Убиј го Бил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Убиј го Бил: Изд. 1“
Kill bill vol one ver.jpg
Постерот за првото издание
Режисер Квентин Тарантино
Продуцент Лоренс Бендер
Сценарист Ума Турман
Квентин Тарантино
Настапуваат Ума Турман
Луси Лу
Дерил Хана
Дејвид Карадин
Вивика А. Фокс
Мајкл Медсен
Џули Дрејфус
Музика Риза
Кинематографија Роберт Ричардсон
Монтажа Сали Менк
Дистрибутер Мирамакс
Премиера 10 октомври, 2003
Времетраење 111 минути
Држава САД
Јазик англиски
јапонски
француски
Буџет 30 милиони $[1]
Бруто заработка $180.949.045
Следен Убиј го Бил: Изд. 2
„Убиј го Бил: Изд. 2“
Kill bill vol two ver.jpg
Постерот за второто издание
Режисер Квентин Тарантино
Продуцент Лоренс Бендер
Сценарист Квентин Тарантино
Настапуваат Ума Турман
Дејвид Карадин
Дерил Хана
Мајкл Медсен
Луси Лу
Мајкл Паркс
Музика Роберт Родригез
Кинематографија Роберт Ричардсон
Монтажа Сали Менк
Дистрибутер Мирамакс
Премиера 16 април, 2004
Времетраење 136 минути
Држава САД
Јазик англиски
кантонски
мандарински
шпански
Буџет 30 милиони $[2]
Бруто заработка $152.159.461
Претходен Убиј го Бил: Изд. 1

Убиј го Бил (англиски: Kill Bill) е четвртиот филм на сценаристот-режисер Квентин Тарантино. Оригинално замислен како еден филм, тој бил издаден како два посебни дела во есента 2003 и во пролетта 2004 поради времетраењето од приближно четири часа. Филмот претставува драма за одмазда со епички размери, базиран на поранешни филмски жанрови како што се хонгконшките боречки филмови, јапонските самурајски филмови и италијанските шпагети вестерни. Филмот е исполнет со популарна музика, постојани наводи на поп-културата и намерно прекумерно насилство.

Приказна[уреди | уреди извор]

Убиј го Бил е една приказна, поделена во две изданија со по пет „подглавија“ во секое, презентирани преку нелинеарен стил, што е карактеристично за филмовите на режисерот Тарантино.

Прво издание[уреди | уреди извор]

Во Ел Пасо, Тексас, се случува масакр изведен од страна на Смртоносниот Вајпер Атентаторски Тим и е ранета Невестата. Таа се обидува да му каже на лидерот на овој тим, Бил, дека е бремена, но тој ја пука во глава. Набрзо доаѓа полицијата и го истражува масакрот, Шерифот ја мисли Невестата за мртва, но дознава дека е жива. Невестата завршува во болница и останува во кома, а за тоа време Бил испраќа еден атентарор, Еле Драјвер, да ја убие Невестата со смртоносна инекција, но Бил одлучува да ја прекине мисија, бидејќи смета дека е нечесно да се убие Невестата кога таа не може да се брани. Поминуваат четири години и Невестата се разбудува од својата кома, за нејзино изненадување, таа не е повеќе бремена. Таа е принудена да убие еден болнички работник кој ја силувал додека таа била во кома и го украдува неговиот камион и набрзо се опоравува. Таа има план да се одмазди на Бил и неговиот атентаторски тим. Отпрвин оди во домот на еден поранешен атентатор, Вернита Грин, и ја напаѓа, започнувајќи една брутална тепачка. Нивната тепачка е прекината од страна на младата ќерка на Вернита, Ники. Двете одат да разговараат насамо, но Вернита се обидува да ја убие Невестата и Невестата е принудена да ја убие Вернита, Ники е сведок на убиството. Невестата потоа прави листа на членовите на Смртоносниот Вајпер Атентаторски Тим кои треба да ги убие и одлучува првин да ја убие О-Рен Иши, која ја води јакузата во Токио. Невестата е принудена да патува во Окинава, Јапонија, за да земе меч од легендариниот Хатори Ханзо, кој се заколнал дека нема повторно да направи меч, но откако Невестата му кажува дека сака да го убие Бил, тој оди преку својата заклетва и прави меч за Невестата. Невестата, подготвена со мечот на Хатори Ханзо, оди во еден ресторан во Токио за конечно да се соочи со О-Рен Иши, но прво се соочува со нејзината армија Лудите 88 и издвојува победа. Таа потоа конечно се соочува со О-Рен Иши во Јапонската градина на ресторанот и повторно издвојува победа, убивајќи ја О-Рен Иши. Невестата потоа ја зема асистентката, Софи Фатале, и добива информации за Бил со помош на тортура и ја остава жива. Филмот завршува со посетата на Бил во болница кај Софи, кој ја прашува за невестата и едно од поважните прашања е тоа дали Невестата знае дека нејзината ќерка е жива.

Второ издание[уреди | уреди извор]

Невестата решава да се соочи со третиот член на атентаторскиот тим на Бил, братот на Бил, Буд. Таа оди во неговата приколката, но Буд беше спремен и ја застрела со пушка полна со камен од сол. Тој зборувал со Бил за Невестата и бил предупреден дека Невестата ќе дојде да го убие. Буд го здогледува мечот на Невестата и му се јавува на Еле Драјвер, планирајќи да го продаде мечот за еден милион долари. Тој потоа ја онесвестува Невестата и ја затвора во ковчег, закопувајќи ја жива во гробиштата. Години порано, Бил ја однесол Невестата кај легендарниот господар за боречки вештини, Паи Меи, за да може да ги унапреди своите боречки вештини и Бил му кажува на Невестата за посебната техника на Паи Меи, удар кој може да предизвика срцето да експлодира. Така, Невестата искористува една техника на Паи Меи со која се ослободува од ковчегот и излегува на површина. Еле Драјвер одлучува да го убие Буд и тоа и го сторува, таа скрива црна мамба во куферот полн со пари и Буд полека умира од отровот на змијата. Таа му ѕвони на Бил и му кажува дека Невестата го убила Буд, а таа дека ја убила Невестата. Ама Невестата, која всушност се вика Беатрикс Кидо, извршува заседа на Еле и тие влегуваат во брутална тепачка. Еле му открива на Беатрикс дека и таа била ученичка на Паи Меи и дека го отрула како одмазда дека ѝ го извадил окото кога таа го навредила. Како за одмазда, Беатрикс ѝ го вади и преостанатото око и ја остава во приколката на своја судбина. Беатрикс го наоѓа Бил со помош на еден познаник и дознава дека нејзината ќерка Б.Б е сеуште жива. Таа ги наоѓа двата во еден хотел и ја поминува вечерта со нив. Ама, откако Бил ја става Б.Б во кревет, тој и Беатрикс имаат сериозен разговор. Беатрикс му ја кажува на Бил причината поради која таа го напуштила неговиот атентаторски тим, додека Бил му ја кажува причината поради кој тој го наредил нејзиното убиство. Беатрикс и Бил набрзо влегуваат во кратка мечовска борба каде Беатрикс го удира Бил со посебната техника на Паи Меи и на тој начин издвојува победа. Откога Бил прави пет чекори, тој паѓа и умира. Беатрикс одлучува да води нормален живот со Б.Б.

Улоги[уреди | уреди извор]

Прво издание

Второ издание

Наводи[уреди | уреди извор]