Countdown (песна на Бијонсе Ноулс)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Countdown“
Песна од Бијонсе Ноулс од албумот 4
СнименМСР Студио
(Њујорк Сити)
ЖанрР&Б
Должина3:34
КуќаColumbia
ТекстThe-Dream, Ши Тејлор, Ноулс, Естер Дин, Кајнон Ламб, Џули Фрост, Мајкл Бивинс, Натан Морис, Ванја Морис
ПродуцентБ. Ноулс, Ш. Тејлор, Лемб
4 список на песни
„Love on Top“
(8)
"Countdown"
(9)
„End of Time“
(10)

Countdown“ е песна од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс за нејзиниот четврт студиски албум, 4 (2011). Напишана е од The-Dream, Ши Тејлор, Ноулс, Естер Дин, Кајнон Ламб, Џули Фрост, Мајкл Бивинс, Натан Морис, Ванја Морис, а продуцирана од Ноулс, Тејлор и Лемб. „Countdown“ е забрзана песна во која инструменти се дувачките инструменти и тапаните. Песната го презела пребројувањето од „Uhh Ahh“ изведена од Boyz II Men, а Ноулс додала дополнителен текст помеѓу броењето од десет до еден.

Следејќи го протекувањето на 4 на интернет, три недели пред официјалниот датум на издавање на албумот, „Countdown“ добила тешка ротација на радијата што имало влијание на нејзиното искачување на седумдесет и петтото место на табелата во САД, Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни. Ноулс ја кажала концепцијата на „Countdown“, изјавувајќи дека користела жанрови од 1990тите и 1970тите и нејзините искуства со турнеите, патувањата, гледањето на рок бендовите и присуствувањето на фестивали. Критичарите го пофалиле бметнувањето на песната во албумот од кои повеќето забележале дека тоа бил неопходен избор, за целиот албум да не доминита со балади. Критичарите дополнително ја споредиле песната со другите песни издадени од Ноулс, вклучувајќи ги „Check on It“ (2005), „Get Me Bodied“ (2007) и „Video Phone“.

Позадина[уреди | уреди извор]

Boyz II Men биле првите кои ги вклучиле Destiny's Child на нивните турнеи како отворачки акти.

„Countdown“ е напишана од The-Dream, Ши Тејлор, Ноулс, Естер Дин, Кајнон Ламб, Џули Фрост, Мајкл Бивинс, Натан Морис, Ванја Морис, а продуцирана од Ноулс, Тејлор и Лемб. Мајкл Бивинс, Натан Морис и Ванја Морис се кредитирани во песната поради примероците во кои има одбројување, а се преземени од „Uhh Ahh“, песна изведена од Boyz II Men.[1][2]

На 11 мај, 2011, Ноулс имала слушачка забава за албумот во Њујорк Сити на кои што им прикажала четири песни од албумот, меѓу кои била и „Countdown“.[3] Во прегледот на песната Ноулс коментирала, „[Џеј-Зи] ја сакаше. Мислам дека ја расчленувапе и размислуваше што може тој како рапер да направи за неа.“[3] На 7 јуни, 2011, „Party“ и „Countdown“ биле испратени на интернет.[4] По тоа следеле прекини од легалниот тим на Ноулс, кои ги натерале повеќето страници да ги тркнат линковите за спуштање на песните.[4]

„Countdown“ била искористена во рекламата за промовирањето на делукс изданието на 4, кое било ексклузивно продавано во Target.[5] На 16 јуни, 2011, дванаесет дена пред официјалното издавање на 4 во САД, Ноулс направила одбројување на нејзината вебстраница, така шро секој ден била прикажувана една песна од албумот, по нумерички распоред.[6][7] На 24 јуни, 2011, „Countdown“ била деветтата избрана песна, а под песната Ноулс го објаснила креативниот процес: „Ретко сакав да ги мешам 90тите и 70тите. Ги ставив заедно и беше многу интересно да се ставаат мостови во песните, сите работи кои ги сакам во музиката, сакав да ги слушнам повторно.“[8][7] Фотографијата земена за „Countdown“ во забелешките на албумот 4 била сликана од германскиот фотограф Елен вон Унверт.[9]

Успех на табелите[уреди | уреди извор]

Неделата на 2 јули, 2011, „Countdown“ се искачила на седумдесет и петтото место на табелата Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни на Билборд.[10]

Табела (2011) Највисока
позиција
САД Билборд Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни[11] 75

Кредити и личности[уреди | уреди извор]

Извор:[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Beyonce Samples Slick Rick and Doug E. Fresh on André 3000 Collaboration“. Rap-Up. June 4, 2011. конс. June 5, 2011. 
  2. „BMI | Repertoire Search – Uhh Ahh“. Broadcast Music Incorporated. конс. June 5, 2011. 
  3. 3,0 3,1 „Beyonce Previews 4, 'Run The World (Girls)' Video - Music, Celebrity, Artist News“. MTV. 2011-05-12. конс. 2011-06-23. 
  4. 4,0 4,1 „Beyoncé's '4' leaks online, three weeks before release“. LA Times. 2011-05-07. конс. 2011-06-23. 
  5. „BEYONCÉ RETURNS TO THE SPOTLIGHT IN TARGET COMMERCIAL [VIDEO]“. Rap-Up. 2011-06-23. конс. 2011-06-23. 
  6. „Beyonce’s Provocative Pose - Beyonce - Fox Nation“. Nation.foxnews.com. 2006-10-01. конс. 2011-06-24. 
  7. 7,0 7,1 „Countdown To Beyoncé's '4' | The Official Beyoncé Site“. Beyonceonline.com. конс. 2011-06-24. 
  8. http://beyonce.columbiarecords.com/countdown/pages/?id=9
  9. 9,0 9,1 „Credits“. BeyonceOnline.com. Архивирано од изворникот на June 25, 2011. 
  10. „Beyoncé Music News & Info“. Billboard.com. конс. 2011-06-24. 
  11. „Hot R&B/Hip-Hop Songs: Week Ending July 2, 2011“. Billboard. Prometheus Global Media. 2011-07-02. конс. 2011-06-25.