Born This Way

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Born This Way“
Студиски албум од Лејди Гага
Издаден23 мај, 2011
Снимен2010
ЖанрПоп, денс, електронска музика
Траење61:07 (Стандардна верзија)
Издавачка куќаStreamline, Interscope, Kon Live
ПродуцентДиџеј Снејк, Диџеј White Shadow, Фернандо Гарибеј, Лејди Гага, Роберт Џон „Мат“ Ланг, Џеп Лорсен, RedOne, Клинтон Спаркс
Лејди Гага — Хронологија
The Fame Monster
(2009)
Born This Way
(2011)
Born This Way: The Remix
(2011)
Издадени песни од Born This Way
  1. "Born This Way"
    Издадена: 11 февруари, 2011
  2. "Judas"
    Издадена: 15 април, 2011
  3. "The Edge of Glory"
    Издадена: 9 мај, 2011
  4. "Yoü and I"
    Издадена: 23 август, 2011
  5. "Marry the Night"
    Издадена: 15 ноември, 2011

Born This Way е вториот студиски албум на американската артистка Лејди Гага, издаден на 23 мај преку Interscope Records. Албумот е следбеник на претходните албуми The Fame (2008) и The Fame Monster (2009). Како ко-продуцент на речиси секоја песна на албумот, Гага соработувала со голем број продуценти, вклучувајќи ги RedOne и Фернандо Гарибеј, со кои работела и претходно, а и нови продуценти како Диџеј Snake, Диџеј White Shadow, Џеп Лорсен, Роберт Џон „Мат“ Ланг и Клинтон Спаркс. Исто така соработувала со артисти како саксофонистот на E Street Band Клеренс Клејмонс и гитаристот Брајан Меј од Queen на песни на албумот.

Музиката на Born This Way содржи синтпоп и денс-поп елементи кои биле присутни на нејзините претходни албуми. Покрај тоа, албумот исто така содржи различни инструментации кои не биле користени на нејзините претходни песни и албуми; електронски рок и техно се примери за тоа.[1] Исто така содржи поширок спектар на различни музички жанрови како опера, хеви метал, диско, хаус и рокенрол додека темите на песните вклучуваат сексуалност, религија, слобода, феминизам и индивидуализам. Покрај различни коментари од некои религиозни и конзервативни коментатори, албумот бил добро прифатен од страна на критичарите; различните музички стилови и вокалите на Гага биле предмет на пофалба. Сепак, други критичари забележале дека Гага премногу се трудела да им задоволи на сите слушатели на албумот со пораката за зајакнување на личноста. Неколку публикации го вклучиле албумот во нивните годишни списоци за најдобри албуми. Born This Way добил три номинации на Греми Наградите, вклучувајќи ја и третата последователна номинација на Гага за Албум на Годината.[2]

Born This Way се појавил на првите пет места на различни табели низ светот, вклучувајќи ја и табелата Билборд 200. Во САД, Born This Way продал 1.108 милиони копии во првата недела - тоа претставувало најголемиот број продажби во првата недела по издавањето на албумот во последните пет години; околу 440,000 копии биле продадени на страницата Амазон во само првите два денаа по издавањето со цена од 99 центи. Четири синглови од албумот – „Born This Way“, „Judas“, „The Edge of Glory“, и „Yoü and I“ – се искачиле меѓу првите десет места на Билборд Хот 100 и „Born This Way“ станала илјадитата песна која го достигнала првото место откако табелата за првпат се појавила во 1958 година.[3] Истоимената песна исто така била најбрзо продаван сингл во историјата на iTunes,[4] и промоционалниот сингл „Hair“ се појавил на табелите во шеснаесет држави.

Гага ги изведувала песните од албумот во различни прилики, вклучувајќи ги настапите на истакнати церемонии како 53тите Греми Награди и 2011 МТВ Видео Музички Награди, како и на други настани и телевизиски појавувања. За дополнителна промоција на албумот и неговите песни, Лејди Гага исто така ја започнала светската Born This Way Ball турнеја во април, 2012.

Позадина и снимање[уреди | уреди извор]

Abbey Road Studios, едно од студијата каде Гага го снимила албумот.

Во март 2010, Гага изјавила дека почнала да работи на нов албум, тврдејќи дека ги напишала повеќето од песните за претпоставениот албум.[5] Ви меѓувреме, продуцентот RedOne го опишал како „албумот за слобода“ на Гага[6] по што нејзиниот менаџер, Трој Картер, верувал дека јавната слека на пејачката ќе почне да се менува по издавањето на Born This Way.[6] Неколку месеци по изјавувањето за албумот, Гага тврдела дека завршила со пишувањето на песните за албумот: „Дојде многу брзо. Работев на него со месеци и се чувствувам уверена дека е завршен сега. На некои артисти им требаат години. Мене не. Јас пишувам музика секој ден.“[7] Во друго интервју, таа го прогласила албумот како „химна на генерацијата“ и додала, „Ја содржи најдобрата музика која ја имам напишано во мојот живот. Веќе го напишав првиот сингл од албумот и ви ветувам, овој албум е најдобар во мојата кариера.“[7][8]

Покрај сесиите на турнејските автобуси, снимачките сесии и постапки за албумот се случувале во Abbey Road Studios во Лондон, Англија, Studios 301 во Сиднеј, Австралија, Sing Sing Studios во Мелбурн, Австралија, Gang Studios во Париз, Франција, Livingroom Studios во Осло Норвешка, Allerton Hill во Британија, Warehouse Productions Studio во Омаха, Небраска, Studio at the Palms во Лас Вегас, Невада Officine Meccaniche во Милан, Италија, Miami Beach Recording Studio во Мајами, Флорида, и Germano Studios во Њујорк Сити.[9] Брајан Меј, гитарист во бендот Queen и Клеренс Клејмонс, поранешен член на E Street Band, работеле со Гага на албумот.[10][11]

Пишување и композиција[уреди | уреди извор]

Влијанија и теми[уреди | уреди извор]

Големи влијанија на Born This Way
Витни Хјустон влијаела на Гага во песните како „Marry the Night“ и „Fashion of His Love“.
Брус Спрингстин има истакнато влијание на албумот кое е најприметливо во песните како „Hair“ и „The Edge of Glory“.
Влијанија кои произлегуваат од Мадона може да се слушнат на песните од албумот, посебно во песните „Born This Way“ и „Scheiße“.

Според музичката композиција, Born This Way се смета има значајна промена од претходните албуми на Гага.[12] Вклучува поширок број на музички жанрови како опера,[13] хеви метал,[14] рокенрол,[15] Еуропоп,[16] New Wave,[17] маријачи,[18] електро-индустријал,[19][20] диско,[21][22] и хаус како и голем број различни иструменти и музички стилови. Пример за ова е инструментот орган кој може да биде слушнат во завршниот дел на „Born This Way“,[23] машки вокален хор инспириран од Грегоријанска миса во „Bloody Mary“,[13] гитари и виолини во „Americano“,[24] и електрични гитари во „Bad Kids“.[24] Песните „Hair“ и „The Edge of Glory“ се разликуваат од остатокот на албумот; содржат саксофонска изведба од Клеренс Клејмонс, член на E Street Band.[11] Во некои интервјуа, Гага изјавила дека најмногу била инспирирана од Мадона,[25] Витни Хјустон,[14][25][26] и Брус Спрингстин[14][22][26][27] како и поголеми музички влијанија од Iron Maiden,[14] Kiss,[14] Queen,[10] TLC,[25] Пет Бенатар,[28] и En Vogue.[25]

Албумот најмногу содржи брзи денс песни, опишани како „химни со силни денс битови.“[29] Неколку месеци пред издавањето на Born This Way, Гага ја опишала новата музика како „нешто многу подлабоко од перика или кармин или фустан од месо“ и откако го слушнал албумот во целост, Акон забележал дека ќе ја пренесе музиката на „следен левел.“[30] Албумот содржи наводи кон некои религиски фигури во Христијанството, како Јуда Искариотски, Марија Магдалена и Исус од Назарет.[31] Некои песни од албумот содржат наводи кон голем број социјални теми, како Законот за имиграција во Аризона.[18] Пораките за сексуалност и феминизам се најзабележливите компоненти на Born This Way.[13][16][18] Други теми кои се вклучени во албумот се индивидуализам, еднаквост и слобода.[32]

Музика и текст[уреди | уреди извор]

„[Албумот] е како Витни, но замислете ако Брус Спрингстин имаше бебе со Витни Хјустон – така е... И тоа беше тоа! Направивме дете. Конечно. После сето тоа блудство мизерно долго и мачно, Фернандо и јас го зачнавме.“

Лејди Гага, за „Marry the Night“[26]

Албумот започнува со „Marry the Night“, песна напишана со почит кон Њујорк Сити.[33] Претставува денс-поп песна која содржи црковни ѕвона,[34] огромен four on the floor хаус бит,[35] фанк рок-инспириран дел,[36] како и елементи од диско, техно, фанк и Hi-NRG музика.[16][37][38] Звукот на песната бил спореден со хер метал артистите од 1980-тите artists, вклучувајќи ги Бон Џови, Пет Бенатар и Бони Тајлер.[36] Следната, „Born This Way“ е за тоа како секој човек е еднаков, без разлика на бојата на кожата или сексуалната ориентација и како секоја личност може да го исполни својот сон. Песната била споредена со „Express Yourself“ и содржи Еуродиско битови.[39] Третата песна на албумот, „Government Hooker“, содржи елементи на опера музика,[13] и денс мелодија која потсетува на техно, транс, индустријал и пост-диско,[21][22][40][41] како и хип хоп-инспириран бит.[41] Песната била споредена со работата на германскиот електронски бенд Kraftwerk.[40]

Четвртата песна е „Judas“, за која Гага потврдила дека е инспирирана од Библиската личност Јуда Искариотски.

Песни во албумот[уреди | уреди извор]

Стандардно издание
Бр. НасловТекстописциПродуцент(и) Траење
1. Marry the Night“  Лејди Гага, Фернандо ГарибејЛејди Гага, Гарибеј 4:25
2. Born This Way“  Лејди Гага, Џеп ЛорсенЛејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow 4:20
3. „Government Hooker“  Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White ShadowЛејди Гага, Диџеј White Shadow, Гарибеј*, Диџеј Снејк* 4:14
4. Judas“  Лејди Гага, RedOneЛејди Гага, RedOne 4:09
5. „Americano“  Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow, Чече АлараЛејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow 4:07
6. „Hair“  Лејди Гага, RedOneЛејди Гага, RedOne 5:08
7. „Scheiße“  Лејди Гага, RedOneЛејди Гага, RedOne 3:46
8. „Bloody Mary“  Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White ShadowЛејди Гага, Диџеј White Shadow, Гарибеј*, Клинтон Спаркс* 4:05
9. „Bad Kids“  Лејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White ShadowЛејди Гага, Лорсен, Гарибеј, Диџеј White Shadow 3:51
10. „Highway Unicorn (Road to Love)“  Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White ShadowЛејди Гага, Гарибеј, Диџеј White Shadow 4:16
11. „Heavy Metal Lover“  Лејди Гага, ГарибејЛејди Гага, Гарибеј 4:13
12. „Electric Chapel“  Лејди Гага, Диџеј White ShadowЛејди Гага, Диџеј White Shadow 4:12
13. Yoü and I“  Лејди ГагаРоберт Џон „Мат“ Ланг 5:07
14. The Edge of Glory“  Лејди Гага, Гарибеј, Диџеј White ShadowЛејди Гага, Гарибеј 5:21
Вк. траење:
61:07

Специјално издание[уреди | уреди извор]

Забелешки

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Perpetua, Matthew (2011-03-23). „Lady Gaga Says She Loves Bruce Springsteen, Won't Do Reality TV“. Rolling Stone. конс. 2012-02-06. 
  2. Grein, Paul (2011-12-01). „Grammy Snubs and Surprises“. Yahoo! Music. Yahoo!. конс. 2011-12-04. 
  3. Trust, Gary (2011-02-16). „Lady Gaga Claims 1,000th Hot 100 No. 1 with 'Born This Way'. Billboard. конс. 2012-07-28. 
  4. Kaufman, Gil (2011-02-18). „Lady Gaga's 'Born This Way' is the Fastest-Selling Single In iTunes History – Music, Celebrity, Artist News“. MTV. MTV Networks. конс. 2011-12-05. 
  5. Montogomery, James (2010-03-26). „Lady GaGa: "My Next Album Will Be My Best Yet". MTV. MTV Networks. конс. 2010-04-19. 
  6. 6,0 6,1 Vena, Jocelyn (November 15, 2010). „Lady Gaga's Born This Way Is 'Incredible,' Manager Says“. MTV. MTV Networks. конс. 2011-01-15. 
  7. 7,0 7,1 Michaels, Sean. „Lady Gaga's new album 'finished'“, „The Guardian“, Guardian News and Media, 23 јуни 2010 (посет. 23 јуни 2010 г).
  8. Dinh, James (2010-06-01). „Lady Gaga Wants Next Album To Be Her 'Iconic Moment'. MTV. MTV Networks. конс. 2011-07-24. 
  9. (2011) Album notes for Born This Way by Lady Gaga [CD booklet]. Interscope Records.
  10. 10,0 10,1 Kaufman, Gil (2011-04-18). „Lady Gaga Reveals Surreal Born This Way Cover“. MTV. MTV Networks. конс. 2011-05-10. 
  11. 11,0 11,1 Andy Greene (2011-02-18). „Exclusive: How E Street Band Saxophonist Clarence Clemons Ended Up on Lady Gaga's New Album“. Rolling Stone. Wenner Media. конс. 2011-05-14. 
  12. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име nme.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 Manson, Kerri (2011-05-23). „Lady Gaga 'Born This Way': Track-By-Track Review“. Billboard. Prometheus Global Media. конс. 2011-07-04. 
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 Turner, Sadao (2011-02-15). „Lady Gaga: Whitney Houston Was My Vocal Idol Growing Up“. On Air with Ryan Seacrest. KIIS-FM. конс. 2011-05-15. 
  15. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име YOUandI.
  16. 16,0 16,1 16,2 McCormick, Neil (2011-05-19). „Lady Gaga's Born This Way: track-by-track review“. The Daily Telegraph. London: Telegraph Media Group. конс. 2011-08-04. 
  17. „Lady Gaga, 'Born This Way (Deluxe Edition)' – Album Review“. PopCrush. 2011-05-24. конс. 2011-09-19. 
  18. 18,0 18,1 18,2 Shetler, Scott (2011-05-21). „Lady Gaga, 'Americano' – Song Review“. PopCrush. конс. 2011-07-16. 
  19. Amy Sciarretto (2011-05-19). „Lady Gaga Releases "Heavy Metal Lover". Artistdirect. конс. 2011-08-21. 
  20. „Fans gaga for 'Born This Way'. The News Record – University of Cincinnati. 2011-05-24. конс. 2011-08-20. 
  21. 21,0 21,1 Martin, Dan (2011-05-18). „Lady Gaga, 'Born This Way' – Track-By-Track Album Review“. NME. London: IPC Media. конс. 2011-08-04. 
  22. 22,0 22,1 22,2 Rosen, Jody (2011-05-18). „Lady Gaga's 'Born This Way': A Track-by-Track Breakdown“. Rolling Stone. Wenner Media. конс. 2011-08-04. 
  23. Vena, Jocelyn (2011-02-11). „Lady Gaga's 'Born This Way' Premieres“. MTV. MTV Networks. конс. 2011-07-16. 
  24. 24,0 24,1 „Lady Gaga, 'Born This Way' – Track-By-Track Album Review“. NME. London. 2009-12-09. конс. 2011-08-20. 
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 Werde, Bill (2011-04-18). „Lady Gaga 'Born This Way' Cover Story“. Billboard. Prometheus Global Media. стр. 4. конс. 2011-04-20. 
  26. 26,0 26,1 26,2 „Lady Gaga 'Started To Cry' When She First Heard 'Marry The Night'. MTV. MTV Networks. 2011-05-27. конс. 2011-07-15. 
  27. Vena, Jocelyn (2011-05-13). „Lady Gaga's 'Edge Of Glory' Is A 'Bold Move,' Co-Producer Says“. MTV Networks. конс. 2011-08-04. 
  28. Vena, Jocelyn (2011-05-15). „Lady Gaga To Release New Born This Way Single 'Hair'. MTV. MTV Networks. конс. 2011-05-17. 
  29. Dinh, James (2010-11-09). „Lady Gaga Says Born This Way Will Be 'Greatest Album Of This Decade'. MTV. MTV Networks. конс. 2010-11-30. 
  30. Vena, Jocelyn (2010-11-18). „Lady Gaga's Born This Way Will 'Grab All The Monsters,' Akon Says“. MTV. MTV Networks. конс. 2010-12-02. 
  31. Vena, Jocelyn (2011-04-07). „Lady Gaga's 'Judas' Video Is 'Groundbreaking,' Laurieann Gibson Says“. MTV. MTV Networks. конс. 2011-04-09. 
  32. Lady Gaga – Graham Norton 5†13†11. Graham Norton. BBC Online, London. 2011-05-13. Event occurs at 15:12.
  33. „Lady Gaga: Inside The Outside“. MTV. MTV Networks. конс. 2011-08-04. 
  34. „Lady Gaga 'Started To Cry' When She First Heard 'Marry The Night' – Music, Celebrity, Artist News“. MTV. MTV Networks. 2011-05-27. конс. 2011-10-08. 
  35. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име SpinReview.
  36. 36,0 36,1 By Jody Rosen (2011-05-18). „Lady Gaga's 'Born This Way': A Track-by-Track Breakdown | Music News“. Rolling Stone. Wenner Media. конс. 2011-10-08. 
  37. Kitty Empire. „Lady Gaga: Born This Way – review | Music &#124“, 21 мај 2011 (посет. 8 октомври 2011 г).
  38. Herrera, Monica (2011-05-17). „Lady Gaga's 'Marry the Night' Premieres on FarmVille Game Spin-Off“. Billboard. Prometheus Global Media. конс. 2011-08-04. 
  39. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име rsrw.
  40. 40,0 40,1 Roberts, Randall. „Album review: Lady Gaga's 'Born This Way'“, „Los Angeles Times“, Gannett Company, 20 мај 2011 (посет. 23 мај 2011 г).
  41. 41,0 41,1 Vena, Jocelyn (2011-03-02). „Lady Gaga's 'Government Hooker' Makes Fashion-Show Debut“. MTV. MTV Networks. конс. 2011-08-04. 
  42. „Country Road Version of "Born This Way" Released to Benefit Charity“. ladygaga.com. 2011-04-05. конс. 2011-12-04.