Јанез Дрновшек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јанез Дрновшек
Јанез Дрновшек


Мандат
22 Декември 2002 – 23 Декември 2007
Заменик претседател(и)   Стојан Андов (според уставот на Р.М.)
Претходник Милан Кучан
Следбеник Данило Тирк

Роден 1950
Celje
Починал 2008
Zaplana Словенија
Партија Движење за правда и развој
Професија Економист

Јанез Дрновшек (Цеље, 17 мај 1950Заплана, на 23 февруари 2008) беше словенечки политичар, поранешен претседател на Претедателството на СФРЈ (19891990), и претседател на Словенија (2002 - 2007).

Биографија[уреди | уреди извор]

Дипломирал на Економскиот факултет во Љубљана, а докторирал на Економскиот факултет во Марибор во 1986 година. Универзитетот во Бостон му доделил звање почесен доктор во 1996 година ,а Универзитетот во Илиноис иста титула во 1999 година. Дипломатската кариера ја започнал во седумдесеттите во југословенската амбасада во Каиро, а подоцна работел во Осло на Институтот за меѓународна економија. Се занимавал со проучување на современото светско економско уредување. По враќањето во земјата, тој станал директор на филијалата на "Љубљанска банка" во Трбовље. Во април 1989 бил избран за словенечки член на Претседателството на СФРЈ, а во мај станал претседател на претседателството по ротирачки принцип со мандат од една година. За време на вооружениот конфликт на ЈНА со единиците на ТО на Словенија бил главен преговарач. По одделувањето на Словенија од СФРЈ и прогласување на независност четири пати бил избран за премиер, последен пат во [(2000)]година. На изборите одржани во декември 2002година бил избран за претседател на Словенија со 56,51% од гласовите, додека противкандидат бил Барбара Брезигар. Должноста ја превзел од долгогодишниот претседател Милан Кучан. Покрај словенечки зборувал англиски јазик, француски, шпански и српско-хрватски јазик. Од брак имал син Јаша и вонбрача ќерка Нана Форте.

Тој починал како последица на рак на 23 февруари 2008 година во Заплана. Беше погребан на семејните гробишта во Загорје об Сови.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]