Демократска Федерална Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Првата влада на ДФМ во 1945 година
Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на Федерална Македонија (2 август 1944)

Демократска Федерална Македонија било името на Македонија како федерална држава во составот на новопрогласената Демократска Федерална Југославија. Ова име се користело во периодот од 1944 до 8 март 1946 кога Президиумот на Народното Собрание со закон се менува во Народна Република Македонија.

Во виорот на Втората светска војна, на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија, се донесени следниве важни одлуки:

  • Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на Демократска Македонија
  • Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на Демократска Македонија
  • Решението на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
  • Решението на АСНОМ за прогласување на Илинден2 август за народен и државен празник на македонската држава.

Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто.[1]

Територијата на државата била поделена на народни одбори, околии и општини како облици на локална управа и самоуправа.

Излегува првиот број на весникот „Нова Македонија“. Донесена одлука за основање на Школата за народни учители. Формирана е Народната библиотека „Климент Охридски“. Формирана е Македонската филхармонија. Божиќните настани на Скопското Кале: одредени единици одбиваат да заминат на Сремскиот фронт и наместо тоа сакаат да се оди на Солун. Формиран е Македонскиот народен театар. Се одржува Првиот црковно-народен собор за обновување на Македонската Православна Црква. Формирана е првата македонска влада. Донесено е решение за утврдување на македонската азбука. Од печат излегува првиот македонски буквар.

На 8 март 1946 г. Президиумот на Народното Собрание донесува закон со кој дотогашното име Демократска Федерална Македонија се менува во Народна Република Македонија.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. www.sobranie.mk, На 2 август 1944 година, Методија Андонов Ченто е избран за претседател на Президиумот на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија, која подоцна е именувана како Народна Република Македонија.
  2. www.mia.com.mk, На денешен ден, 8 март 1946. Президиумот на Народното собрание на Македонија донесе Закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија