Википедија:Избрана статија/2020

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Гласање за избрана статија[уреди извор]

Како да гласам за овој предлог?


Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Седмица 25, 15.6.2020 - 21.6.2020
Победникот на трката Еган Бернал

Тур де Франс 2019 — 106. издание на велосипедската голема трка Тур де Франс, која се одржала помеѓу 6 и 28 јули како дваесет и седми настан во сезоната на Светската турнеја.

Трката имала вкупна должина од 3.365,8 километри и се состоела од 21 етапа, започнувајќи на 6 јули во Брисел, Белгија, и завршувајќи на 28 јули со традиционалната етапа на Елисејските полиња во Париз. Воведната етапа (позната и како „Големо тргнување“, Grand Départ) била одржана во Брисел во чест на 50-годишнината од првата победа на Тур де Франс на Еди Меркс. Вкупно 176 возачи од 22 екипи учествувале во трката. Крајниот генерален пласман бил освоен од Еган Бернал од Тим Инеос. Неговиот колега и победникот на Тур 2018, Герајнт Томас, завршил втор додека Стевен Краусвејк (Џамбо-Висма) завршил трет.

Колегата на Краусвејк, Мике Тенисен, ја освоил првата етапа во масовен спринт, кој станал прв возач на Тур кој ја облекол водечката жолта маичка. Жилијан Алафилип од Декојнинк-Квик Степ го преземал водството на трката по победата на третата етапа. Ја изгубил жолтата маичка по шестата етапа од Џулио Чиконе (Трек-Сегафредо), кој бил највисоко пласиран возач во групата на бегството, кое завршило пред главната група. Водството на Чиконе на Тур траело две етапи, пред Алафилип повторно да ја преземе жолтата маичка, која ја носел на следниве единаесет етапи, вклучувајќи ги и оние на Пиринеите, пред да ја изгуби од Бернал на вториот ден на Алпите, на етапата 19, која била скратена поради лошото време. Бернал го одржал водството на завршните две етапи за победа на Тур. (Дознајте повеќе...)


Седмица 24, 8.6.2020 - 14.6.2020
На сончевата светлина ѝ требаат околу 8 минути и 19 секунди за да стигне до Земјата доколку се движи со брзина на светлината

Брзина на светлината — физичка константа важна во голем број области од физиката. Нејзината вредност (во вакуум) изнесува точно 299.792.458 м/сек. (≈3.00×108 m/s), односно 1.079.252.848,8 км/час. Според специјалната теорија на релативноста тоа е максималната брзина со која сета енергијата, материјата и сите информации можат да патуваат во универзумот, а која може да се постигне единствено во вакуум . Затоа често се обележува и со c0. Во други средини (течности, гасови...) брзината на светлината е различна и секогаш помала отколку во вакуум.

Со брзината на светлината во вакуум се движат честичките кои немаат маса и електромагнетното зрачење (светлината и гравитационите бранови и се одвиваат промените во полињата. Тие ја задржуваат c без разлика на движењето на нивниот извор или на инерцијалниот појдовен систем на набљудувачот. Во теоријата на релативноста c ги соединува просторот и времето и се појавува во познатата Ајнштајнова равенка за еднаквост на масата и енергијата E = mc2.

Брзината со која светлината се пренесува низ проѕирни материјали (стакло, воздух...), а радиобрановите низ кабли, е помала од c. Односот меѓу c и v, брзината со која светлината патува низ одреден материјал, го дава индексот на прекршување n на материјалот (n = c / v). За видливата светлина индексот на прекршување на стаклото изнесува околу 1,5, што значи дека низ стаклото светлината патува со брзина од c / 1.5 ≈ 200000 km/s. Индексот на прекршување на воздухот изнесува приближно 1.0003 за видливата светлина, што значи дека таа низ воздух се движи со брзина од 299700 km/s (90 km/s побавно отколку со c). (Дознајте повеќе...)


Седмица 23, 1.6.2020 - 7.6.2020
Линебург

Линебургград во истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа на реката Илменау, околу 50 километри југоисточно од Хамбург, на работ на Линебуршкото Поле и припаѓа на метрополитенската област Хамбург. Линебург се наоѓа на само 15 километри јужно од границата со Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург-Западна Померанија.

Градот претставува административно седиште на истоимениот округ и има околу 77.500 жители. Поширокото градско подрачје ги опфаќа и општините Адендорф, Бардовик, Барендорф и Репенштет, со што вкупното население во оваа агломерација е околу 126.000 жители.

Линебург ја додал титулата „Ханзин град“ во своето име во 2007 година, како признание за своето членство во поранешниот сојуз Ханза. Во градот се наоѓа Универзитетот Лојфана. (Дознајте повеќе...)


Седмица 22, 25.5.2020 - 31.5.2020
Алехандро Валвереде

Алехандро Валверде Белмонте (р. 1980) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим. Најголемите победи на Валверде се случиле на Вуелта а Еспања во 2009, Критериум ди Дофине во 2008 и 2009, Трка околу Баскија во 2017, Волта а Каталуња во 2009, 2017 и 2018, Лиеж-Бастон-Лиеж во 2006, 2008, 2015 и 2017, Флеш Валон во 2006, 2014, 2015, 2016 и 2017, the Класика де Сан Себастијан во 2008 и 2014, светската серија UCI ProTour 2006 и UCI ProTour 2008, Светските турнеи во 2014 и 2015 и друмската трка на Светското првенство 2018.

Вкупно, Валверде има 123 професионални победи. Пред неговата победа на Светското првенство, го држел рекордот на освоени медали на светските првенства – два пати го освоил сребрениот медал на светските првенства, во 2003 и 2005 година, како и бронзениот четири пати во 2006, 2012, 2013 и 2014. До 2019 година, Валверде завршил деветнаесет пати меѓу првите десет на големите трки. Валверде е еден од ретките, кој комбинира различни специјалности во друмскиот велосипедизам, станувајќи силен специјалист за искачување, спринтер и добар на хронометри.

По долгата судска битка бил суспендиран на две години како дел од истрагата Операција Пуерто, но се вратил на натпреварувањата во 2012 година, откако му завршила суспензијата. Сите негови резултати од 2010 година биле избришани, вклучувајќи ја и победата на Тур де Романди 2010 и не настапувал во 2011 година. (Дознајте повеќе)


Седмица 21, 18.5.2020 - 24.5.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сé до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сé до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на Исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 20, 11.5.2020 - 17.5.2020
Панетова мрежа која отсликува вкрстување меѓу две растенија од грашок - хетерозиготни за црвени (В) и бели (b) цветови.

Генетика (од старогрчки γενετικός генетикос, „да роди“ и од γένεσις генезис, „потекло“) — гранка на биологијата која се занимава со проучување на гените, наследноста и варијацијата кај живите организми.

Генетиката се справува со прашања какви што се молекуларната градба и функција на гените, однесувањето на гените во контекст на клетка или организам (на пример, доминантност и епигенетика), закономерностите на наследување од родителите до потомството, како и генската дистрибуција, варијација и промена во популациите. Поради тоа што гените се универзални за сите живи организми, генетиката може да се користи за проучување на сите живи системи, од вируси до бактерии, преку растенијата и домашните животни, до човекот (како што е во медицинската генетика).

Фактот што живите суштества наследуваат белези од нивните родители е користен уште од праисториските времиња за да се подобрат земјоделските растенија и животни по пат на селективно размножување. Меѓутоа, современата наука генетика, која се обидува да го сфати процесот на наследување, е зачната со работата на Грегор Мендел во средината на XIX век. Иако тој не ја познавал физичката основа на наследноста, Мендел воочил дека организмите наследуваат белези преку дискретни единици на наследувањето кои денес се нарекуваат гени. (Дознајте повеќе...)


Седмица 19, 4.5.2020 - 10.5.2020
Мала Франција во Стразбур

Алзас (француски: Alsace) или Елзас (алзашки: ’s Elsass; германски: Elsass/Elsaß; латински: Alsatia) — поранешен регион во Франција. Се наоѓа на североисточната граница на западниот брег на горниот тек на Рајна и се граничи со Германија и Швајцарија. Најважен политички, економски и културен центар на Алзас е градот Стразбур кој воедно е и главен и најголем град на регионот. Бидејќи тој град е седиште на десетици меѓународни организации и тела, Алзас е политички еден од најзначајните региони во Европската Унија.

Траги на името „Алзас“ се гледаат во високогерманскиот збор Ali-saz или Elisaz, што значи „туѓо царство“. Алтернативното објаснување потекнува од германското Ell-sass, што значи „сместено на Ил“, река во Алзас. Регионот историски припаѓал на Светото римско царство. Постепено се припоил кон Франција во тек на XVII век под власта на кралевите Луј XIII и Луј XIV како една од поранешните француски покраини. Алзас честопати се споменува сврзано со Лорена, поради тоа што германската припадност на овие два региона (како царска покраина Алзас-Лорена]], 1871–1918) била оспорена во XIX и XX век, во тек на кои Алзас четири пати во тек на 75 години припаѓал последователно и на Франција и на Германија. (Дознајте повеќе...)


Седмица 18, 27.4.2020 - 3.5.2020
Megadeth Sonisphere 2010.jpg

Megadeth (се чита: Мегадет) — треш метал музичка група од САД. Предводена е од основачот, фронтмен, гитарист и текстописец Дејв Мастејн. Формирана е во 1983 година, по неговото напуштање на Metallica. Бендот досега има издадено 13 студиски албуми, шест албуми од живи настапи и три компилации со најголеми хитови.

Како пионери на Американското треш метал движење, се стекнаа со светска слава во осумдесеттите години на минатиот век, но беа пропратени со чести смени на поставата главно поради проблеми со прекумерно користење на дрогa и алкохол. Откако се стабилизираа во поставата, Megadeth издадоа низа на платински и златни тиражи, вклучувајќи го Rust in Peace, два пати номиниран за Греми, белег на треш сцената, а потоа следува двојниот платински тираж на Countdown to Extinction во 1992. Престануваат со работа во 2002 поради Мастејновата тешка повреда на левата рака, но по интензивна терапија Мастејн повторно го формира бендот во 2004 и го издаваат The System Has Failed, а во 2007 следи United Abominations. Иако како група постојат скоро 30 години, нивните последни два албуми Endgame и Thirteen со нивната брзина и моќност се доказ дека бендот се уште има што да понуди на своите верни фанови. (Дознајте повеќе...)


Седмица 17, 20.4.2020 - 26.4.2020
Leonhard Euler 2.jpg

Леонард Ојлер (германски: Leonhard Euler; 15 април 1707 – 18 септември 1783) — швајцарски математичар и физичар, еден од пронаоѓачите на чистата математика. Не само што носел одлучни и формални придонеси во предметите како геометрија, математичката анализа, механиката и теоријата на броевите, туку и развил методи за решавање на проблеми во набљудувачката астрономија и демонстрирал корисни употреби на математика во технологијата и во јавниот живот.

Математичката способност на Ојлер ја заслужил онаа на Јохан Бернули, еден од првите математичари во Европа во тоа време, како и на неговите синови Даниел и Николас. Во 1727 г. се сели во Петроград каде што се вклучува во Академијата на науки во 1733 г. го надминува Даниел Бернули на полето на математиката.

Ојлер се смета за ненадминат математичар на XVIII век и еден од најдобрите на сите времиња. Тој е исто така еден од најпродуктивните: неговите собрани дела исполнуваат 60-80 четвороделни тома. Има направено многу важни откритија во различни полиња, како што се алгебрата и графичката теорија. Исто така го воведува најголемиот дел од модерната математичка терминологија и нотација, особено во делот на математичката анализа, како на пример нотацијата за математичка функција. (Дознајте повеќе...)


Седмица 16, 13.4.2020 - 19.4.2020
DEU Hamburg COA.svg

Хамбургвтор најголем град во Германија и седми најголем град во Европската Унија. Градот е дом на преку 1,8 милиони луѓе, додека Метрополитенската областа Хамбург (вклучува делови од соседните покраини Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн) има повеќе од 4,3 милиони жители. Пристаништето во Хамбург е третото најголемо пристаниште во Европа (по пристаништата во Ротердам и Антверпен) и се наоѓа помеѓу дваесетте најголеми во светот.

Службеното име на Хамбург е Слободен и ханзин град Хамбург (германски: Freie und Hansestadt Hamburg). Тоа ја прикажува историјата на Хамбург, како член на средновековната Ханза, како слободен царски град на Светото римско царство и самиот факт дека Хамбург е град-држава и една од шеснаесетте сојузни покраини на Германија.

Хамбург е главниот сообраќаен врзол во Северна Германија и е еден од најбогатите градови во Европа. Станал медиумски и индустриски центар, со фабрики и објекти на Ербас, Blohm + Voss и Aurubis. Радио и телевизискиот јавен медиум Norddeutscher Rundfunk и издавачите, како што се Gruner + Jahr и Spiegel се столбови на важната медиумска индустрија во Хамбург. Севкупно, има повеќе од 120.000 претпријатија. (Дознајте повеќе...)


Седмица 15, 6.4.2020 - 12.4.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сé до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сé до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на Исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 14, 30.3.2020 - 5.4.2020
Дисциплините на македонската граматика.

Македонска граматика — дел од науката за македонскиот јазик, позната како македонистика, која ги изучува формите и значењата на граматичките елементи во системот. Македонската граматика се занимава со опишување, изучување и класификација на сложениот систем составен од именки, глаголи, придавки, предлози, прилози, заменки, извици, честички, модални зборови и броеви. Паралелно со тоа, оваа јазична дисциплина се дели на неколку големи гранки, во зависност од темата која се изучува, па така има правопис и правоговор, морфологија, синтакса, фонетика и фонологија, лексикологија, лексикографија, стилистика, дијалектологија и ономастика.

Граматиката на македонскиот јазик и неговите говори била изучувана подолг период во минатото. Како прва печатена граматика на македонскиот јазик се јавува „Слогница речовска“, издадена во 1880 година во Софија од македонскиот преродбеник и револуционер Ѓорѓија Пулевски. „Слогница речовска“ е еден од првите обиди за опис на современата македонска граматика, која требало да излезе во неколку делови и била наменета за општо изучување на јазикот. Покрај „Слогница речовска“, важно е да се наведе и првата печатена македонска граматика во слободна Македонија, односно граматиката на Круме Кепески издадена во 1945 година веднаш по стандардизирањето на јазикот. Меѓу овие две граматики се јавуваат и други значајни обиди за печатење на македонската граматика, кои се фокусирале на класификацијата и опишувањето граматика за општото изучување на јазикот. Денес постојат поголем број печатени македонски граматики, печатени на македонски или на некој од светските или европските јазици. (Дознај повеќе...)


Седмица 13, 23.3.2020 - 29.3.2020
Флорентиновиот кодекс - митот за орелот и змијата.

Ацтечки јазик (nāhuatl, наватл) — американски староседелски јазик, дел од подгрупата на навански јазици од јазичното семејство на јутоацтечки јазици. Јазикот го зборуваат околу 1,5 милиони Ацтеки, од кои повеќето живеат во Мексико и дел од нив во Ел Салвадор. Ацтеките во Ел Салвадор се познати како Пипилци. Наватслкиот е сложен јазик во поглед на морфологијата и карактеристично за него е полисинтетичноста и аглутинацијата. Поради тоа, јазикот оперира со голем број сложени зборови со сложени значења изведени со помош на афикси.

Наватлскиот се зборувал во Централно Мексико најрано од VII век. Тој е мајчин јазик на Ацтеките, народ кој доминирал во денешно централно Мексико за време на доцниот посткласичен период на мезоамериканската историја. За време на вековите пред шпанската колонизација на Мексико, Ацтечката империја територијално се проширила и ја зазела скоро целата територија на денешно Мексико и нејзиното влијание довело до издигнување на наватлскиот дијалект од Теночтитлан на ниво на престижен јазик во Мезоамерика. Со шпанското навлегување во регионот, латиницата била воведена во регионот и наватлскиот станал пишан, литературен јазик. Така, за време на XVI и XVII век, голем број на хроники, граматики, поезија, административни документи и кодекси биле напишани на ацтечки. Овој ран стандарден јазик базиран на дијалектот од Теночтитлан е означен како класичен навтлски јазик и е еден од најпроучуваните и најдокументираните јазици во Америка. (Дознај повеќе...)


Седмица 12, 16.3.2020 - 22.3.2020
Boris Sarafov Portrait.jpg

Борис Сарафов (1872–1907) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, водач на Македонскиот комитет и Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и член на Главниот штаб во Битолскиот револуционерен округ, една од контроверзните личности во македонското ослободително дело.

По завршувањето на основното образование во родното село и Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, се запишува во Военото училиште во Софија, заедно со Гоце Делчев, и учествува во социјалистичка група. По завршувањето на училиштето (1893) е испратен на офицерска служба во Белогратчик и потоа во Софија (1894). Преку неговиот солунски учител Трајко Китанчев, влегува во македонското движење, собира и обучува чета. Во т.н Мелничко востание го напаѓа градот Мелник. Се запишува како вонреден студент на Генералштабната воена академија во Санкт Петербург (септември 1895), но по 4 месеци се враќа во Софија.

Често патува по Европа и Русија, со негова поддршка се издаваат весниците на Симеон Радев во Женева (L’Effort) и во Париз (Le Mouvement Macédonien), го помагал Македонскиот клуб од Белград, а потоа и Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Целиот европски печат ја пренесува неговата изјава (1902): Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци. Текстов подоцна станува насловно мото и на сите изданија на Македонската колонија во Санкт Петербург. Тој ги помага и солунските гемиџии.

Во јануари 1903 година, Сарафов влегува со чета во Македонија и на Смилевскиот конгрес е избран за еден од тројцата рамноправни членови на Главниот штаб на востанието. По Илинденското востание дејствува во Битолскиот револуционерен округ. На Рилскиот конгрес (1905) е обвинуван за злоупотреби, испраќање на сарафистички чети, примање на пари од српската и бугарската влада, но е амнестиран. Во ВМОРО настанува расцеп.н Сарафов и Иван Гарванов се задгранични претставници. Осудени од Серскиот револуционерен округ, тие се и убиени во Софија. (Дознајте повеќе...)


Седмица 11, 9.3.2020 - 15.3.2020
Портрет на Сан Мартин.

Хозе де Сан Мартин (1778–1850) — аргентински генерал и главен предводник на борбата за независност од Шпанската Империја во јужните и централните предели на Јужна Америка. Сан Мартин бил воедно и еден од претседателите на Перу, позиција која во тоа време била именувана како „Заштитник на Перу“.

Хозе де Сан Мартин бил роден во Јапеју, Кориентес, во денешна Аргентина, но уште додека бил мал, на 7 годишна возраст, заминал за Малага во Шпанија каде го започнал своето образование. Подоцна, во 1808 година, кога избила Полуостровската војна помеѓу Франција и Шпанија, Хозе де Сан Мартин зел учество во истата. Следствено на тој ангажман, Сан Мартин стапил во контакт со јужноамерикански подрржувачи на независноста на Јужна Америка од Шпанија. Во 1812 година тој заминал за Буенос Аирес и ги понудил своите способности и својата служба на Обединетите покраини на Рио де ла Плата, современа Аргентина. По Битката на Сан Лоренцо, тој организирал план за пораз на шпанската армија, која ја притискала Аргентина од север, користејќи алтернативен пат преку Вицекралството Перу. Целите првично биле да се основа нова армија, Армија на Андите, во Кујо, Аргентина. Оттука, тој го предводел преминувањето на Андите во Чиле и забележал победа во Битката на Чакабуко и Битката на Маипу. Како резултат на тие две победи била обезбедена независноста на Чиле. По тој успех, Сан Мартин кренал кон напад на шпанскиот бастион во Лима, Перу.

Сан Мартин се смета за национален херој на Аргентина и Перу и еден од ослободителите (libertadores) на Јужна Америка. Денес аргентинската влада својата највисока медаља, или одликување, го именува како „Орден на ослободителот Генерал Сан Мартин“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 10, 2.3.2020 - 8.3.2020
Tolkien 1916.jpg

Џон Роналд Руел Толкин (англиски: John Ronald Reuel Tolkien; 3 јануари 1892 – 2 септември 1973) — англиски писател, филолог, поет, универзитетски професор и книжевен критичар. Толкин е познат во светската книжевна јавност по неговите епски дела „Хобитот“, „Господарот на прстените“ и „Силмарилион“.

Толкин предавал староанглиски јазик на колеџот Сент Џон во Оксфорд и на колеџот Пемброук од 1925 до 1945 година. Тој исто така предавал англиски јазик и книжевност на колеџот Мертон во Оксфорд од 1945 до 1959 година. Толкин своевремено бил близок пријател со К. С. Луис, со кој заедно членувале во книжевното друштво познато како „Инклингс“. На 28 март 1972 година Толкин бил одликуван со Редот на британската империја од страна на кралицата Елизабета II.

По смртта на Толкин, неговиот син Кристофер Толкин објавил серијал дела кои се всушност необјавени ракописи на самиот Толкин, меѓу кои и познатото дело „Силмарилион“. Овие, заедно со „Хобитот“ и „Господарот на прстените“, создаваат поврзано тело на раскази, поеми, измислени историски настани, измислени јазици и книжевни критики и есеи за измислениот свет наречен „Арда“ и „Средна земја“, раскази и настани кои се делумно засновани на нордиската митологија.

Иако голем број писатели објавиле дека од сферата на фантастиката пред времето на Толкин, големиот успех на „Хобитот“ и „Господарот на прстените“ довеле до широко распространување и популарност на епската фантастика како жанр. Така, ова довело до општото јавно мислење и постоветување на Толкин како „татко на современата книжевна фантастика“— или поточно епската фантастика. Во 2008 година, весникот „The Times“ го рангирал Толкин на шестото место на списокот на „50 најголеми британски автори од 1945 година“. Од друагата страна пак. „Forbes“ го рангирал на 5 место од најпрофитабилни „починати познати личности“ во 2009. (Дознајте повеќе...)


Седмица 9, 24.2.2020 - 1.3.2020
Дел од Свитокот на храмот, еден од најдолгите делови од Свитоците од Мртвото Море.

Хебрејски јазик (עִבְרִית) — семитски јазик, дел од подгрупата на канански јазици од поголемата група на северозападни семитски јазици. Јазикот е матичен и национален јазик на Израел и истиот го зборуваат околу 10 милиони луѓе во светот. Историски, за хебрејскиот се смета дека е јазикот на Израелитите и нивните потомци, иако самиот јазик не се именува како „хебрејски“ во Танах. Најраните примери за пишан палеохебрејски датираат од 10 век п.н.е. Денес, хебрејскиот е единствен жив јазик од групата на канански јазици, а воедно и единствен вистински успешен пример за јазично оживување.

Хебрејскиот престанал да биде средство за секојдневно општење некаде во периодот од 200 до 400 година, особено по катастрофалните последици од Востанието на Бар Коха. Во тој период како меѓународен јазик се појавил арамејскиот, особени меѓу елитната класа и имигрантите. Во Средновековието јазикот опстојал како јазик на еврејската литургија, рабинската книжевност, меѓуеврејска трговија и еврејската поезија. Почетокот на јазичното оживување на хебрејскиот бил во 19 век, кога хебрејскиот полека започнал да станува говорен и пишан јазик меѓу Евреите. Јазикот станал „лингва франка“ на палестинските Евреи, а како последица на тоа и на денешен Израел.

Современиот хебрејски јазик е службен јазик на државата Израел. Јазикот е втор јазик на Арапите во Израел, а истиот го изучуваат и Евреи кои живеат надвор од Израел, но и археолози и јазичари кои се специјализираат за студии за Блискиот Исток. Хебрејскиот јазик е јазик на Еврејската Библија и Стариот завет и поради тоа Еверите го именуваат јазикот и како „свет јазик“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 8, 17.2.2020 - 23.2.2020
Lung small cell carcinoma (1) by core needle biopsy.jpg

Рак на бели дробови — болест карактеризирана со неконтролиран клеточен раст во ткивата на белиот дроб. Ако се остави без лекување, овој раст може да се прошири надвор од белите дробови во други делови од телото, преку процес којшто се нарекува метастазирање. Повеќето ракови кои почнуваат во белите дробови, наречени примарни белодробни тумори, се карциноми кои потекнуваат од епителни клетки. Главната поделба на белодробниот карцином е на ситноклеточен белодробен карцином (англиски: small cell lung carcinoma) и неситноклеточен белодробен карцином (non-small cell lung carcinoma). Најчестата причина за белодробен рак е долготрајно пушење тутун. Непушачите заземаат 15% од случаите со рак, а во овие случаи болеста често се препишува на комбинација од генетски фактори, изложеност на радон, азбест и загадување на воздухот, вклучувајќи и пасивно пушење.

Најчестите симптоми се кашлање (вклучувајќи искашлување на крв), губење на телесна тежина и недостиг на воздух. Ракот на белите дробови може да се види на градна радиографија и компјутеризирана томографија. Дијагнозата се потврдува со биопсија. Таа вообичаено се извршува преку бронхоскопија или преку биопсија водена од компјутеризирана томографија. Лекувањето и прогнозата зависат од хистолошкиот вид на рак, стадиумот (степен на ширење) и општата состојба на пациентот. Во вообичаените форми на лекување се вклучени хируршка операција, хемотерапија и радиотерапија. Крупноклеточниот карцином понекогаш се лекува со операција, додека ситноклеточниот обично подобро реагира на хемотерапија и радиотерапија. Преживувањето зависи од стадиумот, општото здравје и други фактори. Општо, во Соединетите Американски Држави, 15% од луѓето со белодробен рак преживуваат пет години по дијагнозата. Ширум светот, белодробниот рак е најчестата причина за канцер-асоцирана смртност меѓу мажите и жените и е одговорна за 1,38 милиони смртни случаи годишно од 2008 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 7, 10.2.2020 - 16.2.2020
William of tyre.jpg

Гијом Тирски (~1130-1186) — средновековен прелат и хроничар. Се родил и израснал во Ерусалим, во времето кога Ерусалимското кралство било во своите најсветли години. Поминал 20 години проучувајќи ги седумте слободни уметности и канонското право во европските универзитети.

Како резултат на неговото враќање во Ерусалим во 1165 година, кралот Амалрик I го назначил за дипломатски претставник во Византија. Гијом станал учител на кралскиот син и иден крал, Балдвин IV, за кого открил дека е лепрозен. По смртта на Амалрик, станал претставник и архиепископ на Тир, со што вршел две од најважните функции во државата. Во 1179 година, ја предводел источната делегација на Третиот собор во Латеран. Со оглед на фактот дека бил вклучен во династичкиот судир, кој се развил за време на владеењето на Балдвин IV, неговото значење се намалило кога противниците зазеле контрола со кралските работи. Бил запоставен за функцијата на ерусалимски патријарх и починал во неразјаснети околнисти, најверојатно во 1186 година.

Гијом е автор на отчет за соборот во Латеран, а напишал и историски записи за исламските држави од времето на Мухамед. За жал, ниту едно од овие дела не е сочувано. Денес, познат е како автор на историјата на Ерусалим. (Дознајте повеќе...)


Седмица 6, 3.2.2020 - 9.2.2020
Moscow Kremlin from Kamenny bridge.jpg

Московски Кремљ — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денеска, комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)


Седмица 5, 27.1.2020 - 2.2.2020
Lady Gaga Telephone Monster Ball.jpg

Telephone“ — песна од американската пејачка Лејди Гага. Издадена е од нејзиниот трет EP албум, The Fame Monster (2009). Песната, која е дует заедно со американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс, е напишана од Гага и Родни Џеркинс. Инспирирана од нејзиниот страв што не е во состојба да ужива поради посветеноста на нејзината кариера, Гага објаснила дека текстот ја прикажува поголемата љубов кон подиумот отколку да се јави на нејзиниот партнер од другата страна на телефонот, кој во реалниот свет всушност бил нејзиниот мозок кој ѝ кажувал дека треба да работи понапорно.

Музички, „Telephone“ содржи издолжен завршен дел, рап стихови и епилог во кој гласот на мобилниот оператор кажува дека корисникот не е достапен. Ноулс се појавила во средината на песната, пеејќи ги стиховите во многу брзо темпо, придружена со посилни ритами. Песната се искачила на првото место во неколку држави поради дигиталните продажби кои го проследиле издавањето на албумот, главно во САД, Австралија, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Шведска и Унгарија. Песната била успешна и во Европа каде се искачила на првите места на табелите во Белгија, Данска, Унгарија, Ирска, Холандија, Норвешка и Велика Британија. Според IFPI, синглот продал 7,4 милиони примероци во 2010 година. Критичарите забележале дека песната се одделува во позитивна насока од другите песни на The Fame Monster и добила Греми-номинација за Најдобра поп-соработка со вокали во 2011. (Дознајте повеќе...)


Седмица 4, 20.1.2020 - 26.1.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сé до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сé до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на Исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 3, 13.1.2020 - 19.1.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сé до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сé до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на Исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 2, 6.1.2020 - 12.1.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сé до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сé до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на Исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 1, 30.12.2019 - 5.1.2020
Abraham Willaerts, Galley and men of war.jpeg

Галија — антички брод кој го управувале веслачи, а се користел при војување и тргување. Постојат извори дека изработката на весла потекнува од египетското Старо Кралство. Многу галии имале јарболи и весла, кои ги користеле кога ветерот бил поволен.

Во поморското војување на Средоземното Море од Хомеровото време до развојот на топовските бродови околу XV и XVI век. Галиите се бореле во војните кои ги воделе древна Персија, Грција, Картагина и Рим, сѐ до IV век. По пропаѓањето на Римското Царство галиите помалку се користеле во византиската морнарица и останатите наследници на Римското Царство, како и од страна на новите муслимански држави. Средновековните средоземни држави, италијанските приморски републики, меѓу кои и Венеција, Пиза и Џенова ги користеле галиите, сѐ додека мановарите не ги истиснале од употреба. Битката кај Лепанто (1571) била една од најголемите поморски битки во кои галиите продолжиле да се користат како главна сила, сѐ додека широкотрупните воени бродови со едра не се појавиле во Средоземното Море во XVII век. Галиите се користеле во помал број до појавата на парната машиина, кога целосно биле исфрлени од употреба. (Дознајте повеќе...)


Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
2019
Вевчани  • Диего Гарсија  • Тенерифе  • Рендгенска кристалографија  • Бактерии  • Близуземски астероиди  • Клуж-Напока  • Актин  • Кир Велики  • Обединета Ерменија  • Реброносци  • Казахстан  • Средновековна Романија
2018
Џ. Р. Р. Толкин  • Хебрејски јазик  • Грег ван Авермет  • Логаритам  • Анри Матис  • Прва светска војна  • Вирус  • Писменост  • Самоубиство  • Горна Река  • Археи  • ФК Вердер Бремен  • ABC транспортер  • Хозе де Сан Мартин
2017
Оноре де Балзак  • Гравитационен бран  • Гомељ  • Македонско девојче 2  • Камерун  • Освојување на Африка  • Сараево  • Историја на Цариград  • Петер Саган  • Планков закон  • Затемнување на Сонцето  • Шредингерова равенка  • Тур де Франс 2015  • Фудбалска репрезентација на Аргентина
2016
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи Сарај  • Нуклеарна фисија  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
2015
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
2014
Безјеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносен распоред  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаошки јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
2013
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
2012
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
2011
Фердинанд I • Историја на христијанството • Старогрчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадеира • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Двоичен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
2010
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска унија • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хозе Раул Капабланка • Фердинанд I
2009
Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Константинопол (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
2008
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
2007
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
2006
Кочо Рацин • Светско Првенство во Фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
2005
Евтини приказни