13 мај (настани)
Изглед
| 1871 | Во Италија е донесен закон со кој на Светата Столица ѝ се дозволува да има седиште во Ватикан. |
| 1901 | Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја основа првата македонска театарска група „Скрб и утеха“. |
| 1961 | Преку ТВ Белград е емитувана првата телевизиска емисија од Студио Скопје, наречена „Балкански концерт“ која ја изведоа првенците на Балетот при македонскиот народен театар, Елпида Пакоска и Јован Пашти. |
| 1981 | Атентат врз папата Јован Павле II во Рим. Папата го преживеа атентатот. |
| 1990 | Крвава пресметка меѓу навивачите на загрепски Динамо и белградска Црвена Звезда на стадионот Максимир во Загреб. |
| 2001 | Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП со премиер Љубчо Георгиевски. |