Англиска Прва Дивизија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Првата Дивизија беше највисокиот степен на Фудбалската Лига од 1993 до 2004, и највисоката лига општо во англискиот фудбал од 1888 до 1992. Последниот пат кога Лигата беше играна како највисоко ниво Лидз Јунајтед ја освои титулата.

Историја[уреди]

Фудбалската Лига беше формирана во 1888 од страна на директорот на Астон Вила, Вилијам Мекгрегор. На почетокот беше формирана само една дивизија со 12 клубови (Акриннтон ФК, Астон Вила, Блекбурн Роверс, Болтон Вандерерс, Барнли, Дерби Каунти, Евертон, Нотс Каунти ФК, Престон Норт Енд, Стоук (сега преименуван во Стоук Сити), Вест Бромвич Албион и Вулверхемптон) , под името Фудбалска Лига. Кога Лигата прими нови членови од ривалската Фудбалска Алијанса во 1892, беше поделена на две дивизиии; оригиналната Лига беше проширена (со приклучувањето на најдобрите два клубови од Алијансата) и преименувана во Прва Дивизија, другите членови на Алијанста беа примени во новоформираната Втора Дивизија.

Следните 100 години, Првата Дивизија беше највисокиот степен на натпреварување во Англискиот Професионален Фудбал. Во 1992, 22 клубови кои играа во Првата Дивизија решија да ја напуштат и да ја формираат Премиер Лигата. Ова беше направено за да се профитира од нивниот статус на најголеми и најбогати клубови во земјата. Фудбалската Лига беше реорганизирана поради ова, по што Втората, Третата и Четвртата Дивизија беа преименувани во Прва, Втора и Трета. Така, Првата Дивизија е сѐ уште највисокото натпреварувачко ниво во Фудбалската Лига, но сега е втор степен во Англиски систем на Фудбалски Лиги; највисоко пласираните клубови во Првата Дивизија го наследија плеј-оф системот за промоција во Премиер Лигата од старата Втората Дивизија.

Првата Дивизија беше преименувана во Шампионатот на Фудбалската Лига пред стартот на сезоната 2004-05, поради комерцијални причини. Но сепак остана вториот степен на Англискиот Фудбал.

Клубови кои се натпреварувале само во Првата Дивизија[уреди]

Клубови кои се натпреварувале само во Првата Дивизија, но не и во Премиер Лигата, се: Акриннтон ФК (оригиналниот, не сегашниот Акриннтон Стенли), Блекпул, Бредфорд Парк Авенија, Брентфорд, Брајтон и Хоув Албион, Бристол Сити, Барнли, Бури, Кардиф Сити, Карлајл Јунајтед, Дарвен, Глосоп Норт Енд, Гримзби Таун, Хадерсфилд Таун, Лејтон Ориент, Лутон Таун, Милвол, Нортхемптон Таун, Нотс Каунти, Оксфорд Јунајтед, Престон Норт Енд и Сванси Сити. Нотс Каунти и Лутон беа членови на Првата Дивизја во последната сезона пред да се формира Премиер Лигата.

Од овие клубови, Барнли, Хадерсфилд и Престон ја имаат бидено Англиски Фудбалски Шампиони; Акринтон веќе не постои, а Бредфорд Парк Авенија, Дарвен и Глосоп долго време се наоѓаат далеку од најнискиот степен на натпреварување на Фудбалската Лига, Лига Два.

Еднократни вице-шампиони[уреди]

9 клубови завршиле само еднаш на второ место (но не шампиони) во Првата Дивизија, кога била највисок степен на натпреварување, и не ја повториле таа изведба: Бристол Сити (1907), Олдам Атлетик (1915), Кардиф Сити (1924), Лечестер Сити (1929), Чарлтон (1937), Блекпул (1956), Квинс Парк Рејнџерс (1976), Ватфорд (1983) и Саутемптон (1984). Поради големата разлика помеѓу клубовите од Премиер Лигата и Првата Дивизија, овој подвиг стана многу тежок за остварување бидејќи најбогатите клубови поставија монопол врз првиите четири места во Премиер Лигата.


Големина[уреди]

Првата Дивизија на почетокот се состоеше од 12 членови-основачи; од тогаш поминала низ неколку проширувања поради растот на популарноста на фудбалот и зголемениот број на квалитетни клубови. Исто така имаше и неколку намалувања во 1980те, но набрзо беа отстранети. Целосната историја на растот и намалувањето на лигата е:

Број на тимови Од До
12 1888 1891
14 1891 1892
16 1892 1898
18 1898 1905
20 1905 1915
22 1919 1987
21 1987 1988
20 1988 1991
22 1991 1992
24† 1992 2004

† како второ ниво на професионалниот фудбал во Англија

Tрофејот[уреди]

Трофејот за Шаммпионатот на Фудбалската Лига, дизајниран од Вогтонс од Бирмингем во 1890, е истиот што го добиваше шампионот на Англија до појавата на Премиер, летото 1992.

Понекогаш нарекуван „Дамата“ бидејќи на капакот има изгравирано женска фигура. Трофејот им бил доделен на неккои легендарни клубови како: Хадерсфилд освојуваќи на три титули во дваесетите, на Арсенал кој освои пет титули во осум години во триесетите. Манчестер Јунајтед под водство на Бизби го освои во 1956 и 1957 пред случката во Минхен во 1958, Ливерпул го собра десет пати во 18 сезони од 1972-73 до 1989-90. Последниот тим кој го доби како Шампион на Англија беше Лидз Јунајтед во сезоната 1991-92. От тогаш, како трофеј за второто ниво, ниту еден тим не може да го задржи две години по ред.

Моменталниот шампион е Сандерленд кој го освои на 6 мај 2007.