Махатир Мохамад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Махатир Мохамад
Mahathir Mohamad.jpg

Во служба
16 јули 1981 – 31 октомври 2003
Монарх Ахмад Шах
Искандар
Азлан Шах
Џафар
Салахудин
Мизан Заинал Абидин
Сираџудин
Заменик Муса Хитам
Џафар Баба
Анвар Ибрахим
Абдулах Ахмад Бадваи
Претходник Хусеин Он
Наследник Абдулах Ахмад Бадваи

Во служба
5 март 1976 – 16 јули 1981
Монарх Јахија Петра
Ахмад Чах
Премиер Хусеин Он
Претходник Хусеин Он
Наследник Муса Хитам

21. секретар на Движење на неврзаните
Во служба
20 февруари 2003 – 31 октомври 2003
Претходник Табо Мбеки
Наследник Абдулах Ахмад Бадваи
Лични податоци
Роден(а) 10 јули 1925 (1925-07-10) (88 г.)
Алор Сетар, Британска Малаја (денес Малезија)
Партија Обединета малајаска национална партија
Образование Универзитет на Малаја
Струка лекар
Вероисповед Ислам
Потпис Потпис на

Махатир бин Мохамад (малајски: Mahathir bin Mohamad, 10 јули 1925) е малезиски политичар, кој беше четвртиот премиер на Малезија. Премиерската функција ја држел во свој раце цели 22 години во периодот помеѓу 1981-2003 година. Неговата политичка кариера траеше речиси 40 години.

Се родил и израснал во градот Алор Стар во Кедах. Махатир се школувал и станал доктор по медицина. Меѓутоа започнал да се занимава со политика и бил активен деец на Обединетата малајска национална организација (ОМНО), најголемата малезиска политичка партија. Во 1964 година влегол во парламентот, но дошол во судир со тогашниот премиер Тунку Абдул Рахман и бил исклучен од ОМНО. По оставката на Тунку Абдул Рахман се вратил во ОМНО и парламентот, а подоцна влегол во владата. Во 1976 година бил назначен за заменик премиер, а во 1981 година, по оставката на Хусеин Он, бил инаугуриран во премиер.

За време на неговиот премиерски мандат, Малезија започнала брза модернизација и економски развој на Малезија, а неговата влада иницирала серија на храбри инфраструктурни проекти. Махатир бил доминантна политичка фигура, освојувајќи пет последователни политички избори и наметнувајќи се над своите ривали за водство на ОМНО. Сепак, неговата акумулација на власта била на сметка на независното судство, традиционалните сили и привилегиите на кралските семејство во Малезија. Мохамад врз основа на контроверзниот Закон за внатрешна безбедност ги ограничил политичките активности на нерелигиозните личности (кои според погледите на Махатир Мохамад не биле погодни за политичка дејност во една исламска Малезија) и политичките противници, вклучувајќи го и неговиот поранешен заменик премиер, Анвар Ибрахим. Тој се залагал за ограничување на граѓанските слободи и бил антагонистички насочен против дипломатските и економските интереси на САД, Велика Британија и Австралија, поради што Малезија била во лоши односи со овие држави. Како премиер, тој бил поборник за развој на третиот свет и презел разни меѓународни активности, како што е подршка за антиапартхејдското движењето во Јужна Африка како и промовирање на интересите на Бошњаците во 90-тите години на 20 век за време на Босанската војна.

Махатир Мохамад по повлекувањето од премиерската функција останал политички активен, ја критикувал политиката на својот наследник Абдула Бадави и го подржал неговиот заменик Наџиб Разак. Познат е по својата критика на западните држави, западната цивилизација и нејзините вредности [1]. По пензионирањето од функцијата премиер на Малезија, Махатир се уште се смета за еден од највлијателните лидери во Источна Азија, земјите во развој и Движењето на неврзаните земји [2].

Рани години[уреди]

Потекло[уреди]

Малаја
Поглед кон Захировата џамија во Алор Стар

Махатир Мохамад е роден на 10 јули 1925 година во Алор Стар, главниот град на државата Кедах, тогаш Британска Малаја [3][N 1]. Неговиот татко, Мохамад има мешано малајско - индиско потекло, а неговата мајка Ван Темпаван била Малајка.

Делумното немалајското потекло на Мохамад е карактеристика на шесте малезиски премиери, меѓутоа тој од нив се разликува бидејќи не потекнувал од истакнато верско, аристократско или политичко семејство [4][N 2].

Неговиот татко бил директор на училиште, а поради нискиот социо-економски статус, неговите ќерки не биле во можност да се запишат во средно училиште. Неговата мајка имала далечни врски со членовите на кралското семејство од Кедах.

Неговите родители имале претходни брака, а од нив Махатир имал шест полу-браќа и сестри, а од бракот на неговите родители имал двајца браќа и две сестри [5].

Школување и докторска кариера[уреди]

Владиното англиско училиште, денес колеџ Султан Абдул Хамид [7]
Махатир (седи десно) со своите соученици во 1940 година.

Махатир Мохамад бил вреден ученик. Неговиот татко му наметнал дисциплина и мотивација за учење и оттука тој покажувал мал интерес кон спортот. Поради своите способности бил примен во селективниот англиски колеџ, каде што го усовршил својот англиски јазик, кој започнал да го изучува во основното училиште.[8]

По затварањето на училиштето од страна на Јапонците во текот на нивната окупација на Малаја за време на Втората светска војна, Мохамад започнал мал бизнис, најпрво продавал кафе, а подоцна и други закуски [3].

По војната, го завршил средното училиште со високи оценки и се запишал на Колеџот за медицина - крал Едвард VII во Сингапур (денес дел од Националниот универзитет на Сингапур) [9]. Во колеџoт, ја запознал својата идна сопруга, Сити Хасмах Мохамад Али, негова колешка по медицина.

По дипломирањето и пред бракот со Сити Хасмах во 1956 година, работел како лекар во државна служба. Mеѓутоа, следната година се вратил во родниот град Алор Стар и отворил приватна пракса, каде што бил првиот градски малајски лекар. Таму,изградил голема куќа и инвестирал во различни бизниси, меѓу другото вработил Кинез како возач на неговиот Понтијак Каталина, наспроти то ашто повеќето шофери во тоа време биле Малајци [10][11]. Во 1957 година, Махатир Мохамад и Сити Хасмах го добиле своето прво дете - Марина, а во следните 28 години тие зачнале уште три деца, а уште три посвоиле [12].

Рана политичка активност[уреди]

Први чекори[уреди]

Тунку Абдул Рахман
Колеџот за медицина - крал Едвард VII
Нередите од 13 мај 1969 год.

Махатир Мохамад со политичка активност започнал да се занимава кон крајот на јапонската окупација на Малаја, а подоцна учествувал во протестите против доделување на државјанство на немалезијците во Малајската Унија [13]. Додека се школувал во Сингапур, учествувал во дејност за афирмација на Малезијците при медицинскиот колеџ. Во овој период, Махатир објавил статии под псевдонимот "C.H.E. Det" во The Straits Times и во еден студенски весник, а во нив ги промовирал малајските права и побарал враќање на малајскиот како службен јазик [14].

Како лекар во Алор Стар, Махатир станал активен во Обединетата малезиска национална организација (Pertubuhan Kebangsaan Melayu Bersatu), а во 1959 година кога се одржале првите избори за независна малајска држава, бил претседател на партијата во Кедах [15]. Поради несогласувањата со тогашниот премиер Тунку Абдул Рахман, не бил кандидат на изборите од 1959 година, а по прогласувањето на независноста, Махатир го критикувал договорот на Абдул Рахман со кој британските и комонвелтските сили останале во Малаја. Абдул Рахман од своја страна се спротиставил на Махатировиот предлог за воведување на минимални образовни квалификации за кандидатите на ОМНО. Поради лошите односи со Абдул Рахман за краток период се повлекол од политичката активност, меѓутоа во 1964 година учествувал на изборите и бил избран во федералниот парламент како преставник на Алор Стар [16]. Махатир влегол во парламентот за време на турбулентен и насилен период, кога се поставило прашањето за Сингапур, како една од државите на Малезија и неговото економско моќно кинеско население. Махатир Мохамад ја нападнал сингапурската Народна акциона партија за "прокинеска" и "антималајска" политика, а нејзиниот лидер Ли Куан Ју го нарекол "арогантен". Набргу Сингапур бил исклучен од Малезија [16][17].

На следните парламентарни избори во 1969 година, Махатир бил поразен од Јусуф Рава од Панмалезиската Исламска Партија и не влегол во парламентот [18]. Во голема мера политичкиот поразот на Махатир се должел на кинеските гласачи кои ја откажале својата подршка за ОМНО и гласале за преставниците на исламската партија [19]. По изборите, главно политичко прашање било односите помеѓу Малезиците и Кинезите.

На 13 мај 1969 година избувнале судири меѓу двете етнички групи во кој загинале стотина луѓе. Пред самите избори, Махатир истакнал дека е можно да дојде до етнички судири во малезиското општество и отворено ја критикувал владата, испратил писмо до премиерот Абдул Рахман во кое посочил дека тој не може да ги брани малајските интереси, а кога со писмото се запознала јавноста, го повикал Абдул Рахман да даде оставка [20]. Кон крајот на годината, Махатир бил исклучен од ОМНО и нејзиниот Врховен совет, а Абдул Рахман се двоумел дали да издаде наредба за негово апсење [18][19].

Малајска дилема[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Малајска дилема.
Корица на книгата Малајска дилема
Кинеското население во Малезија (црвена боја)

Махатир се повлекол од активна политичка дејност, меѓутоа во 1970 година ја напишал и објавил својата прва книга под наслов Малајска дилема (The Malay Dilemma), која во многу аспекти е контроверзна. Во неа, Махатир ја анализира историјата и политиката на Малезија (врз расна основа) и поставил неколку принципи:

Малајската раса е домородното население на Малезија, единствен национален јазик е малајски јазик и сите други раси треба да го научат, толеранцијата и неконфликтниот карактер на Малезијците овозможил тие да бидат потчинети во својата земја од други раси кои добиле тајна согласност од Британците, потребна е дејност која ќе ја острани кинеската хегемонија во малезиската економија [21]


Во книгата, Махатир тврди дека треба да се постигне баланс во политиките на Малезија, односно да не се дозволи во економијата да доминираат Кинезите, а од друга страна Малезиците да бидат изложени на релативна конкуренција која ќе им овозможи со текот на времето да се ослободат од некои свои негативни карактеристики како што е избегнувањето на напорната работа, а истовремено да се создадат нови вредности, Малезиците да "ја ценат реалната вредност на парите и сопственоста" [22].

Махатир во својата книга ја продолжил критика против владеењето на Абдул Рахман и таа набргу била забранета. Забраната била укината во 1981 година кога Махатир ја извршувал премиерската функција [18][23]. Авторите Р. С. Милн и Дајана К. Маузи тврдат дека немилосрдните напади на Махатир врз владата на Абдул Рахман биле главната причина за неговото пропаѓање и последователната оставка во 1970 година [24].

Враќање во политиката[уреди]

Министер за образование[уреди]

Газали Шафие, Хусеин Он и Махатир

Во 1970 година, Абдул Рахман поднел оставка од премиерската функција и бил заменет од Абдул Разак Хусеин. Новиот премиер го охрабрил Махатир да се врати во ОМНО и во 1973 година го именувал за сенатор [25]. Во 1973 година, Махатир се вратил во Врховниот совет на ОМНО, а во 1974 година бил поставен за министер за образование во владата на Разак. Исто така се вратил и во Претставничкиот дом, по изборите од 1974 година кога бил избран за преставник на Кедах [18].

Една од неговите први мерки како министер за образование била воведување на поголема владина контрола врз универзитети во Малезија и покрај силното противење од академската заедница [26]. Махатир ја ограничил политичката активност во универзитетските кампуси и вршел притисок врз студентите и академиците кои биле политички активни, а од друга страна доделувал стипендии за студентите кои не биле политички активни [27].

Борба за сукцесија[уреди]

Прес-конференција на Врховниот совет на ОМНО

Во 1975 година, Махатир се кандидирал за едно од трите потпретседателски места во ОМНО. Натпреварот за потпретседателските места всушност биле борба за сукцесија на лидерството во партијата, помеѓу Разак и неговиот заменик, Хусеин Он, чие здравје било лошо. Секој предложен кандидат на Разак бил избран: Гафар Баба, Тенгу Разалеиг Хамзах и Махатир.

Следната година, Разак починал и бил заменет од Хусеин Он. Новиот премиер требало да го избере својот населедник за заменик-премиерската функција помеѓу тројцата потпретседатели на ОМНО, а во игра бил амбициозниот министер Газали Шафие. Сите ривали на Махатир имале политички слабости: Газали немал подршка од членовите на ОМНО, Гафар немал високо обаразование и не го познавал доволно англискиот јазик, Разалеиг бил млад и неискусен. Меѓутоа, одлуката на Хусеин Он не била лесна.

Хусеин и Махатир не биле блиски сојузници, а Хусеин знаел дека изборот на Махатир Мохамад би предизвикал незадоволсто кај Абдул Рахман, кој сеуште бил жив и бил почитуван како татко на независна Малезија. По шест недели на неодлучност, Махатир бил назначен за заменик на Хусеин, односно наследник на премиерската функција [28][29].

Заменик премиер[уреди]

Како зменик премиер, Махатир спроведувал политика за развој на тешката индустрија, ја создал владината корпорација The Heavy Industries Corporation of Malaysia Berhad која имала задача да инвестира во долгорочен развој на домашните производствените сектори, како што се малезиската автомобилската индустрија [30]. Голем дел од своето министерување го минал во промовирање на Малезија во светот [27]. Меѓутоа, Махатир не бил влијателен заменик премиер. Хусеин бил претпазлив и ги отфрлил предлозите на Махатир. Односот помеѓу малезискиот премиер и Махатир бил на дистанца, а од друга страна најдоверливи советници на премиерот станале Газали и Разалеиг, кој честопати го заобиколувале Махатир и дирекно комуницирале се малезискиот премиер. Во 1981 година, Хусеин Он се повлекол од премиерската функција поради лошото здравеј и бил населен од Махатир кој не се соочил со опозиција и ја добил подршката од Хусеин [31].

Малезија под Махатир Мохамад[уреди]

Панорама на Куала Лумпур

Внатрешна политика[уреди]

Рани години (1981-1987)[уреди]

Султанот Искандар од Јохор
Махатир во 1984 година

На 16 јули 1981 година, Махатир, на 56 годишна возраст, положил свечена заклетва како премиер на Малезија [32]. Со еден од својте премиерски први акти, ослободил 21 затвореник кои биле затворени врз основа на Законот за внатрешна безбедност, меѓу нив биле новинарот Самад Исмаил и поранешниот заменик-министер во владата на Хусеин, Абдула Ахмад, кои биле осомничени како прикриени комунисти [33]. Меѓутоа, во првите две години од својата премиерска дејност, Махатир бил претпазлив бидејќи сеуште имал многу непријатели во сопствената партија [32]. Својот близок сојузник Муса Хитам го назначил за заменик премиер [34].

Во првите две години од својот премиерски мандат, Махатир водел претпазлива политика и го консолидирал своето водство во ОМНО со победата на изборите одржани во 1982 година [35][36]. Во 1983 година, Махатир ја започнал првата битка, од низата битки, против малезиските кралски семејства. Во текот на својата премиерска дејност имал тешка резерва кон двата султана Идрис Шах II од Перак и контроверзниот Искандар од Јохор, кој неколку години порано бил осуден за убиство од невнимание [37][38]. Двајцата султани биле активни владетели во своите држави.

Махатир се обидел превентивно да ја ограничи моќта на Јанг ди Пертуан Агонг (на јавански: يڠ د-ڤرتوان اڬوڠ; крал, врховен водач и слично) и неговото мешање во работите на централната малезиска влада. Позицијата Агонг е ротирачка на која се менуваат еден по друг малезиските султани. Махатир доставил измени на уставот со кој требало да се намали влијанието на султаните во управувањето на државата, а меѓу другото требало да му се одземе правото на агонготот да објавува вонредна состојба, а тоа право требало да му припадне на малезискиот премиер. Тогашниот агонг Ахмад Шах од Паханг начално дал согласност за измените на уставот, меѓутоа подоцна го сменил својот став и одбил да ги прифати и потврди веќе изгласаните измени во двата дома на малезискиот парламент [39][40].

Автопатот Север-Југ еден од првите инфраструктурни проекти на Махатир

Измените на уставот се нашле во ќороскак, а мелезиските султани одбивале било каков компромис со малезиската влада, а на нивна страна биле дел од малезиското население, конзервативните политичари во владечаката партија и кинеското малцинство. За да ги протурка измените на уставот, Махатир и неговите приврзаници организирале масовни демонстрации на улиците за да извршат притисок. По петмесечната политичка криза, бил постигнат компромис помеѓу Махатир и султаните. Агонготот го задржал правото да објавува вонредна состојба, меѓутоа ако одбиел да даде согласност за било кој закон, истоиот тој закон се враќал во парламентот со што се заобиколувало ветото на Агонготот [41].

Во економската сфера, Махатир ја наследил од своите претходници нивната економска политика т.н Малезиската нова економска политика, која била изработена со цел да ја подобри економската состојба на малезиската нација и автохтоните народи, преку афирмација на малезиската економска моќ. Махатир во раните 80-ти години на 20 век започнал со процес на приватизација на државните компании и се залагал за либерализација на малезиската економијата во комбинација со развој и афирмација на малезиските компании и фирми [42]. Неговата влада ги приватизирала авиокомпаниите, комуналните и телекомуникациските компании, до средината на 90 - те години на 20 век биле спроведувани по 50 приватизации на годишно ниво.

Процесот на приватизација генерално ги подобрил условите за работа на Малезиците, а владата си обезбедувала значајни приходи за буџетот. Меѓутоа, голем дел од приватизациите се случиле без јавен тендер и во коритс на лица кој биле блиски со владеачката партија или Махатир. Еден од најзначајните инфаструктурни проекти од тоа време била изградбата на автопатот Север-Југ, кој се движел од тајландската граница па се до Сингапур, договорот за изградба на овој проект им бил доверен на лица кој биле блиски со ОМНО [43].

Малезискиот автомобил Протон

Махатир го надгледувал и создавањето на малезиската компанија за производство на автомобили Протон, која била заеднички проект на малезиската влада и Мицубиши. Протон со заштита на малезиската влада кон крајот на 80-те години на 20 век станал најголем производител на автомобили во југоисточна Азија [44].

Во првите години од управувањето на Махатир дошло до заживување на исламот меѓу Малезиците, кои се повеќе станувале конзервативно ориентирани. Панмалезискаката исламска партија која во 70-те години влегле во владата на ОМНО, започнала со се поголема исламска политика под водството на Јусуф Рава. Како одговор на зголемениот број на гласачи со исламска провиненција, Махатир дозволил формирање на исламски институции, како што е Меѓународниот исламски универзитет на Малезија кој можел да го промовира исламското образование под контрола на државата. Махатир успеал да го придобие Анвар Ибрахим, водач на Малезиското исламско младинско движење (МИМД). Владата на Махатир во некои случаеви преземела репресивни мерки против преставниците на радикалниот ислам во Малезија. Ибрахим Либија, популарен исламски водач, бил убиен во 1985 година во акција на безбедносните сили. Исламската верска секта-Ал Аркам била забранета, а нејзиниот водач Асхари Мухамед бил уапсен [45]. На изборите во 1986 година, Махатир и неговата партија извојувале убедлива победа над Панмалезискаката исламска партија [46].

Зацвртување на власта (1987-1990)[уреди]

Тенгку Разалеигх Хамзах
Зградата на Високиот суд во 1988 година

И покрај големата политичка победа на изборите во 1986 година, Махатир во 1987 година се соочил со Тенгку Разалеигх Хамзах кој претендирал на претседателското место на ОМНО. Политичката кариера на Хамзах во владата на Махатир била во опаѓање, но Хамзах успеал да ја добие подршката на Муса кој бил поранешен сојузник на Махатир. Муса претходната година поднел оставака од позицијата заменик премиер. Хамзах и Муса се кандидирале за претседателското место на ОМНО и истапиле против Махатир и неговиот заменик Гхафар Баба.

Во ОМНО дошло до поделба на деве фракции т.н Тим А и Тим Б. Тимот на Махатир ја имал подршката на медиумите, најголемиот дел од истакнатите партиски дејци и султанот Искандар, кој бил моментален ангог, меѓутоа некои истакнати личности како што бил идниот малезиски премиер Абдулах Бадави го подржале Тимот Б. На 24 април 1987 година се одржале внатрепартиски избори на кој Махатир повторно бил избран за претседател на ОМНО. По оваа победа, Махатир започнал со чистка на сите приврзаници на Тимот Б од сите свој владини министерства. Но Тимот Б одбил да го прифати поразот и покренал судска постапка. Во февруари 1988 година, Високиот суд донел неочекувана одлука според која ОМНО била прогласена за илегална организација, а според судот некои од нејзините организиции не биле законски регистрирани [47][48]. Двете фракции започнале акција за регистрација како оделни партии. Махатир и неговите приврзаници успешно ја регистрирале својата партија под името ОМНО Бару (Нов ОМНО), додека пак обидот на Тенгку Разалеигх и неговите приврзаници да ја регистрираат својата партија под името ОМНО Малезија бил одбиен, а Разалеигх формирал партија под името Семангат 46 [49].

По успешното регистрирање на новата партија, Махатир го засилил притисокот врз судскиот систем за да не дозволи регистрирање на друга партија под името ОМНО. Тој сакал да протурка амандманска измена на уставот со која требало на Високиот суд да му се одземе правото спроведува судска ревизија. Салех Абас, претседател на судот, испратил протесно писмо до агонгот поради оваа иницијатива. Махатир веднаш го суспендирал Салех под изговор дека писмото е кршење на протоколот и преставува недолично однесување. Трибуналот кој бил формиран од Махатир го осудил Салех и препорачел кај агонготот да биде остранет од фукцијата. Пете судии кој го подржале Салех, биле суспендирани од страна на Махатир. Новоформираниот суда ја одбил жалбата на Разалеигх и неговите приврзаници за регистрација на партија под името ОМНО. Според некои автори, овие постапки на Махатир го уништиле независното малезиско судство [50].

Во текот на политичката и судската криза, Махатир започнал акција против опозицијата со злоупотреба на законот за безбедност. Именувал неколку администратори за кинеските школи кој не го говореле мандарискиот јазик. Такавата мерка предизвикала негодувања меѓу малезиските Кинези, а дошло и до политичка турбуленција кога Малајската кинеска асоцијација и Гереакан ја напуштиле владината коалцијата и се придружиле на опозициската Демократска акциона партија. Набргу потоа, младинското крило на ОМНО организирале протест во текот на кои загинало едно лице, а под притисок на Махатир сите други протести на ОМНО биле прекратени. Меѓутоа, Махатир ја искористил такавата состоја за преземање на голема акција против опозицијата позната како "Лаланг" во текот на која биле уапсени и притворени 199 лица врз основа на законот за внатрешна безбедност. Меѓу уапсените имало истакнати опозициски лидери, а меѓу нив бил и водачот на Демократската акциона партија - Лим Кит Сианг и девет парламентарни преставници од оваа партија. Три весника кој ги делеле погледите на опозицијата биле затворени [51].

Во почетокот на 1989 година, Махатир доживела срцев удар [52], меѓутоа се опоравил и во 1990 година на новите избори повторно доживеал победа. Партијата Семангат 46 на Разалеигх не постигнала голем успех на национално ниво, а Муса се вратил во ОМНО [53].

Економски развој (1990-1998)[уреди]

Кулите Петронас
Интернационалниот аеродром во Куала Лумпур
Путрајаиа

Во 1990 година завршил рокот на Малезиската нова економска политика од 1971 година на премиерот Абдул Разак Хуесин. Завршувањето на програмата му овозможил на Махатир да ја престави сопствена визија за Малезија. Во 1991 година, тој ја преставил својата нова економската програма под име Визија 2020, со која требало во рок од 30 години да се постигне целосен економски и општествен развој на Малезија [54]. Според програмата требало да се постигне годишен економски раст од околу 7% на домашното бруто производство [55]. Една од главните карактеристики на Визијата 2020 е постепено рушење на етничките бариери во малезиското општество. Визијата 2020 паралелно се оставарувала со Националната политика за развој (НПР) која предвидувала формирање на владини програми за изедначување на етничките заедници со останатите Малезици кој имале извесни привилегии во однос на останатите [56].

Националната политика за развој (НПР), која ја заменила Малезиската нова економска политика од 1971 година, ја постигнала една од своите главни цели, намалување на сиромаштијата [57]. До 1995 година, помалку од 9% од Малезиците живееле во сирамоаштија, а неднаквоста во приходите била намалена. Владата на Махатир ги намалила корпоративните даноци и била спроведена либерализација на финансиските прописи со цел полесно привлекување на странски инвеститори. Малезиската економија пораснала за 9% на годишно ниво до 1997 година, а тоа било повод други земји во развој да се обидат да ја спроведат политиката на Махатир [58]. Голем дел од успехот на малезиската економија во 90-те години се должи на Анвар Ибрахим кој во 1991 година бил назначен за министер на финансии од страна на Махатир [59]. Економскиот развој на Малезија му овозможил на Махатир во 1995 година повторно да победи на изборите [60].

Во 90-те години на 20 век, Махатир потикнал големи инфраструктурни проекти. Еден од најголемите е Коридорот супер мултимедија (Koridor Raya Multimedia) јужно од Куала Лумпур. Проектот бил базиран врз основа на Силиконската долина и имал за цел да ги задоволи потребите на индустријата за информатичка технологија. Меѓутоа, проктот не успеал да ги привлече предвидените инвестиции [61]. Друг голем проект на Махатир предвидувал развој на Путрајаиа, на 25 километри од Куала Лумпур, како дом на јавниот сервис во Малезија. Махатир, меѓудругото ја организирал и Големата награда на Малезија (Grand Prix Malaysia) во рамките на трките на Формула 1 [62].

Еден од најконтроверзните проекти на Махатир е браната Бакун во Сарвак. Проектот предвидувал изградба на хидро-енергетска мрежа која требало да пренесува струја преку Јужното Кинеско Море со што требало да се задоволат потребите на Малезискиот полуостров за електрична енергија. Владата на Махатир главниот изведувач на проектот го избрала без јавен тендер, а подоцна проектот се соочил со еколошки протести, судир помеѓу изведувачите и опзицијата која се состоела од околу 10.000 луѓе, кои подоцна биле присилно иселени. Проектот бил прекинат поради Азиската финасиска криза [63].

Мултимедијалниот универзитет

Финансиската криза од 1997 година ја отворила вратата за економско опустошување на Малезија. Вредноста на малезиската национална валута поради шпекулациите изгубила од својата вредност, странските инвестиции биле повлечени, а главниот берзански индекс паднал за 75%. Владата на Махатир, под влијание на Меѓународниот монетарен фонд, ги намалила државните трошења и ги подигнала каматните стапки, меѓутоа овие мерки ја влошиле економската ситуација.

Во 1998 година, Махатир започнал економска политика спротивна од советите на ММФ и неговиот заменик Анвар. Махатир Мохамад ја зголемил државната потрошувачка и ја фиксирал вредноста на малезиската национална валута со американскиот долар. Оваа политика била критикувана од страна на ММФ, но Малезија успеала да излезе од кризата побргу од своите соседи во југоисточна Азија. Во 1998 година, Махатир го отсранил Анвар Ибрахим од позициите заменик премиер и минстер за финансии [64].

Тркачката патека на Формула 1 во Сепанг
Браната Бакун

Во својата втора деценија како премиер на Малезија, Махатир повторно дошол во судир со малезиските кралски семејства. Во 1992 година, синот на султанот Исканадар, бил суспендиран на пет години како хокеј играч поради физички напад на противник. По оваа одлука, султанот Исканадар ги повлекол сите јохорски хокејски тимови од националните натпревари, а таквиот потег на султанот бил критикуван од страна на локалниот тренер. По изразената критика, Искандар го повикал тренерот во својата палата и физички го нападнал. Сојузниот парламент едногласно го цензурирал Искандар, а целата ситуација била искористена од страна на Махатир. Тој го поставил прашањето за укинување на уставниот имунитете на султанот, односно неможноста за негово изведување пред граѓанските и кривичните парници.

Махатир ја имал подршката на медиумите кој од своја страна започнале, дотогаш невидена, кампања за недоличното однесување на членовите на малезиските кралски семејства. Медиумите презентирале информации за екставагантното трошење на пари од страна на султаните, а Махатир донел одлука за намалување на финансиската подршка за кралските семејства. Под притисок на владата и медиумите, султаните морале да ги прифатат предлозите на Махатир. Нивните овластувања биле намалени со уставните амандмани од 1994 година. Според некои автори, во средината на 90-те година на 20 век со намалувањето на моќта на султаните, Махатир станал некрунисан крал на Малезија [65].

Последни години (1998-2003)[уреди]

Ахмед Захида Хамиди
Анвар Ибрахим држи говор

Во средината на 90-те години на 20 век, било видливо дека најголемата опасност за позицијата на Махатир даѓала од неговиот амбициозен замени Анвар Ибрахим. Тој започнал да се дистанцира од политиката на Махатир, да ја промовира својата верска супериорност и да истапува против ограничувањата на граѓанските слободи кои станале заштитен занак на владата на Махатир [66]. Меѓутоа, Махатир продолжил да го подржува Анвар како свој наследник, но нивните политички врски се распаднале за време на Азиската финансиска криза. Во 1998 година за време на генералното собрание на ОМНО, Ахмед Захида Хамиди главниот приврзаник на Анвар ја критикувал владата, дека не води доволно силна борба против корупцијата и кронизмот.

На 2 септември, Махатир го остранил Анвар Ибрахим од позициите заменик премиер и министер за финансии, а набргу бил исклучен и од партијата ОМНО. Владата не презентирала конкретни причини за сменувањето на Ибрахим, меѓутоа медиумите шпекулирале дека причините за неговата смена лежат во критиките изречени за време на генералното собрани [67]. Набргу потоа биле организирани јавни собири во знак на подршка на Ибрахим, а на 20 септември Анвар Ибрахим бил уапсен и задржан во притвор врз основа на законот за безбедност [68] .

Против Анвар биле организирани четири судење во текот на кој биле покренати обвиненија за корупција и злоупотреба позиција, според обвинителството Анвар и наредил на полицијата да ги застраши лицата кој го обвиниле дека тој врз нив извршил содомија. Пред судењето, Махатир на новинарите им изјавил дека е убеден во вината на Анвар. Во апеил 1999 година, Анвар од страна на судот добил на шест години затвор [69]. На второто судење подоцна добил уште деополнителни девет години за содомија [70]. Пресудата за содомија подоцна била укината по замининувањето на Махатир од премиерската функција [71].

Ван Азизах Ван Исмаил

Начинот на кој Махатир го победил својот политички ривал, допринел да дојде до опаѓање на неговиот политичкиот углед кај меѓународната заедница и домашната јавност. Државниот секретар на САД - Медлин Олбрајт изјавила дека Анвар е високо почитуван лидер кој има право на соодветен процес и фер судење [72]. Американскиот подпретседател Ал Гор во текот на својот говор во Куала Лумпур на кој присиутвувал Махатир, истакнал: "ние продолжуваме да ги слушаме повиците за демократија" [73]. На самитот на АПЕК, канадскиот премиер Жан Шретиен одбил да се сретне со Махатир, а канадскиот министер за надворешни работи се сретнал со жената на Анвар - Ван Азизах Ван Исмаил [74]. Жената на Анвар формирала либерална опозициска партија под името Народната партија на правдата (Keadilan) со која настапила на изборите во 1999 година. Во текот на овие избори, ОМНО изгубиле 18 места и две државни влади, како и голем број на малезиски гласови кои својата подршка ја дале на Панмалезиската исламска партија и Кеадилан [75].

Во 2002 година за време на генералното собрание на ОМНО, Махатир најавил дека ќе поднесе оставка од премиерската функција. Во октомври 2003 година, неговото повлекување било официјализирано и биле преземени активности за пренесување на власта во рацете на Абдула Бадави, неговиот заменик [76]. Махатир во премиерската функција минал 22 години и во моментот кога се повлекол имал најдолг стаж на премиер во светот [77]. Во Малезија, премиерскиот стаж на Махатир и понатаму е најдолг во историјата на оваа држава.

Надворешна политика[уреди]

Обединето Кралство[уреди]

Во текот на неговото управување, односите на Малезија со Западниот свет биле добри и покрај отворената критика на Махатир кон западните држави. Во почетокот на неговиот мандат како премиер, дошло до заладување на односите со Обединето Кралство, а во Малезија започнала кампања, предводена од Махатир, за бојкот на британските стоки. Недоразбирањата со Обединето Кралство го потикнале Махатир да бара азиски модел за економски и општестевен развој кој би можел да го примени во својата држава, а неговата развојна политика била најмногу под влијание на Јапонија и тоа било почеток на неговата позната т.н "Look East Policy" [78].

Подоцна биле подобрени односите со Маргарет Тачер, меѓутоа Махатир продолжил да го применува азискиот модел, наспроти западниот. Махатир ги критикувал западните држави дека спроведуваат двојни стандарди [79].

Соединетите Американски држави[уреди]

Ал Гор
Махатир го пречекува американскиот секретар за надворешни работи Вилјам Коен, Куала Лумпур 1998 година

Махатхир секогаш бил отворен критичар на Соединетите Американски Држави. Меѓутоа, тоа не било пречка за соработка помеѓу двете страни. САД биле најголемиот извор на странски инвестиции во Малезија и најголем купец на малезиски производи во текот на Махатхировиот мандат.

И покрај отворениот критицизам, Махатир и понатаму ги испраќал малезиските офицери на тренинг во САД во рамките на меѓународната воена програма IMET (Military Education And Training).

Во 1998 година, ББС известил дека односите помеѓу двете држави се влошиле поради говорот на американскиот потпретседател Ал Гор, кој за време на конферецијата на АПЕК истакнал:

Демократијата дава печат на легитимност дека реформите ќе бидат ефикасни. И така, меѓу народите кој патат од економска криза, ние продолжуваме да ги слушаме повиците за реформи, на многу јазици - моќта на народот, дои мои (doi moi), реформаси (reformasi). Ние ги слушнавме денес - токму тука, токму сега - меѓу храбрите луѓе на Малезија.


Гор и Соединетите Американски Држави го критикувале Махатир поради судењето на неговиот поранешниот заменик Анвар Ибрахим, а целиот судски процес бил етикетиран како "show trial" (шоу судење). Анвар бил обвинет за содомија, а малезиската политичка сцена станала жешка по наредбата на Махатир за акција против медиумите и опозициските партии кои биле против судењето.

Своите политички внатрешни постапки отворено ги оправдал пред Соединетите Американски Држави. Махатир истакнал дека произволните притвори без судења во Малезија имаат сличности со некои од случувања во САД каде што биле користени специјални овластувања со цел да се заштити општиот јавен интерес.

Претходно владата на САД го критикувала Махатир за кршење на човековите права и слободи. Американскиот претседател Џорџ Буш изјавил дека малезискиот закон за безбедност е драконски закон, иако Буш подоцна го изменил својот став, по случувањата од 11 септември 2001 година. По инвазијата на САД врз Авганистан и Ирак, Махатир станал голем критичар на американската надворешна политика. Во 2003 година во Куала Лумпур на конференцијата на Неврзаните, Махатир одржал говор во кој истакнал:

Ако невините луѓе што загинале во напад во Авганистан и оние кој умираат поради недостаток на храна и медицинска грижа во Ирак се колатерална штета, тогаш и оние 3 000 кој загинаа во Њујорк и оние 300 во Бали исто така се колатерална штета, чија смрт е неопходна за да биде операцијата успешна.


И покрај отворениот критицизам од двете страни, односите помеѓу Малезија и САД за време на Махатир биле добри. Двете држави соработувале во разни области и гранки: образование, трговија, воени прашања, контратероризам и слично.

Австралија[уреди]

Пол Китинг
Австралија

Односи помеѓу Малезија и Австралија за време на Махатир биле топло-ладни. Политичките врски се влошиле во 1993 година кога Махатир изјавил дека австралискиот премиер Пол Китинг е непослушен поради неговото неучество на самитот на АПЕК. Некои автори изјавата на Махатир ја оценуваат како јазичен гаф, имено малезискиот премиер сакал да истакне дека Китинг е бескомпромисен [80].

Махатир, заедно со другите малезиски политичари (и многу други азиски лидери) жетоко го критикувал наследникот на Китинг, Џон Хауард, чии ставови во еден дел на Азија биле оценети како расистички. Австралиските политичари од своја страна судскиот процес против Анвар Ибрахим го оцениле како смешнен, а изјавите на малезиското обвинителството ги оцениле како хомофобични. Махатир како заговорник на националниот суверенитет во АСЕАН потикнувал политика на немешање. Во 2000 година, Махатир изјавил:

Ако Австралија сака да биде пријател на Азија, треба да престане да се однесува како таа да е тука за да не учи како да управуваме со нашата држава. Тоа е мала нација во поглед на бројот и треба да се однесува како мала нација, а не да биде учител... Оваа земја... се обидува да ги наметне европските вредности во Азија како во старите добри времиња кога луѓето можеле да пукаат врз абориџните без да се грижат за човековите права.


Махатир го осудил австралискиот премиер дека се обидува да биде америскански заменик шериф во пацифичкиот регион.

Блиски Исток[уреди]

Израел и Палестинските територии
Блискиот Исток

Малезија под власта на Махатир ја подржувала Палестинската кауза, а биле воспоставени дипломатски односи со Палестинската ослободителна организација. Во 1986 година, при посетата на израелскиот претседател на Сингапур дошло до дипломатска тензија, кога Махатир ги критикувал Евреите.

Во 1997 година, во текот на азиската финансиска криза кога националната малезиска валута изгубила од својата вредност, Махатир ги обвинил Евреите за завера против просперитетот на муслиманските држави:

Евреите ги ограбија Палестинците, во Малезија тоа не можеа да го направат и го притиснаа рингитот (малезиска национална валута б.н)


Подоцна под притисок на меѓународната критика, Мохатир делимично се откажал од таквите изјави. На 16 октомври 2003 година, непосредно пред повлекувањето од премиерската функција, во текот на самитот на Организацијата на исламската конференција изјавил:

Ние (муслиманите б.н) сме всушност силни, 1,3 милјарди луѓе не можат просто да бидат збришани. Нацистите убиле 6 милиони Евреи од 12 милиони (во текот на Холокаустот б.н). Но денес Евреите владеат со светот преку полномошници. Тие се стекнале со други кои борат и умираат за нив. Тие го измислија социјализмот, комунизмот, човековите права и демократијата, за прогоните да изгледаат погрешни и да можат да уживаат еднакви права со другите. Со ова тие сега стекнале контрола над најмоќните земји. И тие, оваа мала зедница, станала светска сила. [81]


Махатир го дефинирал Израел како непријател кој е во сојуз со најмоќните нации. Неговите изјави против Евреите и Израел биле осудени од израелската држава и западните земји. Шефот на италијанската дипломатија Франко Фратини во име на Европската Унија истакнал дека изјавите на Махатир се навредливи, антисемитски и се против принципите на толеранцијата, дијалогот и разбирањето.

Во одбрана на Махатир застанале неколку муслимански лидери и политичари, вклучително египетскиот министер за надворешни работи Ахмед Махер и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи [82]. Американскиот секретар за надворешни работи Кондолиза Рајс изјавила дека Џорџ Буш ги оценува коментарите како прекор и омраза [83] .Махатир подоцна ги бранел своите ставови истакнувајќи:

Јас не сум антисемит... Јас сум против оние Евреи кој убиваат муслимани и против оние Евреи кој ги подржуваат убиците на муслиманите


Махатир го осудил Западот за двојни стандарди и антимуслиманска политика, за штитење на Евреите и овозможување на останатите да го навредуваат исламот. Меѓу другото истакнал: Кога некој ги осудува муслиманите и го именува мојот пророк како терорист, дали Европската Унија токаш нешто изјавува? [84].

Сингапур[уреди]

Map showing Singapore's island and the territories belonging Singapore and its neighbours
Сингапур и околните острови

Односите со Сингапур за време на неговиот премиерски мандат биле бурни. Многу спорни прашања кои биле покренати во текот на неговата администрација не биле решени, а многу од овие меѓународни прашања биле поставени од Махатир, но не бил направен никаков значаен напредок за нивно билатерално решавање.

Сепак биле направени напори за подобрување на политичките односите помеѓу двете стани. По назначувањето на Махатир за заменик премиер, Ли Куан Ју знаел дека тој е следниот премиер на Малезија и преку тогашниот претседател на Сингапур - Деван Наир, го поканил да го посети Сингапур во 1978 година.

По првата и неколкуте последователни посети, биле подобрени личните и дипломатските односи помеѓу нив.Махатир побарал од Ли Куан Ју да ја откаже подршката на Демократската акциона партија (Parti Tindakan Demokratik) на Малезија, а Махатир се обврзал да не се меша во работите на Сингапур. Во јуни 1988 година, Ли Куан Ју и Махатир постигнале договор во Куала Лумпур за изградба на браната Лингуи на реката Јохор.

Народна Република Кина[уреди]

Иако во почетокот на својата политичка кариера, Махатир бил антикомунист, тоа не го спречил да ја одобри новата кинеска економска политика под водството на Денг Ксиаопинг. Од доцните 90 - ти години на 20 век, Малезија и Кина воспоставуваат блиски врски, а зеднички интереси имаат во економијата и надворешните прашања. Махатир го подржувал издигнувањето на Кина сметајќи дека на тој начин би се воспоставил баланс во однос на американското влијание во југоисточна Азија. Махатир оценувал дека економското издигнување на Кина, благопријатно ќе влијае врз економскиот просперитет на Малезија.

Босна и Херцеговина[уреди]

Федерацијата Босна и Херцеговина

Во текот на Босанската војна, Малезија била една од главните подржувачи на Бошњацитете. Малезија под водството на Махатир се вбројува меѓу главните снабдувачи на босанската армија со оружје [1]. По завршувањето на војната, Махатир ги продолжил добрите односи со Босна и Херцеговина, односно со Федерацијата Босна и Херцеговина и муслиманскиот ентитет.

Во 2005 година, Махатир го посетил Сараево и свечено го отворил мостот, во близината на Босмаловиот градски центар, кој го симболизира пријателството помеѓу Малезиците и Бошњаците. Во јули 2006 година, Махатир бил во три дневна посета на Босанските пирамиди. Неколку месеци подоцна, Махатир направил уште една посета.

Во 2007 година неколку босански невладини организиации го номинирале Махатир за Нобеловата награда за мир, за неговата мировна дејност во текот на граѓанската војна [85].

На 22 јуни 2007 година, Махатир со група на малезиски бизнисмени ја посетил Босна за да ги истражат можностите за економски инвестици во оваа земја. На 11 ноември 2009 година, Махатир претседавал со бизнис форумот Малезија-Босна на кој присуствувал тогашниот босански претседател др. Харис Силајџиќ.

Русија[уреди]

Пред падот на Советскиот сојуз, Мaлезија имала дипломатски односи со комунистичката држава. Меѓутоа, по советската инвазија врз Авганистан, малезиската влада застнала зад муџахедините. По доаѓањето на Михаил Горбачов во 1985 година, односите помеѓу двете држави се подобриле. Махатир оставрил неколку средби со Горбачов. Во 2002 година, Махатир ја постил Москва. При неговата посета изјавил дека Русија може да биде ривал на САД и Израел, а меѓу другото ја пофалил политиката на Владимир Путин и неговата опозиција кон Западот.

Земјите во развој[уреди]

Во некои исламски држави и земјите во развој, Махатир и неговата политика главно се почитува, особено високиот малезиски економски раст постигнат за време на неговите мандати како малезиски премиер, како и неговата подршка за либералните муслимански вредности. Странските лидери, како што е казакстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев го фалат и се обидуваат да ја применат малезиската економска развојна формула.

Махатир како премиер на Малезија бил еден од најголемите гласноговорници на Третиот свет и се стремел за надминување на поделбата помеѓу богатиот север и сиромашниот југ, а го бодрел и развојот на исламските држави.

Постпремиерска активност[уреди]

Абдулах Ахмад Бадваи
Махатир и Сити Хасмах во Перак, мај 2007

На своето пензионирање, Махатир бил именуван за Голем заповедник на редот на бранителите на царството со што се стекнал со титулата Тун [86]. Тој ветил дека целосно ќе ја напушти политиката и го одбил почесното место во владиниот кабинет на Абдула [87]. Новиот малезиски премиер успеал на изборите во 2004 година да оставари голема политичка победа кога ОМНО добиле 119 од 219 преставнички места во парламентот [88]. Во меѓувреме, Махатир станал советник на малезиските комапнии, како што се Протон и нафтената компанија Петронас [89].

Махатир и Абдула во 2005 година се судриле околу комапанијата Протон . Главниот извршен директор на Протон, инаку сојузник на Махатир, бил остранет од одборот на компанијата. Веднаш потоа со благослов на Абдула, Протон ја продал италијанската компанија за производство на мотори МВ Августа, истата таа компанија претходната година била купена за 70 милијни евра по совет на Махатир [90]. Махатир го критикувал и доделувањето на дозволи за увоз на странски автомобили [91], според Махатир таквата мерка допринела за опаѓање на продажбата на Протон, меѓудругото го нападнал Абдула за поништување на изградбата на вториот насип меѓу Малезија и Сингапур [92].

Махатир во 2008 година

Махатир се пожалил дека малезиските медиуми не посветуваат доволен простор за неговите изјави. Треба да се истакне дека додоека Махатир ја извршувал премиерската функција, од страна на Комитетот за заштита на новинарите бил вброен меѓу "Десете најлоши непријатели на печатот", поради неговите ограничувања на весниците и привремените затварања на новинарите. Немајќи ја подржката на пишаните медиуми, Махатир се свртел кон блогерството и започнал да пишува колумни за веб страницата Malaysiakini која ја подржувала опозицијата, а набргу започнал и свој блог [93].

Во 2006 година, несупешно се обидел за време на локалните избори да биде делегат на генералното собрание на ОМНО, каде што сакал да предизвика револт против водството Абдулах. На парламентарните избори во 2008 година, ОМНО го изгубил своето дво-третинско мнозинство во парламентот, а Махатир поднел оставка од партијата. Во 2009 година, Абдулах бил заменет од Наџиб Тун Разак, овој потег бил подржан од Махатир кој ведаш се вратил во ОМНО [94][95].

Во 2007 година, Махатир бил подложен на операција на бајпас, под двата инфаркта во текот на претходните две години. Во 1989 година, имал иста операција откако претходно доживеал срцев удар. По операцијата од 2007 година, Махатир доживеал инфекција на градите. Во 2010 година бил хоспитализиран поради повторна инфекција на градите [96][97]. Во 2012 година, Махатир имал интервју за Би-Би-Си во кое извршил анализа на Светската економска криза, меѓу другото истакнал:

... Во изминативе два века, капитализмот имаше јасна и директна приказна за Европа. Европските производи долг период ги окупираа полиците на супермаркетите во светот. Тие ги монополизираа и доминираа со светската економија и бизнис. Нивните граѓани имаа највисоки животни стандарди. Зголемувањето на европскиот економски пораст и богатство требаше да трае бескрајно. Но по Втората светска војна, Јапонија се индустријализира и произведуваше поевтини, но квалитетни производи. Сличен развој потоа имаа Тајван, Јужна Кореја и Кина. Европејците набрзо ги загубија своите пазари. Губејќи ја конкурентноста, Европејците, а особено Американците, се свртеа кон финансиските пазари. Тие измислија нови финансиски производи и методи како продавање акции и валути без покритие, издавање хартии од вредност, издавање ризични заеми, инвестиции преку хеџ-фондови и други средства со кои наводно продолжија да просперираат. Но финансиските пазари не ја јакнеа реалната економија, не ја зголемуваа трговијата и едвај создаваа нови работни места. Како што им се зголемуваше алчноста, тие го злоупотребија системот и манипулираа со пазарите за да остварат поголеми профити...


Контроверзи[уреди]

Нападите од 11 септември[уреди]

Кулите-близначки од Светскиот трговски центар горат брзо по ударот на авионот на Јунајтед ерлајнз УА175 во јужната кула (десно). Претходно авионот на Американ ерлајнз АА11 удри во северната кула (лево).

Во 2006 година, Махатир Мохамад имал двочасовно интервју со Џејмс В. Волтер и Вилијам Родригез во кое ја обвинил владата на Соединетите Американски Држави за вмешаност во терористичките напади од 11 септември [98]. Мохатир ги повикал сите муслимани во светот да ги бојкотираат холандските производи поради објавувањето на антиисламскит филм Фитна од страна на политичарот Герт Вилдерс. Тој, исто така ги повикал сите муслимани да го бојкотираат антиисламскиот документарец Ислам: Што Западот мора да знае и повика на апсење на филмските режисери Григориј Дејвис и Брајан Дејли.

Оранг Асли[уреди]

Махатир Мохамад направени контроверзни забелешки во однос на домородното население Оранг Асли, истакнувајќи дека на Оранг Аслите не треба да им се даде повеќе право во однос на Малезиците и покрај тоа што се староседелци, тој на својот блог ги споредил Оранг Аслите од Малезија со Индијанците во САД, Маорите во Нов Зеланд и Абориџини во Австралија. Махатир Мохамад беше критикуван од страна на преставниците Оранг Аслите кои истакнале дека Оранг Аслите сакаат да бидат признати како домородци на Малезија и дека неговата изјава ќе ја изложи нивната земја на бизнисмените и дрвосечачите [99].

Комисијата на Куала Лумпур за воени злосторства[уреди]

Во 2007 година во Куала Лумпур, Махатир Мохамад основал невладина организација која имала за цел да ги истражи обвиненијата за воени злосторства во Ирак, Палестинските територии и Либан [100]. Комисијата имала за цел да ги надгледува и да ги испитува поплаките од жртвите на војните и вооружените конфликти во однос на злосторства против мирот, воени злосторства, злосторства против човештвото и други кривични дела што се признати според меѓународниот закон [101]. На 22 ноември 2011 година, комисијата одлучила дека има докази кои укажуваат на извршување на злосторства против мирот од страна на Џорџ В. Буш и Тони Блер [102]. Комисијата е обвинета дека нема легитимитет за проследувања на такви дела [103].

Идеологија[уреди]

Махатир, слично како и Ли Куан Ју, истакнува дека Азија се издигнува над Западниот свет и дека азиската култура е клучниот елемент за подемот. Економскиот напредок на државите од Источна Азија, како што се Јапонија, Тајван, Сингапур и др. допринел за зголемувењето самодовербата и појавата на т.н азиски универзализам, Махатир е еден од гласноговорниците на оваа појава. Тој во 1996 година пред европските влади тврдел дека:

Азиските вредности се универзални вредности. Европските вредности се европски вредности[1]


Според Махатир, Азиците и припадниците на западната култура имаа разлики во карактерот, стилот и однесувањето. Кога Азијците соработуваат со други на остварување на некоја заедничка цел, тоа го прават на суптилни, индиректни, приспособени и заобиколни начини, без обвинувања, морализирање и конфротирање.

Махатир тврди дека источноазиските општества имаат заеднички културни карактеристики и вредности кои можат да преставуваат основа за формирање на економска организација. Врз основа на таа заедничка источноазиска културна маса, Махатир како премиер на Малезија, го промовирал формирањето на Источноазискиот економски комитете (ИАЕК) во кој требало да влезат земјите од АСЕАН, Мјанмар, Тајван, Јужна Кореја, Кина и Јапонија. Махатир тврди дека на ИАЕК треба да се гледа:

... не само како на географска група, затоа што е во Источна Азија, туку и како на културна група. Иако Источноазиците може да се Јапонци, Корејци или Индонезијци, тие сите имаат некои културни сличности... Европејците, исто како и Американците, се здружуваат во едно јато. И ние Азијците треба да се здружиме во едно јато.[1]


Во обидот за заживување на идејата за Источноазискиот економски комите, Махатир се обидел да ги придобие Јапонците, тој истакнал дека: Јапонија е азиска. Јапонија е дел од Источна Азија. Не можете да му свртите грб геокултурен факт. Вие припаѓате тука.[1]

И покрај настојувањата на Махатир, Јапонија се повлекла, а Источноазискиот економски комите не заживаеал. И покрај неуспехот, Махатир продолжува да ги истакнува културните врски на жителите на Источна Азија, а врз основа на нив и понатаму повикува на заедничко дејствување, како на економски така и на политички план.

Наследство[уреди]

Махатир во Давос во 2004 година
Ликот на Махатир Мохамад во Куала Лумпур за време на националната прослава во 2004 година.

Махатир Мохамад поради своите напори за економски развој на Малезија го добил прекарот татко на модернизацијата (Bapa Pemodenan) [104]. Официјалната резиденција на Махатир Мохамад - Шри Пердана, во која престојувал во периодот помеѓу 23 август 1983 - 18 октомври 1999 година, е претворена во музеј.

Махатир Мохамад е контроверзна личност и предмет на остри напади од страна на неговите критичари или политички опоненти. Заид Ибрахим во своите мемоари истакнува:

"Во моето срце, не можам да ги прифатaм наводите дека Д-р Махатир беше еден корумпиран човек. Корумпираните луѓе никогаш не се доволно храбри да зборуваат толку гласно како д-р Махатир. Богатството не е голема мотивација за него. Тој копнее само по моќ." [105]


Според Ваин:

Покачувањето на животниот стандард, заедно со Махатировите згради и отворена заштита на интересите на Малезија, придонесоа за чувството на национален идентитет, гордост и уверување кои не постоело порано. Тој ја стави Малезија на мапата, и повеќето Малезијците беа задоволни за тоа .... [Но], тој не ќе може да ги избегне одговорностите за многуте од проблемите кои најверојатно ќе го мачат малезиското општество во иднина, од исламизација до корупцијата и социјална нееднаквост. Во текот на 22 години додека ја држел Малезија, политичко-административниот систем атрофирал и се распаднал под неговиот персонален бренд на владеење. [106]


Семејство[уреди]

Махатир со својата сопруга во 2007 година

На 5 август 1956 година, Махатир Мохамад се оженил за докторката Сити Хасмах Мохамад Али. Од овој брак произлегле седум деца, четири машки и три девојчиња. Негови деца се: Марина Мохамад, Мирзан Мохамад, Мелинда Мохамад, Мокзани Мохамад, Мукриз Мохамад, Маизура и Мазар.

Неколку членови од семејството на Махатир Мохамад држат истакнати позиции во малезиското општество. Сити Хасмах Мохамад Али била една од првите жени лекарите во Малезија. Во 1970 година, Сити Хасмах Мохамад Али станала првата малезиска жена која била назначена за медицински офицер во Здравствениот департмен за мајки и деца, а во 1974 година била назначена за државен медицински офицер. Таа е автор на неколку статии од семејната медицина и социо-економски фактори поврзани со бременоста и раѓање деца во Малезија.

Марина Мохамад е позната како лидер на многу невладини организации како што се на Малезиската СИДА Фондација и во моментов е активен социо-политички блогер. Марина повика на крај на дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација [107]. Мокзани Мохамад е бизнисмен и имал активна улога во Обединетата малезиска национална организација. Според Форбс, Мокзани Мохамад се наоѓа на 19 место на листата на најбогатите личности во Малезија, се проценува дека поседува околу 290,000,000 $.

Третиот син на Махатир, Мукриз Мохамад во моментов е малезискиот заменик-министерот за меѓународна трговија и индустрија. Тој се наоѓал на чело на неколку бизнис фирми како што се Opcom Holdings, Kosmo Tech како и малезиската државна асоцијација. Тој исто така е извршен директор на Perdana Peace Global Organisation [108][109][110][111][112].

Дела[уреди]

Корица на книгата: Доктор во куќата: мемоарите на тун д-р Махатхир Мохамад
  • The Malay Dilemma (1970) ISBN 981-204-355-1 (Малајската дилема)
  • The Challenge,(1986) ISBN 967-978-091-0 (Предизвик)
  • Regionalism, Globalism, and Spheres of Influence: ASEAN and the Challenge of Change into the 21st century (1989) ISBN 981-3035-49-8 (Регионализмот, глобализмот и сфери на влијание: АСЕАН и предизвикот на промените во 21 век)
  • The Pacific Rim in the 21st century,(1995) (Пацифички обруч во 21 век)
  • The Challenges of Turmoil, (1998) ISBN 967-978-652-8 (Предизвици на кризата)
  • The Way Forward, (1998) ISBN 0-297-84229-3 (Патот напред)
  • A New Deal for Asia, (1999) (Нов договор за Азија)
  • Islam & The Muslim Ummah, (2001) ISBN 967-978-738-9 (Исламот и муслиманскиот Умет)
  • Globalisation and the New Realities (2002) (Глобализацијата и новите реалности)
  • Reflections on Asia, (2002) ISBN 967-978-813-X (Размислувања за Азија)
  • The Malaysian Currency Crisis: How and why it Happened,(2003) ISBN 967-978-756-7 (Малезиската валутна криза: Како и зошто се случи)
  • Achieving True Globalization, (2004) ISBN 967-978-904-7 (Постигнување на вистинска Глобализација)
  • Islam, Knowledge, and Other Affairs, (2006) ISBN 983-3698-03-4 (Исламот, знаење и други работи)
  • Principles of Public Administration: An Introduction, (2007) ISBN 978-983-195-253-5 (Принципи за јавна администрација: Вовед)
  • Chedet.com Blog Merentasi Halangan (Bilingual), (2008) ISBN 967-969-589-1
  • A Doctor in the House: The Memoirs of Tun Dr Mahathir Mohamad. 8 March 2011 ISBN :9789675997228. (Доктор во куќата: мемоарите на тун д-р Махатхир Мохамад)

Белешки[уреди]

  1. Според матичната книга на родените Махатир Мохамад роден на 20 декември. Меѓутоа, тој е роден на 10 јули; неговиот биограф Бери објаснува дека датата 20 декември е "произволен" датум избран од страна на неговиот татко за службени цели.[3]
  2. Тунку Абдул Рахман, Тун Абдул Разак и Хусеин Он биле членови на кралското семејство или имале кралска потекло,[5] Дедото и таткото на Абдула Ахмад Бадави биле истакнати религиозни личности.[6]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Судирот на цивилизациите и преобликување на светскиот поредок, Семјуел Ф. Хантингтон, Скопје, Евро-Балкан пресс, 2010
  2. The Founder
  3. 3,0 3,1 3,2 Wain 2010, стр. 8
  4. Wain 2010, стр. 5–6
  5. 5,0 5,1 Wain 2010, стр. 4–5
  6. Perlez, Jane. „New Malaysian Leader's Style Stirs Optimism“, „New York Times“, The New York Times Company, 2 ноември 2003 (конс. 12 јануари 2011).
  7. Wain 2010, стр. 7–8
  8. Wain 2010, стр. 6–7
  9. Wain 2010, стр. 10–12
  10. Wain 2010, стр. 11–13
  11. Beech, Hannah. „Not the Retiring Type“, „Time“, 29 октомври 2006 (конс. 4 февруари 2011).
  12. Wain 2010, стр. 14
  13. Wain 2010, стр. 9
  14. Wain 2010, стр. 11–13
  15. Wain 2010, стр. 19
  16. 16,0 16,1 Wain 2010, стр. 18–19
  17. Morais 1982, стр. 22
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 Tan & Vasil, p. 51
  19. 19,0 19,1 Wain 2010, стр. 28
  20. Wain 2010, стр. 26
  21. The Malay Dilemma
  22. Wain 2010, стр. 29–30
  23. Morais 1982, стр. 26
  24. Milne & Mauzy 1999, стр. 25
  25. Morais 1982, стр. 27
  26. Morais 1982, стр. 28–29
  27. 27,0 27,1 Wain 2010, стр. 39
  28. Milne & Mauzy 1999, стр. 27–28
  29. Wain 2010, стр. 33–34
  30. Milne & Mauzy 1999, стр. 64
  31. Wain 2010, стр. 38–40
  32. 32,0 32,1 Wain 2010, стр. 40
  33. Wain 2010, стр. 38
  34. The exotic doctor calls it a day“, „The Economist“, 3 ноември 2003 (конс. 4 февруари 2011).
  35. Milne & Mauzy 1999, стр. 28
  36. Sankaran & Hamdan 1988, стр. 18–20
  37. Milne & Mauzy 1999, стр. 30–31
  38. Branigin, William. „Malaysia's Monarchs of Mayhem; Accused of Murder and More, Sultans Rule Disloyal Subjects“, „The Washington Post“, 29 декември 1992 (конс. 4 февруари 2011).
  39. Milne & Mauzy 1999, стр. 32
  40. Wain 2010, стр. 203–205
  41. Wain 2010, стр. 206–207
  42. Milne & Mauzy 1999, стр. 56
  43. Milne & Mauzy 1999, стр. 57–59
  44. Wain 2010, стр. 97–98
  45. Milne & Mauzy 1999, стр. 80–89
  46. Sankaran & Hamdan 1988, стр. 50
  47. Milne & Mauzy 1999, стр. 40–43
  48. Crossette, Barbara. „Malay Party Ruled Illegal, Spurring Conflicts“, „New York Times“, 7 февруари 1988 (конс. 5 февруари 2011).
  49. Milne & Mauzy 1999, стр. 43–44
  50. Milne & Mauzy 1999, стр. 46–49
  51. Wain 2010, стр. 65–67
  52. Cheah, Boon Keng (2002). „Malaysia: the making of a nation“. Institute of Southeast Asian Studies. стр. 219. ISBN 981-230-154-2. 
  53. Kim Hoong Khong (1991). „Malaysia's general election 1990: continuity, change, and ethnic politics“. Institute of South East Asian Studies. стр. 15–17. ISBN 981-3035-77-3. 
  54. Wain
  55. Milne & Mauzy 1999, стр. 165
  56. Milne & Mauzy 1999, стр. 166
  57. Milne & Mauzy 1999, стр. 74
  58. Wain 2010, стр. 104–105
  59. Wain 2010, стр. 280
  60. Hilley, John (2001). „Malaysia: Mahathirism, hegemony and the new opposition“. Zed Books. стр. 256. ISBN 1-85649-918-9. 
  61. Wain 2010, стр. 189
  62. Wain 2010, стр. 185–188
  63. Wain 2010, стр. 186–187
  64. Wain 2010, стр. 105–109
  65. Wain 2010, стр. 208–214
  66. Stewart 2003, стр. 32
  67. Stewart 2003, стр. 64–86
  68. Stewart 2003, стр. 106–111
  69. Wain 2010, стр. 293–296
  70. Wain 2010, стр. 297–298
  71. Wain 2010, стр. 299
  72. Stewart 2003, стр. 141
  73. Stewart 2003, стр. 142
  74. Stewart 2003, стр. 140–141
  75. Wain 2010, стр. 79–80
  76. Wain 2010, стр. 80
  77. Spillius, Alex. „Mahathir bows out with parting shot at the Jews“, „The Daily Telegraph“, 31 октомври 2003 (конс. 5 февруари 2011).
  78. Creativity – the key to NEM’s success“, „The Star Online“, август 2010 (конс. 4 септември 2010).
  79. see Mahathir Mohamad’s preface to Asia’s New Crisis, edited by Frank-Jürgen Richter, Pamela Mar (eds): John Wiley & Sons, Singapore, 2004, (see Amazon)
  80. Joseph Masilamany. „Mending fences“, theSun, 29 јуни 2006 (конс. 10 август 2006).
  81. Malaysian Leader: 'Jews Rule World by Proxy'“, Fox News, 16 октомври 2003 (конс. 26 јануари 2008).
  82. "Malaysia defends speech on Jews", BBC News, 17 October 2003.
  83. U.S.: Comments raise specter of religious clash within terror war RadioFreeEurope/RadioLiberty
  84. "Mahathir hits back in Jewish row", CNN News, 21 October 2003.
  85. "Dr M nominated for Nobel Prize", [[The Star (Malaysia)|]], 4 February 2007.
  86. Mahathir honoured as he steps down“, „The Age“, 31 октомври 2003 (конс. 6 февруари 2011).
  87. Wain 2010, стр. 307
  88. Wain 2010, стр. 307–318
  89. Wain 2010, стр. 322
  90. Wain 2010, стр. 320
  91. Backman, Michael. „Family ties lubricate Malaysia wheels of power“, „The Age“, 10 август 2005 (конс. 12 февруари 2011).
  92. Wain 2010, стр. 321
  93. Wain 2010, стр. 325
  94. Wain 2010, стр. 329–331
  95. Wain 2010, стр. 332
  96. Porter, Barry. „Ex-Malaysian Prime Minister Mahathir Discharged From Australian Hospital“, „Bloomberg L.P.“, 5 октомври 2010 (конс. 12 февруари 2011).
  97. Wain
  98. "Group Seeks Dr Mahathir's Assistance To Reopen 9-11 Investigation", Bernama, 12 June 2006. pictures
  99. Karen Arukesamy. „Mahathir slammed for belittling Orang Asli“, KUALA LUMPUR (15 March 2011) (конс. 10 април 2011).
  100. BrusselsTribunal.org
  101. „Board of Trustees“. Criminalisewar.org. http://www.criminalisewar.org/trustees.html. конс. 20 декември 2011. 
  102. „Bush, Blair guilty in Malaysia 'war crimes trial'“. Ottawa Citizen. 22 ноември 2011. архивирано од оригиналот на 13 јануари 2012. http://web.archive.org/web/20120113051951/http://www.ottawacitizen.com/news/Bush+Blair+guilty+Malaysia+crimes+trial/5748925/story.html#ixzz1eaKHipRQ. конс. 24 ноември 2011. 
  103. „Brussels Tribunal“. Brussellstribunal.org. http://www.brussellstribunal.org/KL.htm. конс. 20 декември 2011. 
  104. Chaudhuri, Pramitpal (17–18 November 2006). „Visionary, who nurtured an Asian ‘tiger’“. „Hindustan Times“. India. http://www.hindustantimes.com/news/specials/leadership2006/ht_091106.shtml. конс. 15 јануари 2008. 
  105. Ibrahim, Zaid (2009). „Saya Pun Melayu“. Petaling Jaya, Malaysia: ZI Publications. стр. 227. ISBN 978-967-5-26603-4. 
  106. Wain 2010, стр. 349
  107. http://news.bbc.co.uk/1/hi/world/asia-pacific/199468.stm
  108. 30-09-2004: Opcom expects 2D-growth with more capacity
  109. Opcom To Venture Into Broadband Infrastructure Business By Year End
  110. Board of directors
  111. Openings for franchise companies
  112. Mukhriz: More time needed to bring peace to southern Thailand

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Политички функции
Претходник
Хусеин Он
заменик премиер на Малезија
1978–1981
Наследник
Муса Хитам
премиер на Малезија
1981–2003
Наследник
Абдулах Ахмад Бадави
Дипломатски функции
Претходник
Табо Мбеки
генерален секретар на Неврзаните
2003
Наследник
Абдулах Ахмад Бадави
Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Махатир Мохамад“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).