Википедија:Избрана статија/2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Гласање за избрана статија[уреди извор]

Како да гласам за овој предлог?

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните шаблони. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Седмица 20, 8.5.2016 - 14.5.2017
Седмица 19, 1.5.2016 - 7.5.2017
Седмица 18, 24.4.2016 - 30.4.2017
Седмица 17, 17.4.2016 - 23.4.2017
Coat of arms of Hamburg.svg

Хамбург (германски: Hamburg, долногермански/долносаксонски: Hamborg) — втор најголем град во Германија и седми најголем град во Европската Унија. Градот е дом на преку 1,8 милиони луѓе, додека Метрополитенската областа Хамбург (вклучува делови од соседните покраини Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн) има повеќе од 4,3 милиони жители. Пристаништето во Хамбург е третото најголемо пристаниште во Европа (по пристаништата во Ротердам и Антверпен) и се наоѓа помеѓу дваесетте најголеми во светот.

Службеното име на Хамбург е Слободен и ханзин град Хамбург (германски: Freie und Hansestadt Hamburg). Тоа ја прикажува историјата на Хамбург, како член на средновековната Ханза, како слободен царски град на Светото римско царство и самиот факт дека Хамбург е град-држава и една од шеснаесетте сојузни покраини на Германија.

Хамбург е главниот сообраќаен врзол во Северна Германија и е еден од најбогатите градови во Европа. Станал медиумски и индустриски центар, со фабрики и објекти на Ербас, Blohm + Voss и Aurubis. Радио и телевизискиот јавен медиум Norddeutscher Rundfunk и издавачите, како што се Gruner + Jahr и Spiegel се столбови на важната медиумска индустрија во Хамбург. Севкупно, има повеќе од 120.000 претпријатија. (Дознајте повеќе...)

Седмица 16, 10.4.2016 - 16.4.2017
Félix Nadar 1820-1910 portraits Eugène Delacroix.jpg

Ежен Делакроа (француски: Eugène Delacroix; 26 април 1798 - 13 август 1863) — француски ликовен уметник, кој извршил огромно влијание врз романтичарското движење во Европа. Бил познат како мајстор на боите, бидејќи како ученик на раните англиски романтичари, успешно ги комбинирал нивните ликовни принципи создавајќи свој уникатен стил на сликање. Освен за сликарите, Делакроа бил инспирација и за книжевните уметници поради својот вроден вкус за естетика. Неговите мајстории на платното се пример на кој се угледуваат многумина од современите сликари.

Случувањата од тоа време го диктирале правецот по кој се развивала неговата техника. Негови ликовни идоли биле Петар Паул Рубенс и претставниците на Венецијанската ренесансна школа. Ја пропатувал речиси цела Европа, но сепак Мароко била земјата која најмногу го воодушевила. Уживал голема популарност во текот на неговата долга и успешна кариера. Добил многубројни награди и признанија од академијата и владата во неговата татковина. Обработувал сцени кои изобилувале со крв и насилство, притоа употребувајќи силни и впечатливи бои. Таа негова определба наишла на негодување во одредени кругови, но ги придобила симпатиите на сите останати. Имал работна навика да ги илустрира познатите творби на великаните како Вилијам Шекспир, Валтер Скот и Волфганг Гете. (Дознајте повеќе...)

Седмица 15, 3.4.2016 - 9.4.2017
Знаме на Боцвана

Боцвана (цвана: Botswana; англиски: Botswana) — независна држава во Јужна Африка. Државата порано била британски протекторат познат како Бечуаналенд. Откако државата се стекнала со независност на 30 септември 1966 година, официјалното име биле променето во денешната форма. Боцвана се граничи со Јужна Африка на југ и југоисток, со Намибија на запад и на север и со Зимбабве на североисток. Боцвана има допирна точка со Замбија, но сепак овој дел од границата не е добро утврден. Главен град на државата е Габороне, а официјални јазици се сецвански и англиски. Боцвана има вкупна површина од 581.730 км2 и население од 2.029.307 жители според проценките од 2010 г.

Географски земјата е рамна и до 70% од територијата е претставена од пустината Калахари. Боцвана има нешто над 2 милиони жители и тоа ја прави една од најслабо населените држави во светот. Боцвана била една од најсиромашните држави во Африка во моментот кога се стекнала со независност во 1966 г. со БДП од 70 долари по глава на жител. Денес, Боцвана е една од најбрзо растечките економии во светот со БДП од 14.400 долари по глава на жител. Државата е дом на еден релативно стабилен политички систем и брзорастечка пазарна економија. Економијата на земјата е една од најуспешните во Африка и брзо се развива услужниот сектор, светски познатата дијамантска индустрија, туризмот и производството. (Дознајте повеќе...)

Седмица 14, 27.3.2016 - 2.4.2017
Médecins Sans Frontières - Missions.svg

Лекари без граници (француски: Médecins sans frontières, англиски: Doctors Without Borders) — меѓународна, хуманитарна, невладина организација која им овозможува медицинска помош на жртвите на војни, епидемија или природни и вештачки катастрофи. Освен тоа таа им нуди помош на сите оние на кои медицинската помош им е ускратена или тешко достапна поради географската оддалеченост, сиромаштијата или етничка, политичка и било која друга маргинализација. Познати се по своите проекти во земји, во кои се водат војни и во земји во развој, кои се соочуваат со ендемски заболувања.

Организацијата ја основале група на француски лекари на 20 декември 1971 година.. Седиштето на организацијата се наоѓа во Женева, а во 20 држави постојат нејзини претставништва. Секоја година околу 3000 лекари, медицински сестри, санитарни стручњаци и други медицински и немедицински личности одат на различни задачи ширум светот. Од друга страна пак 1000 луѓе со постојано работно место, главно работат на ангажирање на доброволци и обезбедување финансиски средства. (Дознајте повеќе...)

Седмица 13, 20.3.2016 - 26.3.2017
La Tombe de Horemheb cropped.jpg

Египетска митологија (или египетска религија) — различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во древен Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества. Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка. Постојат и кратки периоди во кои владеел монотеизмот.

Првите митови зборуваат дека на почетокот универзумот бил исполнет со прастарите води на хаосот, а тоа е богот Нун. Богот Ре-Атум се појавил од водата, како што земјата на Египет се појавува секоја година после поплавите на Нил. Ре-Атум плукнал, и од тоа излегле божествата Шу (воздух) и Тефнут (влажност). Светот е создаден кога Шу и Тефнут ги родиле двете деца: Нут (небото) и Геб (земјата). Луѓето се создадени кога Шу и Тефнут тргнале да се шетаат по темната пустелија и се изгубиле. Ре-Атум го испратил своето око за да ги најде. Откако биле пронајдени, неговите солзи радосници се претвориле во луѓе. (Дознајте повеќе...)

Седмица 12, 13.3.2016 - 19.3.2017
Pi-symbol.svg
Pi-unrolled-720.gif

π (наречена „Лудолфов број“) — ирационален реален број со приближна вредност од 3,14159. Таа бројка го претставува односот на периметарот на еден круг со неговиот дијаметар во Евклидовата геометрија. Бројот π се употребува највеќе во математиката, физиката и инженерството, но се користи и во другите науки. Бројот е исто така познат и како Архимедова константа (што не е исто со Архимедов број) и како Лудолфов број (по германскиот математичар Лудолф ван Цојлен кој го пресметувал на многу децимали). Архимедовата константа се изразувала со дропката 227.

Името на грчката буква π е пи и овој запис се користи во типографски содржини каде што грчката буква не е достапна или каде што нејзината употреба би била проблематична. Константата се нарекува «π» бидејќи е првата буква од грчките зборови περιφέρεια (периферија) и περίμετρος (периметар). (Дознајте повеќе...)

Седмица 11, 6.1.2016 - 12.3.2017
Moscow Kremlin from Kamenny bridge.jpg

Московски Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денеска, комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознај повеќе...)

Седмица 10, 27.2.2016 - 5.3.2017

Гравитационен бран — бранување на закривеноста на време-просторот кој се придвижува како бранови, кои се движат од изворот. Можноста за постоење на гравитациони бранови е првпат спомната во 1893 година од страна на Оливер Хевисајд кој ја искористил споредбата меѓу обратнопропорционалноста на квадратот на законите за гравитација и електричество. Во 1905 година Анри Поанкаре прв ги преложил гравитационите бранови (ondes gravifiques) кои се оддадени од тела и се движат со брзина на светлината според Лоренцовите трансформации. Нивното постоење е предвидено во 1916 година од страна на Алберт Ајнштајн врз основа на теоријата на општата релативност, гравитационите бранови ја пренесуваат енергијата како „гравитационо зрачење“. Постоењето на гравитационите бранови е можна последица на Лоренцовата коваријанса на општата релативност бидејќи ја воведува идејата за конечна брзина на движењето и физичките заемодејства со тоа движење. За споредба, гравитационите бранови не можат да постојат во Њутновата теорија за гравитација, која тврди дека физичките заемодејства се движат со бесонечни бризини.

Пред директонот забележување на гравитационите бранови имало непосредни докази за нивното постоење. На пример, мерењата на Хулс–Тејлоровиот двоен систем предвидувале дека гравитационите броеви се повеќе од хипотетичка замисла. Можните извори за забележување на гравитационите бранови биле системите од двојни ѕвезди составени од бели џуџиња, неутронски ѕвезди и црни дупки. На 11 февруари 2016 година, здружените екипи во соработка ЛИГО и Вирго објавиле дека успеале за првпат директно да ги забележат гравитационите бранови кои потекнувале од пар на црни дупки кои биле во процес на спојување, користејќи ги детекторите на Напредниот ЛИГО. (Дознајте повеќе...)

Седмица 9, 20.2.2016 - 26.2.2017
Moscow Kremlin from Kamenny bridge.jpg

Московски Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денеска, комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознај повеќе...)

Седмица 8, 13.2.2016 - 19.2.2017

Седмица 7, 6.2.2016 - 12.2.2017

Седмица 6, 30.1.2016 - 5.2.2017
Сликите од црните букви при тенка испакната леќа со жаришно растојание f, се прикажани со црвена боја. Одредени зраци се прикажани за буквите Д, З и И со сина, зелена односно портокалова боја. Се забележува дека Д ( на 2 растојанија f ) има иста големина, за вистинитата и превртената слика, З ( на растојание f ) има слика во бесконечноста, и И ( на растојание f/2 ) е двојно поголема, замислена и иправена слика.

Оптика — дел од физиката кој се занимава со карактеристиките и законитостите на светлината, вклучувајќи го и заемодејството со материјата и создавањето на инструменти кои ja користат или утврдат присуство на светлина. Оптиката обично ги опишува карактеристиките на видливата светлина, ултравиолетова, и инфрацрвена светлина. Бидејќи светлината е електромагнетен бран, другите видови на електромагнетно зрачење како што се рентгенските зраци, микробрановите и радио брановите пројавуваат слични својства.

Повеќето оптички појави се објаснуваат со помош на електродинамичкиот опис на светлината. Користењето на електромагнетни описи за светлината го отежнува објаснувањето на светлинските појави во секојдневието. Применетата оптика користи упростени модели. Најчесто употребуван метод е т.н. геометриска оптика, кој светлината ја разгледува како збир од зраци кои се движат праволиниски, се прекршуваат или одбиваат кога минуваат нз најразлични средини. Брановата оптика е поопфатен модел за светлината, кој вклучува бранови појави како што се дифракција и интерференција кои не можат да се објаснат со геометриската оптика. Историски, зрачно-заснованиот модел за светлината се развива првично, по што следи брановиот модел на светлината. Напредокот во електромагнетната теорија во XIX век доведе до откритието дека светлинските бранови се всушност електромагнетно зрачење.

Некои појави зависат од фактот дека светлината ги поседува карактеристиките на бран и честичка истовремено. Објаснувањето на овие ефекти побарува употреба на квантна механика. Кога светлината се разгледува како честички, светлината се претставува како збир од честички наречени „фотони“. Квантна оптика е дел од оптиката кој се занимава со употребата на квантномеханички методи во оптичките системи. (Дознајте повеќе...)

Седмица 5, 23.1.2016 - 29.1.2017
Оноре де Балзак во 1842 г.

Оноре де Балзак (француски: Honoré de Balzac; 20 мај 1799 - 18 август 1850) — француски писател на романи и драми. За негово капитално дело се смета збирката романи Човечка комедија, која раскажува за животот во Франција по заминувањето на Наполеон. Се смета за еден од предводниците на реализмот во европската литература, поради портретирањето на општеството такво какво е, и ликовите кои имале сложен морален фоторобот. Дури и споредните ликови биле карактерно повеќеслојни, со етички двојби, и целосно очовечени. Неговите дела влијеале врз многу писатели, како Емил Зола, Чарлс Дикенс, Гистав Флобер, Хенри Џејмс и филозофот Фридрих Енгелс. Многу од романите на Балзак биле филмски преработени.

Иако бил љубител на книгите како дете, имал проблеми со помнење на лекциите на училиште. По завршување на факултет, работел како приправник во адвокатска канцеларија, но се откажал од правото бидејќи ја сметал таа професија за премногу рутинирана и нечовечна. Пред да стане писател, се обидел како издавач, печатар, новинар, и литературен критичар, но безуспешно. Дел од неговото животно искуство е вклучено во Човечката комедија. Балзак често имал здравствени проблеми, најверојатно поради постојаната работа врз романите. Односите со семејсвото му биле затегнати поради лични и финансиски проблеми. Во 1850 се оженил со полската грофица Евелина Ханска, а починал пет месеци подоцна. (Дознајте повеќе...)

Седмица 4, 16.1.2016 - 22.1.2017
Collage cultura Italia.jpg

Италијанската култура може да се пофали со неколку светско познати градови. Италија била дом на многу познати и влијателни цивилизации, вклучувајќи ги Етрурците, Грците и Римјаните. Рим бил античка престолнина на Римското Царство и седиште на папата на Католичката црква. Фиренца бил дом на многу уметници од ренесансата, период на големи достигнувања во уметноста. Торино, којшто бил главен град на Италија, денес е еден од светски познатите центри за автомобилско инженерство. Милано е индустриски, трговски и финансиски центар на Италија а исто и престолнина на модата. Венеција со својот сложен систем на канали и богата културна историја, привлекува туристи од цел свет. За време на овој период во Италија се појавиле голем број на познати сликари, скулптори, поети, музичари, математичари и архитекти. Во своето минато Италија преживеала миграции, инвазии и била поделена на многу независни држави сè до 1861 година, кога станала нација-држава.

Познати елементи на италијанската култура се нејзината уметност, музика, мода и храна. Италија е родно место на операта. Исто така земјата е родно место на најголем број на Светски наследства на УНЕСКО (48). Според Судот на ревизори, Италија има 3.430 музеи, 216 археолошки локалитети, 10.000 цркви, 1.500 манастири, 40.000 избрани замоци, кули и тврдини, 30.000 отмени домови, 4.000 градини, 1.000 огромни историски градски центри и многу повеќе. (Дознај повеќе...)

Седмица 3, 9.1.2016 - 15.1.2017
Суматрански носорог

Суматрански носорог (науч. Dicerorhinus sumatrensis) — член на семејството на носорозите и е еден од петте преживеани видови на носорози. Овој вид е најмалиот носорог со висина на рамениците од 120 до 140 сантиметри, должина од 250 сантиметри и тежина од 500 до 800 килограми. Како и африканските видови на носорози, така и овој вид има два рога. Предниот рог е поголем и најчесто е со должина од 15 до 25 сантиметри, додека другиот рог претставува само никулец. Телото на овој носорог е прекриено со црвенкасто-кафеаво крзно.

Единките од овој вид во минатото биле распространети во мочуриштата, дождовните и облачните шуми во Индија, Бутан, Бангладеш, Мјанмар, Лаос, Тајланд, Малезија, Индонезија и Кина (во југозападниот дел од Кина, поточно во Сечуан). Овие животни се критично загрозени бидејќи има само шест значајни популации во дивината: четири во Суматра, една во Борнео и една на Малајскиот Полуостров. Многу е тешко да се процени нивната точна бројка бидејќи Суматранскиот носорог е самотно животно кое се движи на големи пространства. Сепак според некои проценки, бројката се движи околу 300 единки. Намалување на популациите најмногу се должи на ловокрадството, бидејќи нивните рогови се доста ценети во традиционалната кинеска медицина. На црниот пазар достигнуваат цена од 30.000 американски долари за еден килограм коска. Закана претставува и загубата на природното живеалиште, односно унишување на шумите за содавање земјоделски површини. (Дознајте повеќе...)

Седмица 2, 2.1.2016 - 8.1.2017
Moscow Kremlin from Kamenny bridge.jpg

Московски Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денеска, комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознај повеќе...)

Седмица 1, 26.12.2016 - 1.1.2017
Црвена точка во z насока како максимум за параболоидна функција на (x, y) влезни единици

Математичка економија — примената на математичките методи во економските теории и во анализата на проблемите презентирани во економијата. Овозможува формулирање и деривација на клучните врски во теоријата со неколку карактеристики како јасност, севкупност, едноставност и строга определба. Обично, применетите математички методи се однесуваат на оние посложените функции за разлика од едноставната геометрија, односно сложени методи како диференцијални и интегрални пресметки, диференцијална равенка, матрици, математичко програмирање и други пресметковни методи.

Математиката им овозможува на економистите да оформат значајни и предлози подложни на испробување за многу широко распространети и сложени теми кои не можат неформално соодветно да бидат изразени. Понатаму, математичкиот јазик им дава да оформат јасни, точни и позитивни тврдења за контроверзните или спорните теми, што инаку би било невозможно. Голем дел од економската теорија е моментално претставена преку математичко-економски модели, збир на стилизирани и упростени математички врски кои ги појаснуваат претпоставките и следствата. (Дознајте повеќе...)

Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
2017
Оноре де Балзак  • Гравитационен бран
2016
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи Сарај  • Нуклеарна фисија  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
2015
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
2014
Безијеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносен распоред  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаошки јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
2013
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
2012
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
2011
Фердинанд I • Историја на христијанството • Грчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадеира • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Бинарен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
2010
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска унија • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хозе Раул Капабланка • Фердинанд I
2009
Ерусалим • Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Константинопол (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
2008
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
2007
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
2006
Кочо Рацин • Светско Првенство во Фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
2005
Евтини приказни