Википедија:Избрана статија/2008/47

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џамијата е муслимански храм, во кој муслиманите се собираат и извршуваат општа молитва. Првите џамии биле изградени на арапскиот полуостров. Според исламските убедувања, првата џамија која била изградена била Каба во Мека, Саудиска Арабија, која била изградена од самиот Алах, кој наредил на Ибрахим и неговиот син Исмаил да ја исполнат Неговата заповед, како и Ал Куба во Медина, Саудиска Арабија. Нејзиниот прв камен-темелник бил поставен од пророкот Мухамед, кога се преселил од Мека во Медина. Подоцна, во почетокот на средниот век и проширувањето на Османлиското Царство, многу цркви и христијански објекти биле претворени во џамии. Во џамијата се појавува арапската калиграфија, како уметност на убавиот ракопис, како и предавање за Куранот и тоа исклучиво на арапски јазик. (повеќе...)