3 мај (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
1500  Португалскиот мореполовец Педро Алварес Кабрал го открил Бразил и го прогласил за имот на Португалија.
1791  Донесен е т.н. Устав од 3 мај, а подоцна истиот ден бил усвоен од Сејмот на Полско-литванската унија. Овој устав бил втор во Европа и трет во светот (прв устав претставува уставот на Сан Марино, а втор е американскиот устав од 1787 година).
1814  Францускиот крал Луј XVIII се вратил во Париз по поразот на Наполеон во Битката кај Ватерло.
1841  Нов Зеланд бил прогласен за британска колонија.
1922  Во Париз е основан Меѓународниот железнички сојуз.
1945  Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела решение за утврдување на македонската азбука. Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104, на 4 мај 1945 година.
1946  Во Токио започнало заседанието на Меѓународниот суд за Далечниот исток на којшто им се судело на јапонските воени злосторници во текот на Втората светска војна.
1979  Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори, Маргарет Тачер станала прва жена премиер во британската историја.