го уапсиле на Мустафа а за нов султан бил избран Махмуд. Махмуд за голема везир го назначил Алемдар Мустафа-паша, лидер на востанието што го поставил како султан. Неговите реформи биле прекинати кога бил убиен големиот везир од страна на јаничарите. Махмуд иако ги налитил јаничарите успеал да се задржи на престолот уште неколку децении. Тој се ослободил од притисокот на јаничарите. И покрај тоа што продолжил со реформите империјата продолжила да пропаѓа[45][46].

Махмуд II[уреди | уреди извор]

Влезот во Топкапи сарај

Во почетокот од владеењето на Махмуд II, во престолнината избила повторно војна помеѓу јаничарскиот корпус и административната власт. Алемдар Паша сакал да основа нова армија која ги нарушувала интересите на јаничарите. Така во ноември 1808 година јаничарите го нападнале истовремено Топкапи сарај и главниот штаб на големиот везир во Високата порта. Конфликтот се проширил кога османлиската флота застанала на страната на султанот. Целиот хаос во градот престанал кога двете страни со преговарање на улемата, се договориле Махмуд да ја распушти новата армија а нејзините војници слободно ќе можат да ја напуштат палатата и да си заминат во своите домови. Но, кога султанот го прифатил барањето, голем дел од војниците на новата веќе распуштена армија биле убиени од јаничарите. Махмуд успеал да се задржи на престолот, но заклучил дека доколку сака да воведе нови реформи во армијата, ќе мора да се справи најпрвин со старата војска. Во овој период во палатата присуствувал Роберт Адајр, британски амбасадор кој за ѕидините на градот напишал:

Ѕидините на палатата се слични како оние во градините во Њустед, но се доста повисоки. Прекрасно е да јаваш на коњ кај градските ѕидини од страна на копното. Можеш ли да си претставиш четири огромни ѕидини, обиколени со 218 кули


За време на владеењето на Махмуд II, Топкапи палатата ја добила сегашната форма. Палатата била опкружена со висок ѕид од камен, во кој голем дел од зградите и палатите биле поврзани со отворени тераси чија основа се темели на свод. До џамијата Аја Софија се наоѓала висока порта каде секое утро биле изложувани егзекутираните затвореници. Од влезот на комплексот Топкапи, од страната на поранешната црква Света Ирина, претворена во воен магазин, бил изграден сокак кој граничил со Ортакапи. Во првиот дел од комплексот биле сместени секторот за финансии, архивата, канцеларија за анализа, султанскиот трезор, амбуланта, штали за гостинските коњи. Вториот дел од дворот, познат како дипломатски бил опкружен со ниски мермерни столбови. Во центарот на комплексот е сместена кула каде често султанот им се обраќал на луѓето. Од вторниот дел на Топкапи преку Ортакапи, која била под надзор на евнусите, се доаѓало до третиот двор, односно во домот на султанот. Овој дел се состоел од луксузна приемна сала, голема библиотека, големиот харем на султанот и приватните простории на султанот и училиштата Ендерун. Четвртиот двор претставувал место за одмор на султаните и се состоел од мала градина со фонтани[2][4]. Целиот комплекс продолжувал кон Бахчекапи на Златниот Рог. Во Ахиркапи се наоѓала зоолошката градина на султанот во која живееле лавови, тигри, пантери и други животни. Во близина на Топкапи се наоѓало седиштето на јаничарскиот корпус[2][4].


Вториот двор во Топкапи
Султанските кујни
Султанската соба

Во времето на Махмуд II, јаничарите станале главен извор за потикнување на немири и безредија во градот главно поради обидите на султанот да воведе реформи во армијата. За време на Грчката војна за независност, која започнала во 1821 година, цариградскиот патријарх Григориј V под притисок од страна на отоманската власт ги осудил грчките бунтовници и ги екскомуницирал од црквата. И покрај тоа што изразил лојалност кон султанот, тој на 10 април бил симнат и обесен пред патријаршијата.

Во 1826 година јаничарите започнале протести против султанот, и по зајдисонце го исполниле централниот плоштад Атмејдан (плоштадот Султанахмед) со барање да се укине султанатот и и да се воспостави воена власт. Како одговор на тоа, лојалните војници на султанот го окупирале плоштадот и по откажувањето на јаничарите да го предадат оружјето започнале немири во кои неколку илјади биле убиени, а самиот бунт бил задушен. По ова околу 300 јаничари биле егзекутирани. На 17 јуни 1826 година во Сината џамија султанот издал указ според кој јаничарскиот корпус бил укинат[2]. Укинувањето на јаничарскиот корпус било проследено и со прогонување на Бекташите[4].

Во 1826 година во градот било отворено воено-медицинско училиште кое одиграло важна улога во културниот развој на градот и земјата. Во 1829 година, во главниот град се појавила колера.

Во 1831 година започнал да се издава првиот официјален весник на турски јазик. Во 1833 година, Момината кула била за последен пат реконструирана од страна на Отоманците во барок стил. Во Османлиско-египетската војна (1831–1833), египетските сили по победата се заканиле на престолнината по кое во градот започнала да се шири голема паника меѓу населението. Махмуд се обратил на руска помош по кое бил потпишан договор од Хункар Искелеси и руска интервенција.

Во 1835 година била изградена црквата Света Марија. Во периодот од 1836 до 1837 биле основани Министерството за надворешни работи, за внатрешни работи и Министерството за војна. До крајот на владеењето на Махмуд II, османлиските власти го промовирале секуларното образование и издаваштво, борба против корупцијата и реформа на судскиот систем, бил направен попис на населението и.т.н. Самиот султан започнал да се облекува како европски монарх, со црвен фес на главата наместо турбан. Во 1829 година издал указ според кој ги забранил старомодните облеки со исклучок на свештениците. Според британскиот амбасадор:

Секој, кој отсуствувал за некое време и се вратил тука ќе ја забележи промената која е необична. Уште неколку години и чалмите веќе нема да постојат ... сите работници сега носат црвената капа, козачки панталони, црни чизми и црвено или сино палто, закопчено до брадата. Реформата во облекувањето ги налути конзервативците. Еден ден, кога Махмуд поминувал со кочија на улиците на Истанбул, еден дервиш му рекол: "Неверен султане, Аллах ќе ти побара објаснување за твоето богохулство! Ти го уништуваш исламот!


Махмуд починал во 1839 година од туберколоза а на негово место застанал неговиот најголем син Абдул Меџит I[47][48][7].

Абдул Меџит I[уреди | уреди извор]

Султанот Абдул Меџит I е познат по воведените реформи во земјата познати како Танзиматски реформи кои во суштина имале западноевропски карактер. Во текот на овој период била променета облеката на административните работници, трговци и интелектуалци. Така традиционалната османлиска облека била отстапена на европскиот костум, фесот го заменил турбанот, чевлите и чорапите станале мода, мажите не носеле големи бради, младите генерации започнале да зборуваат француски јазик[2][7].

Голем дел од реформите се засновале на успешните европски практики како и под силно влијание на кодексот на Наполеон. Промените вклучувале универзална регрутација, образование, институционални и правни реформи и систематски обиди за елиминирање на корупцијата, обединување на сите различни народи кои живеат во Отоманската имерија, муслимани и немуслимани, Турци и Грци, Ерменци и Евреи итн. За таа цел исламскиот закон бил ставен настрана во корист на секуларниот закон. Целта на воведувањето на новите реформи била борбата против бавното опаѓање на империјата кое довело преку намалување на нејзините граници во споредба на европските големи сили. Со ослободувањето на милетскиот систем властите се надевале дека ќе бидат во можност за поголема контрола над нивните граѓани. Освен тоа, властите се плашеле од можната интервенција на европските сили во внатрешните работи на земјата. Внатрешно за да ги зацврсти односите од разните верски народи, империјата прогласила верска слобода за сите граѓани од сите религии[2][49][7].

И покрај сите напори за создавање на една нова европска престолнина, градот останал еден средновековен лавиринт. Сите стари куќи во градот биле изградени од дрво и претставувале директна причина за постојаните пожари. На 1 октомври 1844 година на островот Халки по иницијатива на патријархот Герман IV Цариградски и со дозвола на турските власти бил отворен реновираниот православен манастир посветен на Света Тројца како и богословско училиште во целиот комплекс. Во 1845 година до новата руска амбасада била отворена црква посветена на Свети Никола[50][40]. Во 1850 година започнал превозот на патниците преку Босфорот од Еминону кон Усќудар. Во 1854 година била завршена новата палата на султанот, Долмабахче сарај. Трошоците кои биле потрошени за изградбата на Долмабахче биле околу 5 милиони лири, кое одговарало на приближно 1/4 од годишните даноци. Дворецот бил изграден на европската страна од градот, а како главен архитект бил ерменецот Гарабет Балјан, претставник на познатото ерменско семејство на архитекти Балјан кое создало многу објекти во Истанбул. Должината на дворецот е 600 м, плоштината е 45 000 м2, со вкупно 285 стаи, 6 хамами и 68 бањи. Самата фасада на Долбабахче ја покажува класична европска зграда со две страни. Сепак, внатрешноста на зградата е со типичен отомански стил. Дизајнот на палатата е по западен образ и вклучува елементи од барок, рококо и неокласицизам, преплетени со традиционалната отоманска уметност и култура. Истата 1854 година била завршена џамијата Ортаќој на бреговите на Босфорот[2][7].


Во 1855, во спомен на неговата почината мајка Безмијалем султан била изградена џамија Долмабахче. Истата година властите направиле детален план за реформи во градот, кои вклучувале нови стандарди за улично осветлување, изградба на згради, патишта и друга инфраструктура. Во 1856 година во Галата била основена Отоманска Централна банка и берза. Поради исцрпеност на буџетот, султанот во 1858 година бил принуден да побара од европските трговци од Галата заем од 9.000.000 франци за прослава на бракот на неговите две ќерки. Во овој период биле трошени огромни суми на пари за одржување на дворот додека корупцијата стекнала застрашувачки димензии, а самата инфлација довела до зголемување на цените на основните производи за живот и чести немири во главниот град. Во 1859 година бил откриен заговор против султанот и сите оние кои биле поврзани биле затворени[2][7].

По Кримската војна во Истанбул и околу главниот град се населиле голем број на Кримски Татари кои побегнале од угнетувањето на руските власти. Кримската војна и нејзините последици имале големо влијание врз империјата, а најмногу се одразило на Истанбул. Расходите за водење војна како и големите екстравагантни палати на Абдул Меџид, довеле до голем финансиски товар на Министерството за финансии. Поради тоа администрацијата морала да побара кредити од странски земји кои биле со големи лихви. Од друга страна градот бил натоварен од поредниот бран на бегалци кои дошле од европските провинции по последните порази во војните и населението на градот станало околу 430,000 луѓе во 1856 година. Во оваа бројка не се вклучени странските војници и нивните семејства кои живееле во престолнината. Присуството на овие луѓе во Истанбул помагало на луѓето да се запознаат со западниот начин на живот и обичаи. Во јуни 1861 година, Абдул Маџид починал од туберкулоза, оставајќи шест синови, од кои четири во иднина станале владетели на Отоманската Империја. Негов наследник станал неговиот помлад брат Абдул Азис[51].

Абдул Азиз[уреди | уреди извор]

Во 1861 година Истанбулскиот универзитет бил организиран во модерна академска институција. Османлиското научно здружени со седиште во градот организирало курсеви за обука по англиски и француски јазик, во јули 1862 година започнало да го објавува првото месечно списание во земјата. Во 1863 година бил основан американскиот Роберт колеџ[2].

Во 1865 година, на азискиот брег на Босфорот бил изграден Беглербеговскиот дворец додека пак во 1867 година Абдул Азиз се преселил во новиот дворец Чираган, кој се наоѓа во Бешикташ. Истата 1867 година, на местото на некогашната византиска црква посветена на Богородица Марија била изградена мала црква во Влахерна. Во 1875 година бво градот имало 264 секуларни турски основни училишта, вклучувајќи и 25 женски со повеќе од 13.000 ученици. Во 60-тите години од 19 век во градот се населиле емигранти од Северен Кавказ побегнувајќи од новите руски власти во регионот. Во времето на Абдул Азис се случиле големи пожари нанесувајќи голема штета на градот. Во 1865 пожар избувнал во областа Хоџапаша, додека во 1870 во Пера. Во 1867 година започнала реконструкција на Бајазитовата област, до Бајазитската кула била изградена монументална порта на Министерството за војна. Во август 1867 година, султанот Абдул Азиз се вратил во Истанбул од големата турнеја на Западна и Централна Европа. Според кажувањата, во времето кога во градот престолувала француската императорка Евгенија, кога Абдул Азис ја претставил пред мајката на султанот, Пертевнијал султан, во Белербејскиот дворец, Пертевниал се налутила од присуството на друга жена во харемот и наводно и удрила една шлаканица на Евгенија. Во 1871 година била завршена џамијата Пертевнијал Султан во Аксарај[2][7], каде подоцна била погребена Пертевнијал султан, мајка на Абдул Азис[2][52][7].


Контактите со Западна Европа довеле до основање на едно ново движење наречено Општество на младите османлии, основано во 1865 година. Ова движење се залагало за брзи реформи на чело со Танзиматот. Во 1867 година тие биле принудени да побегнат од градот во Европа. Во 1876 година во градот имало 13 турски весници (од кои 7 дневни), 9 грчки, 9 ерменски, 7 француски, 3 бугарски, 2 еврејски и англиски и по еден германски и арапски. градот во овој период се одликувал како главен центар на издавање книги, преку десетиците јавни и приватни издавачки куќи кои објавувале религиозни книги, учебници, дела на арапска, персиска и турска литература и турски преводи на европски автори. Од почетокот на 70-тите години на 19 век започнал брз развој на транспортната инфраструктура во градот. Во јануари 1871 година во областа на тврдината Едикуле била отворена првата железничка станица во градот која ги поврзувала центарот на градот со областа Чекмеџе. Во 1871 година биле отворени четири трамвајски линии и била изградена железничката линија Кадикој-Измит, во 1872 година на азискиот брег од Босфорот била отворена железничката станица Хајдарпаша. Во 1873 година била изградена станицата Истанбул-Едрене. Во летото на 1875 година бил изграден мостот Галата во должина од 480 метри и ширина од 14 метри. Додека стариот град останал главно муслимански непроменет, Галата и Пера доживеале драматични промени. Во овие области биле изградени голем број на амбасади и отворени канцеларии на европските компании, скапи хотели, продавници, кафулиња, клубови и ресторани каде биле продавани најмодерна облека и чевли, часовници и накит, парфеми и облека, прибор и мебел, играчки, оптички инструменти и фото апарати[2][53][54][55][7].

Трите големи пожари (1856 во Аксарај, 1865 во Хоџапаша, 1870 во Пера) значително го промениле изгледот на главниот град, но властите со учество на европските експерти спречиле штетата да биде уште поголема. Во овој период на пропаѓање на империјата, даноците се зголемувале периодично додека платите на службениците се намалувале. Популарноста на Младотурците се зголемувала на чие чело се наоѓал Митхат Паша. Во април 1876 во Истанбул избувнале масовни демонстрации на работниците, армијата и морнарите кои барале исплата на платите. Во мај 1876 година суланот ги сменил од функцијата на големиот везир, шеик-ил-исламот и голем број на министри, но протестите продолжиле. На 29 мај палатата Долмабахче била окупирана а султанот соборен од престолот. За нов султан бил избран Мурат V, син на починатиот султан Абдул Меџид I. Абдул Азиз бил затворен во палатата Чирган, каде неколку дена подоцна бил убиен[2].

Мурат V[уреди | уреди извор]

Во рок од неколку месеци по државниот удар, во престолнината се појавила жестока борба меѓу поддржувачите и противниците на уставот. Од страна на една лекарска комисија било направено увид дека Мурат V не е во можност да владее со империјата, со кое бил прогласен за луд. Така на негово место застанал неговиот брат Абдул Хамид II. Мурат бил затворен во палатата Чираган, каде починал во 1904 година[2][56][7].

Абдул Хамид II[уреди | уреди извор]

Традиционално, по прогласувањето за нов султан во Ејуп, Абдул Хамид II се качил на бел коњ и заминал кон стариот град на градот, каде најпрвин се поклонил пред турбето на Махмуд II а по оваа церемонија се вратил во Долмабахче. И покрај сериозниот недостиг на буџетски средства, османлискиот султан Абдул Хамид II се преселил од палатата Долмабахче во новата резиденција Јилдиз која претставувала редица од самостојни дрвени павилјони.

Уште во последните години на Абдул Азис, во административните кругови било разговарано за прогласување на устав во империјата. Според англискиот амбасадор: Зборот устав е во устата на сите и доколку султанот се откаже од него, најверојатно многу бргу ќе биде детониран од престолот. Така, во почетокот на владеењето на Абдул Хамид II бил прогласен првиот отомански устав со кое земјата станала уставна монархија. Истиот ден започнала и Цариградската конференција. Веќе следната 1877 година, султанот започнал борба против уставната монархија и султанот успеал на 13 февруари 1878 година да го распушти парламентот а со тоа завршила и Првата уставна ера. Следниот период во градот била воспоставена атмосфера на постојан страв од осуда и репресија. По потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор и губењето на Бугарија, на 20 мај 1878 година група бунтовници ја окупирале палатата Чираган со барање повторно да се врати на престолот соборениот Мурат V, но набргу истите биле уапсени.

Истанбул продолжил да биде најголемиот економски центар на Отоманската Империја. Главна улога во економскиот живот сè уште имала трговијата и занаетчиството, иако започнал и процесот на индустријализација и модернизација на претпријатијата. Во градот биле отворени леарници, металопреработувачки претпријатија, пилани, кожарски, текстилни и други фабрики а биле модернизирани и државните фабрики за производство на пиштоли, пушки, муниција и униформи.

Во есента на 1880 година бил отворен најголемиот грчки храм посветен на Света Тројца, додека во 1887 година на урнатините на еден византиски храм била изградена ерменска црква. Во 1890 започнала да работи железничката станица Сиркечи, во 1892 бил изграден хотел Пера Палас за потребите на патниците од Ориент Експрес. Во 1892 била отворена редовна железничка линија меѓу Анкара и Истанбул.

Во 1885 година населението на градот било околу 850,000 луѓе, од кои 53% од населението биле муслимани (главно Турци), 17,5% - Грци, 17% - Ерменци, 5% - Евреи, 1.2% - католици, 0,5%, 0,1% - Бугари (14,7% од жителите на главниот град биле странци). Во Пера, Галата и Топхане 47% од населението биле странци, 32% - „неточни“ поданици на империјата, а само 21% - муслимани. Муслиманските Турци биле 44% од населението покрај Босфорот во Бешикташ додека странците биле околу 10%. Во стариот дел на градот муслиманите биле 55% од населението. Муслиманите биле во големо нозинство и во Ејуп, Едикуле, Баќиркој. Кон почетокот на 20 век областа Таксим започнала бргу да се развива.

Зголемувањето на бројот на населението било спроведено преку една програма за подобрување на градската средина во престолнината. Програмата вклучувала проширување и асфалтирање на улици, изградба на тротоари, нова канализација и водовод. Првиот мост на Златниот Рог бил изграден во 1836 година за поврзување на Азапкапи и Ункапан, на местото каде денеска се наоѓа мостот Ататурк. На местото каде денеска се наоѓа мостот Галата, постоел друг мост кој бил изграден во 1845 година додека првиот метален мост бил изграден во 1878 година. Од тоа време мостот Галата станал главната артерија на секојдневниот живот на луѓето во градот. Во книгата Константинопол (1896), Едмундо де Амичис запишал:

Застанувајќи на ова место, вие можете да го видите како целиот Цариград минува преку него, додека се движите меѓу толпата народи составена од Турци, Грци и Ерменци... па ќе слушнете еден голем евнух качен на својот коњ кој на целиот глас ќе каже: Направете пат!, додека до него се наоѓа турски екипаж, украсен со цвекиња и птици и полн со жени од харемот. Некоја муслиманка тргнала пеш по мостот, друга христијанка со долга развеана коса врз која ставила една капа, па ќе видиш една еврејка со стара традиционална облека, црнкина со многубоен шал, Ерменка целата во црно... Такви една по една поминуваат нон стоп, како да има некоја поворка која треба да ги претстави различните носии на разните народи. Еве и една сиријка облечена во византиски стил, една бугарка облечена во роба од некоја мрачна боја, грузијка со нејзиниот шлем од кожа... На мостот човек може да ги види сите припадници на човековата кожа, од белите албаци до темните робови од Африка...


Значителен дел од населението опфаќала и ерменската заедница која имала големи привилегии под покровителство на патријархот на Ерменската црква. Но во есента на 1895 година во градот биле извршени масовни убиства врз ерменското население. На 26 август 1896 година од страна на членовите на ерменската револуционерна федерација се случило заземањето на Отоманската банка. Вооружени со пиштоли, гранати, динамит и рачни бомби, опсадата на банката траела 14 часа која резултирала со убивање на дел од ерменските револуционери. По крајот на заложничката драма во Цариград започнал прогон и убивање на ерменснкото население, чиј број достигнал околу 6,000 луѓе[57]. Сепак по интервенцијата на европските дипломати империјата им дозволила безбедно заминување на преживеаните револуционери во Франција. И покрај нивното насилно заземање на банката, инцидентот бил позитивно прифатен кај европскиот печат славејќи ги луѓето за нивната храброст и целите кои се обиделе да ги постигнат.

Во 1889 година во градот била формирена тајна организација позната како Комитет за просперитет и развој, чија главна цел била враќање на уставот. Младотурците кон 90-тите години на 19 век биле поразени, голем дел од нивните членови протерани а останатите делувале нелегално. Во 1892 година во близина на Топкапи сарај била изградена главната зграда на Археолошкиот музеј, во кој како главна атракција бил поставен саркофагот на Александар Македонски. Во септември 1898 година во населбата Фенер, на местото на стара дрвена црква, со активно учество на егзархот Јосиф I била изградена црквата Свети Стефан од Бугарската егзархија. Во истата 1898 година во предградието на Сан Стефано од архитектот Владимир Суслов била изградена голема православна црква во криптата каде се наоѓале остатоците од 20.000 руски војници убиени за време на Руско-турската војна од 1877-1878. Во 1900 година на Истанбускиот универзитет биле отворени три факултети - теолошки, литературни и технички. Во 1901 година била изградена Германската фонтана по повод посетата на Вилхем II на градот. Во јули 1905 година, ерменските револуционери направиле неуспешен атентат во џамијата Јилдиз во обид да го убијат султанот.

Во 1908 година избила Младотурската револуција. По ова, Австрија ја анексирала Босна и Херцеговина, Бугарија прогласила независност додека Грција го прогласила присоединувањето на Крит кон нејзина територија. На 23 јули 1908 година била испратена телеграма до султанот од страна на партијата на Младотурците со ултиматум за враќање на уставот по кое султанот прифатил. Изборите за нов парламент се одвиле во есента на 1908 година, и истите се одвивале во престолнината со исклучителна еуфорија. Според резултатите, муслиманите имале мнозинство со освоени 147 места, додека арапските народи освоиле 60, албанските 27, грчките 26, ерменците 14, словените 10 и евреите 4 места. Младотурците во следниот период ги намалиле трошоците за одржување на палатата, биле отпуштени од работа голем дел од султанскиот персонал, бил укинат султанскиот оркестар и.т.н. Абдул Хамид II направил некои обиди за да организира контрареволуција, но бил детрониран на 27 април 1909 година и заточен во вилата Алатини во Солун. Во 1912 година, во време на Балканските војни бил вратен во Бејлербејскиот дворец во Истанбул. Починал на 10 февруари 1918 година.

Мехмед V[уреди | уреди извор]

Католичката црква на Свети Антониј

За нов султан од страна на Младотурците бил поставен Мехмед V кој како султан немал политичка моќ. Формално имал право да го назначува големиот везир и шејк-ил-исламот. Во 1910 година палатата Чираган била опожарена, а претходно во неа се одржувале состаноци на османлискиот парламент. Во септември 1910 година била основана \Отоманската социјалистичка партија, која била непријателски настроена кон идеите на Младотурците. Властите во земјата одговориле со затварање на нивните клубови и весници а голем дел од раководството било протерано од градот. На 1 мај 1911 година, работниците од Истанбул за прв пат го одбележиле Меѓународниот ден на трудот. Во 1912 година во Пера била отворена Католичката црква на Свети Антониј во Падова, која станала главен храм на италијанската заедница на главниот град. Истата година бил отворен односно реновиран мостот Галата. Во 1912 година на плоштадот Султанахмед избуил голем пожар кој уништил стотици домови. Кога пожарот бил изгаснат биле откриени мозаиците од времето на Јустинијан I во Големата императорска палата. Во текот на Балканските војни, бугарските сили биле сосема блиску до градот, но биле сопрени во Чаталџиската битка [2][7].

На 23 јануари 1913 во градот се случил државен удар од страна на младотурските членови Мехмед Талат-паша и Енвер Паша. Околу 200 полицајци упаднале во владината зграда каде се одржувал редовен состанок на министрите. Назим Паша како министер за војна и Камил Паша биле уапсени. Како одговор на тоа, противниците на Младотурците го убиле големиот везир Шефкет Паша во неговиот автомобил. По овој настан младотурските сили ги забраниле сите опозициски партии и сидикати и биле уапсени стотици видни политичари во градот. Така до крајот на 1913 година во земјата била воспоставена младотурска воена диктатура на чело со Тројцата паши: Евнер, Талат и Кемал[2][6].

Во империјата во голема мера се зголемило влијанието на Германија. Во 1914 година империјата влегла во Првата светска војна на страната на Централните сили. Во овој период економската состојба била катастрофална, цените на производите растеле, заедно со водата за пиење, облеката, дрото и јагленот. Кога во градот пристигнале луѓе од најразлични делови на империјата за да побараат место за живеење, кириите за домување драстично се покачиле. Во градот владееле неконтролирани болести и епидемии бидејќи имало недостиг на лекови, голем број на болници биле затворени. Во април 1915 година властите започнале со т.н. Ерменски геноцид. Во 1916 година во Сан Стефано била разрушена руската црква, три цркви во Галата биле затворени заедно со Рускиот археолошки институт. Мехмед починал во јули 1918 година а на негово место бил поставен неговиот помлад брат Мехмед VI[22][2][58][40].

Мехмед VI[уреди | уреди извор]

Британските окупациони војски во Галата

Првата светска војна завршила катастрофално за Османлиската Империја, турската армија била поразена на сите фронтови со големи загуби. Во октомври 1918 година владата на Талат Паша поднела оставка и било потпишано примирје со Антантата. Во ноември 1918 година, во предниот дел на палатата Долмабахче дошле британски, француски, италијански и грчки бродови. Теснецот бил окупиран од британските сили, додека во целиот град дошла голема армија составена од британски, француски и италијански војници, окупирајќи го градот. Во декември 1918 година, султанот го распуштил парламентот и за везир го назначил Ферид Паша[2][10].

Во февруари 1919 година градот бил поделен во три зони. Французите биле одговорни за стариот град, Британците за Пера и Галата додека Италијанците за Усќудар. Во мај 1919 година грчките сили под заштита на Антантата го окупирале Измир, кое предизвикало голема огорченост кај населението. До Првата светска војна Турците постојано војувале за зачувување на интегритетот на Османлиската империја, односно против нациналноослободителните движења на останатите народи во империјата. На крајот на оваа војна Турците започнале свое националноослободително движење за зачувување на својата држава. Во овој период било основано Друштвото за заштита на правата на Тракија, Измир и источните вилаети. На чело на оваа организација застанал Мустафа Кемал. Во текот на летото и есента 1919 година Турција фактички била управувана од страна на две страни: султанската влада на чело со Ферид Паша во Истанбул и Сиваскиот комитет на чело со Кемал[2][10].

Заминувањето на султанот од Долмабахче

Во 1920 започнала Грчко-турската војна. На 23 март 1920 година, Мустафа Кемал објевил дека турската нација ќе биде управувана од Анкара, каде било формирено Големото народно собрание, а Мустафа Кемал бил избран за претседател. Во август 1920 бил потпишан договорот од Севр според кој целата империја била поделена меѓу сојузниците, доедека Константинопол останал целосно окупиран но под управа на султанот[2][59].

Во 1922 година Мустафа Кемал започнал контраофанзива во која ги поразил грчките сили. Истата година, на 1 ноември 1922 година во Анкара бил изгласен закон за укинување на калифатот и султанатот. Било информирано дека Истанбул ке се контроилира од страна на Големото народно собрание и самиот Мехмед VI повеќе не е султан, иако му се зачувала титулата калиф. По оставката на големиот везир Тефик Паша, султанот побарал британска подршка за заминување од градот, по кое на 17 ноември 1922 султанот заминал кон Сан Ремо во Италија, каде починал во 1926 година. Тој бил последниот султан кој управувал со Османлиската Империја.

Абдул Меџид II[уреди | уреди извор]

По укинувањето на султанатот, како официјална титула останала калифатот на империјата. Така, за нов калиф бил избрансинот на Абдул Азис, Абдул Меџид II. Прогласувањето на калиф се одржало во палатата Топкапи, која била изоставена во последните 75 години. Новиот калиф присуствувал на петочната молитва во Фатих по кое се поклонил во Ејуп и се вратил во Долмахахче[2][10].

Во 1923 бил потпишан Лозанскиот договор според кој биле зацртени денешните граници на Република Турција со мали исклучоци. Договорот меѓу Турција и Грција предводел размена на малцинства, според кое 1,300,000 милиони Грци и околу 500,000 Турци биле принудени да ги напуштат своите вековни домови. Единствен исклучок на оваа размена на население претставувале Турците од Западна Тракија и Грците од Константинопол. Окупацијата на Константинопол од сојузниците завршила во октомври 1923 година по кое на 13 октомври Анкара била прогласена за нова престолнина на новата република. Мустафа Кемал наречен Ататурк бил избран за претседател на Турција[2][10].

Во март 1924 година бил укинат и калифатот, а самиот Абдул Меџид II заедно со сите негови потомци морале да ја напуштат земјата. Починал во 1944 во Париз.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Според друга верзија, името "Истанбул" е фонетски изведен збор од грчкиот „ејс тин полин“, што значи „градот“. Османлиите во буквален превод името го преведувале како „кон градот“. Муслиманските освојувачи често градот го нарекувале Исламбол, односно град полн со ислам.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 2,17 2,18 2,19 2,20 2,21 2,22 2,23 2,24 2,25 2,26 2,27 2,28 2,29 2,30 2,31 2,32 2,33 2,34 2,35 2,36 2,37 2,38 2,39 2,40 2,41 2,42 2,43 2,44 2,45 2,46 2,47 2,48 2,49 2,50 2,51 2,52 2,53 2,54 2,55 2,56 2,57 2,58 2,59 2,60 2,61 2,62 2,63 2,64 2,65 2,66 Петросян и Юсупов 1977.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Роджер Кроули 2008.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 4,16 4,17 4,18 4,19 4,20 4,21 4,22 4,23 4,24 4,25 4,26 4,27 4,28 4,29 4,30 4,31 4,32 4,33 4,34 4,35 4,36 4,37 4,38 4,39 4,40 4,41 4,42 4,43 4,44 4,45 4,46 4,47 4,48 4,49 4,50 4,51 4,52 4,53 4,54 4,55 4,56 Робер Мантран 2006.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Бернард Льюис 1963.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 6,7 6,8 Бояр и Флит 2010.
  7. 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 7,11 7,12 7,13 7,14 7,15 7,16 7,17 7,18 7,19 7,20 7,21 7,22 7,23 7,24 Зейнеп Челик 1986.
  8. Според некои извори, второто минаре било поставено во времето на Бајазид II, додека во времето на Селим II преостанатите две. во внатрешноста на џамијата имало михраб и минбер. Во текот на овој период започнало и испишување на калиграфски писма во внатрешноста на ѕидовите, посветени на пророкот Мухамед и првите калифи.
  9. Според легендата, кога Османлиите го нападнале Цариград, еден ангел го спасил последниот византиски император сокривајќи го во една пештера под Златната порта, каде што чекал да излезе и да го врати градот на христијаните.
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 Джон Фрили 2011.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 Элли Коэн 2007.
  12. 12,0 12,1 Минна Розен 2010.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 13,6 Фариба Заринебаф 2010.
  14. Османлиите ја обновиле тврдината и ја претвориле во затвор. Во овој затвор биле задавени седум султани, биле измачувани до смрт десетици принцови, визери или државници. По егзекуцијата, нивните тела биле фрлени во еден длабок бунар, наречен крвавиот бунар. Овде биле затворени и рускиот амбасадор Питер Толстој, Алексеј Обресков и.т.н.
  15. Храмот бил изграден во 13 век од страна на италијанските колонисти. Во тоа време џамијата била позната како Галата џамија, додека денеска е позната како Арапска џамија.
  16. Султанот на оваа одлука на шпанските владетели наводно рекол: Фердинанд е глуп крал! Тој ја сруши сопствената земја и ја збогати нашата
  17. 17,0 17,1 Дубнов С. М. 2003.
  18. История Средних веков 1952.
  19. Според една верзија, името на џамијата е преведено како Џамија на младоженецот, и самиот објект бил донирана и претворена во џамија од емир Илјас Ахор.
  20. За ова тој го заработил прекарот – Јавуз, што на турски значи “мрачен”.
  21. 21,0 21,1 21,2 Роберт Оустерхаут 2007.
  22. 22,0 22,1 Дэвид Лэнг 204.
  23. Рустем паша по неговата смрт во 1561 година, имал имот од 1700 робови, 2900 коњи, 1100 камили, 700,000 златници, голем број на скапоцени камења, злато и накит.
  24. „Don Joseph Nasi - Duke of Naxos“. Chabad-Lubavitch Media Center. http://www.chabad.org/library/article_cdo/aid/111925/jewish/Don-Joseph-Nasi-Duke-of-Naxos.htm. посет. 27 ноември 2013 г. 
  25. „Joseph Nasi“. American-Israeli Cooperative Enterprise. http://www.jewishvirtuallibrary.org/jsource/biography/JosephNasi.html. посет. 27 ноември 2013 г. 
  26. „Наси Иосеф“. Society for Research on Jewish Communities. http://www.eleven.co.il/article/12910. посет. 28 ноември 2013 г. 
  27. Еден анонимен европски патешественик го опишал настанот на следниот начин: На овој настан земаа сите учество, од војници, работници, пејачи, танчери и жонглери. Човек на церемонијата може да виде Арапи, Маври, Грци и Шпанци
  28. „Sultan Murad III (Biography)“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/12index.html. посет. 30 ноември 2013 г. 
  29. Альфред Вуд 2006, The Foundation of the Levant Company.
  30. „Sultan Murad III (Architecture)“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/12index.html. посет. 30 ноември 2013 г. 
  31. Сурайя Фарохи 2006, Хронология.
  32. Сурайя Фарохи 2006.
  33. Според легендата, султанот наредил минарињата да бидат направени од злато, но на турски злато се произнесува алтан. Архитектот наместо алтан слушнал алта кое значи шест, па поради тоа биле изградени шест минариња.
  34. „Biography Sultan Osman II“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/16index.html. посет. 30 ноември 2013 г. 
  35. Евлија вели дека "тие беа распределени на педесет и седум делови и општо правеа илјада и еден еснафи", иако еснафите, кои тој всушност ги опишува, биле само 735. Претставниците учествувале на парадата со нивните каралтеристични носии, покажувајќи ги своите можности во трговија и занаетчиство.
  36. „Biography Sultan Murad IV“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/17index.html. посет. 30 ноември 2013 г. 
  37. „Biography Sultan Suleyman II“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/20index.html. посет. 2 декември 2013 г. 
  38. „Biography Sultan Ahmed II“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/21index.html. посет. 2 декември 2013 г. 
  39. Эдхем Эльдем 1999.
  40. 40,0 40,1 40,2 Шкаровский М.В. (2009). „Русские православные общины в Турции“. Вестник ПСТГУ. https://docs.google.com/viewer?url=http://pstgu.ru/download/1241787945.shkarovsky.pdf. посет. 3 април 2014 г. 
  41. „Architecture“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/24index.html. посет. 3 декември 2013 г. 
  42. „Biography Sultan Mahmud I“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/24index.html. посет. 3 декември 2013 г. 
  43. „Biography Sultan Osman III“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/25index.html. посет. 4 декември 2013 г. 
  44. „Biography Sultan Abdulhamid I“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/27index.html. посет. 4 декември 2013 г. 
  45. „Biography Sultan Mustafa IV“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/29index.html. посет. 4 декември 2013 г. 
  46. „Alemdar Mustafa Pasha“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/29index.html. посет. 4 декември 2013 г. 
  47. „Biography Sultan Mahmoud II“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/30index.html. посет. 5 декември 2013 г. 
  48. „The Reforms“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/30index.html. посет. 5 декември 2013 г. 
  49. „Tazminat Fermani (The Reform Ferman)“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/31index.html. посет. 5 декември 2013 г. 
  50. „The Holy Theological School of Halki“. The Ecumenical Patriarchate of Constantinople. http://patriarchate.org/patriarchate/monasteries-churches/halki. посет. 22 ноември 2013 г. 
  51. „Biography Sultan Abdülmecid“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/31index.html. посет. 5 декември 2013 г. 
  52. „Beylerbeyi Palace“. TBMM Genel Sekreterliği (Milli Saraylar). http://www.millisaraylar.gov.tr/portalmain-en/Palaces.aspx?SarayId=15. посет. 21 ноември 2013 г. 
  53. „CFOA - Chemins de Fer Ottomans d'Anatolie“. Trains of Turkey. http://www.trainsofturkey.com/w/pmwiki.php/History/CFOA. посет. 20 ноември 2013 г. 
  54. „Istanbul - Sirkeci“. Trains of Turkey. http://www.trainsofturkey.com/w/pmwiki.php/Stations/IstanbulSirkeci. посет. 20 ноември 2013 г. 
  55. „Brief History“. Istanbul Metropolitan Municipality Presidency. http://www.iett.gov.tr/en/main/pages/brief-history/138. посет. 22 ноември 2013 г. 
  56. „Biography Sultan Murad V“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/33index.html. посет. 10 декември 2013 г. 
  57. Bloxham, Donald. The Great Game of Genocide. Imperialism, Nationalism, and The Destruction of The Ottoman Armenians. Oxford: Oxford University Press, 2005, p. 53. ISBN 0-19-927356-1
  58. „Biography Sultan Mehmed Resad“. Ottoman Web Site. http://www.osmanli700.gen.tr/english/sultans/35index.html. посет. 11 декември 2013 г. 
  59. Шкаровский М.В. (2009). „Русские православные общины в Турции“. Вестник ПСТГУ. https://docs.google.com/viewer?url=http://pstgu.ru/download/1241787945.shkarovsky.pdf. посет. 3 април 2014 г. 

Литература[уреди | уреди извор]

На руски јазик[уреди | уреди извор]

  • Витол А. В. Османская империя: начало XVIII в. — Москва: Наука. Главная редакция восточной литературы, 1987. — 133 с.
  • Дубнов С. М. Краткая история евреев. — Ростов-на-Дону: Феникс, 2003. — 576 с. — ISBN 5-222-03451-8.
  • Командорова Н. И. Русский Стамбул. — Вече, 2009. — 348 с. — ISBN 5953337477.
  • Косминский Е. А. История Средних веков. — Москва: Государственное издательство политической литературы, 1952. — 748 с.
  • Кроули Роджер. Константинополь: Последняя осада. 1453. — Москва: АСТ Москва, 2008. — 346 с. — ISBN 978-5-9713-9418-1.
  • Лэнг Дэвид. Армяне. Народ-созидатель. — Москва: Центрполиграф, 2004. — 350 с. — ISBN 5-9524-0954-7.
  • Мантран Робер. Повседневная жизнь Стамбула в эпоху Сулеймана Великолепного. — Москва: Молодая гвардия, 2006. — 367 с. — ISBN 5-235-02803-1.
  • Мейер М. С. и Орешкова С. Ф. Османская империя: система государственного управления, социальные и этнорелигиозные проблемы. — Москва: Наука, 1986. — 249 с.
  • Мейер М. С. Османская империя в первой четверти XVII века: сборник документов и материалов. — Москва: Наука. Главная редакция восточной литературы, 1984. — 211 с.
  • Петросян Ю. А. и Юсупов А. Р. Город на двух континентах. — Москва: Наука. Главная редакция восточной литературы, 1977. — 288 с.

Рахманалиев Р. Империя тюрков. Великая цивилизация. — Москва: Рипол-классик, 2009. — 703 с. — ISBN 978-5-386-00847-5.

На англиски јазик[уреди | уреди извор]

  • Ottaviano Bon, Robert Withers. The Sultan's Seraglio: An Intimate Portrait of Life at the Ottoman Court. — Saqi Books, 1996. — 165 с.
  • Ebru Boyar, Kate Fleet. A Social History of Ottoman Istanbul. — Cambridge University Press, 2010. — 354 с. — ISBN 978-0-521-13623-5.
  • Peter Clark. Istanbul: a cultural and literary history. — Signal Books, 2010. — 264 с. — ISBN 1904955762.
  • Zeynep Çelik. The Remaking of Istanbul: Portrait of an Ottoman City in the Nineteenth Century. — University of California Press, 1986. — 183 с. — ISBN 9780520082397.
  • Alan Duben, Cem Behar. Istanbul Households: Marriage, Family and Fertility, 1880-1940. — Cambridge University Press, 2002. — 268 с. — ISBN 0-521-52303-6.
  • Suraiya Faroqhi. Subjects of the Sultan: Culture and Daily Life in the Ottoman Empire. — London: I.B. Tauris, 2005. — 358 с. — ISBN 1850437602.
  • Suraiya Faroqhi. The Cambridge History of Turkey: The Later Ottoman Empire, 1603—1839. — Cambridge University Press, 2006. — 625 с. — ISBN 0-521-62-095-3.
  • John Freely. A History of Ottoman Architecture. — WIT Press, 2011. — 449 с. — ISBN 978-1-84-564-506-9.
  • John Freely. Inside the Seraglio: private lives of the Sultans in Istanbul. — Viking, 1999. — 360 с. — ISBN 0670878391.
  • Edhem Eldem. French Trade in Istanbul in the Eighteenth Century. — Leiden: BRILL, 1999. — 322 с. — ISBN 90-04-11353-3.
  • Elli Kohen. History of the Turkish Jews and Sephardim: Memories of a Past Golden Age. — University Press of America, 2007. — 263 с. — ISBN 0-7618-3601-2.
  • Bernard Lewis. Istanbul and the Civilization of the Ottoman Empire. — University of Oklahoma Press, 1963. — 189 с. — ISBN 0806110600.
  • Robert G. Ousterhout. Studies on Istanbul and Beyond. — Philadelphia: Univ. of Pennsylvania Museum of Archaeology, American Research Institute in Turkey, 2007. — 91 с. — ISBN 978-1-934536-01-8.
  • Minna Rozen. A History of the Jewish Community in Istanbul. — Leiden: BRILL, 2010. — 419 с. — ISBN 978-90-04-18-589-0.
  • Jane Taylor. Imperial Istanbul: A Traveller's Guide. — London: I.B. Tauris, 2007. — 343 с. — ISBN 1845113349.
  • Fariba Zarinebaf. Crime and Punishment in Istanbul: 1700-1800. — Berkeley: University of California Press, 2010. — 271 с. — ISBN 978-0-520-26221-8.
  • Alfred Wood. A History of the Levant Company. — London: Oxford University Press, 2006. — 264 с. — ISBN 0-7146-1384-3.

Документарни филмови[уреди | уреди извор]

  • «Византия после Византии» (Byzantium after Byzantium, Βυζάντιο μετά το Βυζάντιο), 2010 год, режиссёр — Эрато Парис, совместное производство Греции и Франции.
  • «Византия. Утраченная империя» (Byzantium. The Lost Empire), 1997 год, режиссёр — Рон Джонсон, производство — США.
  • «Гибель империи. Византийский урок», 2008 год, режиссёр — Ольга Савостьянова, производство — Россия.
  • «Города мира: Стамбул», 2010 год, режиссёр — Юджин Шеферд, производство — США.
  • «Золотой Глобус № 105. Стамбул: Город императоров и султанов», 2012 год, совместное производство Германии и России.
  • «Константинополь. Исчезающий Царьград», 2008 год, производство — Россия.
  • «Метрополии» (Metropolis), 5-я серия — «Миссия в Константинополь», 2003 — 2004 год, режиссёры — Ханнес Шульдер и Манфред Баур, производство — Германия.
  • «Музеи мира», 8-я серия — «Дворец Топкапы в Стамбуле», 2007 — 2008 год, производство — Россия.
  • «Музейные тайны» (Museum secrets), 10-я серия — «Дворец Топкапы в Стамбуле», 2012 год, режиссёр — Дэвид Лангер, совместное производство США и Великобритании.
  • «Музей Святой Софии» (Hagia Sophia Museum), 2009 год, производство — Турция.
  • «Подземный мир городов» (Cities of the Underworld), 1-я серия — «Стамбул», 2006 год, производство — США.
  • «Путешествие по Европе № 19. Стамбул - город императоров и султанов», 2006 год, производство — Германия.
  • «Сокровища Стамбула» (Istanbul treasures), 2009 год, производство — Турция.
Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Историја на отомански Цариград“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).