Прејди на содржината

Српскохрватски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Српско-хрватски јазик)
Српскохрватски јазик
Srpskohrvatski/hrvatskosrpski jezik
Српскохрватски/хрватскосрпски језик
Застапен воБосна и Херцеговина,
Хрватска, Србија,
Црна Гора (познат под различни имиња)
ПодрачјеЈугоисточна Европа или Балкан
Говорнициоколу 21 милиони (вклучувајќи ги сите варијанти)  
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-1sh
ISO 639-2scc, scr
ISO 639-3
hbs — Serbo-Croat
Етно-политичка поделба на српскохрватскиот јазик (2006 година)

Српскохрватски јазик односно хрватскосрпски јазик (кирилица: српскохрватски/хрватскосрпски , латиница: srpskohrvatski/hrvatskosrpski) исто така именуван како босански-хрватски-српски или босански-хрватски-српски-црногорскијужнословенски јазик и главен јазик во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Српскохрватскиот е полицентричен јазик заснован на четири меѓусебно разбирливи стандардизирани варијанти: српски, хрватски, босански и црногорски

Спорот околу терминот „српскохрватски“

[уреди | уреди извор]

Со распадот на СФРЈ во 1990, дијалектите на српскохрватскиот јазик формирале нови, со многу мали разлики, јазици како што се: српски јазик, хрватски јазик, босански јазик и црногорскиот јазик за кој има денес движење за негова стандардизација. Старото име на јазикот сѐ помалку се користел, заменет со новоформираните термини „српски“, „хрватски“, „босански“ и „црногосрки“.

Денес, терминот српскохрватски е контроверзен поради политичките и лингистички причини што ги зафатиле новоформираните норми, особе но контраверзен во Хрватска. Но сепак, термионот се користи како универзален термин што ќе ги опфати „јазиците ќерки“ произлезени од стандардниот српскохрватски јазик.

Како алтернатива, се користи терминот српски/хрватски/босански или кратенка СХБ но исто така се користи и терминот Централен Јужнословенски дијалектен систем, термин што ги опфаќа сите дијалекти од Словенија па сѐ до Македонија.

Особини на јазикот

[уреди | уреди извор]

Српскохрватскиот јазик е словенски јазик што значи дека води потекло од прасловенскиот јазик. Како и за повеќето словенски јазици, така и за српскохрватскиот, најраната книжевна активност е врзана за старословенскиот јазик.

За современиот српскохрватски јазик се битни следниве особини:

  • развој на старословенските согласнички групи шт (< прасл. *tj) и жд (< прасл. *dj) со ћ и ђ соодветно
На пример: *vortjati (прасл.) > *враштати (стсл.) > враћати (= се враќа)
*medja (прасл.) > *межда (стсл.) > међа (= меѓа);
  • деназализација на носните вокали, т.е. развој: ѧ > e и ѫ > у (или фонетски: ę > e и ǫ > u);
На пример: *пѧть (стсл.) > пет (= пет)
пѫть (стсл.) > пут (= пат);
  • повеќе рефлекси на јатот (ѣ) во зависност од дијалектот:
ѣ > e во екавските дијалекти
ѣ > и во икавските дијалекти
ѣ > (и)је во јекавските дијалекти;
На пример:
цвѣтъ > цвет, цвит или цвијет (=цвет)
бѣжати > бежати, бижати или бјежати (=бега);
  • затврднување на мекото слоготворно л, односно негово изедначување со тврдото и развој во у:
ль > лъ > у
На пример: тлъшти > тући (=толчи):
  • изедначување на мекото и тврдото слоготворно р и негов развој во нови позиции. Спореди:
срхр. крст со руски црковнословенски крестъ
срхр. крв со руски црковнословенски кровь;
срхр. I. pl.зубима место стсл. I. pl. зѫбъі (=со заби)
срхр. нама место стсл. нами (=со нас);
срхр. L. човеку наместо стсл. L. чловѣцѣ
срхр. L. мужу наместо стсл. L. мѫжи;
срхр. D./I./L. pl. ученицима место стсл. оученикомъ / оученикъі / оученицѣхъ;
  • задржување на должината на самогласките: постојат кратки и долги самогласки, дури и но неакцентирана положба;
  • воспоставување на четириакцентски систем. Нагласокот може да биде долг или краток и со надолна (слегувачка) или нагорна (растечка) интонација:
Краткослегувачки (), пр. брȁт
Краткорастечки (ˋ), пр. òтац
Долгослегувачки (ˆ), пр. грȃд
Долгорастечки (ˊ), пр. тáма

Пример за сличност на јазиците:

македонски јазик хрватски јазик босански јазик српски јазик
Сараево е главен град на Босна и Херцеговина. Српскохрватскиот јазик бил еден од службените јазици на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Sarajevo je glavni grad Bosne i Hercegovine. Srpskohrvatski jezik je bio jedan od službenih jezika Socijalističke Federativne Republike Jugoslavije. Sarajevo je glavni grad Bosne i Hercegovine. Srpskohrvatski jezik je bio jedan od službenih jezika Socijalističke Federativne Republike Jugoslavije. Сарајево је главни град Босне и Херцеговине. Српскохрватски језик је био један од службених језика Социјалистичке Федеративне Републике Југославије.

Пример за разлики меѓу јазиците:

македонски јазик хрватски јазик босански јазик српски јазик
Во однос на издувните гасови и загадувањето на воздухот во Ерусалим, тоа ќе биде неопходно да се преземат мерки на безбедност! Glede ispušnih plinova i onečišćavanja zraka u Jeruzalemu, bilo bi potrebno poduzeti mjere sigurnosti! U pogledu ispušnih plinova i zagađivanja zraka u Jerusalemu, bilo bi potrebno preduzeti mjere sigurnosti! У погледу издувних гасова и загађивања ваздуха у Јерусалиму, било би потребно да ce предузму м(ј)ере безб(ј)едности!

Дијалекти

[уреди | уреди извор]

Дијалектното раслојување на јазикот се врши главно по две основи:

  • според прашалната заменка за неживо, постојат следниве наречја:
штокавски, каде заменката е што во Хрватска и Босна и Херцеговина, шта во Србија и Црна Гора.
чакавски, каде заменката е ча (хрватски)
кајкавски, каде заменката е кај (хрватски)
  • според рефлексот на стариот јат пак, постојат следниве изговори
екавски, ѣ > e
икавски, ѣ > и
(и)јекавски, ѣ > (и)је

Напомена: иако поделбата според рефлексите на јатот може да се примени на целиот српскохрватски дијасистем, најчесто таа се применува само на штокавското наречје.

Географската распределба на дијалектите е ваква:

Напомена: од географската распределба е јасно дека чакавскиот и кајкавскиот јазик имаат говорители исклучиво од хрватска националност.

Како основа на книжевниот српскохрватски јазик првично е избран јекавскиот новоштокавски дијалект (согласно Виенскиот Книжевен Договор од 1850). Ова е јазикот на кој Вук Стефановиќ Караџиќ ја превел Библијата и на кој воопшто творел. Подоцна јазикот се „локализира“: српските книжевници прибегнуваат кон екавскиот новоштокавски дијалект (Шумадиско-Војводински), додека хрватските на широка врата внесуваат кајкавска и чакавска лексика.

  • Мала Енциклопедија Просвета, ИП „Просвета“, Београд, 1959;