5 август (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1305  Вилијам Волис, водачот на Шкотите во нивната борба против Англија е заробен од Англичаните во близина на Глазгов и е одведен во Лондон за судење и погубување.
1789  Нецел месец по почетокот на револуцијата, Националното собрание на Франција ги укинало привилегиите на аристократијата и свештенството, со што практично го укинало феудализмот.
1858  Поставен е првиот прекуатлантски кабел со кој се воспоставени телеграфски врски меѓу Канада и Велика Британија.
1884  На влезот на њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуата на слободата.
1962  Затворен е Нелсон Мандела. Од затвор нема да биде пуштен сè до 1990 година.
1974  Американскиот претседател Ричард Никсон, предавајќи му ја магнетофонската лента на истражниот судија, јавно призна дека учествувал во прикривањето на аферата „Вотергејт“.