Telephone (песна)
„Telephone“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Лејди Гага и Бијонсе Ноулс | |||||
од албумот The Fame Monster | |||||
Издаден | февруари 15 2010 | ||||
Текстописец | Лашон Даниелс, Лазонејт Френклин, Стефани Германота, Родни Џеркинс, Бијонсе Ноулс[1] | ||||
Формат | ЦД сингл, музичко спуштање, 7 инчен сингл | ||||
Жанр | Електропоп, денс-поп | ||||
Должина | 3:41 | ||||
Издавачка куќа | Streamline, Kon Live, Cherrytree, Interscope | ||||
Продуцент | Даркчајлд | ||||
Хронологија на синглови на Лејди Гага и Бијонсе Ноулс | |||||
|
„Telephone“ — песна на американската пејачка Лејди Гага. Издадена е од нејзиниот трет EP-албум, The Fame Monster (2009). Песната, која е дует заедно со американската Р&Б-пејачка Бијонсе Ноулс, е напишана од Гага и Родни Џеркинс. Вдахната од нејзиниот страв што не е во состојба да ужива поради посветеноста на нејзината кариера, Гага објаснила дека текстот ја прикажува поголемата љубов кон подиумот отколку да се јави на нејзиниот партнер од другата страна на телефонот, кој во реалниот свет всушност бил нејзиниот мозок кој ѝ кажувал дека треба да работи понапорно.
Музички, „Telephone“ содржи издолжен завршен дел, рап стихови и епилог во кој гласот на мобилниот оператор кажува дека корисникот не е достапен. Ноулс се појавила во средината на песната, пеејќи ги стиховите во многу брзо темпо, придружена со посилни битови. Песната се искачила на првото место во неколку држави поради дигиталните продажби кои го проследиле издавањето на албумот, главно во САД, Австралија, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Шведска и Унгарија. Песната била успешна и во Европа каде се искачила на првите места на табелите во Белгија, Данска, Унгарија, Ирска, Холандија, Норвешка и Велика Британија. Според IFPI, синглот продал 7,4 милиони копии во 2010 година.[2] Критичарите забележале дека песната се одделува во позитивна насока од другите песни на The Fame Monster и добила Греми-номинација за Најдобра поп-соработка со вокали во 2011.
Музичкото видео е продолжени на видеото за песната од 2009, „Paparazzi“ и е снимено како краток филм. Откако е извадена од затвор со помош на Бијонсе, Гага и Ноулс одат да ги убијат гостите кои доручуваат во ресторан. По бегањето од оброкот, двете пејачки се бркани од полицијата. Видеото наведува на Квентин Тарантино и неговите филмови Убиј го Бил (2003) и Евтини приказни (1994). Повеќето од критичарите го пофалиле видеото, но некои ги критикувале насилството и темите во него. Во сеќавање на Александер Меккуин, Гага извела акустична верзија на „Telephone“ помешана со „Dance in the Dark“ на Британските Музички Награди од 2010 година. Исто така била вклучена на сет-списокот на The Monster Ball Турнејата во 2010.
Заднина
[уреди | уреди извор]Лејди Гага оригинално ја напишала „Telephone“ со Родни Џеркинс за пејачката Бритни Спирс. Сепак, продукциската куќа на Спирс ја одбила и Гага ја снимила песната во соработка со Бијонсе Ноулс за The Fame Monster.[3] Гага изјавила, „Ја напишав пред долго време и таа не ја искористи за нејзиниот албум. Тоа е добро бидејќи ја сакам песната и сега јас ќе ја изведувам.“[4] Дополнително, гостинскиот вокал на песната требало да биде Спирс, но Гага ја повикала Ноулс наместо неа.[5][6] Главната инспирација зад песната е стравот на Гага од задушување бидејќи почувствувала дека ретко наоѓа време за забава. Подоцна разјаснила,
Страв од задушување—значи дека јас се плашам дека никогаш нема да одделам време за сопствена забава, ... 'Бидејќи многу ја сакам својата работа, ретко наоѓам време да излезам надвор и да поминам добро време. ... Не одам во ноќни клубови, ... Не гледате слики од мене како паѓам пијана во клубови. Не одам—и кога обично одам, знаете, пијам само виски и половина и потоа мора да се вратам на работа.[7]
Во мај 2011, Гага кажала дека нејзината „емоционална поврзаност“ со песната е тешка. Кога ја прашале зошто била напишана оригинално за Бритни Спирс, таа одговорила: „Па, не се случи баш така, но не сакам да навлегувам во тоа. Можам да навлезам во тоа ако ги исклучте (предлозите од снимачот)... Но процесот на завршувањето на продукцијата беше многу стресен за мене. Затоа кога велам дека тоа е мојата најлоша песна, нема врска со песната туку со мојата поврзаност со неа.“[8]
Композиција
[уреди | уреди извор]22-секунден примерок од „Telephone“ кој го прикажува рефренот во кој Гага пее „Престани да се јавуваш, престани да се јавуваш, не сакам да зборувам повеќе.“ | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
„Telephone“ е напишана од Лејди Гага, Родни Џеркинс, Лашон Даниелс, Лазонет Френклин и Ноулс.[9] Иако песната е конструирана во вид на дует, Ноулс се појавува во стиховите на средината. Таа го пее текстот во крато интервал и потоа го пее рефренот за време на остатокот на песната.[10] Песната започнува со Гага која започнува да пее со свечен глас, придружена со мелодија од харфа, која потоа прераснува во удирачки ритам.[11] Всушност, Гага е во клуб, а нејзиното момче продолжува да ѝ ѕвони, но не може да му одговори бидејќи е пијана и танцува на нејзината омилена песна. Рефренот го содржи текстот: „Престани да се јавуваш, престани да се јавуваш, не сакам да зборувам повеќе.“ „Telephone“ содржи издолжен завршен дел рап стихови и епилог во кој гласот на мобилниот оператор кажува дека корисникот не е достапен.[10] Според листот со музика објавен на Musicnotes.com преку Sony/ATV Music Publishing, песната е напишана во вообичаено време, со темпо од 122 удари во минута. Вокалите на Гага се движат од ниската нота F3 до високтата C5. Напишана е во Еф-мол скала и ја следи акордната прогресија Fm–A♭–B♭–Fm.[12]
Текстот на „Telephone“ ја прикажува поголемата љубов кон танцувачкиот под отколку јавувањето на некој друг човек од другата страна на телефонот. Стиховите се испеани во брзо темпо, придружени со дуплирани битови.[13] Според Гага, телефонот во песната не е физички телефон, туку е личност во нејзината глава која ѝ кажува дека треба да работи понапорно и понапорно. Гага објаснила, „Тоа е мојот страв—дека телефонот звони и мојата глава звони, ... Дали се работи за телефон или за мислите во мојата глава, тоа е друг страв.“[7]
Критички прием
[уреди | уреди извор]Песната добила позитивни оценки од музичките критичари. Мајкл Хабард од MusicOMH рекол дека песната била „најверојатно најдоброто нешто тука [на The Fame Monster].“ Тој исто така го пофалил „брилијантниот завршен дел“ и крајот на песната во кој говорникот го добива поштенското сандаче.[10] Popjustice ѝ дал позитивен преглед на песната: „Изгледа малкуа како песната на Гвен, 'What You Waiting For?' која ја сретнува песната на Тимбаланд, 'The Way I Are' и уште педесет други работи ... Структурата е забавна ... има нешто брилијантно во придонесите на Бијонсе во песната што прави сè да изгледа како да била испланирана.“[5] Еван Савди од PopMatters рекол дека „многу-зборуваната соработка на Бијонсе во 'Telephone', со забрзаниот ритам и гласните битови е една од најадреналинските песни кои Гага ги има направено, целата работа изгледа како курс на [sic] другите песни поради поделбата на двете диви, кои лесно ја направија [„Telephone“] една од најдобрите песни на The Fame Monster“.[14]
Ејми Филипс од Pitchfork.com ја сместила „Telephone“ на 55 место на нејзиниот список на „Топ Песни од 2010“ велејќи дека изгледа како „најмалку чудната песна на The Fame Monster...“[15] Бил Лемб од About.com ја сместил меѓу најдобрите песни на албумот и рекол: „'Telephone', песната асистирана од Бијонсе е песна за во клуб и ќе го привлече вниманието на Р&Б и Хип Хоп обожавателите како и радиото.“[15] Во посебен преглед, тој ја споредил со ерата на песната „Just Dance“ и коментирал: „[Тоа е] Одделена песна поради многу причини. Според текстот е наследник на 'Just Dance'. Текстот ја прикажува Гага која зборува дека не сака да се јави на нејзиниот телефон во клубот. Имајќи песна како оваа во која изгледа дека 'Just Dance' ја пеела поранешна и различна Гага, изгледа малку чудно. Посебно кога е испланиран сингл ... Интересно е и за еднократна употреба но има и подобри песни на The Fame Monster кои можат да послужат за синглови“.[16] Мајкл Вудс од Лос Анџелес Тајмс почувствувал дека „Telephone“ е „внимателна медитација на тоа колку е досадно кога некое момче постојано ви се јавува во клубот.“[17]
Ники Ескеурдо од Phoenix New Times ја сместил „Telephone“ како песна која се издвојува од албумот.[18] Сара Хајибагери од Тајмс и Армонд Вајт, музички и филмски критичар од New York Press, не биле импресионирани од песната. Хајибагери рекла „Гласот на Бијонсе помешан со рингтон од телефор прави изглед на хаос.“[19] Вајт разработил дека „[Песната] слави тврдоглаво одбивање за говорителот да не се јави; премногу поп култура во Тарантино стил.“[20] Мелани Бертолди од Билборд ѝ дала позитивен преглед на песната, изјавувајќи „Повеќе како 'Blah Blah Blah' од Кеша, 'Telephone' се поставува во тивки ритми, со кои Бијонсе е запознаена. ... Додека „Telephone“ се бранува низ ѕид од телефонски ѕвонења за да се врати на едноставната интродукција, Гага и Бијонсе им имаат оставено само една опција на слушачите: да му се предадат на танцувачкиот под.“[21] „Telephone“ била рангирана на третото место на списокот на Топ 25 Синглови од 2010 од страна на Роб Шефилд од Роулинг Стоун.[22] Синглот добил Греми-номинација за Најдобра Поп Соработка со Вокали во 2011.[23] На 26 април 2011, Гери Траст од Билборд ја вклучил „Telephone“ на четвртата позиција на неговиот список на 10 Женски Хит Соработки.[24]
Успех на табелите
[уреди | уреди извор]Во ноември 2009 поради силните дигитални продажби, песната се искачила на табелите во Ирска, Австралија и Велика Британија на дваесет и шесто, дваесет и деветто и триесетто место последователно.[25] Песната станала највисокото деби влегување на табелата Билборд Хот 100 во САД на 12 декември 2009, на триесет и петтото место поради силни дигитални продажби на песната.[26] По неколку неделно менување на позициите на табелите, „Telephone“ се искачила на третото место што станало и највисоката позиција на песната, а воедно и шестиот последователен топ десет хит на Гага во САД.[27] Песната го зазела првото место на табелата за Хот Денс Клуб Песни на 27 февруари 2010.[28] На 15 март 2010, Билборд изјавил дека песната го достигнала врвот на табелата за Поп Песни, станувајќи шестиот последователен број-еден сингл на Гага на таа табела, со што таа станала единствениот артист кој го постигнал тоа. Станала и шеста број-еден песна на Ноулс на табелата за Поп Песни. Со ова, тие се изедначиле со Мараја Кери со најмногу број-еден синглови од Nielsen BDS-заснованата табела, Топ 40 ерплеј во 1992.[29] Песната продала 2.810 милиони платени диигитални примероци во САД според Nielsen Soundscan.[30]
Во Австралија, највисоката позиција на песната била три.[31] „Telephone“ добил трипати платинска сертификација од Австралиската музичка индустрска асоцијација (ARIA) со 210,000 продадени копии од синглот.[32] Во Нов Зеланд, песната за првпат се искачила на триесет и првото место, станувајчи најголемото деби искачување на табелата во таа недела.[33] На 5 април 2010, највисоката позиција на песната била три.[34] „Telephone“ за првпат влегла на четиринаесеттото место на табелата за Канадски Хот 100 синглови[25] и се поместила на највисока позиција на трето место, со што станала шестиот последователен топ три сингл на Гага на таа табела.[35] Песната добила трипати платина од Канадската музичка индустриска асоцијација (CRIA) со 120,000 дигитални спуштања.[36]
Во Британија, „Telephone“ се искачила на дванаесеттото место на табелата за Британски Синглови, на 15 март 2010.[37] Следната недела „Telephone“ се искачил на врвот на табелата, станувајќи нејзиниот четврт број-еден британски сингл.[38] Во Ирска, песната за првпат се појавила на табелата на дваесет и шестото место и се поместила на второто[39] пред да го достигне врвот на табелата следната недела.[39] „Telephone“ за првпат се појавила на шведските тавбели,[25] и во топ-десет на унгарските табели.[40] Според Интернационалната Федерација на Фонографската Индустрија, песната продала 7.4 милиони копии низ светот во 2010.[41]
Музичко видео
[уреди | уреди извор]Развој
[уреди | уреди извор]Муџичкото видео било снимено на 28 јануари 2010, од режисерот Џонас Акерлунд.[42][43] Њујорк магазинот изјавил дека концептот на видеото ќе се заснова на ситуација во која Бијонсе Ноулс ќе ја вади Гага од затвор. Неколку слики биле објавени и ги прикажувале Ноулс и Гага во кола наречена „Пуси Вагон“, истата кола која Ума Турман ја возела во филмот на Квентин Тарантино од 2003, Убиј го Бил.[44] Другите концепти на видеото покажуваат сцени на ручек, каемо на пејачот Тајрес Гибсон и сцена во затвор. Гага и Ноулс носеле „растурени парчиња“ од дизајнерите Франк Фернандес и Оскар Олима.[45] Во интервју со E! Online, Гага го објаснила значењето на видеото.
Имаме навистина голем квалитет во 'Paparazzi', каде имаше чист поп-музички квалитет и во исто време и славна култура ... Сакав да го направам истото со ова видео ... Има Тарантионо-инспириран квалитет во видеото [за 'Telephone'] ... Директното навлегување [во него] дојде од неговиот Пуси Вагон. Ручавме еден ден во Лос Анџелес и јас ми кажував за концептот на видеото и тој го сакаше многу, па додаде, „Мора да го искористите Пуси Вагонот.“[46]
На 5 февруари 2010, Гага имала интервју со Рајан Сикрест на KIIS-FM. Таа коментирала на видеото велејќи, „Тоа што го сакам во вистинските поп настани, и кога бев помлада, секогаш бев возбудена кога имаше голем настан кој се случуваше во музиката и сакав ова да биде истиот случај.“[47] Рок бендот Semi Precious Weapons им потврдиле на MTV Вестите дека имаат камео улога во музичкото видео.[48]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Музичкото видео е долго девет минути[49] и започнува на местото каде видеото за „Paparazzi“ завршува; Гага е уапсена поради убиството на нејзиното момче со отров во неговиот пијалак. Таа е однесена во женскиот затвор каде што ја водат две чуварки, кои го соблекуваат нејзиниот црно-бел фустан и ја оставаат да лежи гола, додека другите затворенички ја набљудуваат. Една од чуварките коментира, „Ти реков дека нема пенис“, со што наведува на гласините дека Гага е интерсексуалец.[49][50] Три минути, видеото ги прикажува постапките на Гага во затвор—вклучувајќи бакнување со друг женски затвореник во дворот за вежбање, носење очила направени од полуиспушени цигари и борби во други простории. Сестата на Гага, Натали Германот прави камео појава во видеото.[51] После тоа, Гага добива повик од Ноулс и започнува да ја пее песната. Таа го пее првиот стих и рефренот придружена од другио затворенички, а потоа следи завршен дел во кој Гага носи лента на која пишува „кауција“.[49]
Гага излегува од затворот и ја сретнува Ноулс која ја чека во Пуси Вагонот. Ноулс, со прекар Хани Би, наведува на ликот Хани Бани од криминалистичкиот филм на Тарантино, Евтини Приказни.[52] По размена на неколку зборовни, тие патевуаар преку пустина и застануваат на ручек.[50] Ноулс седнува наспроти Гибсон и ѝ се здосадува од неговите глупости, па му става отров во неговиот пијалак, но не го убива како што се надевала претходно.[50] Видеото потоа се префрла на сцена наречена „Да Направиме Сендвич“.[49] Гага стои во кујната, носејќи телефон на главата додека танчерите се прикажани зад неа и држат салати зад неа. Таа продолжува да го прави сендвичот проследен со игра.[49] Во меѓувреме, става отров во сите состојки кои ги прав за гостите со што сите гости во ресторанот, Гибсон како и членовите на Semi Precious Weapons умираат. Потоа Гага и Ноулс изведуваат друга танцувачка рутина, носејќи американски знамиња.[50] Потоа одат во „Пуси Вагонот“ и патуваат низ автопат додека новинарот на вестите (глумен од Џеј Родригес) известува за убиствата. Последните снимки на видеото ги прикажуваат Гага и Ноулс кои патуваат преку пустина, попратени со полициски сирени во позадината. Видеото завршува со текстот „To Be Continued ...“ по кој следат завршните кредити.[49]
Издавање и прием
[уреди | уреди извор]На 15 февруари 2010, три извадоци од музичкото видео биле испратени на официјалната страница на Гага. Извадоците ја прикажувале Гага во три различни сцени: сцена во кујната во која таа носи пластична капа на кувар и телефон направен од коса во нејзината рака, сцена за време на јадење во која е придружена од позадински танчери, сценаа во која е со американско знаме и бикин и црно-бела слика од неколку триаголници и придружени телефони.[53] Видеото требало да биде прикажано во февруари 2010 но сепак било прикажано во март 2010.[54][55][56] На 9 март 2010, други сцени биле исто така прикажани на интернет. Видеото премиерно било пкажано на E! News и Vevo.com на 11 март 2010.[57]
Џејмс Монтгомери од MTV коментирал: „Со 'Telephone', Гага навлезе во најретките поп стратосфери, заедно со Мадона и Мајкл Џексон.“[49] Мет Донели од Лос Анџелес Тајмс напишал дека музичкото видео за „Telephone“ е „визуелен погодок, попратен со фантастиччна мода, тепачки со девојки, отровни јадења, армија и Гага.“[58] Ејми Одел од Њујорк магазинот почувствувала „Ова е видео на Гага, но Бијонсе е најдобриот дел: таа ја покажува лутината, лудата страна за која знаевме дека е скриена некаде зад нејзината совршена фасада.“[50] Моника Херера од Билборд напишала: „[Видеото] е повеќе од мерки со возбуда. ... Клипот за 'Telephone' е полн со интриги, тепачки, нашминкани сцени, масовно труење и многу парчиња кои можат да се наречат 'облека'.“[59] Танер Странски од Entertainment Weekly коментирал: „Дали е епско како нејзиното 'Bad Romance' виде? За жал, не мислам дека е така. Но е подобро од сè друго.“[60] Бил Лемб од About.com почувствувал дека „Ќе беше речиси невозможно да се оживи со возбуда, но видеото на Лејди Гага за 'Telephone' пристигна, и за овие очи е вредно за гледање.“[61]
Сенди Риос, претседател на Културната Кампања го критикувал видеото на Fox News во интервју со Мегин Кели, нарекувајќи го „одвратно ... отров за мозоците на нашите деца“.[62] Критичарот Армонд Вајт од New York Press, го опишал видеото како „сурово и грдо“ изјавувајќи дека „ја прикажува лудоста на современата поп-музика“ и има „влијанија од Тарантино“ нарушувајќи го „уживањето на поп културата со глупости“.[20] На 3 август 2010, видеото добило три номинации на MTV Видео Музичките Награди од 2010, во категориите за Најдобра Кореографија, Видео на Годината и Најдобра Соработка, освојувајќи ја последната номинација, додека другите номинации изгубиле од сопственото видео на Гага за „Bad Romance“.[63] Во мај 2011, Гага изразила нездоволство за видеото во интервју со Time Out, велејќи: „Не можам ни да го гледам видеото за Telephone, го мразам многу. Бијонсе и јас сме одлични заедно. Но има многу идеи во тоа видео и сè што гледам е мојот мозок кој е преполнет со идеи и посакувам самата да го уредев повеќе видеото.“[64]
Настапи во живо
[уреди | уреди извор]Гага ја извела „Telephone“ на Британските музички награди на 16 февруари 2010, во Earls Court Exhibition Centre. Настапот бил инспириран од смртта на нејзиниот пријател, дизајнерот Александер Меккуин. Првично, таа планирала друга верзија на настапот, но го сменила концептот во последна минута, бидејќи сакала да му оддаде почит на Меккуин.[65] Затоа таа одбрала акустична верзија на „Telephone“ и ремикс од „Dance in the Dark“. Пред шоуто, таа испратила порака на нејзиниот профил на Твитер: „Вечерашниот настап е инспириран од нашиот пријател. Маска од Филип Трејси, Скулптура од Ник Најт, Музика од Лејди Гага. Ни недостигаш.“[66] Таа го започнала настапот објавувајќи „Ова е за Александер Меккуин.“ Гага била облечена во огромна перика во стил на Марија Антоанета.[67] Целиот настап бил потивок од нејзините претходни.[65]
Гага ја додала песната на сет-списокот на The Monster Ball Tour за европската етапа. Била изведена како втора песна, наречена „Subway“. Таа била облечена во црно и свирела на клавитара, која претходно ја покажала на Британските музички награди. Клавитарата, била наречена „Ема“.[68][69] „Telephone“, како и „Brown Eyes“ (од The Fame), биле исто така изведени на комедиското чет шоу Петок Навечер со Џонатан Рос, на 3 март 2010, за епизода која пристигнала два дена подоцна.[70] Гага ја извела „Telephone“ на јапонското телевизиско шоу Music Station на 16 април 2010. Носела одело од мачка со пластични рамена, дизајнирани од Сомарта и Јуима Наказато.[71] Во мај 2011, Гага ја извела песната за време на Radio 1's Big Weekend во Карлисл, Кумбрија.[72]
Други верзии
[уреди | уреди извор]На 2 мај, демото на Бритни Спирс' на „Telephone“ протекла на интернет.[73] По предлозите дека демото може да биде лажно, продуцентот на песната, Родни Џеркинс, ја потврдил преку Твитер автевтичноста на песната. Тој дополнил дека протечената верзија „била рана демо верзија [и дека] дури ни миксот не бил направен“, а потоа го негирал протекувањето на песната, бидејќи бил прашан дали тој го направил тоа.[74][75] Музичкиот стил на демото бил спореден со синглот на Бритни Спирс „Piece of Me“ (2007) и самата песна добила споредба со звукот на петтиот студиски албум на Спирс, Blackout.[76] Роб Шефилд од Роулинг Стоун ја пофалил верзијата на Спирс.[76] Подоцна ја вклучил песната на дваесет и петтото место на списокот Топ 25 Синглови од 2010.[22]
Други преработки на песната се оние од ХеленаМарија,[77] Астон,[78] Bangin Productions,[79] и Помпламус.[80] Победникот на X Factor, Џоу Мекелдери ја преработил песната на Live Lounge на Radio 1's Big Weekend,[81] и во 2010 последната четиринаесетка на седмата сезона ја преработила песната.[82] „Telephone“ била преработена од Леа Мишел и Чарис Пемпенгцо за епизодата од американското ТВ шоу, Хор наречена „Аудиција“, која пристигнала на 21 септември 2010.[83] Оваа верзија била издадена како сингл и се искачила на седумнаесеттото место во Канада, осумнаесеттото во Ирска, дваесет и третото во САД и триесеттото во Австралија.[84][85][86]
Списоци на песни и формати
[уреди | уреди извор]
|
|
Кредити и личности
[уреди | уреди извор]Кредитите се земени од долните забелешки на The Fame Monster.[9]
- Лејди Гага – ко-продукција, пишување, вокали
- Бијонсе Ноулс – пишување, вокали
- Лашон Даниелс – пишување
- Лазонејт Френклин – пишување
- Хисаши Мизогучи – снимање (вокали на Ноулс)
- Марк „Спајк“ Стент – миксинг
- Мајк „Хендз“ Доналдсон – снимање, специјални ефекти
- Пол Фоли – снимање
- Родни „Даркчајлд“ Џеркинс – пишување, композиција, миксинг, продукција
Табели и сертификации
[уреди | уреди извор]Табеларна процесија и сукцесија
[уреди | уреди извор]Ред на првенство | ||
---|---|---|
Претходник „Russian Roulette“ од Ријана |
Број-еден сингл на САД Билборд Хот Денс Клуб Песни 27 февруари 2010 – 6 март 2010 |
Наследник „Hard“ од Ријана и Џизи |
Претходник „Pass Out“ од Тини Темпа |
Број-еден сингл на UK Singles Chart 21 март 2010 – 3 април 2010 |
Наследник „This Ain't a Love Song“ од Scouting for Girls |
Претходник „Gave It All Away“ од Boyzone |
Број-еден сингл на Irish Singles Chart 25 март 2010 – 15 април 2010 |
Наследник „Gives You Hell“ од Глумците на Хор |
Претходник „Yes Man“ од Бјорн Јохан Мури |
Број-еден сингл во Норвешка 31 март 2010 – 14 април 2010 |
Наследник „Fight for This Love“ од Шерил Кол |
Претходник „Tik Tok“ од Кеша |
Број-еден сингл на САД Билборд Поп Песни 27 март 2010 – 24 април 2010 |
Наследник „In My Head“ од Џејсон Деруло |
Претходник „Memories“ од Дејвид Гета и Кид Кади „Alors on danse“ од Stromae |
Број-еден сингл во Белгија (Валонија) 3 април 2010 – 1 мај 2010 (прв дел) 15 мај 2010 – 2 мај 2010 (втор дел) |
Наследник „Alors on danse“ од Stromae „Alors on danse“ од Stromae |
Претходник „Me and My Guitar“ од Том Дајс |
Број-еден сингл во Белгија (Фландрија) 3 април 2010 – 1 мај 2010 |
Наследник „Alors on danse“ од Stromae |
Претходник „My Dream“ од Томас Ринг |
Број-еден сингл во Данска 16 април 2010 – 23 април 2010 |
Наследник „Mest ondt“ од Бурхан Џи и Медина |
Претходник „Alors on danse“ од Stromae |
Број-еден сингл на Европски Хот 100 24 април 2010 – 8 мај 2010 |
Наследник „Alors on danse“ од Stromae |
Историја на издавање
[уреди | уреди извор]Регион | Датум | Формат |
---|---|---|
САД | 26 јануари 2010 | Топ 40,[143] Ритмичка,[144] Урбана,[145] Хот АЦ табела[146] |
Франција | 15 февруари 2010 | Дигитално спуштање[147] |
САД | 2 март 2010 | The Remixes EP – Дигитално Спуштање |
Велика Британија[148] | ||
Канада[149] | ||
Франција[150] | ||
Данска[151] | ||
Шведкс[152] | ||
Швајцарија[153] | ||
Белгија[154] | ||
Ирска[155] | ||
Холандија[156] | ||
Велика Британија | 15 март 2010 | ЦД сингл,[157] 7 инчи, дигитално спуштање[158] |
САД | 30 март 2010 | The Remixes EP – ЦД сингл[98] |
Германија | 2 април 2010 | ЦД сингл[159] |
Франција | 5 април 2010 | Дигитално спуштање[160] |
6 април 2010 | ЦД сингл[161] |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Telephone – feat. Beyoncé (Legal Title) BMI Work #10400713“. Broadcast Music Incorporated. Архивирано од изворникот на 2012-04-19. Посетено на 2010-04-19.
- ↑ „IFPI publishes Digital Music Report 2011“. International Federation of the Phonographic Industry. 2011-01-20. Архивирано од изворникот на 2011-11-11. Посетено на 2011-02-15.
- ↑ Greenblatt, Leah (2009-11-16). „New Lady Gaga, 'Telephone': Stream It Here“. Entertainment Weekly. Time Inc. Посетено на 2009-12-01.
- ↑ India, Press Trust (2009-11-26). „Pop princess Britney Spears snubbed Lady Gaga“. Zee News. Zee Entertainment Enterprises. Посетено на 2009-12-01.
- ↑ 5,0 5,1 Reporter, Staff (2009-10-26). „Lady Gaga's 'Fame Monster' – it's a proper album (and a very good one at that)“. Popjustice. Посетено на 2009-11-30.
- ↑ Staff Reporter (2010-01-09). „Lady Gaga – Telephone“. Popjustice. Посетено на 2010-01-20.
- ↑ 7,0 7,1 Vena, Jocelyn; Calloway, Sway (2009-11-25). „Lady Gaga Explains Inspiration Behind Beyoncé Collabo, 'Telephone'“. MTv. MTV Networks. Посетено на 2009-12-01.
- ↑ „Lady Gaga Interview“. Popjustice. 2011-05-24. Посетено на 2011-05-24.
- ↑ 9,0 9,1 The Fame Monster (Liner Notes)
|format=
бара|url=
(help) (Media notes). Interscope Records. 2009. Занемарен непознатиот параметар|artist=
(се препорачува|others=
) (help) - ↑ 10,0 10,1 10,2 Hubbard, Michael (2009-11-23). „Lady Gaga: The Fame Monster, track-by-track“. MusicOMH. Архивирано од изворникот на 2011-08-12. Посетено на 2009-11-24.
- ↑ „Single review: Lady Gaga – Telephone (feat. Beyoncé)“. BBc. BBC Online. 2010-03-15. Посетено на 2010-03-16.
- ↑ „Digital Sheet Music – Lady Gaga – Telephone“. Musicnotes.com. Sony/ATV Music Publishing. Отсутно или празно
|url=
(help) - ↑ Cinquemani, Sal (2009-11-18). „Lady Gaga: The Fame Monster“. Slant Magazine. Посетено на 2009-11-19.
- ↑ Sawdey, Evan (2009-11-23). „Lady Gaga: The Fame Monster < Reviews“. PopMatters. Посетено на 2009-11-23.
- ↑ 15,0 15,1 „Staff Lists: The Top 100 Tracks of 2010“. Pitchfork.com. Pitchfork Media. Посетено на 2010-12-13.
- ↑ Lamb, Bill (2009-11-28). „Lady Gaga – "The Fame Monster" Review“. About.com. The New York Times Company. Посетено на 2010-03-02.
- ↑ Wood, Mikael (2009-11-23). „Album review: Lady Gaga's 'The Fame Monster'“. Los Angeles Times. Tribune Company. Посетено на 2009-11-24.
- ↑ Escuerdo, Nicki (2009-11-30). „Lady Gaga Sexy, Vulnerable on 'The Fame Monster'“. Phoenix New Times. Village Voice Media. Архивирано од изворникот на 2009-12-05. Посетено на 2009-12-01.
- ↑ Hajibagheri, Sarah (2009-11-21). „Lady GaGa: The Fame Monster“. The Times. News Corporation. Посетено на 2009-11-23.
- ↑ 20,0 20,1 White, Armond (2010-04-16). „Going Gaga“. New York Press. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-04-20.
- ↑ Bertoldi, Melanie (2010-03-05). „Lady Gaga featuring Beyoncé, "Telephone"“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 2010-03-10.
- ↑ 22,0 22,1 Sheffield, Rob (2010-12-20). „Rob Sheffield's Top 25 Singles of the 2010“. Rolling Stone. Jann Wenner. Посетено на 2010-12-26. Text " Rolling Stone Culture " ignored (help); Text " Pop Life " ignored (help); Text " Rob Sheffield on TV and Pop Culture" ignored (help)
- ↑ „2010 Grammy Award Nominations“. USA Today. Посетено на 2010-12-02.
- ↑ Gary Trust (April 26, 2011). „10 All-Female Hit Collaborations“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на May 2, 2011.
- ↑ 25,0 25,1 25,2 „Lady Gaga and Beyoncé – Telephone – Music Charts“. αCharts.us. Посетено на 2009-12-27.
- ↑ Pietrolungo, Silvio (2009-12-03). „Jay-Z And Alicia Keys' 'Empire' Stays Put On Hot 100“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 2009-12-04.
- ↑ 27,0 27,1 Pietrolungo, Silvio (2010-03-25). „Rihanna Remains Atop Hot 100“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 2010-03-26.
- ↑ 28,0 28,1 „Billboard Hot Dance Club Songs: Week Ending February 27, 2010“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. 2010-02-27. Посетено на 2010-11-10.
- ↑ 29,0 29,1 Trust, Gary (2010-03-15). „Lady Gaga, Beyoncé Match Mariah's Record“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 2010-03-18.
- ↑ Trust, Gary (February 18, 2011). „Ask Billboard: Who Could Break "Glee"'s Record?“. Посетено на 2010-11-10.
- ↑ 31,0 31,1 „Australia Singles Top 50“. Australian Recording Industry Association. acharts.us. 2010-03-29. Посетено на 2010-03-29.
- ↑ 32,0 32,1 „ARIA Charts – Accreditations – 2011 Singles“. Australian Record Industry Assocation. Посетено на 2011-05-02.
- ↑ „Chart# 1701 – Top 40 Singles Chart“. Recording Industry Association of New Zealand. RIANZ.org.nz. 2009-12-28. Архивирано од изворникот на 2011-02-02. Посетено на 2009-12-30.
- ↑ 34,0 34,1 „Chart# 1715 – Top 40 Singles Chart“. Recording Industry Association of New Zealand. RIANZ.org.nz. 2010-04-05. Архивирано од изворникот на 2011-02-02. Посетено на 2010-04-06.
- ↑ 35,0 35,1 „Canadian Hot 100 Update“ (PDF). Billboard. Nielsen Business Media, Inc. 2010-03-26. Посетено на 2010-03-24.[мртва врска]
- ↑ 36,0 36,1 „CRIA Certifications (April 2010)“. Canadian Recording Industry Association. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2010-06-15.
- ↑ 37,0 37,1 „Lady Gaga – Telephone – UK Singles Chart“. The Official Charts Company. Chart Stats. 2009-12-05. Архивирано од изворникот 2012-03-24. Посетено на 2010-02-12.
- ↑ Reporter, Staff (2010-03-21). „Lady Gaga at number one with Telephone“. The Daily Telegraph. Telegraph Media LLC. Посетено на 2010-03-22.
- ↑ 39,0 39,1 39,2 „Top 50 Singles-Week ending 25th March 2010“. Irish Recorded Music Association. Архивирано од изворникот на 2014-11-29. Посетено на 2010-03-28.
- ↑ 40,0 40,1 „Single (track) Top 10 lista – 2009. 52. hét“. Mahasz (унгарски). Magyar Hanglemezkiadók Szövetsége. 2009-12-27. Посетено на 2010-02-03.
- ↑ „IFPI publishes Digital Music Report 2011“. International Federation of the Phonographic Industry. 2011-01-20. Архивирано од изворникот на 2011-11-11. Посетено на 2011-01-20.
- ↑ Em (2010-01-25). „Parceria com Alicia Keys e Lady GaGa: Beyoncé grava dois clipes nessa semana“. MTV (шпански). MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2010-02-03. Посетено на 2010-01-27. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ Kaufman, Gil (2010-01-27). „Lady Gaga Says She Raised $500,000 For Haiti Relief“. MTV. MTV Networks. Посетено на 2010-01-28. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ Vena, Jocelyn (2010-02-01). „Beyoncé, Lady Gaga 'Telephone' Video Pics Revealed“. MTV. MTV Networks. Посетено на 2010-02-02. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ Odell, Amy (2010-02-02). „Beyoncé Will Reportedly Rescue Lady Gaga in 'Telephone' Video“. New York. Посетено на 2010-02-02.
- ↑ Candy, Jennifer (2010-03-12). „Lady Gaga on "Telephone" and Its Hidden Meaning“. E! Online. Посетено на 2010-03-12.
- ↑ Taylor, J.R. (2010-02-08). „Lady Gaga Says 'Telephone' Video Will Top 'Bad Romance'“. Rap-Up. Devin Lazerine. Посетено на 2010-02-09.
- ↑ Vena, Jocelyn; Montalto, Daniel (2010-02-12). „Beyoncé, Lady Gaga Are 'Magical' In 'Telephone' Video, Semi Precious Weapons Say“. MTV. MTV Networks. Посетено на 2010-02-15. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ 49,0 49,1 49,2 49,3 49,4 49,5 49,6 Montogomery, Jason (2010-03-11). „Lady Gaga Premieres Epic, Outrageous 'Telephone' Video“. MTV. MTV Networks. Посетено на 2010-03-12. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ 50,0 50,1 50,2 50,3 50,4 Odell, Amy (2010-03-11). „The Ten Best Things About Lady Gaga and Beyoncé's 'Telephone' Video“. New York. New York Media Holdings. Посетено на 2010-03-12.
- ↑ Candy, Jennifer (2010-03-12). „Lady Gaga's Sis Makes Cameo in Telephone“. E! Online. Посетено на 2010-03-17.
- ↑ Ganz, Caryn (2010-03-11). „Lady Gaga and Beyoncé Unleash Orgy of Sex, Violence, Product Placement in "Telephone" Video“. Rolling Stone. Jann Wenner. Архивирано од изворникот на 2011-04-24. Посетено на 2010-03-14.
- ↑ „Lady Gaga: Telephone Video pics“. Ladygaga.com. 2010-02-15. Посетено на 2010-02-15.
- ↑ Reporter, Rap-Up (2010-02-02). „Lady Gaga Says 'Telephone' Video Will Top 'Bad Romance'“. Rap-Up. Devin Lazerine. Посетено на 2010-03-02.
- ↑ Reporter, Rap-Up (2010-02-24). „Lady Gaga's 'Monster Ball' Invades Liverpool“. Rap-Up. Devin Lazerine. Посетено на 2010-03-01.
- ↑ Shawhan, Jason (2010-02-17). „Lady Gaga gets on the Telephone for new music video“. Metro. Associated Newspapers. Архивирано од изворникот на 2010-02-21. Посетено на 2010-02-19.
- ↑ Vena, Jocelyn (2010-03-08). „Lady Gaga's 'Telephone' Video To Premiere Thursday Night“. MTV. MTV Networks. Посетено на 2010-03-08. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ Donnelly, Matt (2010-03-11). „Lady Gaga, Beyoncé world premiere their 'Telephone' video“. Los Angeles Times. Tribune Company. Посетено на 2010-03-12.
- ↑ Herrera, Monica (2010-03-14). „Lady Gaga's Hot New Video Goes To Prison“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 2010-03-15.
- ↑ Stransky, Tanner (2010-03-12). „Lady Gaga and Beyoncé's 'Telephone' video: Beautiful cigarette sunglasses, Honey Buns, and sandwich-making“. Entertainment Weekly. Time Inc. Посетено на 2010-03-15.
- ↑ „Lady Gaga's "Telephone" Video With Beyoncé Finally Debuts“. About.com. The New York Times Company. 2010-02-12. Посетено на 2010-02-15.
- ↑ „Fox News' Latest Senseless Culture Wars Battle Invokes La Gaga“. Fox News. 2010-03-16. Посетено на 2010-04-19.
- ↑ Herrera, Monica (2010-08-04). „Lady Gaga Earns Record 13 MTV VMA Nominations“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 2010-08-04.
- ↑ „Lady Gaga Hates Beyonce Telephone Video“. Marie Claire. 2011-05-22. Архивирано од изворникот на 2011-05-27. Посетено на 2011-05-25.
- ↑ 65,0 65,1 WSJ Staff (2010-02-16). „Lady Gaga Performs "Telephone," "Dance in the Dark" As Tribute to Alexander McQueen at Brit Awards“. The Wall Street Journal. Dow Jones & Company. Посетено на 2010-02-17.
- ↑ Vena, Jocelyn (2010-02-16). „Lady Gaga Pays Tribute To Alexander McQueen At Brit Awards“. MTV. MTV Networks. Посетено на 2010-02-17. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ Johnson, Chris; Cable, Simon (2010-02-17). „Brit Awards 2010: Lily Allen finally wins her first Brit as emotional Lady Gaga cleans up with three gongs“. Daily Mail. Associated Newspapers. Посетено на 2010-02-17.
- ↑ Kreps, Daniel (2010-02-18). „Lady Gaga Amps Up "Electro-Opera" Monster Ball for Arena Tour“. Rolling Stone. Jann Wenner. ISSN 0035-791X.
- ↑ Savage, Mark (2010-02-19). „Lady Gaga: The Monster Ball meets Manchester“. BBC. BBC Online. Посетено на 2010-02-22. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ Thomas, Liz (2010-03-04). „So, Lady Gaga, the new single you're promoting wouldn't happen to be about telephones by any chance?“. Daily Mail. Associated Newspapers. Посетено на 2010-03-04.
- ↑ Reporter, Daily Mail (2010-04-17). „Lady Gaga goes batty in bizarre winged outfit... as she breaks YouTube records with 1bn views“. Daily Mail. Associated Newspapers. Посетено на 2010-04-19.
- ↑ Sperling, Daniel (2011-05-16). „Lady GaGa closes Radio 1's Big Weekend“. Digital Spy. Посетено на 2011-05-16.
- ↑ Levine, Nick (2010-05-03). „Britney's 'Telephone' leaks onto web?“. Digital Spy. Посетено на 2010-05-07.
- ↑ Skewer, Jonathan (2010-05-06). „Britney Spears' Demo of Lady Gaga's "Telephone" Hits the Web“. Rolling Stone. Jann Wenner. Архивирано од изворникот на 2010-06-07. Посетено на 2010-05-07.
- ↑ Vena, Jocelyn (2010-05-05). „Britney Spears' Leaked 'Telephone' Demo Confirmed By Producer Rodney Jerkins“. MTV. MTV Networks. Посетено на 2010-05-07. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ 76,0 76,1 Sheffield, Rob (2010-05-06). „Britney Phone Home: Why Spears' "Telephone" Beats Lady Gaga's By a Robo-Mile“. Rolling Stone. Jann Wenner. Архивирано од изворникот на 2013-01-04. Посетено на 2010-05-07.
- ↑ „HelenaMaria – Lady Gaga Telephone“. iTunes. Посетено на 2010-05-28.
- ↑ „Aston – Lady Gaga Telephone“. iTunes. Посетено на 2010-05-28.
- ↑ „Bangin Productions – Lady Gaga Telephone“. iTunes. Посетено на 2010-05-28.
- ↑ „Pomplamoose – Lady Gaga Telephone“. iTunes. Посетено на 2010-05-28.
- ↑ „Joe's Big Weekend“. BBC Radio 1. 2010-05-24. Посетено на 2010-06-01.
- ↑ McGarry, Lisa (October 17, 2010). „X Factor 2010: Final 14 performs Telephone by Lady Gaga & Beyonce (VIDEO)“. UnrealityTV. Посетено на 2010-06-01.
- ↑ „Glee: Fall Preview“. Fox News Channel. 2010-09-04. Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012. Посетено на 2010-09-04.
- ↑ „Canadian Hot 100: Week of October 09, 2010 (Biggest Jump)“. Billboard. Посетено на 2010-10-01.
- ↑ „Chart Track: Top 50 Singles, Week Ending 23 September 2010“. Irish Singles Chart. GfK. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2010-10-01.
- ↑ „Glee Cast – Telephone (Song)“. Australian-charts.com. Hung Medien. Посетено на 2010-10-03.
- ↑ „Lady Gaga – Telephone – UK CD Single“. EIL.com. Посетено на 2010-03-01.
- ↑ „Telephone (со Бијонсе) – Single by Lady GaGa“. iTunes (UK). Посетено на 2010-03-18.
- ↑ „Telephone Feat. Beyoncé Knowles (Alphabeat Extended Remix)“. Amazon.co.uk. Посетено на 2010-03-22.
- ↑ „Telephone (Crookers Vocal Remix) – Single de Lady GaGa & Beyoncé –“. iTunes. Посетено на 2010-03-18.
- ↑ „Telephone Feat. Beyoncé Knowles (DJ Dan Extended Vocal Remix)“. Amazon.co.uk. Посетено на 2010-03-22.
- ↑ „Telephone (Electrolightz Remix) – Single de Lady GaGa & Beyoncé“. iTunes. Посетено на 2010-03-18.
- ↑ „Telephone (Kaskade Extended Remix) – Single de Lady GaGa & Beyoncé –“. iTunes. Посетено на 2010-03-18.
- ↑ „Telephone (Ming Extended Remix) – Single de Lady GaGa & Beyoncé“. iTunes. Посетено на 2010-03-18.
- ↑ „Telephone (Passion Pit Remix) – Single de Lady GaGa & Beyoncé“. iTunes. Посетено на 2010-03-18.
- ↑ „Telephone (Tom Neville's Ear Ringer Radio Remix) – Single de Lady GaGa & Beyoncé“. iTunes. Посетено на 2010-03-18.
- ↑ „Lady Gaga – Telephone – UK 7 inch Vinyl“. EIL.com. Посетено на 2010-03-01.
- ↑ 98,0 98,1 „US Remixes EP – Lady Gaga – Telephone“. Amazon. Посетено на 2010-03-24.
- ↑ „Telephone (The Remixes): Lady Gaga: MP3 Downloads“. Amazon. Посетено на 2010-03-24.
- ↑ „Telephone (The DJ Remixes)“. Masterbeat.com. Посетено на 2010-04-01.
- ↑ 101,0 101,1 101,2 101,3 101,4 101,5 101,6 101,7 101,8 „Lady Gaga feat. Beyoncé – "Telephone" World Charts“. Ultratop. Hung Medien. Посетено на 2010-04-02.
- ↑ „Brasil Hot 100 Airplay“. Billboard Brasil (португалски). Sao Paolo. 2: 84. август 2010. ISSN 977-217605400-2 Проверете ја вредноста
|issn=
(help). - ↑ „Bulgarian Charts – WEEK21 24.05–30.05.2010“. Bamp-Bg.org. 2010-05-30. Архивирано од изворникот на 2011-07-25. Посетено на 2010-06-05.
- ↑ „RADIO TOP100 Oficiální Czech Republic“. International Federation of the Phonographic Industry. 2010-03-31. Посетено на 2010-04-19.
- ↑ „De Nederlandse Top 40“. Dutch Top 40 (холандски). Radio 538. 2010. Архивирано од изворникот на 2012-04-19. Посетено на 2010-04-07.
- ↑ „Billboard – Telephone – Lady Gaga Song Information“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 2010-03-26.
- ↑ Reporter, SNEP (2010-04-02). „Tops: Stromae et Maé restent n°1 avec respectivement 12 913 et 31“ (француски). Syndicat National de l'Édition Phonographique. Посетено на 2010-04-19.
- ↑ Presse, News (2010-04-02). „Metal-Oper Avantasia auf Platz zwei der Album-Charts“ (германски). Media Control Charts. Архивирано од изворникот на 2010-04-16. Посетено на 2010-04-19.
- ↑ „Billboard Japan Hot 100“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. 2010-04-22. Посетено на 2010-04-23.
- ↑ „ZPAV Top5 Airplay 08.05. – 14.05.2010“. Polish Music Charts. 2010-05-17. Архивирано од изворникот на 2011-08-09. Посетено на 2010-05-17.
- ↑ „RADIO TOP100 Oficiální Slovak Republic“. International Federation of the Phonographic Industry. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 2010-04-04.
- ↑ 112,0 112,1 „Billboard – Lady Gaga feat. Beyonce – Telephone“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. 2010-04-26. Архивирано од изворникот на 2010-05-04. Посетено на 2010-04-27.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Gold and Platinum Certifications – Singles – 2010“. Ultratop. Hung Medien. Посетено на 2010-08-12.
- ↑ „Tracklisten Top 40 (Check Uge 11-2010)“ (дански). Hitlisten. Посетено на 2010-06-04.
- ↑ „Disque en France“ (француски). Архивирано од изворникот на 2012-04-13. Посетено на 2010-06-04.
- ↑ „Bundesverband Musikindustrie: Gold-/Platin-Datenbank“ (германски). Bundesverband Musikindustrie. 2011-01-12. Посетено на 2011-01-12.
- ↑ „Certificazioni Download FIMI“ (PDF). Federation of the Italian Music Industry. 2010-08-29. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-15. Посетено на 2010-09-07.
- ↑ „Digital sales certification in May 2010“. Recording Industry Association of Japan. 2010-06-20. Посетено на 2010-09-12.
- ↑ „Digital sales certification in August 2010“. Recording Industry Association of Japan. 2010-09-21. Посетено на 2010-09-22.
- ↑ „Latest Gold / Platinum Singles“. Radioscope. Архивирано од изворникот 2008-10-14. Посетено на 2010-08-11.
- ↑ „Promusicae SEMANA 25:del 05.07.2010 al 11.07.2010“ (PDF) (шпански). Архивирано (PDF) од изворникот 2011-07-20. Посетено на 2010-07-14.
- ↑ „Swiss Certifications – Awards 2009“. International Federation of the Phonographic Industry. Посетено на 2010-10-03.
- ↑ „ARIA Charts – End Of Year Charts – Top 100 Singles“. Australian Recording Industry Association. Посетено на 2011-01-11.
- ↑ „Jahreshitparade 2010“. Hitradio Ö3]] (германски). Hung Medien. Посетено на 2011-01-02. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ „Jaaroverzichten 2010 (Flanders)“ (холандски). Ultratop. Hung Medien. Посетено на 2010-12-26.
- ↑ „Rapports annuels 2010 - Singles“ (француски). Ultratop. Посетено на 26 December 2010.
- ↑ „2010 Year-End Canadian Hot 100 Songs“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. 2009-12-09. Архивирано од изворникот 2012-07-22. Посетено на 2010-12-09.
- ↑ „Track 2010 Top-50“. Tracklisten]] (дански). Nielsen Music Control. 2010. Архивирано од изворникот на 2011-01-22. Посетено на 2011-07-24. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ „2010 Dutch Year-end chart“ (холандски). MegaCharts. Hung Medien. Посетено на 2010-12-26.
- ↑ „2010 Year-End European Hot 100 Songs“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Архивирано од изворникот 2012-07-24. Посетено на 2010-12-09.
- ↑ „2010 Year-End German Charts“ (германски). Media Control Charts. Viva.tv. Посетено на 2011-01-07.
- ↑ „MAHASZ Rádiós TOP 100 2010“. Mahasz (унгарски). Посетено на 10 March 2011.
- ↑ „2010 Year-End Irish Charts“. IRMA. Посетено на 2011-01-26.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-01-21. Посетено на 2011-07-24.
- ↑ „2010 Year-End Japan Hot 100 Songs“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Архивирано од изворникот на 2010-12-11. Посетено на 2010-12-09.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Topul celor mai difuzate piese în România în 2010“ (романски). România Liberă]]. Архивирано од изворникот на 2011-01-22. Посетено на 21 January 2011.
- ↑ „2010 Spanish Year-end charts“ (PDF) (шпански). PROMUSICAE. 2010-12-29. Архивирано (PDF) од изворникот 2011-07-20. Посетено на 2011-01-31.
- ↑ „2010 Year End Swiss Singles Chart“. Swiss Music Charts. 2011. Посетено на 2011-01-12.
- ↑ „UK Year-End Charts 2010“ (PDF). The Official Charts Company. ChartsPlus. Архивирано (PDF) од изворникот 2011-05-17. Посетено на 2011-06-22.
- ↑ „2010 Year-End Hot 100 Songs“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Архивирано од изворникот 2012-07-24. Посетено на 2010-12-09.
- ↑ „2010 Year-End Hot Dance Club Songs“. Billboard. Prometheus Global Media. 2009-12-09. Посетено на 2010-12-09.
- ↑ „2010 Year-End Pop Songs“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 2010-12-09.
- ↑ „R&R :: Going For Adds :: CHR/Top 40“. Gfa.radioandrecords.com. 2010-01-26. Архивирано од изворникот на 2012-04-19. Посетено на 2010-03-27.
- ↑ „R&R :: Going For Adds :: Rhythmic“. Gfa.radioandrecords.com. 2010-01-26. Архивирано од изворникот на 2012-04-19. Посетено на 2010-03-27.
- ↑ „R&R :: Going For Adds :: Urban“. Gfa.radioandrecords.com. 2010-01-26. Архивирано од изворникот на 2012-04-19. Посетено на 2010-03-27.
- ↑ „R&R :: Going For Adds :: Hot AC“. Gfa.radioandrecords.com. 2010-01-26. Архивирано од изворникот на 2012-04-02. Посетено на 2010-03-27.
- ↑ „Telephone (feat. Beyoncé) – Single Lady GaGa – France digital release“. iTunes. 2010-02-15. Посетено на 2010-02-18.
- ↑ „Telephone (The Remixes) by Lady GaGa & Beyoncé“. iTunes. 2010-03-02. Посетено на 2010-04-07.
- ↑ „Telephone (The Remixes) by Lady GaGa & Beyoncé“. iTunes. 2010-03-02. Посетено на 2010-04-07.
- ↑ „Telephone (The Remixes) de Lady GaGa & Beyoncé“. iTunes. Посетено на 2010-04-07.
- ↑ „Telephone (The Remixes) by Lady GaGa & Beyoncé“. iTunes. 2010-03-02. Посетено на 2010-04-07.
- ↑ „Telephone (The Remixes) by Lady GaGa & Beyoncé“. iTunes. 1981-09-04. Посетено на 2010-04-07.
- ↑ „Telephone (The Remixes) von Lady GaGa & Beyoncé“. iTunes. 1981-09-04. Посетено на 2010-04-07.
- ↑ „Telephone (The DJ Remixes) by Lady GaGa & Beyoncé“. iTunes. 2010-03-02. Посетено на 2010-04-07.
- ↑ „Telephone (The Remixes) by Lady GaGa & Beyoncé“. iTunes. 2010-03-02. Посетено на 2010-04-07.
- ↑ „Telephone (The Remixes) van Lady GaGa & Beyoncé“. iTunes. 1981-09-04. Посетено на 2010-04-07.
- ↑ „Lady Gaga – Telephone (Feat Beyoncé) – CD Single“. HMV. Архивирано од изворникот на 2013-01-13. Посетено на 2010-02-13.
- ↑ „Lady Gaga – Telephone (Feat Beyoncé)-(2010)“. HMV. Посетено на 2010-02-13.
- ↑ „Lady Gaga – Telephone – (CD Single)“. Universal Music Germany. Архивирано од изворникот на 2011-06-28. Посетено на 2010-03-15.
- ↑ „Lady Gaga: Telephone French CD single“. Amazon.fr. Посетено на 2010-05-25.
- ↑ „French CD single“. Musique. FNAC.com. Посетено на 2010-03-25.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|
Статијата „Telephone (песна)“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии). |