Run the World (Girls)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Run the World (Girls)“
Run the World (Girls) cover.jpg
Сингл од Бијонсе
од албумот 4
Издаден 21 април, 2011
Текстописец Териус Неш, Бијонсе Ноулс, Ник ван Де Вак, Весли Пентз, Девид Тејлор, Адиџа Палмер
Формат ЦД сингл, музичко спуштање, макси сингл, 12" сингл
Жанр Р&Б, поп
Должина 3:56 (Сингл верзија)
4:44 (Албум верзија)
Издавачка куќа Columbia
Продуцент Switch, Бијонсе Ноулс, Ши Тејлор
Хронологија на синглови на Бијонсе
Telephone
(2010)
Run the World (Girls)
(2011)

Run the World (Girls)“ е песна од американската пејачка Бијонсе Ноулс. Песната за „женско подобрување“ е напишанана од Териус „The-Dream“ Неш, Ноулс, Ник „Афроџак“ ван де Вал, Весли „Дипло“ Пентз, Дејвид „Свич“ Тејлор, и Адиџа Палмер, а продукцијата е направена од Свич, Ноулс и Ши Тејлор. Шпекулирана дека ќе биде издадена како „Girls (Who Run the World)“, неуредено демо од песната било испратено на интернет на 18 април, 2011. „Run the World (Girls)“ подоцна била официјално издадена на 21 април, 2011 како водечки сингл од четвртиот студиски албум на Ноулс, 4. Песната во голема мерка зема примероци од „Pon de Floor“ од Мејор Лазер, следејќи ги истите хип-хоп-денсхал жанрови, помеани со поп и Р&Б звуци од Ноулс. Насловот и текстот на песната содржат агресивна порака за женското подобрување.

„Run the World (Girls)“ ги поделила мислењата на критичарите, од кои повеќето го пофалиле примерокот на песната и агресивноста на Ноулс, додека други ја критикувале музичката насока на песната. Неколку критичари ја споредиле песната со други песни на Ноулс во кои се работи за женско подобрување како „Independent Women“ (2000), „Single Ladies (Put a Ring on It)“ (2008), и „Diva“ (2009), изјавувајќи дека „Run the World (Girls)“ зема поголем и поагресивeн пристап кон женското подобрување.

Музичкото видео за синглот било режирано од Франсис Лоренс и било снимено во Калифорнија за три дена. Дел од видеото било откриено од Ноулс на нејзината официјална страница, каде било наречено „B Revolution“. Во интервју со MTV Вести, режисерот Франсис Лоренс го опишал музичкото видео како „едно од најголемите музички видеа кои Бијонсе ги има направено,“ споредувајќи го со музичкото видео за „Bad Romance“ од Лејди Гага (2009).

Позадина[уреди | уреди извор]

Во интервју со The Capital FM Network во почетокот на март, 2011, Ши Тејлор потврдил дека „првиот сингл е голем и премиерата ќе биде кон крајот на април“.[1] „Run the World“ била напишана од Ноулс и Териус Неш и била продуцирана од Ноулс, Свич и Тејлор.[2] Дипло исто така придонел во продукцијата на песната иако не бил кредитиран на песната.[3] Прво имало гласини дека песната ќе биде насловена „Girls (Who Run the World)“.[3] На 14 април, 2011, два дела од песната биле пратени на интернет на интернет[4][5] додека незавршено демо од „Run the World (Girls)“ било испратено онлајн на 18 април, 2011.[6]

Откако била наградена со Милениумска Награда од Билборд во почетокот на мај, 2011 за нејзините успеси во кариерата и влијането во музичката индустрија, Ноулс имала интервју со месечноиот магазин во кој зборувала за нејзината соло кариера и за новиот четврт албум. Кога ја прашале за храброста на „Run the World“, Ноулс рекла:

Дефинитивно е поризично отколку нешто... едноставно. Јас само ја слушнав песната и ми се допадна што беше толку поразлична: изгледаше малку африкански, малку електронски и футуристички. Ме потсети што сакам, а тоа е да мепам различни култури и периоди — работи кои обично не одат заедно — за да создадам нов звук. Никогаш не можам да бидам безбедна; секогаш пробувам да одам против. Само што ќе постигнам една работа, поставувам повисока цел. Така јас сиггнав до тоа што сум сега. - Бијонсе Ноулс[7]

Издавање[уреди | уреди извор]

Поради деловите испратени на интернет, издавањето на „Run the World (Girls)“ било нарушено.[2][8] Премиерно било прикажано на радијата во САД на 21 април, 2011 во 8:00 EST, а моежло дигитално да се спушти ширум светот преку iTunes Store истиот ден.[2] Според некои репортери, синглот протекол на iTunes бесплатно неколку часа пред неговото одицијално издавање. Кратко било овозможено да се спушти бесплатно преку подкаст сервисот Concrete Loop.[9] „Run the World (Girls)“ бил прикажан на мејснтрим радијата како и на урбаните радија на 26 април, 2011.[10][11]Според MTV Вести, „Run the World (Girls)“ бил добро прифатен од фановите на Ноулс на Твитер.[12]

Омот[уреди | уреди извор]

Омотот за „Run the World (Girls)“ бил издаден на 20 април, 2011, денот пред официјалното издавање на песната. На омотот Ноулс зафаќа поза стоејќи на песокот. Со нејзината тупаница во воздухот, Ноулс носи жолт Емилио Пучи фустан и црни чизми.[2] Лос Анџелес Тајмс кажале дека сликата покажува „пост-апокалиптична воена зона, со златни шаки и држејчи црвени знамиња со црно 'Б'.“[13] Омотот е сликан на 14 април, 2011.[14]

Треј Хова од Vibe го пофалил омотот на синглот, изјавувајчи дека Ноулс изгледа „блескава како пекол“ на омотот и дополнително додал дека „Никој не се жали за Беј сезоната овде.“[15] Слично, Елеанор Јанг од Marie Claire го опишал омотот како „пискав“.[16] Реј Роџерс од Билборд изјавил дека Ноулс „јасно ја објавува својата порака за женско подобрување“ кога ја крева својата стисната рака на омотот.[7] Од друга страна, Беки Бејн од Идолатор му дала лоши оценки на синглот, опишувајќи го како „доволно разочарувачки“.[17] Таа изјавила дека со „балистички“ песни како „Run the World (Girls)“, таа очекувала нешто повеќе отколку само снимање на телото на Ноулс и го критикувала омотот поради тоа што не е разбирливо каде е локацијата на сликата; таа напишала, „Каде по ѓаволите е таа? Под автопат? На плажа?“. Сепак, Бејн ја пофалила Ноулс за изборот на високи потпетици како „сериозен бизнис“.[17]

Композиција[уреди | уреди извор]

„Run the World“ е Р&Б[18] и поп песна.[19] Џоклин Вена од MTV Вести ја нарекла „клуб песна“[20] како и песна за „женско подобрување/женски тип на песна“,[21] како повеќето од претходните синглови на Ноулс, вклучувајќи ги „Independent Women“ (2000) со Destiny's Child и „Single Ladies (Put a Ring on It)“ (2008).[22][23] Ши Тејлор рекол дека песната користи повеќе од поп жанрот отколку Р&Б и слична е со првобитната работа на Мајкл Џексон.[24] „Run the World (Girls)“ користи денсхал влијанија[25] како традиција на „Get Me Bodied“ (2007).[26] „Високо-енергетската“ песна содржи го-го елементи[27] и има војнички ритам кој претставува примерок од „Pon de Floor“ од Мајор Лазер и Вибз Картел.[6][28] Содржи тежок синтисајзер и војнички тапански ритам под гласните вокали на Ноулс.[19] Остри африкански ударни инструменти се застапени во песната со интензивна тапани во стил на бенд.[29][30] Неколку музички критичари како Кети Меккеб од The Daily Telegraph ја поврзала „Run the World“ со „Single Ladies“ и „Diva“ (2009).[31] Дополнително Џонстон Брејхан од The Village Voice ја споредил песната со скандирања во училишниот двот, поради „навивачките удари“ и повторувањето на зборот „Girls“.[32]

Формати и списоци на песни[уреди | уреди извор]

  • Дигитално спуштање[33]
  1. „Run the World (Girls)“ (Сингл Верзија) – 3:55
  • German CD single[34]
  1. „Run the World (Girls)“ (Сингл Верзија) – 3:55
  2. „Run the World (Girls)“ (Ремикс од Jochen Simms Club) – 6:16

Историја на издавање[уреди | уреди извор]

Држава Датум Формат
Ширум светот 21 април, 2011 Дигитално спуштање[2]
Австралија Современо хит радио[35]
САД 26 април, 2011 Contemporary hit radio[10]
Урбано радио[11]
Урбано возрасно современо радио[11]
Обединето Кралство 1 јуни, 2011 Современо хит радио[36]
3 јуни, 2011 Урбано радио[37]
Германија 10 јуни, 2011 ЦД сингл[34]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Beyonce to release new single?“. The Capital FM Network. Global Radio. конс. April 11, 2011. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Dinh, Jame (April 21, 2011). „Beyonce's 'Run The World (Girls)' To Hit Radio, iTunes Thursday“. MTV News. MTV Networks. конс. April 21, 2011. 
  3. 3,0 3,1 Lipshutz, Jason (April 20, 2011). „Beyonce's 'Run the World (Girls)' Single to Hit iTunes Tomorrow“. Billboard. New York: Prometheus Global Media. конс. April 20, 2011. 
  4. „Snippet of Beyonce's New Single Hits the Net“. Rap-Up. Devin Lazerine. April 14, 2011. конс. April 15, 2011. 
  5. Ramirez, Erika (April 14, 2011). „Listen: Beyoncé Single Snippet Leaks?“. Billboard. Prometheus Global Media. конс. April 15, 2011. 
  6. 6,0 6,1 „Beyonce Drops Official Version Of 'Run The World (Girls)'. Rap-Up. Devin Lazerine. April 18, 2011. конс. April 19, 2011. 
  7. 7,0 7,1 Trust, Gary. „Beyoncé: The Billboard Music Awards Q&A“, „Billboard“, Prometheus Global Media, 11 мај 2011 (посет. 11 мај 2011 г).
  8. „Beyonce's "sassy" comeback single gains buzz“. Yahoo! News. Yahoo!. April 23, 2011. конс. April 23, 2011. 
  9. Copsey, Robert (April 21, 2011). „Beyonce's 'Girls' leaks on iTunes for free“. Digital Spy. Hachette Filipacchi Medias. конс. April 24, 2011. 
  10. 10,0 10,1 „Top 40/M Future Releases“. All Access Music Group. Архивирано од изворникот на April 22, 2011. конс. April 22, 2011. 
  11. 11,0 11,1 11,2 „Urban/UAC Future Releases“. All Access Music Group. Архивирано од изворникот на April 22, 2011. конс. April 22, 2011. 
  12. „Beyonce Crafts Another Female Anthem, Fans React“. MTV Rapfix. MTV Networks. April 19, 2011. конс. April 21, 2011. 
  13. „Beyonce Cover Art - Run This World (Girls)“. MTV News. MTV Networks. April 21, 2011. 
  14. „Beyoncé Shines Bright on Day 3 of Video Shoot“. Rap-Up. Devin Lazerine. April 15, 2011. конс. April 15, 2011. 
  15. Hova, Tray (April 20, 2011). „Peep This: Beyoncé's Single Art For 'Run The World (Girls)'. Vibe. InterMedia Partners. конс. April 21, 2011. 
  16. Young, Eleanor (April 21, 2011). „First Look! Beyoncé's Sizzling Single Cover“. Marie Claire. IPC Media. конс. April 23, 2011. 
  17. 17,0 17,1 „Beyoncé's "Run The World (Girls)" Single Cover Less Exciting Than The Song“. Idolator. конс. April 21, 2011. 
  18. Corner, Lewis (April 21, 2011). „Beyonce unleashes 'Run The World (Girls)'. Digital Spy. Hachette Filipacchi Medias. конс. April 21, 2011. 
  19. 19,0 19,1 Beyoncé's 'Run The World (Girls)': New Single Released“, „The Huffington Post“, AOL Inc., 19 април 2011 (посет. 20 април 2011 г).
  20. „First Look At Beyonce's New Music Video“. Rap-Up. Devin Lazerine. April 11, 2011. конс. April 12, 2011. 
  21. Vena, Jocelyn. „Is Beyonce Prepping Her Next Music Video?“, MTV News. MTV Networks, 12 април 2011 (посет. 12 април 2011 г).
  22. Gayles, Contessa (April 21, 2011). „Beyonce Debuts Anthem 'Run the World (Girls)'. AOL Music. AOL Inc. конс. April 24, 2011. 
  23. Perricone, Kathlene (April 21, 2011). „Beyonce releases new single: 'Run the World (Girls)' is another female-empowerment anthem“. Daily News. Mortimer Zuckerman. конс. May 2, 2011. 
  24. Benitez-Eves, Tina (March 8, 2011). „Beyonce to Debut New Single This April?“. AOL Music. AOL Inc. конс. April 12, 2011. 
  25. Winistorfer, Andrew (April 19, 2011). „Beyonce - "Run The World (Girls)" (Prod. Diplo & Switch)“. Prefix Magazine. конс. April 23, 2011. 
  26. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име pitck.
  27. Dixon, Risa (April 19, 2011). „New Beyonce track, 'Girls (Who Run The World)'. Newsday. Terry Jimenez. конс. May 2, 2011. 
  28. Smart, Gordon (April 13, 2011). „Beyonce hires all the dancer ladies“. The Sun. News International. конс. April 13, 2011. 
  29. Cheung, Nadine (April 21, 2011). „Beyoncé, 'Run the World (Girls)' -- New Song“. AOL Music. AOL Inc. конс. April 23, 2011. 
  30. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Lamb.
  31. McCabe, Kathy (April 21, 2011). „Beyoncé has ripped off her own hits for new release "Run The World (Girls)". The Daily Telegraph. News Limited. конс. April 21, 2011. 
  32. Breihan, Johnston (April 19, 2011). „Beyoncé And Diplo Load Up On Accessories“. The Village Voice. Michael Cohen. конс. April 21, 2011. 
  33. Run the World (Girls) - Single by Beyoncé. iTunes Store (US). Apple Inc.. 21 април 2011 г. 
  34. 34,0 34,1 „Beyoncé - Run The World (Girls) - Sony Music Entertainment Germany GmbH“. Sony Music. конс. 25 May 2011. 
  35. Beyonce. „The Music Network“ (Peer Group Media) (833). 25 април 2011 г. http://www.themusicnetwork.com/music-releases/singles/2011/04/25/issue--833-1/beyonce--run-the-world-girls/. посет. 14 мај 2011 г. 
  36. „Radio 1 Playlist“. BBC Radio 1. BBC. June 3, 2011. Архивирано од изворникот на June 4, 2011. 
  37. „Radio 1Xtra Playlist“. BBC Radio 1Xtra. BBC. June 3, 2011. Архивирано од изворникот на June 4, 2011. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]