Џеки Браун (филм)
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Џеки Браун | |
|---|---|
![]() | |
| Режисер | Квентин Тарантино |
| Продуцент | Лоренс Бендер |
| Сценарист | роман: Елмор Леонард сценарио: Квентин Тарантино |
| Главни улоги | Пем Гриер Семјуел Л. Џексон Роберт Форстер Роберт Де Ниро Мајкл Китон Бриџит Фонда Мајкл Боувн Крис Такер |
| Монтажа | Сели Менке |
| Дистрибутер | Miramax Films |
| Премиера | 25 декември, 1997 |
| Времетраење | 154 мин. |
| Земја | САД |
| Јазик | англиски |
| Буџет | $12,000,000 |
Џеки Браун — крими-филм од 1997 година напишан и режиран од Квентин Тарантино.
Сценариото е напишано според романот Рум пунч на американскиот романописец Елмор Леонард. Иако Тарантино има направено значајни промени во приказната и ликовите, филмот сепак позајмува значаен дел од содржината на романот. Пем Гриер ја толкува Џеки Браун, средовечна стјуардеса која е придобиена од агентот Реј Николете (Мајкл Китон) за да помогне да се фатат Ордел Роби (Семјуел Л. Џексон) и неговите соработници кои криумчарат оружје.
Во стилот на Тарантино, филмот изобилува со насилство и профаности иако голем дел од насилството не се гледа на екранот. Треба да се забележи ангажманот на Пем Гриер и Роберт Форстер, глумечки ветерани на кои овој филм им помогнал да ги ревитализираат своите кариери. Роберт Де Ниро и Мајкл Китон иако биле ѕвезди добиле споредни улоги. Филмот, во некоја мерка е омаж на „блексплоатациски“ филмови од минатото, каде Гриер често глумела. Музиката на филмот исто така потсетува на тој жанр. Филмот бил прифатен од критиката, каде Форстер заработил номинација за „Оскар“, а Џексон и Гриер биле номинирани за „Златен глобус“.
Plot
[уреди | уреди извор]Поставен во Лос Анџелес во 1995 година, Џеки Браун (Пем Гриер) е стјуардеса во мала мексиканска авио компанија, последниот пад во нејзината кариера во авионската индустрија. Покрај ниската плата, нејзината работа и овозможува да криумчари пари од Мексико во САД за Ордел Роби (Семјуел Л. Џексон), шверцер на оружје под присмотра на полицијата.
