Данило Тирк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Данило Тирк
Данило Тирк


Мандат
23 декември 2007 – 22 декември 2012
Претходник Јанез Дрновшек
Следбеник Борут Пахор

Роден 19 февруари 1952
Марибор Словенија,
Југославија
Партија Независни
Сопружник Барбара Миклич Тирк
Професија Правник
Претседатели на Словенија

Данило Тирк (словенечки: Danilo Türk; Марибор , 19 февруари 1952) — словенечки политичар, дипломат и поранешен претседател на Република Словенија.

Дипломатска и академска кариера[уреди | уреди извор]

Тој бил првиот словенечки амбасадор во Обединетите нации од 1992 до 2000, а исто така и асистент на секретарот на Обединетите нации за политичките односи од 2000 до 2005. Меѓу другото зборувал во Советот за безбедност на Обединетите нации за израелско-палестинскиот конфликт. Професор е по меѓународно право на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана и декан за студентски прашања.

Претседател на Словенија[уреди | уреди извор]

Тој се кандидирал за претседателските избори во Словенија во 2007. Во првиот круг на претседателските избори на 21 октомври освоил 24,54 отсто од гласовите, додека неговиот противник Лојзе Петерле освоил 28,50 отсто од гласовите. И двајцата поминаа во вториот круг на претседателските избори на 11 ноември, каде што освоил убедлива победа со вкупно 68,26% од гласовите. Со тоа станал третиот претседател на Словенија, заменувајќи го Јанез Дрновшек. На изборите во 2012 тој загубил од Борут Пахор во вториот круг.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]