Википедија:Избрана статија/2009

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гласање за избрана статија[уреди извор]

Како да гласам за овој предлог?


Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Седмица 53, 28.12.2009. - 03.01.2010

Посвојувањето е чин на легално сместување на дете со родител или родители, кои не се негови биолошки родители. Налогот за посвојување има за цел да ги прекине родителските одговорности и права на оригиналните родители и да ги префрли тие одговорности и права на родителите кои посвојуваат.

Начините на посвојување претрпеле значајни промени во последните сто години, при што секое ново движење е означено како реформа. Почнувајќи од 1970-тите напорите да се подобри посвојувањето биле поврзувани со отворање на досиејата и поттикнување на зачувување на семејството. Овие идеи се родиле од претпоставките дека тајноста која е дел од современото посвојување може да влијае врз процесот на создавање идентитет кај детето, може да создаде забуни во однос на потеклото и воопшто не е корисна при одредувањето на медицинската историја.

Ставовите и законите што се однесуваат на посвојувањето многу варираат. И покрај тоа што во сите култури постои начин децата чии родители не се способни сами да ги одгледаат да бидат пораснати од некој друг, не сите култури го имаат концептот на посвојување т.е однесувањето спрема посвоените деца како еднакви на биолошкките деца на посвојувачите. На пример во Египет, и според муслиманскиот закон посвојувањето е нелегално. Дознајте повеќе...

Седмица 52, 21.12.2009. - 27.12.2009

Rated R е четвртиот студиски албум на бахамската Р&Б и поп пејачка Ријана, издаден на 20 ноември 2009. Првата песна од албумот е „Russian Roulette“, напишана е од страна на Не-Јо и самата Ријана. Песната беше издадена на 20 октомври 2009. Албумот се има продадено во 181.442 примероци во првата седмица по неговото издавање во САД, што претставува најпродавана седмица на некој албум на Ријана. Ова е првиот албум на Ријана со предупредувачки наслов, а за кој е потребен родителски надзор. Сепак, во Велика Британија беше издадена верзија без предупредуање за родителски надзор. Од своето издавање, албумот доби златно признание во Велика Британија и Австралија.

Во февруари 2009 Ријана беше на листата на изведувачи на 51. Греми награди, но нејзиниот настап беше одложен.Таа беше натепана од страна на нејзиниот поранешен приватен партнер, Р&Б изведувачот Крис Браун кој беше притворен поради тоа и осуден. Фотографија од Ријана по овој немил настан излезе во сите списанија и на сите интернет страници преку TMZ.com. Подоцна во 2009 година, таа се врати на музичата сцена со песната „Run This Town“, која таа ја изведува со хип хоп изведувачите Џеј-Зи и Кејни Вест. Песната стана доста успешна на северноамериканскиот континент и во Европа. По оваа песна, таа продои со снимањето на нови песни, односно со создавањето на нејзиниот нов албум Rated R. Дознајте повеќе...

Седмица 51, 14.12.2009. - 20.12.2009

Бременост (латински: graviditas) — развивање на еден или повеќе плодови во матката на жената, познати како фетус или ембрион (зародиш). Повеќеплодова бременост е можна како што е случајот со близнаци или тројка. Бременоста кај човекот е повеќе проучувана за разлика од бременоста кај цицачите. Гинекологија и акушерство е хируршка област што ја проучува и се грижи за високо ризичната бременост. Медицинските сестри (народно познати како бабици) се дел од нехируршката област која води сметка за бременоста и бремените жени.

Породувањето се случува околу 38. гестациска недела или приближно 40 недели од последниот нормален менструален период на жената. Медицински, за нормален датум за породување се смета доколку тој се паѓа во текот на 14 дена пред или по пресметаниот датум. Пресметувањето на овој датум ја вклучува претпоставката за редовен менструален период после секои 28 дена. Според тоа бременоста трaе речиси девет месеци. Во медицинската заедница, точната дефиниција на англискиот збор бременост е предмет на политичка контроверзност, не и на суштинска контроверзност.

Во повеќе медицински или правни дефиниции на општеството, човековата бременост прилично произволно е поделена на три тримесечја, како начин за поедноставно посочување на различните периоди од преднаталниот развој. Во првото тримесечје најголем е ризикот од пометнување на плодот (природна смрт на ембрионот или фетусот). За време на второто тримесечје, развојот на фетусот може полесно да биде следен и дијагностициран. Честопати почетокот на третото тримесечје се приближува кон фазата на согледување на отпорноста односно способноста на фетусот да преживее надвор од матката, со или без медицинска помош. Дознајте повеќе...


Седмица 50, 07.11.2009. - 13.12.2009

Воениот конфликт во Република Македонија од 2001 траел од јануари до ноември 2001 година. Конфликтот започнал кога албанската паравоена формација Ослободителна Народна Армија (скратено ОНА), ги нападнала безбедносните сили на Македонија. Конфликтот продолжил во поголемиот дел од 2001 година, а завршил со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во август истата година.

На 8 септември 1991 година, во Република Македонија бил одржан Референдум за независност, со кој било изгласено осамостојувањето на Република Македонија. Во деновите пред Референдумот биле упатени повици до сите политички лидери и до граѓаните да одат да го дадат својот глас. Повикот бил прифатен од сите, освен од партиите на албанската националност кои повикле на бојкот, тврдејќи дека Албанците се обесправен народ. Така, граѓаните од албанска националност го бојкотирале Референдумот и одбиле на демократски начин да се изрази волјата на албанското малцинство во Македонија.

Првите дејства на етничките Албанци во Македонија настапиле кон крајот на 2000 година и почетокот на 2001 година, главно по линијата на границата на Македонија со тогашната српска провинција (денеска држава) Косово. Дознајте повеќе...

Седмица 49, 30.11.2009. - 06.12.2009
Знаме на Бутан.
Знаме на Бутан.

Кралството Бутан (ѕонгка: ) или само Бутан е земја во Јужна Азија, сместена на источниот крај на Хималаите. Државата на југ, исток и запад се граничи со Индија, а додека на север се граничи со НР Кина. Од Непал, државата е одделена со индиската држава Сиким, а од Бангладеш со сојузната држава Западен Бенгал. На бутански јазик или ѕонгка, државата се нарекува „Druk Yul“ (འབྲུག་ཡུལ་) што во превод значи „Земјата на молњестиот змеј“.

До скоро, Бутан важеше за една од најизолираните земји во светот, но денес државата е под забрзан развој и има интернет, мобилна, телевизиска и телефонска мрежа. Сепак, Бутан го избалансирал овој модерен развој со својата античка традиција и култура под директно водство на бруто националната среќа. Владата во Бутан презема доста мерки за зачувување на националната култура, традиција, идентитет и природа. Според „Business Week“ и Универзитетот во Лестер, Бутан е најсреќната држава во Азија и осма најсреќна држава во светот според истражувањата на универзитетот во 2006 година.

Релјефот на Бутан е разновиден. Така, државата е составена од суптропски рамници на југот па сè до планински предели на север со високи врвови, од кои некои изнесуваат над 7000 метри надморска височина. Државната религија во Бутан е ваџрајанскиот будизам. Исто така најголем број од населението се будисти, додека втора најголема религија е хиндуизмот. Најголем град, а воедно и главен град, во Бутан е Тимпу. Вкупната површина на државата е 38.394 квадратни километри.

По долгогодишно владеење од страна на монархијата, Бутан ги одржал своите први демократски избори во март 2008 година. Покрај останатите меѓународни организации, Бутан е член на ООН и Јужноазиската асоцијација за регионална соработка. Дознајте повеќе...

Седмица 48, 23.11.2009. - 29.11.2009

Анастасија Николаевна Романова (1901-1917) била најмладата ќерка на Николај II, последниот руски цар. Анастасија била помлада сестра на Големата кнегиња Олга, Големата кнегиња Татјана и Големата кнегиња Марија. Била постара сестра на престолонаследникот на рускиот престол Алексеј Николаевич. Се претпоставува дека ја убиле болшевиците на 17 јули 1918 година заедно со целото нејзино семејство. Сепак, постојано кружеле гласини дека таа успеала да побегнe. Неколку жени тврделе дека всушност тие се Анастасија. Најпозната од нив била Ана Андерсон, чие тело е кремирано во 1984 год. Неколку луѓе, кои ја познавале вистинската Анастасија ги поддржале тврдењата дека Ана Андерсон е Анастасија, но со ДНК тестирање на остатоците од Ана Андерсон во 1994 год. се покажало дека таа не е Анастасија.

За време на Првата светска војна, Анастасија заедно со сестрата Марија ги посетувале ранетите војници во приватната болница во Царское Село (резиденцијата на царското семејство во близина Санкт Петербург). Тие двете биле премлади да бидат болничарки, па настојувале со ранетите војници да играат шах или билијарто. Царот Николај II Романов абдицирал во февруари 1917 год., а Анастасија и нејзиното семејство за време на Октомвриската револуција биле ставени во куќен притвор во Александровиот дворцец во Царское село. Повеќе...

Седмица 47, 16.11.2009. - 22.11.2009
Дел од платното од Торино со главата на ликот.
Дел од платното од Торино со главата на ликот.

Торинското платно или Платното од Торино е ленено платно со слика на еден човек за кој се претпоставува дека е Исус Христос, кој се чини дека бил физички трауматизиран при распетието. Таа се чува во кралската капела на катедралата „Св. Јован Крстител“ во Торино, Италија. Се верува дека тоа e крпата со која било обвиткано телото на Исус за време на неговиот погреб.

Сликата на платното е повеќе видлива кога е сликана во негатив одошто во природните бои. Негативната фотографија на сликите од платното била за прв пат проучена вечерта на 28 мај 1898 година кога ја сликал аматерскиот фотограф Секондо Пија. Тој добил дозвола да го слика платното додека било објавено за јавноста во Катедралата во Торино. Според Пија, само што не го пуштил апаратот од раце кога ја видел сликата со човечко лице на неа.

Платното е предмет на интензивна дебата помеѓу научниците, верниците, историчарите и писателите за тоа од кога постои платното, од каде потекнува и како е создаден ликот на самото платно. Од религиска гледна точка, во 1958 година Папата Пиј XII, заедно со Католичката црква, дека ликот е светото лице на Исус. Некои веруваат дека платното е покривката со која бил покриен Исус кога го поставиле во гробот. Скептичните луѓе веруваат дека ова платно е обична средновековна лажга, додека пак други тврдат дека ликот се создал по пат на природни хемиски реакции.

Врз платното биле извршени различни тестови. Тестирањата со радиојаглерод во 1988 година извршени од три независни тимови научници изјавиле дека платното е создадено во средновековието, околу 1300 години по смртта на Исус. По ова тестирање произлегле големи реакции за точноста на испитувањето, најмногу од Хери Е. Гов. Следните анализи биле објавени во 2005 година тврдат дека примероците кои ги зеле научниците не се од самото платно. Самото платно било оштетено од оган за време на средновековието, па според тоа анализите објавени во 2005 година посочуваат дека поради оганот на платното биле додадени јаглеродни материјали што резултирало со поголема радиојаглеродна материја. Повеќе...


Седмица 46, 09.11.2009. - 15.11.2009

Бојавидна восприемателна способност на луѓето спрема категориите наречени црвено, жолто, сино и други. Бојата е резултат на интеракцијата на светлинскиот спектар со светлоприемници (фоторецептори) во окото. Категориите на боите и физичките спецификации на бојата исто така се поврзани со предметите, материјалите, изворите на светлина и така натаму, пред се од аспект на нивните физички својства како што се (абсорпција), одбивањето (апсорпција) или емитувањето (зрачење) на светлината.

Најчесто, само делови од целиот состав на светлината кои се видливи за луѓето (брановата должина на спектарот од 380 до 740 нм, приближно речено) се сметаат за боја, според тоа непристарсно го поврзуваме психолошката појава за боја со физичката спецификација. Бидејќи восприемањето на бојата доаѓа од различните видови на конусни клетки во мрежницата и оди до различни делови во спектарот, боите можат да се дефинираат и измерат по степенот со кој тие ги стимулираат овие клетки. Овие физички или психолошки квантификации на бојата, покрај се не целосно ни ја објаснуваат психофизичкото восприемање на бојата. Повеќе...


Седмица 45, 02.11.2009. - 08.11.2009

Географијата на Индија е разновидна, од снежни покривки на планините, до пустини, низини и висорамнини. Климата се менува од екваторска на крајниот јужен дел до ладна планинска клима на Хималаите. Индија го зафаќа најголемиот дел од Индискиот Потконтинент и има брег во должина над 7.000 км, од кој најголем дел лежи на Индискиот Океан. Индија на запад се граничи со Арапското Море, а на исток со Бенгалскиот залив.

Плодната Индо-гангска низија зазема голем дел од северна, средна и источна Индија, додека висорамнината Декан зазема поголем дел од јужна Индија. На западниот дел од земјата се наоѓа пустината Тар, која е во еден дел карпеста, а во друг песочна пустина, додека источната и североисточната граница ја чинат Хималаите. Со сигурност не може да се зборува за највисоката точка на Индија поради територијалниот спор со Пакистан. Според Индија, највисоката точка (сместен во спорната територија Кашмир) е врвот К2, висок 8.611 м. Највисоката точка на неспорна индиска територија е врвот Кангченѕунга, висок 8.598 м.

Индија се граничи со Пакистан, Народна Република Кина, Бангладеш, Мјанмар, Непал, Бутан и Авганистан. Шри Ланка и Малдиви се острвскеи држави, јужно од Индија. Земјата е поделена на 28 држави, 6 административно сојузни територии и територија на главниот град. Политичките поделби се главно поради етничките и јазичните разлики, а не географските. Повеќе...


Седмица 44, 26.10.2009. - 01.11.2009

Египетска митологија (или египетска религија) опфаќа различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во древен Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества. Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка. Постојат и кратки периоди во кои владеел монотеизмот.

Првите митови зборуваат дека на почетокот универзумот бил исполнет со прастарите води на хаосот, а тоа е богот Нун. Богот Ре-Атум се појавил од водата, како што земјата на Египет се појавува секоја година после поплавите на Нил. Ре-Атум плукнал, и од тоа излегле божествата Шу (воздух) и Тефнут (влажност). Светот е создаден кога Шу и Тефнут ги родиле двете деца: Нут (небото) и Геб (земјата). Луѓето се создадени кога Шу и Тефнут тргнале да се шетаат по темната пустелија и се изгубиле. Ре-Атум го испратил своето око за да ги најде. Откако биле пронајдени, неговите солзи радосници се претвориле во луѓе. Повеќе...


Седмица 43, 19.10.2009. - 25.10.2009

НАТО или Северноатлантската Алијанса (англиски: North Atlantic Treaty Organisation (NATO), француски: l'Organisation du Traité de l'Atlantique Nord (OTAN)), понекогаш нарекувана Атлантска Алијанса, или Западна Алијанса е мегународнa безбедносна организација која била создадена со потпишувањето на североатланскиот договор на 4 април 1949 година. Седиштето на НАТО се наоѓа во Брисел, Белгија и организацијата претставува систем за колективна одбрана со кој нејзините држави членки се обврзуваат за заедничка одбрана во одговор за напад од надворешни лица.

Во првите неколку години, НАТО претставувал еден вид обична политичка асоцијација. Првиот генерален секретар на НАТО е Хастингс Исмеј, кој изјавил дека “целта на организацијата е одбрана од СССР, под раководство на САД и во мегувреме да не се дозволи повторното воздигање на Германија. Како резултат на ова, Франција во 1966 година се повлекла од пактот. Повеќе...


Седмица 42, 12.10.2009. - 18.10.2009
abcdefgh
8
a8 црн топ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
c6 црн коњ
b5 бел ловец
e5 црн пешак
e4 бел пешак
f3 бел коњ
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh

Шпанска партија (Реј Лопес) или Шпанско отворање е шаховско отворање кое настанува со потезите:

1. e4 e5
2. Sf3 Sc6
3. Lb5

Шпанската партија е едно од најпопуларните шаховски отворања. Ова отворање има огромен број на варијанти кои во енциклопедијата на шаховски отворања се обележани со шифрите од C60 до C99.

Отворањето води потекло од Шпанија од 16. век. Свештеникот Реј Лопес де Сегура извршил систематски студии на ова и на други отворања во книгата Libro del Ajedrez напишана во 1561. Во негова чест, во западната литература, ова отворање најчесто се среќава под името Реј Лопес. И покрај тоа, ова отворање подробно било познато и пред анализата на Реј Лопес, како дел од Гетингенските ракописи, кои датираат од 1490. Попукларна употреба на отвораето не се развила, и покрај тоа што во средината на 19. век, рускиот теоретичар Карл Јаниш повторно го вратил во употреба, покажувајќи го неговиот потенцијал. Повеќе...


Седмица 41, 05.10.2009. - 11.10.2009

Носорози се група на пет преживеани видови на непарнокопитни животни од фамилијата Rhinocerotidae. Два од овие вида потекнуваат од Африка, а останатите три од Азија. Три од петте вида (јаванскиот, суматранскиот и црниот носорог) се критично загрозени видови. индискиот носорог е загрозен вид од кој се проценува дека има уште 2700 единки во дивината. Белиот носорог е на листата на ранливи видови со преостанати 9000 единки во дивината.

Животните од оваа фамилија се едни од најголемите живи примероци на мегафауната, и сите видови достигнуваат тежина од над еден тон. Тие се тревопасни, имаат тенка кожа (1,5 – 5 сантиметри), составена од слоеви на колаген со кристална структура. Во споредба до нивната големина, овие цицачи имаат релативно мал мозок (400-600 грама) и голем рог. Најчесто се хранат со лисјести растенија, но доколку е потребно можат и да ферментираат пофиброзна растителна храна во дебелото црево. За разлика од останатите непарнокопитни животни, африканските видови на носорози немаат предни заби, поради што за пасење растенија ги користат катниците и преткатниците. Повеќе...


Седмица 40, 28.09.2009. - 04.10.2009

Човечкиот папиломен вирус (HPV - Human Papillomavirus), е папиломен вирус, кој ја инфицира кожата и мукозните мембрани кај луѓето. Многу е поопасен за жени, отколку за мажи. Идентификувани се околу 130 типови HPV. Некои типови на HPV предизвикуваат појава на брадавици (verrucae), некои предизвикуваат рак, а некои немаат никакви симптоми. Повеќето луѓе, кои се заразени од HPV, не знаат дека го имаат вирусот.

Околу 30-40 типови на HPV, вообичаено се пренесуваат преку сексуален контакт и го заразуваат аногениталниот дел. Некои полово преносливи типови на HPV можат да предизвикаат генитални брадавици. Долготрајна инфекција со „високоризични“ типови на HPV, кои се поинакви од оние што предизвикуваат брадавици, можат да напредуваат до предканцерозни лезии и инвазивен карцином. Заразеноста со HPV е причина за речиси сите случаи на рак на грлото на матката. Меѓутоа, повеќето од овие типови, не предизвикуваат болест.

За да се откријат измени на ткивото се зема цервикален Папаниколау тест. Ова овозможува прецизно хируршко отстранување на кондиломатозните и/или потенцијално предканцерогенозните ранички, пред да дојде до развивање на агресивниот рак на грлото на матката. Иако проширеноста на Пап-тестирањето ја намали зачестеноста и фаталноста на ракот на грлото на матката во развиените држави, оваа болест сепак убива неколку стотици илјади жени годишно, низ целиот свет. HPV- вакцините, гардасил и церварикс, кои спречуваат заразување со некои од полово преносливите типови на HPV што се воедно и најзастапени, може да водат кон намалување на бројот на канцери предизвикани од HPV. Повеќе...

Седмица 39, 21.09.2009. - 27.09.2009
Понуда и побарувачка
Понуда и побарувачка

Во економијата, понудата и побарувачката ги опишуват пазарните врски меѓу продавачите и купувачите на добро или услуга. Моделот на понудата и побарувачката ја одредува количината и цената продадена на пазарот. Овој модел е фундаментален микроекономски модел и служи како основа за други економски модели и теории. Моделот предвидува, дека во конкурентен пазар цената ќе работи на изедначување на побаруваната количина од страна на купувачите со понудената од страна на производителите, резултираќи со пазарна рамнотежа на количината и цената. Моделот покрај цената ги вклучува и другите фактори кои влијаат на воспоставувањето на пазарната рамнотежа (еквилибриум), опишуваќи го нивното влијание како поместувања на понудата и побарувачката.

Законот на понудата гласи дека понудената количина е во врска со цената, односно во правопропорционална врска: повисока цена - поголема понуда, и обратно: пониска цена - помала понуда.

Законот на побарувачката е обратен, односно обратнопропорционален: повисока цена - помала побарувачка, или пониска цена - поголема побарувачка. Законите важат под претпоставка дека е исполнет принципот ceteris paribus („при други непроменети фактори“), односно промената е само во цената. Повеќе...


Седмица 38, 14.09.2009. - 20.09.2009
Шопен во 1835 г.
Шопен во 1835 г.

Фредерик Шопен (полски: Fryderyk Franciszek Chopin, француски: Frédéric François Chopin; 1 март 1810, Желазова Вола – 17 октомври 1849, Париз) — полски композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.

Роден е во селото Желазова Вола во Варшавското војводство. Мајка му била полка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20 годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39 годишна ворзаст се разболил од туберкулоза.

Сите Шопенови дела се за пијано (претежно соло), и тие се сметаат дека припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничка виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата, но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како сонатата за пијано, валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика. (Дознајте повеќе...)


Седмица 37, 07.09.2009. - 13.09.2009
Сонцето.
Сонцето.

Ѕвезда е масивно тело од јонизиран гас (главно водород) во надворешната вселена, што произведува или произведувала енергија преку јадрено соединување. Најпозната и најблиска ѕвезда до Земјата е Сонцето. За разлика од планетите, една ѕвезда поради интензивната топлина зрачи светлина. Научно, ѕвездите се дефинираат како самогравитирачки сфери од плазма, што создаваат нивна сопствена енергија преку процесот на јадрено соединување. Науката што се занимава со проучување на ѕвездите се нарекува ѕвездена астрономија.

Ѕвездите можат да се видат на небесниот свод како точки што треперат, заради ефектот на Земјината атмосфера и нивното растојание од нас (кое што обично се мери во светлосни години). Сонцето е исклучок - тоа е единствената ѕвезда доволно блиску до Земјата за да биде видливо како небесно тело составено од различни сфери. Најблиската ѕвезда до Сонцето, Проксима Кентаури, се наоѓа на приближно четири светлосни години од Сончевиот Систем, односно 250 000 пати подалеку од Сонцето. Повеќе...



Неодамна избрани: Галија (брод) · Владетелот · Иштван I

Седмица 36, 31.08.2009. - 06.09.2009

Галија (грчки: γαλέα) бил антички брод кој го управувале веслачи, а се користел при војување и тргување. Постојат извори дека изработката на весла потекнува од египетското Старо Кралство. Многу галии имале јарболи и весла, кои ги користеле кога ветерот бил поволен.

Во поморското војување на Средоземното Море од Хомеровото време до развојот на топовските бродови околу XV и XVI век. Галиите се бореле во војните кои ги воделе древна Персија, Грција, Картагина и Рим, сѐ до IV век. По пропаѓањето на Римското Царство галиите помалку се користеле во византиската морнарица и останатите наследници на Римското Царство, како и од страна на новите муслимански држави. Средновековните средоземни држави, италијанските приморски републики, меѓу кои и Венеција, Пиза и Џенова ги користеле галиите, сѐ додека мановарите не ги истиснале од употреба. Битката кај Лепанто (1571) била една од најголемите поморски битки во кои галиите продолжиле да бидат користени како главна поморска сила, сѐ додека широкотрупните воени бродови со едра не се појавиле во Средоземното Море во XVII век. Галиите се користеле во помал број до појавата на парната машиина, кога целосно биле исфрлени од употреба. Повеќе...



Неодамна избрани: Владетелот · Иштван I · Пи

Седмица 35, 24.08.2009. - 30.08.2009
Насловна страница на првото издание на „Владетелот“, од 1550 г.
Насловна страница на првото издание на „Владетелот“, од 1550 г.

Владетелот (итал. Il Principe) е политичка расправа од фиренскиот чиновник и политички теоретичар Николо Макијавели. Била напишана во 1513 год, и првобитно била насловена како „За кнежевствата“. Но, книгата не била издадена сѐ до 1532, пет години по смртта на Макијавели. Оваа расправа не е претставителна за неговиот творечки опус издаден додека бил жив, но е најпрочуената, како делото одговорно за создавање на поимот „макијавелистички“, како термин со негативна смисла. Некои критичари сметаат дека делото е всушност сатира, но тоа е спорно.

„Владетелот“ го проучува стекнувањето на власт, зацврстувањето на неа и употребата на власта. Макијавели не го предвидел делото како академска расправа по политичка теорија, туку за да покаже дека е голем државник, советувајќи како еден владетел да дојде на власт и како да ја задржи власта. Макијавели го оправдувал владеењето со сила наместо со закони. Според ова, „Владетелот“ оправдува низа постапки извршени со единствена цел за зацврстување на власта. Ова е класична студија за власта — нејзиното стекнување, експанзија и нејзина делотворна употреба.

Идеалите на Макијавели за управувањето со државата биле од големо значење за делата на политичките водачи. Макијавели е претставен како лик во поговорот на делото „Малтешкиот Евреин“ од Кристофер Марло. Кралот на Прусија, Фридрих Велики упатил остри критики кон Макијавели во неговото дело „Антимакијавели“, издадено во 1740 година. На неколку наврати во животот, Наполеон Бонапарт пишувал опширни коментари за „Владетелот“. По поразот кај Ватерло, овие коментари биле пронајдени во царската кочија и одземени од пруската војска. Повеќе...



Неодамна избрани: Иштван I · Пи · Мајанска цивилизација

Седмица 34, 17.08.2009. - 23.08.2009

Свети Иштван I (967/969/975 - 1038) бил голем везир на Унгарците (997-1000) и првиот крал на Унгарија (1000-1038). Тој успеал да ја зацврсти унгарската контрола во Панонската низина, го вовел христијанството како примарна религија во земјата, а често се споменува дека тој е создавачот на кралството Унгарија. Тој бил канонизиран, заедно со неговиот син Емерик и Герард Сагредо на 20 август 1083, со што станал еден од најпопуларните светци во Унгарија.

Во 997, големиот везир и татко на Стефан Геза починал, па започнале борби за избор на негов наследник. Стефан се согласил да владее над Унгарците според христијанскиот принцип на божја милост, додека неговиот чичко Копањ, кој бил голем паган во Шомоѓ го имал вистинското право на наследник. Постои можност дека двајцата се соочиле во битката крај Веспрем и Стефан, кој излегол како победник , ја презел титулата, голем везир на Унгарците. Повеќе...




Седмица 33, 10.08.2009. - 16.08.2009

Математичката константа π (наречена „Лудолфов број“) е ирационален реален број со приближна вредност од 3,14159. Таа бројка го претставува односот на периметарот на еден круг со неговиот пречник во Евклидовата геометрија. Бројот π се употребува највеќе во математиката, физиката и инженерството, но се користи и во другите науки. Бројот е исто така познат и како Архимедова константа (што не е исто со Архимедов број) и како Лудолфов број (по германскиот математичар Лудолф ван Цојлен кој го пресметувал на многу децимали). Архимедовата константа се изразувала со дропката 227.

Името на грчката буква π е пи и овој запис се користи во типографски содржини каде што грчката буква не е достапна или каде што нејзината употреба би била проблематична. Константата се нарекува «π» бидејќи е првата буква од грчките зборови περιφέρεια (периферија) и περίμετρος (периметар). Повеќе...




Седмица 32, 03.08.2009. - 09.08.2009
Мајански календар
Мајански календар

Маите се централноамериканска цивилизација, значајни по целосно развиениот пишан јазик од пред-колумбискиот период, но и според нивната архитектура, уметност, математичките и астрономските системи. Оваа цивилизација своите почетоци го забележала во пред-класичниот период (2000 п.н.е. до 250), додека пак врвот на својот развиток Маите го забележале за време на класичниот период (од 250 до 900 година) и продолжил во пост-класичниот период па сè до доаѓањето на Шпанците во Америка. Во својот најголем подем, областа каде живееле била најгусто населена област во светот во тоа време.

Маите споделуваат голем број на заеднички одлики со останатите централноамерикански цивилизации поради високиот степен на соработка помеѓу народите. Календарот, писмото и епиграфијата не потекнуваат од Маите, но тие ги развиле потполно. Територијата на Маите се протегала од Хондурас, Ел Салвадор, Гватемала па сè до централно Мексико. Маите како народ никогаш не исчезнале, ниту за време на класичниот период ниту пак со доаѓањето на Шпанците во Америка. Денес, Маите и нивните наследници сочинуваат значителен процент од населението во нивниот регион, Ел Салвадор, Мексико, Хондурас и Гватемала. Голем број на мајански јазици и денес се зборуваат. Повеќе...

Скорешно избрани: Гладијатор · Тигар · Курт Кобејн

Седмица 31, 27.07.2009. - 02.08.2009

Гладијатори (латински gladiatōrēs) биле борци во Стариот Рим кои се бореле во арена против животни и едни против други. Терминот „гладијатор“ потекнува од зборот „гладиус“ (латински gladius), краток римски меч за бодење и сечење.

Гладијаторските борби се воведени во Рим во првата половина на 3 век п.н.е. во состав на погребните свечености, како ритуал на жртвување човечки животи за сенките на покојниците. Во првата забележана борба 264 п.н.е. се бореле само три пара. Кон крајот на 2 век гладијаторските борби станале многу популарни претстави кои римските цареви му ги подарувале на својот народ. Првобитно се изведувале во Форумот, а подоцна во амфитеатрите низ целото Римското Царство. Најпознат амфитеатар е римскиот Колосеум.

Гладијаторите биле робови или воени заробеници кои биле задолжени да се борат, криминалци кои сакале да побегнат од смртна казна, или слободни луѓе кои на тој начин сакале да заработат и да се извлечат од сиромаштијата. Постоеле и гладијатори жени, кои обично се маскирале како легендарните Амазонки. На почетокот на 3 век, царот Септимиј Север ги забранил борбите на жените.

Гладијаторските борби се укинати со јакнењето на христијанството, врз основа на законот на цар Константин Велики од 325 година, но и натаму се одржувале одвреме-навреме до околу 450 година. Последните гладијаторски борби во самиот град Рим се одржани на 1 јануари 404 година. Повеќе...


Седмица 30, 20.07.2009. - 26.07.2009

Тигарот (Panthera tigris) е црвеникаво жолто-кафена пругаста голема мачка распространета во шумите, пасиштата и мочуришните делови на источна Русија, јужна Азија, Суматра и некои помали делови во Кина.

Тигарот живее самотно, лови ноќе, а омилен плен му се цицачите со средна големина, како на пример елените.Нивната големина, бојата и формата на пругите се определени со локацијата и во зависност од подвидовите. Јужните тигри, како што е бенгалскиот тигар (P. tigris tigris) е помал во големина и има значително посветли бои отколку тигрите распространети на север, како што е реткиот сибирски тигар (P. tigris altaica). Мажјаците растат до височина поголема од 1 метар, достигнувајќи должина од 2,2 метри, не сметајќи ја опашката со должина од 1 метар, а можат да достигнат тежина од 160 до 290 килограми. Тигарот живее околу 11 години.

Упорното користење на делови од телото на тигарот за правење различни тоници или лекови, независно од доказите за нивна неефикасност, се должи на вкоренетата стравопочит кон овие мачки што со милениуми ги инспирирале луѓето. Иако заштитени во меѓународни рамки, тигрите се вбројуваат во сериозно загрозените видови. Имено, само во последното столетие, нивната популација се редуцирала за повеќе од 90%, додека два подвидови се сметаат за исчезнати. Повеќе...


Седмица 29, 13.07.2009. - 19.07.2009

Курт Кобејн (1967 - 1994) бил американски музичар, најпознат како водечки вокал, гитарист и текстописец на групата Nirvana.

Со песната Smells Like Teen Spirit од нивниот втор албум Nevermind (1991), групата се стекнува со светска слава, популаризирајќи го поджанрот на алтернативниот рок наречен гранџ. Повеќе други групи од Сиетл (на пример: Alice in Chains, Pearl Jam и Soundgarden) кои во истиот период го свиреа овој вид на музика се здобија со свои обожаватели. Како резултат на тоа, во почетокот и средината на деведесеттите години од минатиот век алтернативниот рок стана доминантен жанр на радијата и музичките телевизии ширум светот. Нирвана стана група предводник на таканаречената Генерација Икс, а Курт Кобејн како водач на групата Нирвана од медиумите е обележан како гласник на генерацијата. Нему ова не му се допаднало, па затоа се фокусирал на музиката. Тој сметал дека пораката на групата и нејзиниот уметнички израз се погрешно сфатени, па затоа ја предизвикува публиката со третиот албум на Нирвана, In Utero (1993).

За време на последните неколку години од неговиот живот, Кобејн водел борба со зависноста од дрога, како и со низа професионални и приватни притисоци кои го опкружувале него и неговата сопруга, музичарката Кортни Лав. На 8 април 1994 година, Кобејн е пронајден мртов во својот дом во Сиетл, според официјалните наоди тој претставува жртва на самонанесена истрелна рана во главата. Околностите под кои се случила неговата смрт станале интересна тема за дебата низ медиумите. Повеќе...


Седмица 28, 06.07.2009. - 12.07.2009

За оваа седмина била избрана статијата Мотори со внатрешно согорување. По ревизијата извршена на 13.04.2012 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 27, 29.06.2009. - 05.07.2009
Најстарата зачувана португалска поморска карта (1502), ги покажува резултатите од итсражувањата на Васко де Гама до Индија, на Кристофер Колумбо до Центална Америка, на Гаспар Корте-Реал до Њуфаундленд и на Педро Алварес Кабрал до Бразил.
Најстарата зачувана португалска поморска карта (1502), ги покажува резултатите од итсражувањата на Васко де Гама до Индија, на Кристофер Колумбо до Центална Америка, на Гаспар Корте-Реал до Њуфаундленд и на Педро Алварес Кабрал до Бразил.

Големите географски откритија — збирен поим за најзначајните пловидби и истражувања коишто имаат придонесено за откривањето на новиот свет. Од особено значење, пред сè, е откривањето на Америка, пронаоѓањето на поморски пат за Индија и првото патување околу светот. Големите географски откритија (познати и како ера на откритијата) претставуваат период од човечката историја кој започнал во XV век и продолжил сè до XVII век. Овој период се одликува со големи проучувања на океаните со цел барање на трговски партнери, со воспоставување на европски колонии во откриените земји и најважно со доминација на европските држави на светските мориња. Најбарани стоки на европските пазари биле златото, среброто, свилата и различни зачини. Сето ова било покренато од развојот на науаката во периодот на ренесансата. Тоа овозможило еврпските држави да конструираат нови и поиздржливи бродови кои можеле да пловат и по мориња кои биле многу потешки за пловидба од Средоземното. Од друга страна, пак, напредокот во астрономијата и географијата овозможил полесна навигација низ морињата.

Меѓу најпознатите морепловци и истражувачи од тоа време се Кристофер Колумбо, Васко де Гама, Педро Алварес Кабрал, Џон Кабот, Фернандо Магелан и други. Новите типови на бродови кои во овој период биле конструирани од страна на Португалија биле од типот карак и каравела. Тоа биле првите бродови кои можеле слободно да патуваат и низ Средоземно Море и низ Балтичкото Море и низ Атлантскиот Океан.

Големите географски откритија дополнително придонеле врз развојот на науката и врз појават на нови идеи во времето на ренесансата. Тие дополнително влијаеле врз напредокот во картографијата, навигацијата и бродоградбата. Новото мислење дека Земјата има кружен облик ги натерало морепловците да започнат со својата пловидба кон исток, за еден ден да се вратат кон истата точка од запад. Повеќе...

Седмица 26, 22.06.2009. - 28.06.2009

Оскар Вајлд (1854-1900) бил ирски драмски писател, поет и автор на бројни раскази и на еден роман. Познат по неговата зајадлива досетливост, станал еден од најуспешните драмски писатели на доцната викторијанска епоха во Лондон, како и една од најпознатите личности на неговото време. За време на неговото школување, додека бил во колеџот „Магдален“, Вајлд станал особено познат по неговата улога во естетското и декадентското движење. Почнал да носи долга коса и отворено да ги исмева таканаречените „машки“ спортови, а започнал и да си ја украсува собата со пауни пердуви, кринови, сончогледи, син порцелан и со други декоративни предмети. Како врвен естет во Британија, Вајлд станал една од највидните личности на своето време. Иако некогаш го исмевале поради нив, неговите парадокси и остроумни изреки се цитирале насекаде. Негови најпознати дела се комедијата „Ладалото на Леди Виндермаер“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Идеален маж“ и романот „Сликата на Доријан Греј“. Повеќе...


Седмица 25, 15.06.2009. - 21.06.2009
Опсадата на Цариград

Падот на Цариград (1453) - Во ноќта помеѓу 28 мај и 29 мај 1453 година Мехмед II дал заповед за последен напад на градот. Првите две негови единици биле одбиени од страна на одбраната на градот па затоа султанот решил во напад да ги пушти јаничарите. Тие успеале да ја пробијат одбраната. Во освоениот Цариград започнале масовни пљачки и убиства. Повеќе од 60.000 жители биле заробени. Според отомански обичај султанот ја оставил војската да ограбува низ градот два дена, а на третиот ден наредил да се престане со тоа. Потоа тој влегол во идната престолнина и наредил да ја претворат црквата Света Софија во џамија, а себеси се прогласил за римски цар.

Утрото во тој несреќен вторник на 29 мај 1453 година, кога Цариград паднал во рацете на Турците, откако се расчистило небото од чадот од турските топови, станало јасно дека не е ставен крај само на Источното Римско Царство. Светот се променил - средновековието станало минато. Во Западна Европа ренесансата веќе била во својот ек. Ова повторно раѓање, заедно со изумувањето на гутенберговата печатница со подвижни букви, ќе значат многу за полесно пренесување и зачувување на античките знаења (улога која претходно ѝ припаѓала на Византија) и со тоа ќе се обележи започнувањето на модерното доба. Повеќе...


Седмица 24, 08.06.2009. - 14.06.2009
Јосип Броз - Тито.
Јосип Броз - Тито.

Јосип Броз - Тито (српскохрватски и словенечки: Josip Broz - Tito, роден во Кумровец, на 7 мај 1892 - починал во Љубљана на 4 мај 1980) бил југословенски револуционер и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна бил претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван како единствен Маршал на Југославија и врховен командант на југословенската народна армија.

Покрај државничките обврски и водачки должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од главните основачи на движењето на Неврзани држави и воедно бил прв генерален секретар на движењето. Повеќе


Седмица 23, 01.06.2009. - 07.06.2009

Оскар Нимаер (роден во 1907) е бразилски архитект, кој се смета за еден од најзначајните претставници на меѓународната современа архитектура. Тој е еден од пионерите во истражувањето на можностите за искористување на железниот бетон на естетски план.

Неговите градби се одликуваат со тоа што се пространи и оголени, со мешавина на зафатнината и слободниот простор за да се создадат оригинални декорации, кои често се потпрени на пилотис. И критичарите и оние што го фалат го сметаат за „вајар на споменици“. Тој е возвишен до тој степен што се смета за еден од најголемите архитекти на неговата генерација од неговите поддржувачи и е обвинет за наивен, лекомислен, па дури и недоволно добар за титулата „архитект“ од страна на неговите критичари, кои иронично го нарекуваат „официјален архитект“, бидејќи има голем престиж меѓу политичарите. Меѓу многуте познати дела, Нимаер работел и на подигнувањето на многу јавни дела во Бразилија, градби коишто се дел од светското културно наследство на УНЕСКО, зградата на седиштето на ООН во Њујорк итн. Повеќе


Седмица 22, 25.05.2009. - 31.05.2009

Хари Потер и Каменот на мудроста (англиски: Harry Potter and the Philosopher's Stone, во САД како Harry Potter and the Sorcerer's Stone), е фантастично-авантуристички филм од 2001 година заснован на истоимениот роман од Џоан К. Роулинг. Режиран од Крис Колумбус, е прв филм од популарниот Хари Потер серијал. Приказната го следи Хари Потер, момче кое на својот единаесетти роденден дознава дека е волшебник и започнува со своето волшебно образование во училиштето за магии и волшебништво Хогвортс. Даниел Редклиф го глуми Хари Потер, наспроти Руперт Гринт и Ема Ватсон, како најдобрите другари на Хари, Рон Визли и Хермиона Гренџер. Од возрасните глумци присутни се: Ричард Харис, Меги Смит, Роби Колтрејн, Алан Рикман и Ијан Харт.

Warner Bros. ги купиле правата за книгата во 1999. Продуцијата започнува во 2000, со Колумбус одбран како режисер од кратка листа на кандидати да го создаде филмот. Писателката Раулинг инсистирала целата екипа на глумци да бидат исклучиво Британци за да се зачува културниот идентитет на книгата и филмот. Повеќе

Скорешно избрани: Леопард · Париз · Карл Саган

Седмица 21, 18.05.2009. - 24.05.2009
Леопард сликан во Серенгети, Танзанија.
Леопард сликан во Серенгети, Танзанија.

Леопардот (Panthera pardus) е член на фамилијата мачки и најмал вид од четирите таканаречени големи мачки од родот пантери. Некогаш овој вид бил распространет низ јужна Азија и Африка, од Кореја до ЈАР. Територијата на распространетост се намалувала со тек на времето најмногу поради лов и уништување на природното живеалиште. Денес леопардот главно живее во потсахарска Африка. Постојат и изолирани популации во Пакистан, Индија, Индокина, Малезија и Кина. Поради намалувањето на бројноста на популациите оваа мачка е ставена на листата на речиси загрозени видови. Бројноста на леопардот е поголема од онаа на останатите членови на Panthera кои имаат покритичен заштитен статус.

Леопардот има релативно кратки нозе и долго тело, со голема глава. Физички најмногу наликува на јагуарот, иако најчесто е помал. Неговото крзно е прошарано со розети, кои немаат внатрешни точки како кај јагуарот. Можат да се сретнат и меланистични леопарди кои или се целосно црни или со многу темна боја. Овие индивидуи се познати под името црни пантери. Повеќе...


Седмица 20, 11.05.2009. - 17.05.2009
Панорама на Париз со Ајфеловата кула во центарот.
Панорама на Париз со Ајфеловата кула во центарот.

Париз (француски: Paris) е главен град на Франција, а воедно претставува и административен, политички, стопански, културен и образовно-научен центар на таа земја. Градот лежи на бреговите на реката Сена во северниот дел на Франција, во регионот Ил-д-Франс т.е. парискиот регион.

Големината на градското подрачје е ограничено уште во 1860 година и поради тоа Париз е со константен број на население од околу 2.200.000 жители. Меѓутоа во поширокото градско урбано опкружување, живеат над 12 милиони жители и со тоа овој регион е еден од најнаселените региони во Европа, по регионите околу Москва и Лондон.

Париз веќе неколку столетија наназад има значење за економијата, културата, политиката, образованието, уметноста и науката во светот. Во најново време Париз е и седиште на високата мода, модните брендови, како и луксузот и естетиката на живеењето. Повеќе...


Седмица 19, 04.05.2009. - 10.05.2009
Карл Саган.
Карл Саган.

Карл Саган (1934-1996) бил американски астроном, астрохемичар, автор и голем популаризатор на астрономијата, астрофизика и на другите природни науки. Тој е пионер на полето на егзобиологијата и промотор на истражувањата поврзани со потрага по вонземска интелигенција (англиски термин: Search for Extra-Terrestrial Intelligence - SETI).

Во светот е најпознат по книгите за популаризација на науката, и како соавтор на многу наградуваната серија од осумдесеттите години на минатиот век Космос: Лично патување, која е гледана од повеќе од 600 милиони луѓе во повеќе од 60 земји во светот што ја прави оваа емисија една од најшироко прикажуваните во светот. Заедно со оваа научно-популарна серија беше издадена и книга со истиот наслов. Карл Саган е, исто така, и автор на романот Контакт врз основа на кој во 1997 година е направен филм под истиот наслов со Џоди Фостер во главната улога. Во текот на својот живот Карл Саган имал отпечатено повеќе од 600 научни статии и статии за популаризација на науката. Тој, исто така, е автор, соавтор или уредник на повеќе од 20 книги. Својата работа тој ја темелел на научниот скептицизам, на секуларниот хуманизам, како и врз научниот метод. Една од најпознатите изреки на Карл Саган вели: „Ние сме начинот на кој Космосот се спознава себеси.“ Повеќе...


Седмица 18, 27.04.2009. - 03.05.2009
Лого на Олимпијадата.
Лого на Олимпијадата.

Дваесеттата шаховска олимпијада организирана од ФИДЕ, која содржела натпреварувања во машка и женска конкуренција, како и неколку настани кои биле одржани со цел да се промовира играта се одржала од 18 септември до 13 октомври 1972 во Скопје, СФР Југославија (денес Македонија).

На Олимпијадата зеле учество рекордни 373 натпреварувачи, меѓу кои 35 велемајстори и 68 меѓународни мајстори, од вкупно 63 земји. Натпреварот бил организиран во Бергеров систем, а на настанот биле одиграни вкупно 2728 партии, со темпо на игра од 2,5 часа за првите 40 потези, со додаток од еден час за следните 16. Претседател на организациониот комитет бил Драгољуб Ставрев, а директор на турнирот бил Јордан Ивановски. Контролен судија бил Макс Еве, а главен судија Александар Котов.

Сите натпревари и главни настани, коишто биле предвидени во програмата на Олимпијадата се одржале на Скопскиот саем. Повеќе...


Седмица 17, 20.04.2009. - 26.04.2009

Базиликата на Светиот Гроб е христијанска црква која се наоѓа во стариот дел на Ерусалим за која се смета дека е гробот на Исус Христос. Базиликата се наоѓа на брдото Голгота и се верува дека таму било и местото каде што Исус Христос бил погребан (светиот гроб). Црквата е важна дестинација за аџиите уште од 4 век, бидејќи се смета за местото на смртта и воскресението на Исус. Таа се состои од комплекс од различни градби, изградени околу и врз останките на црква која цар Константин I Велики заповедал да биде изградена во 4 век. Денеска, во оваа црква се наоѓа седиштето на грчкиот православен патријарх на Ерусалим, а контролата врз објектот е распределена помеѓу неколку христијански цркви и секуларни ентитети, регулирана со сложени согласности и договори кои се во суштина непроменети со векови. Повеќе...



Седмица 16, 13.04.2009. - 19.04.2009

Сер Френсис Дрејк, вицеадмирал (околу 154027 јануари 1595), бил англиски гусар, навигатор (морепловец), трговец на робје, и политичар од елизабетанската епоха. Кралицата Елизабета I му доделила витештво на Дрејк во 1581. Бил втор по команда на англиската флота против шпанската армада во 1588, потчинувајќи се само на Чарлс Хавард и на Кралицата. Починал од дизентерија во јануари 1596 г. по неуспешниот напад на Сан Хуан, Порторико во 1595.

Неговите достигнувања биле легендарни, правејќи го херој меѓу Англичаните, но пират меѓу Шпанците, меѓу кои бил познат како El Draque, „Змејот“. Кралот Филип II понудил награда од 20.000 дукати (денес околу 4 милиони фунти или 4,5 милиони евра) за неговиот живот. Познат е исто така по тоа што го обиколил светот по вода (1577 - 1580). Повеќе...

Скорешно избрани: Петар Велики · Татарстан · Гитара

Седмица 15, 06.04.2009. - 12.04.2009
Петар Велики
Петар Велики

Петар I Алексеевич или Петар Велики (руски: Пётр I Алексеевич; Пётр Великий) (Москва, 9 јуни 1672Санкт Петербург, 8 февруари 1725 според грегоријанскиот календар, или 30 мај 167228 јануари 1725 според јулијанскиот календар) бил руски цар, кој владеел со Русија од 7 мај (27 април според јулијанскиот календар) 1682, па сѐ до својата смрт во 1725.

На престолот дошол по многу дворски интриги и завери. На почетокот владеел заедно со својот слаб и болен полубрат Иван V, кој умрел во 1696. По Ивановата смрт, кога станал цар на Русија, Петар немилосрдно ги задушул сите отпори против него, па дури и во неговото семејство.

Петар владеел сам до 1724 година, а потоа владеел заедно со својата сопруга Екатерина I. Тој бил модернизатор на заостанатата феудална Русија на воен и економски план, а во исто време водел и експанзионистичка политика, главно кон земјите кои излегувале на море. За време на своето владеење, Петар ја претворил Русија во водечка европска сила во тоа време. Ја одбил титулата цар во 1721 и ја заменил со титулата „император“. Повеќе...

Скорешно избрани: Татарстан · Гитара · Пиратство


Седмица 14, 30.03.2009. - 05.04.2009
Грб на Татарстан
Грб на Татарстан

Република Татарстан (руски: Респу́блика Татарста́н; татарски: Татарстан Республикасы / Tatarstan Respublikası) е федерална единица на Руската Федерација, со главен град Казањ. Се наоѓа во Волшкиот федерален округ и има површина од 68.000 km² како и население од околу 3.800.000 жители. Мнозинството од населението се Татари, а официјални јазици се рускиот и татарскиот. Републиката е позната и под името „Татарстан Җөмһүрияте“ / „Tatarstan Cömhüriäte“ (македонски: Република Татарстан), но тоа име не е официјално. Општо-прифатеното име на државата е според руската латинична транскрипција. Покрај овие две имиња, постои и името Тата́рия (македонски: Татарија), но тоа е застарено бидејќи се користелo за време на Советскиот Сојуз. Неофицијалното мото на Татарстан е Buldırabız! (македонски: Можеме!). Повеќе...



Седмица 13, 23.03.2009. - 29.03.2009

Гитаражичен музички инструмент со стапала, кој се користи во разновидни музички стилови и е исто така познат како соло класичен инструмент. Во популарната култура најчесто се смета како примарен инструмент во блуз, кантри, фламенко и рок-музиката. Гитарата вообичаено има шест жици, но постојат и гитари со седум, осум, десет, единаесет, дванаесет и осумнаесет жици. Зборот гитара е персиска заемка од иберскиот арапски. Зборот qitara е арапско име за разни членови на семејството на лејти кое биле претходник на западната гитара. Името guitarra било воведено во шпанскиот јазик кога таквите инструменти биле донесени во Иберија од Маврите по X век. прочитајте повеќе



Седмица 12, 16.03.2009. - 22.03.2009

Пират (грчки: πειρατής) е разбојник кој врши криминал на море, а понекогаш и на бреговите. Пиратството се појавило уште во античко време, но својот процут го достигнало во 17 век на Карибите, односно во Новиот свет. Денес пиратите најмногу дејствуваат на Тихиот и Индискиот Океан и претставуваат голем проблем за одвивањето на меѓународната трговија.

Во античкиот период постоеле пирати кои со своите брзи галии го тероризирале крајбрежјето на Средоземното Море. Уште од времето на Стариот Египет, тие вршеле кражби на бродови. Грците, Египќаните, Картагинците и Римјаните не биле во можност да обезбедат силни флоти, па пиратски заедници постоеле на многу острови. Во една прилика и Цезар бил заробен од пирати и задржан, сѐ додека не бил ослободен со откуп. Пиратството било честа појава, сѐ до 67 п.н.е., кога римскиот генерал Помпеј со околу сто бродови, спровел антипиратско чистење по што во Средоземјето било овозможено одвивањето на слободната трговија.

По пропаѓањето на Западното Римско Царство, како пирати најмногу се истакнале Викинзите, поморски народ од северна Европа. Тие со своите брзи дракари пловеле до Британија, Русија, Италија, Африка и Америка, вршејќи големи кражби на својот пат, во наредните неколку векови. Подоцна се ориентирале на трговија. прочитајте повеќе



Седмица 11, 09.03.2009. - 15.03.2009
Проектирана еволуција на Сонцето.

Ѕвездена еволуција е процес со кој ѕвездата претрпува редица на радикални промени во текот на своето постоење: од настанувањето до исчезнувањето. Sвездата настанува со гравитациски колапс на џиновски молекуларен облак. При распадот, џиновскиот молекуларен облак се разделува на помали делови. Во секој од овие делови, гасот ослободува гравитациска потенцијална енергија како топлина. Како што растат температурата и притисокот, деловите се згуснуваат во ротирачки сфери од суперврел гас познати како протоѕвезди.

Почетокот на јадреното соединување многу брзо доведува до хидростатичка рамнотежа при што енергијата ослободена од јадрото врши „радијациски притисок“ - ја става материјата на ѕвездата во рамнотежа, и спречува понатамошно гравитациско распаѓање. На овој начин ѕвездата брзо се развива до стабилна состојба, започнувајќи ја главната фаза од нејзината еволуција.

Откако ѕвездата ќе го изгори горивото кое го има, нејзините остатоци можат да бидат во три вида, во зависност од масата што ја имала претходно, и зависно од тоа, ѕвездата еволуира во Бело џуџе, Неутронска ѕвезда или во Црна дупка.

Повеќето ѕвездени промени се случуваат премногу бавно за да бидат забележани, понекогаш и повеќе векови. Затоа астрофизичарите ја откриле еволуцијата на ѕвездите преку набљудување на бројни ѕвезди, секоја на различен степен од развој, и преку симулација на структурата на ѕвездите со помош на компјутер. (повеќе...)


Седмица 10, 02.03.2009. - 08.03.2009

Математичката константа e е единствен реален број, чијашто функција ex има иста вредност на наклонот на тангентата за сите вредности на x. Појасно, единственте функции, кои се еднакви на сите свои изводи се во облик Cex, каде C е константа. Функцијата ex е наречена експоненцијална функција и нејзината инверзна функција е природниот логаритам или логаритам со основа e. Бројот e е обично дефиниоран како основа на природниот логаритам (со примена на интеграл е дефинирано подоцна) како гранична вредност на секоја низа или како збир на сите редови (видете прикажување на е).

Бројот e е еден од најважните броеви во математиката, паралелно со додатните и мултипликативни идентитети 0 и 1, константата π и имагинарната единица i.

Бројот e понекогаш се нарекува Ојлеров број, по името на швајцарскиот математичар Леонард Ојлер. (e не треба да се меша со γ – Ојлер-Маскерониевата константа, понекогаш наречена Ојлерова константа.)

Бројот e е трансцендентен и поради тоа ирационален, односно неговата вредност не може да се пресмета во ограничен број на децимали или пак во децимали кои се повторуваат. Бројчената вредност на e, заокружена на 20 децимали е 2,71828 18284 59045 23536…. (повеќе...)

Седмица 09, 22.02.2009. - 02.03.2009
Портрет на Џингис Хан
Портрет на Џингис Хан

Џингис Хан или Џингис Кан (околу 1162-1227), роден како Темуџин - што значи „железен работник“, бил основачот, ханот и хаган на Монголската Империја, најголемата империја во светот што се протегала во континуитет. Тој дошол на власт со обединување на номадските племиња од североисточна Азија. По основањето на Монголската Империја и назначувањето како Џингис Хан, тој ги започнал монголските инвазии во Ката-Хитан ханатот, Кавказот, Кварезмидска Империја, Западна Шија и династијата Џин.

Пред да умре, го назначил Огедеј Хан како негов наследник и ја поделил империјата на неколку ханати на своите синови и внуци. Тој умрел во 1227, по победата над Тангутите. Тој бил закопан некаде во Монголија без назначен и обележан гроб, без локацијата на гробот да биде позната. Назначените владетели на ханатите биле еден вид на вазали распространети низ поголемиот дел од Азија и Источна Европа. (повеќе...)

Седмица 08, 16.02.2009. - 22.02.2009

Крокодиловидни животни (Crocodilia или Crocodylia) е ред на големи рептили кои се појавиле пред околу 84 милиони години за време на доцниот крета период. Тие се најблиските роднини со птиците, и овие две групи се единствените преживени од Archosauria. Најмалата група крокодиловидни животни, кладата Crurotarsi, се појавиле пред околу 220 милиони години за време на периодот Триасик и развиле голем број на најразлични форми за време на ерата мезозоик. Во крокодиловидни животни спаѓаат фамилиите на алигаторите, крокодилите, гавијалите и кајманите. Терминот крокодили понекогаш неправилно се употребува и за алигатори и кајмани, па дури и за некои праисториски роднини како океанските крокодили. (повеќе...)

Седмица 07, 09.02.2009. - 15.02.2009

За оваа седмина била избрана статијата Михаил Таљ. По ревизијата извршена на 8.11.2010 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 06, 02.02.2009. - 08.02.2009
Гардисти облечени во униформа
Гардисти облечени во униформа

Швајцарската гарда е платена војска која уште од средниот век им служела на големите европски монарси, како и на папата, во чија служба постои и денес. Гардистите служеле како телохранители, церемонијални гардисти и чувари на дворецот. Денес, до некоја мера тие се претставени во папската швајцарска гарда. Тие имаат висок углед и голема меѓусебна лојалност. Покрај домашните и гардистички единици, некои единици служеле како формации кои истапувале и на бојното поле; регуларната швајцарска платена војска како пешадија служела во различни армии, како оние на Франција, Шпанија и Неапол сè до 19 век.

Различни единици на швајцарската гарда постоеле во различни периоди. Најраниот одред бил швајцарскиот стоти гардист (француски: Cent-Garde) на францускиот двор (1497 - 1830). Оваа мала сила била пополнета со швајцарски пешадиски полк во 1567 година. Папската швјцарска гарда (латински: Pontificia Cohors Helvetica) во Ватикан е основана во 1506 година и единствената швајцарска гарда којашто сè уште постои. Во XVIII век некои други швајцарски гарди постоеле и служеле на неколку европски кралски дворови. (повеќе...)


Седмица 05, 26.01.2009. - 01.02.2009

За оваа седмина била избрана статијата Бетелгез. По ревизијата извршена на 4.11.2010 година, статусот „избрана“ за оваа статија бил одземен и не е повеќе дел од избраните статии на Википедија.

Седмица 04, 19.01.2009. - 25.01.2009
Поглед кон центарот на Тетово
Поглед кон центарот на Тетово

Тетово е град во северозападна Македонија, на падините на Шара, односно во долната Полошка Котлина. Тетово е седиште на истоимената општина која зафаќа простор од 87 km², а заедно со ново-формираните општини кои произлегуваа од неа и кои и ден денеска гравитираат кон неа, таа површина изнесува 1.053 km². Тетово е типичен македонски град, град со богата историја и дом на повеќе етнички заедници.

Поголем дел од Тетово се протега во рамничарско подрачје, а само помал дел, главно оној постариот, лежи на падините на Балтепе, брдо високо 806 метри. Апсолутната надморска височина на градот се движи меѓу 450 и 500 метри. Во последно време урбанистите прават напори градот да се прошири кон планинското подрачје кое е благо издигнато и е поволно за градски градежен реон.

Климата е средно континентална, со топли и релативни влажни лета, зимата ладна и снежна, пролет и есен со чести врнежи. Природните услови како климата, релјефот, геолошкиот состав на земјата, овозможиле да во тетовската околина се појават многу извори на течна вода. Затоа, Тетово е еден од ретките градови во Македонија, кој има питка вода, вода за потребите на индустријата и вода за наводнување. (повеќе...)


Седмица 03, 11.01.2009. - 18.01.2009
Распространетост на англискиот јазик
Распространетост на англискиот јазик

Англискиот јазик (англиски: English language) е западногермански јазик со потекло од Англија, и мајчин јазик на најголемиот број на луѓе во Австралија, Ирска, Канада, Комонвелтските Кариби, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД (групно наречени Англосфера). Во голема мера се користи како втор јазик и како официјален јазик низ светот, особено во земјите од Комонвелтот како Индија, Јужна Африка, Пакистан и Шри Ланка и од многу меѓународни организации.

Современиот англиски јазик може да се рече дека е лингва франка. Англискиот е доминантен меѓународен јазик во комуникациите, науката, деловното работење, воздухопловството, медиумите и дипломатијата. Влијанието на Британската Империја е главната причина за првичното проширување на јазикот далеку од Британските Острови. По Втората Светска војна, растечкото економско и културно влијание на САД значително го има забрзано ова ширење на јазикот.

Познавање на англискиот јазик се бара во работењето на извесни полиња, професии и занимања. Како резултат на ова најмалку една милијарда луѓе зборуваат англиски барем основно. Англискиот е еден од шесте официјални јазици на Обединетите Нации. (повеќе...)


Седмица 02, 05.01.2009. - 11.01.2009

Белата мечка (латински: Ursus maritimus), позната и како „поларна мечка“ е мечка која живее во областа на Северниот Пол. Таа е најголемиот сувоземен месојад на светот, бидејќи мажјаците најчесто тежат 300 - 600 кг, а женките пола од тоа. Крзното ѝ е прозрачно, но изгледа како бело или кремасто, со што му обезбедува на животното добра камуфлажа. Кожата ѝ е всушност црна. Дебелото сало и крзно ја изолираат од студот. Има кус опаш и мали уши, што ја намалува загубата на топлина. Има и релативно мала глава и долгнавесто тело, што ѝ дава брзина при пливањето. Белата мечка е полуводен цицач, прилагоден на живот на копно, море и мраз, и е врвен месојад во нејзиниот животен простор. Се храни главно со фоки, млади моржови и китови, но всушност, ќе изеде сѐ што може да улови.

Белите мечки се ранлив вид со висок ризик за исчезнување поради прекумерниот лов и поради исчезнувањето на нивниот животен простор поради топењето на мразот на Северниот Пол. Зоолозите и климатолозите веруваат дека популацијата на белите мечки ќе се намали на една третина од сегашната до 2050 година. Во речиси сите земји од регионот на Северниот Пол белата мечка е прогласена за загрозен вид и е заштитена со закон.

Белите мечки се огромни, агресивни, љубопитни, и потенцијално опасни за луѓето. Дивите бели мечки, за разлика од другите видови на мечки, се речиси сосема ненавикнати на луѓе, и лесно може да ги нападнат како потенцијален плен. Мажјаците се самотници, се здружуваат со женките само во сезоната на парење, а женките се обично дружељубиви меѓусебе. Иако го имаат истиот хормон за хибернација како и останатите мечки, белите мечки не ја преспиваат зимата, освен бремените женки. (повеќе...)


Седмица 01, 29.12.2008. - 04.01.2009

Ерусалим (иврит:יְרוּשָׁלַיִם (audio); арапски:القُدس القُدس (audio) Ал Кудс, грчки: Ίερουσαλήμ или Ίεροσόλυμα; латински: Hierosolyma, Hierusalem, Aelia Capitolina) е антички блискоисточен град, главен и најголем град во Израел, и покрај тоа што овој факт е спорен за муслиманските земји, особено за Палестина. Градот брои 747.600 жители, и се протега на точно 125,1 km², вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Градот се наоѓа во близина на јудејската планина, помеѓу Средоземното Море и Мртвото Море. Модерниот Ерусалим е изграден надвор од ѕидините на стариот дел од градот. Градот бил основан во 4 век п.н.е., и како таков е дел од најстарите градови на светот.

Ерусалим е најсветиот град во јудаизмот, и претставувал најголемиот духовен центар на Евреите во 10 век п.н.е.. Тој исто така претставува трет најсвет град во исламот, по Мека и Медина, а е свет град и за христијанството. На површина од само 0,9 km², во Стариот Град, на Храмовата Гора се наоѓаат најважните религиозни градби: Западниот Ѕид или Ѕидот на плачот за јудаизмот, Светиот Гроб за христијанството и Ал Акса со Златната купола за исламот. Стариот Град е поделен на четири населби: еврејска, исламска, христијанска и ерменска населба, кои биле поделени во текот 19 век. Стариот Град бил номиниран и вклучен во списокот на светско наследство за несигурни градови во 1982 година од Јордан. Во текот на својата историја, градот Ерусалим двапати бил целосно разрушен, 23 пати под опсада, 52 пати нападнат и 44 пати освоен.

Денес, статусот на Ерусалим е определен со израелско-палестинскиот конфликт. Анексијата на Источен Ерусалим е многупати дискутирана и осудувана од страна на ООН, а и самите Палестинци го сметаат Источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, Палестина. По 1980 година, многу амбасади и светски организации своите канцеларии ги преместиле од Ерусалим во Тел Авив, но има и такви чии амбасади сѐ уште се во Ерусалим, како на пример амбасадата на САД. (Повеќе)


Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
Месечина
Свети Јосиф  • Албанија  • Џорџ Орвел
Линебург  • Алехандро Валверде  • Тур де Франс 2019  • Брзина на светлината  • Свети Климент Охридски  • Одржлива енергија  • Договор за неширење на јадрено оружје  • Инвазивен вид  • Отпад од храна  • Последици од глобалното затоплување
Вевчани  • Диего Гарсија  • Тенерифе  • Рендгенска кристалографија  • Бактерии  • Близуземски тела  • Клуж-Напока  • Актин  • Кир Велики  • Обединета Ерменија  • Реброносци  • Казахстан  • Средновековна Романија
Џ. Р. Р. Толкин  • Хебрејски јазик  • Грег ван Авермат  • Логаритам  • Анри Матис  • Прва светска војна  • Вирус  • Писменост  • Самоубиство  • Горна Река  • Археи  • ФК Вердер Бремен  • ABC-транспортер  • Хосе де Сан Мартин
Оноре де Балзак  • Гравитациски бран  • Гомељ  • Македонско девојче 2  • Камерун  • Освојување на Африка  • Сараево  • Историја на Цариград  • Петер Саган  • Планков закон  • Затемнување на Сонцето  • Шредингерова равенка  • Тур де Франс 2015  • Фудбалска репрезентација на Аргентина
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи-сарај  • Јадрено цепење  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
Безјеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносна распределба  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаоски јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
Фердинанд I • Историја на христијанството • Старогрчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадејра • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Двоичен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска Државна Заедница • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хосе Раул Капабланка • Фердинанд I
Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Цариград (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
Кочо Рацин • Светско првенство во фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
Евтини приказни