Прејди на содржината

Hair (песна на Лејди Гага)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Hair“
Промоционален сингл од Лејди Гага
од албумот Born This Way
Пуштенамај 16 2011 (2011-05-16)
ОбликДигитално спуштање
Снимена2010; Автобус, Европа
ЖанрЕлектро рок, сенс-поп
Должина5:08
МаркаStreamline, Interscope, Kon Live
ПеснописецСтефани Германота, Надир Кајат[1]
Продуцент(и)Лејди Гага, RedOne

Hair“ е песна од американската пејачка Лејди Гага, од нејзиниот втор студиски албум Born This Way (2011). Напишана и продуцирана од Гага и RedOne, „Hair“ била дигитално издадена ширум светот на 16 мај 2011, како единствениот промоционален сингл од албумот, како дел од „одбројувањето до издавањето на Born This Way“ на iTunes Store.[2] Ова се случило откако претходниот промоционален сингл, „The Edge of Glory“, бил издаден како трет сингл од албумот. Гага објаснила дека „Hair“ не била планирана за сингл, но може да биде издадена како таков ако има добри продажби на iTunes Store, како „The Edge of Glory“.

Според Гага, мелодијата на „Hair“ е слична на работата на метал бендовите Kiss и Iron Maiden, а има влијание и од Брус Спрингстин. Песната е забрзана клуб снимка инспирирана од искуствата на Гага како тинејџер, кога нејзините родители ѝ кажувале како да ја носи косата. Гага дознала дека единствениот начи да се ослободи бил преку нејзината коса и ја опишала како песна за слобода и можност за промена на работите. Текстот зборува за прифаќање на некој стил на коса како ултимативна експресија на слобода. „Hair“ била снимена додека Гага била на турнејата The Monster Ball во Европа. Песната содржи саксофонско соло изведено од саксофонистот Кларес Клејмонс, истакнат член на The E Street Band. Таа лично сакала Клејмонс да свири на саксофон во песната, што тој го направил така што го снимил својот дел во студио во Менхетен на полноќ, откако стигнал таму по неговиот пат од дома до Флорида.

„Hair“ била критички пофалена поради нејзината порака за самоослободување, индивидуализам и подобрување, иако некои почувствувале дека терминот коса за покажување на тие пораки не бил многу нов. „Hair“ се искачила на повеќето музички маркети, заземајќи го десеттото место во Нов Зеланд и Шкотска, додека во другите држави, песната навлегла само во првите дваесет вклучувајќи ја и американската Билборд Хот 100 табела. Гага ја изела песната на Добро Утро Америка како дел од нивните „Летни Концертни Серии“ и на Paul O'Grady Live во Обединетото Кралство.

Кредити и личности

[уреди | уреди извор]

Кредитите се земени од албумот Born This Way.[3]

Список на песни

[уреди | уреди извор]
  • Дигитално спуштање[4]
  1. „Hair“ – 5:08
  1. „Hair (Legal Title) – BMI Work #12871275“. Broadcast Music Incorporated. House of Gaga Publishing. Songs of RedOne. Sony/ATV Songs LLC. 2011. Архивирано од изворникот на 2016-01-13. Посетено на 2011-05-21.
  2. „iTunes Countdown to Lady Gaga's Born This Way Album Kicks Off Today With New Single "The Edge of Glory". PR Newswire. News Inc. 2011-05-12. Посетено на 2011-05-15.
  3. Germanotta, Stefanie (2011). Album notes for Born This Way by Lady Gaga, p. 4 [CD liner notes]. Manhattan, Newyork: Interscope Records (2771838).
  4. „Lady Gaga – Hair – Single“. iTunes. Посетено на 2011-05-18.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]