Baby Boy (песна на Бијонсе Ноулс)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Baby Boy“
BK-BabyBoy.jpg
Сингл од Бијонсе и Шон Пол
од албумот Dangerously in Love и Dutty Rock
Издаден 3 август, 2003
Формат ЦД сингл, 12" сингл
Снимен 2006, South Beach Studios, Мајами, Флорида[1]
Жанр денсхал, поп, реге фјужн
Должина 4:04
Издавачка куќа Columbia
Композитор Бијонсе Ноулс, Скот Сторч, Шон Паул Хенрикес, Роберт Валер, Шон Картер
Продуцент Скот Сторч
Хронологија на синглови на Бијонсе и Шон Пол
Crazy in Love
(2003)
Baby Boy
(2003)
Fighting Temptation
(2003)

Baby Boy“ е песна снимена од американската Р&Б пејачка, Бијонсе Ноулс заедно со реге пејачот од Јамајка, Шон Паул. Песната е продуцирана од Скот Сторл за првиот студиски албум на Ноулс, Dangerously in Love (2003). Песната е напишана од Ноулс, Сторч, Паул, Роберт Валер и Џеј-Зи. Откако била официјално испратена до радијата во САД на 3 август, 2003, песната била издадена физички од 7 октомври, 2003 како вториот сингл од албумот преку издавачката куќа Columbia Records.

„Baby Boy“ е Р&Б–реге песна чиј текст ги покажува фантазиите не една жена, а бидејќи е во контекст со темата на албумот, Ноулс смета дека тие чувства се лични за неа. Песната се сметала како продолжение на соработката на Ноулс во 2002 со Џеј-Зи на „'03 Bonnie & Clyde“. По нејзиното издавање, „Baby Boy“ била критички пофалена. Музичките критичати генерално го пофалиле обидот за вклучување на индискиот и средно-источниот стило во песната. Некои од нив го навеле внесувањето на денсхал влиајнија со главните жанрови на синглот и ја сметале соработката на Ноулс со Паул како една од најдобрите на албумот.

„Baby Boy“ имал голем комерцијален успех и останал на првото место на табелата Билборд Хот 100 девет последователни недели. Добил платинумска сертификација во САД и бил најдоло задржаниот број-еден дингл на Ноулс сè до „Irreplaceable“ (2007), кој останал десет последователни недели. „Baby Boy“ исто така се искачил и интернационално, меѓу првите десет синглови во повеќе држави вклучувајќи ги Австралија, Белгија, Данска, Франицја, Ирска, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска, Швајцарија и Обединетото Кралство, а добил и платинумски статус во Австралија и Нов Зеланд.

Музичкото видео за песната е режирано од Џејк Нава, кој исто така го снимил видеото за „Crazy in Love“. Видеото претежно ја покажува Ноулс како игра на различни лопкации. „Baby Boy“ останал и на списокот на изведувани песни на Ноулс на нејзините концерти. Американското друштво на композитори, автори и издавачи (ASCAP) ја признало песната на Поп Музичките Награди од 2005, како една од најизведуваните песни на годината. Во 2005, американската пејачка-текстописец, Џенифер Армур поднесла тужба за кршење на авторските права, тврдејќи дека Ноулс ги искористила основните музички делови од нејзината песна „Got a Little Bit of Love for You“. Тужбата била решена во корист на Ноулс.

Позадина и пишување[уреди | уреди извор]

Во 2002, Ноулс заминала во Мајами, Флорида, САД, за да работи со американскиот снимачки продуцент Скот Сторл на нејзиниот прв соло албум, Dangerously in Love.[1] Таа и Сторч ја напишале „Baby Boy“, со дополнувања од американскиот текстописец Роберт Валер и долгогодишното момче на Ноулс, хип хоп артистот Џеј-Зи.[1] Песната исто така, содржи и лирски интерполација на „No Fear“ од хип-хоп групата O.G.C. користена кон крајот на песната: „We steppin' in hotter this year“.[2]

Кога песната била направена, Ноулс имала идеја дека би било „одлично“ кога јамајскиот денсхал-реге артист Шон Пол би придонел вокал за песната.[2] Ноулс му се јавила на Паул за можна соработка за „Baby Boy“.[3][4] Шон Пол се согласил и одетал од Јамајка за да ги почнат снимачките сесии за песната.[2] Тој придонел за диџејскиот стих и тие го завршиле снимањето за „Baby Boy“ во март, 2003, во текот на подоцнежните фази на снимање на албумот.[3]

Музика и тема[уреди | уреди извор]

„Baby Boy“ е Р&Б песна во средно темпо изведувана во умерен ритам. Компонирана е во Це-мол тоналитет и е поставена на деведесет и два удари во минута во вообичено време.[5] „Baby Boy“ е хибрид од Р&Б и денсхал[6] и има реге влијанија.[7] Знаењата на Сторч за индиската и средно-источната музика влијае на неговите источни влијанија,[8] односно на арабиската музика.[9] Нил Драминг од магазинот Entertainment Weekly рекол дека „'Baby Boy' носи завртување на боливудското мало, со Шон Пол кој рапува користејќи реге“.[10] Песната е изградена од „удари кои звучат како кастањети“,[11] и вклучува синтизирани удари со раце.[12] Според Fox News Channel, „Baby Boy“ е базирана на реге песната од 1995, "Here Comes the Hotstepper" од пејачот од Јамајка, Ини Камозе.[13]

„Baby Boy“ е продолжение на „'03 Bonnie & Clyde“; песна од 2002 со Џеј-Зи.[3] Текстот ги покажува фантазиите на жена за кои Ноулс смета дека се лични за неа, задржувајќи се на главната тема на албумот.[4] Пол забележал, „Таа ми кажува за нејзините фантазии и ме слика мене и неа одејќи ваму и таму, насекаде низ светот ... Јас ѝ возврачам назад, 'Јас сум со тебе'.“[3] Стиховите се изградени во тост-рефрен-стихувана форма, Шон Пол врши диџеинг, додека Ноулс ги пее сите други стихови и рефрени. Шемата се повторува два пати; следи рефрен и стих, решавање на диџеингот и завршните стихови.[2]

Издавање и прием[уреди | уреди извор]

Ноулс ја пее „Baby Boy“, поддржана од двајца танчери

„Baby Boy“ била издадена како втор сингл од албумот Dangerously in Love. Песната офцијално била испратена до радијата во САД на 3 август, 2003 под формати кои вклучувале ритмички[14] и Топ 40 ерплеј.[15] „Baby Boy“ била издадена како макси сингл во Канада на 7 октомври, 2003,[16] ЦД сингл во Германија на 13 октомври, 2003[17] и во САД наредниот датум преку истиот формат.[18] Различна верзија на песната се појавила на вториот албум на Шом Пол наречен Dutty Rock.[19]

„Baby Boy“ била добро прифатена од критичарите. Прегледувачот од магазинот Роулинг Стоун, Антони Декуртис напишал дека Бијонсе звучела како да „има забава“ за време на песната,[20] додека Стефен Томас Ерлевин од Allmusic, онлајн база на податоци, ги опишал вокалите на Ноулс како „уверени и секси“.[21] Марк Антони Нил од интернационалниот онлајн магазин PopMatters, ја сметал песната како една од „високите соработки“ од Dangerously in Love.[22] Лиса Верико од дневниот весник во САД, Тајмс, ја опишала песната како „Латино соработка [...] Пол прави реге рап во средината, но потоа Бијонсе полурапува кажувајќи дека парот има вистинска хемија“.[11] Јанси Стриклер од магазинот Флак напишал дека „пелтечењето на 'Baby Boy' е подобрено од монотониот денсхал рап на Пол“.[23]

Џејмс Антони од британскот весник The Guardian рекол дека песната го „премостува јазот мешу жанровите на Р&Б и денсхал“.[24] Пишувачот Натали Николс од Лос Анџелес Тајмс рекол дека „хаус-зачинетиот 'Baby Boy' успешно го приклучува задишаното готвење [на Ноулс] со хипот, интересна продукција.“[7] Британската издавачка куќа EMI била почестена од Американското друштво на композитори, автори и издавачи (ASCAP) за време на поп музичките награди од Pop како Издавач на Годината за „Baby Boy“, покрај другите песни.[25] SСкот Сторч освоил Текстописец на Годината на истиот настан.[25]

Успех на табелите[уреди | уреди извор]

„Baby Boy“ се искачил на комерцијалните табели пред неговото физичко издавање во САД. Песната довела до повисок пласман на Dangerously in Love на табелата Билборд 200 и помогнал албумот да постигне мулти-платинеста сертификација во САД.[26] Синглот за првпат се искачил на Билборд Хот 100, официјалната табела за синглови во Америка, на педесет и седмото место, додека „Crazy in Love“ бил сеуште на првата позиција.[27] „Baby Boy“ доминирал на радијата во САД и многу брзо го освоил првото место на Хот 100.[28][29][30] Се искачил на првото место седум недели по неговото прво искачување и останал таму девет последователни недели.[30][31] Синглот останал една недела подолго отколку „Crazy in Love“, со што станал најдоло-искачуваниот број-еден сингл на Ноулс. Ова не било срушено сè до синглот на Ноулс од 2006, „Irreplaceable“, од нејзиниот втор студиски албум B'Day (2006), кој поминал десет недели на највисоката позиција кон крајот на 2006 до почетокот на 2007 поради големата застапеност на радијата.[32] Синглот останал на Хот 100 дваесет и девет недели,[33] и добил платинеста сертификација од RIAA на 6 јуни, 2006.[34] „Baby Boy“ имал голем успех на Билборд кросовер и на современите радио табели, појавувајќи се на Топ 40 Песни, Ритмички Топ 40 и Топ 40 Мејнстрим, како и на Хот 100 Ерплеј, Хот Денс Ерплеј и Хот Денс Музика/Клуб Плеј.[35][36][37][29] Од 6 октомври, 2010, „Baby Boy“ продал 6,000 физички копии во САД.[38]

Интернационално, „Baby Boy“ настапил добро, искачувајќи се меѓу првите десет места на повеќе табели. Синглот за првпат се искачил во Обединетото Кралство што станало и неговото највисоко искачување на интернационалните табели.[39] Иако поминал единаесет недели на табелата, не успеал да се искачи на првото место (бил задржан од „Where Is the Love?“ од The Black Eyed Peas).[39] Во повеќето европски држави, синглот навлегол во топ десет. Во Австралија и Нов Зеланд, „Baby Boy“ се искачил на третото и второто место.[40][41] Добил платинеста сертификација од Австралиска музичка индустрска асоцијација за 70,000 продадени копии.[42]

Музичко видео[уреди | уреди извор]

Ноулс изведува рутина слична на онаа во музичкото видео (лево) за „Baby Boy“.

Музичкото видео за „Baby Boy“ било снимено од англискиот режисер Џејк Нава, кој го режирал и видеото за претходниот сингл на Ноулс „Crazy in Love„. Било снимено во Мајами, Флорида на 7 и 8 август, 2003. Делови од видеото биле снимени во куќа со соби направени во различен стил: една во јапонски стил и една во стар англиски стил.[43]

Сцените кои ги прикажуваат Ноулс и Пол се покажани одделно. Видеот започнува со Пол кој седи на трон додека рапува; Ноулс се наведнува на ѕид и танцува. Во следната сцена, може да се види Ноулс која лежи на кревет и се превртува. Пол е покажан со неколку жени кои лежат на подот и се милуваат меѓу себе. Ноулс оди кон плажата; забелжува маж и тие двајца се допираат и флертуваат. На забава, Ноулс игра со друг маж. Потоа подот се поплавува со вода додека таа пее „подот за танцување станува море“. Оригиналната песна е интерполирана кон крајто со арапска инструментална музика, дизајнирана за музичото видео. Овој дел го прикажува енергичното танцување на Ноулс на песокот.

Сал Кинкемани од онлајн публикацијата Слант Магазин, го опишал видеото како „бебешки следбеник“ на видеото на „Crazy in Love“.[44] „Baby Boy“ премиерно бил покажан на програмата на MTV. Total Request Live на 25 август, 2003 на десеттото место и го достигнал највисокото место.[45][46] Останал на шото четириесет и еден ден, истиот период кој го поминал „Me, Myself and I“.[45]

Настапи во живо[уреди | уреди извор]

Ноулс ја изведува „Baby Boy“ за време на концертната турнеја од 2005 на Destiny's Child, Destiny Fulfilled ... And Lovin' It.

Ноулс ја извела песната „Baby Boy“ за време на МТВ Видео Музички Награди од 2003.[47] Таа ја испеала песната во мешавина со претходно снимени вокали од Шон Пол и исто така ја извела „Crazy in Love“ со Џеј-Зи.[48] Подоцна ја изела „Baby Boy“ на MTV Европските Музики Награди од 2003 со Шон Пол.[49] „Baby Boy“ била вклучена во сет-листата на концертните турнеи на Ноулс. Песната била отворачка песна на нејзината Dangerously in Love Светска Турнеја која започнала кон крајот на 2003. За време на турнејата, таа се појавила од таванот на арената и била спуштена на црвената сала[50]—настап што таа го искоритила на MTV ВМГ. Снимката од лондонската Вимбли Арена во Обединетото Кралство е вклучена во ДВД-то Live at Wembley кое било издадено на 27 април, 2004. Ноулс ја изведувала песната за време на сет-листата на турнејата Destiny Fulfilled ... And Lovin' It од Destiny's Child и потоа се појавила на ДВД-то Destiny's Child: Live in Atlanta.[51]

Како дотаток на овие настапи во живо „Baby Boy“ била дел од сет-листата на The Beyoncé Experience во Лос Анџелес и I Am... Турнејата за време на различни места вкчучувајќи ги Одисеј Арената во Северна Ирска, O2 Арената во Лондон, Атина во Грција и Сиднеј во Австралија.[52][53] На 5 авуст, 2007, Ноулс ја извела песната во Медисон Сквер Гарден во Менхетен, носејќи танцувачка облека.[54][55] Таа се спуштила по скалите држејќи чадор и била пречекана од страна на трите момчиња облечени во униформа.[55] Кратка секција од класичната реге песна „Murder She Wrote“ била усвоен во „Baby Boy“.[55] Џон Парелес од Њујорк Тајмс ја пофалил изведбата, изјавувајќи: „На Бијонсе не ѝ треба одвлекување од нејзиното пеење, кое може да биде кое може да биде воздушесто или металично, насолзено или опасно, скорострелно со продолжени слогови. Но, таа беше во постојано движење, во костими [...]“.[54] Во Лос Анџелес во Степлс Ценарот на 2 септември, 2007, Ноулс имала целосна изведба на песната, облечена во црно. Била дополнето од неколку женски и машки танчери и инструментавија во живо.[56] Ноулс исто така провала да го ре-продуцира танцот кој го танцувала во музичкото видео за време на почетокот на третиот стих. Таа повторно ја вмешала реге песната „Murder She Wrote“.[51]

Кога Ноулс ја изведувала песната во Санрајс, Флорида на 29 јуни, 2009, носела златно трико. Кога нејзиниот настап започнал, таа била крената во воздухот, a потоа спуштена на сцената каде ја довршила изведбата. Додека пеела, анимирани графики од маси кои се превртувале и други анимации била прикажани зад неа, а настапот го надополнувале и танчеи и музичари.[57] Ноулс била придружена од нејзините двајца тапанари, двајца клавијатуристи, удирачки инструмети, дувачка секција, тир позадински вокали наречени Mamas и водечкиот гитарист, Биби Мекгил.[58] „Baby Boy“ била вклучена на нејзините албуми во живо The Beyoncé Experience Live (2007),[59] и делук изданието од I Am... World Tour (2010).[60] На ASCAP Поп Музичките Награди, „Baby Boy“, заедно со песните „Me, Myself and I“ и „Naughty Girl“, биле претставени како едни од нејизвеуваните песни на годината.[61]

Тужба за кршење на авторските првата[уреди | уреди извор]

Во 2005, америкснакиот пејач-текстописец Џенифер Армур поднесол тужба за кршење на авторски права, тврдејќи дека Ноулс искористила текст од неговата песна „Got a Little Bit of Love for You“.[62][63][64] Во 2003, поранешната издавачка куќа на Армур испратила демо снимки до издавачките куќи, вклучувајќи ги и Columbia Records од Ноулс и Atlantic Records од Шон Пол.[65][66] Според окружниот суд, сведок експерт утврдил дека песната е „суштински слична“ (барање за прекршочно наоѓање). Со преглед на музиката, експертот изјавил во неговата изјава, „Кога слушните споредби на двете песни се во Це-мол (за лесна споредба) и презентирани во A–B–A–B, дури и најмалку ориентираниот слушач ќе открие дека песните се слични; Јас можам да речам дека многу слушачи можат дури да помислат деека се работи за иста песна! И повторно, со транспонираната песна за оваа намена не се менува секој од основните квалитети или карактеристики на песната, туку само му помага на способноста на оние кои се запознаени со техниките на музика во правење споредба.“ Судијата на окружниот суд одлучила дека таа, самата, не можела да ги слушне на сличностите помеѓу двете песни и го отфрлила случајот, негирјќи на предлогот за песните или случај да бидат сослушани од страна на жирито.[64]

На жалба, на Соединетите Американски Држави на Апелациониот суд за Петтото коло ја потврдила пресудата на окружниот суд, но владееле различни расудувања. Тие сметале дека немало прекршување врз основа на тврдењето дека била примена демо лентата од Армур кратко време по пишувањето на Ноулс додека нејзината песна била значително завршена. Сепак, судот не се осврнал на прашањето на значајно сличност.[66][67]

Формати и списоци на песни[уреди | уреди извор]

  • 12" Макси Сингл[40]
  1. „Baby Boy“ (Албум верзија) – 4:04
  2. „Baby Boy“ (Junior Vasquez Club Anthem Ремикс) – 8:50
  3. „Baby Boy“ (Maurice's Nu Soul Микс) – 6:14
  4. „Baby Boy“ (Maurice's Nu Dub Baby!) – 6:30
  • Европски Макси ЦД[68]
  1. „Baby Boy“ (Албум верзија) – 4:04
  2. „Baby Boy“ (Maurice's Nu Soul Микс) – 6:14
  3. „Baby Boy“ (Junior's Padapella) – 3:58
  4. „Krazy In Luv“ (Adam 12 So Crazy Ремикс) – 4:30

  • Германски ЦД сингл[17]
  1. „Baby Boy“ (Албум верзија) – 4:04
  2. „Baby Boy“ (Junior's Padapella) – 3:58

Табели и сертификации[уреди | уреди извор]

Неделни табели[уреди | уреди извор]

Табела (2003–04) Највисока
позиција
Австралија[40] 3
Австрија[69] 18
Белгија (Фландрија)[70] 11
Белгија (Валонија)[68] 7
Данска[71] 6
Холандија[72] 8
Европски Хот 100 Синглови 3
Франција[73] 8
Ирска[74] 6
Италија[75] 12
Нов Зеланд[41] 2
Норвепка[76] 10
Шведска[77] 5
Швајцарија[78] 5
Обединето Кралство[79] 2
САД Билборд Хот 100[80] 1
САД Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни[80] 1
САД Хот Денс Клуб Песни[81] 2
САД Мејнстрим Топ 40 (Поп Песни)[82] 1

Годишни табели[уреди | уреди извор]

Табела (2003) Позиција
Австралија[83] 32
Австралија (Урбани синглови)[83] 16
Белгија (Фландрија)[84] 77
Белгија (Валонија)[85] 83
Италија[86] 42
Швајцарија[87] 29
Обединето Кралство[88] 97
САД Билборд Хот 100[89] 12
САД Хот Р&Б/Хип Хоп Песни[90] 16
САД Поп Песни[91] 14
САД Ритмички Песни[92] 13
Табела (2004) Позиција
Австралија (Урбани синглови)[93] 35
САД Билборд Хот 100[94] 69

Табели кон крајот на деценијата[уреди | уреди извор]

Табела (2000–2009) Позиција
САД Билборд Хот 100[95] 40

Сертификации[уреди | уреди извор]

Регион (доделувач) Сертификација
Австралија (ARIA) Платинум[42]
САД (RIAA) Платинум[34]

Графичка прецесија и успех[уреди | уреди извор]

Претходник
Frontin'“ од Фарел и Џеј-Зи[96]
Број-еден сингл на Билборд Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни[97]
27 септември, 2003 – 25 октомври, 2003
Наследник
Stand Up“ од Лудакрис и Шавна[98]
Претходник
Shake Ya Tailfeather“ од Нели, П. Диди и Марфи Ли[99]
Број-еден сингл на Билборд Хот 100[100]
4 октомври, 2003 – 29 ноември, 2003
Претходник
Just the Way You Are“ од Милки[101]
Број-еден сингл на Билборд Хот Денс Ерплеј[102]
15 ноември, 2003
Наследник
Something Happened on the Way to Heaven“ од Дебора Кокс[103]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Knowles, Beyoncé (2003). Album notes for Dangerously in Love by Beyoncé Knowles, p. 2 [Compact Disc Liner Notes]. Columbia Records (5044750 959529).
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Dangerously in Love. Columbia Records. 2003. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Kaufman, Gil. „Jigga Who? Beyoncé Shares Fantasies With Sean Paul On 'Bonnie & Clyde' Sequel“, MTV News.MTV Networks, 17 март 2003 (посет. 16 февруари 2011 г).
  4. 4,0 4,1 Thread editors. „Beyoncé's debut Album, Dangerously In Love“. Thread Magazine. Архивирано од изворникот на January 22, 2008. конс. February 16, 2011. 
  5. „Baby Boy Sheet Music“. Sheet Music Plus. 
  6. Gerard, Morgan. „Time is the Master“. Peace Magazine. CANDIS publication. конс. March 2, 2011. 
  7. 7,0 7,1 Nichols, Natalie (June 24, 2003) Review: Dangerously in Love. Los Angeles Times. Eddy Hartenstein. Retrieved on February 16, 2011.
  8. Scott Storch's Outrageous Fortune“, „Rolling Stone“, Jann Wenner, 29 јуни 2006 (посет. 16 февруари 2011 г).
  9. Fitzpatrick, Rob. Review: Dangerously in Love. NME. IPC Media. July 2, 2003. Retrieved on February 16, 2011.
  10. Drumming, Neil (June 27, 2003). „Music Review: Dangerously in Love (2003)“. Entertainment Weekly. Time Inc. конс. February 16, 2011. 
  11. 11,0 11,1 Verrico, Lisa (June 20, 2003). „Beyoncé: Dangerously in Love – Beyoncé Knowles is growing up, but not too much“. The Times. London: Times Newspapers Ltd. конс. February 16, 2011. 
  12. James Poletti (July 7, 2003). „Yahoo! Music Album Review: Beyonce - 'Dangerously In Love'. Yahoo! Music. Yahoo!. конс. February 16, 2011. 
  13. Friedman, Roger. „Beyoncé Takes Credit for 'Writing' Songs“, Fox News Channel. Jann Wenner, 18 октомври 2005 (посет. 16 февруари 2011 г).
  14. Rhythmic – Week Of: August 3, 2003 Radio and Records. August 3, 2003. Retrieved February 17, 2011.
  15. „Top 40 – Week Of: August 3, 2003“. Radio & Records. August 3, 2003. конс. February 17, 2011. 
  16. „Baby Boy: Featuring Sean Paul [Maxi] “. Amazon Canada. Amazon Inc. конс. February 16, 2011. 
  17. 17,0 17,1 „Baby Boy [Single, Maxi] “ (German). Amazon Germany. Amazon Inc. конс. February 16, 2011. 
  18. „Baby Boy“. Amazon United States. Amazon Inc. конс. February 16, 2011. 
  19. „Dutty Rock [Original recording reissued]“. Amazon United States. Amazon Inc. конс. February 16, 2011. 
  20. DeCurtis, Anthony (July 10, 2003). „Album Reviews: Dangerously In Love“. Rolling Stone. Jann Wenner. Архивирано од изворникот на December 30, 2007. конс. February 16, 2011. 
  21. Erlewine, Stephen Thomas. „Dangerously in Love > Overview“. Allmusic. Rovi Corporation. конс. February 16, 2011. 
  22. Neal, Mark Anthony (July 11, 2003). „Getting Grown“. PopMatters. конс. February 16, 2011. 
  23. Strickler, Yancey. „Beyoncé: Dangerously In Love“. Flak Magazine. конс. February 16, 2011. 
  24. Anthony, James (August 18, 2006). 'Of course you can lose yourself'. The Guardian. Guardian Media Group. конс. February 16, 2011. 
  25. 25,0 25,1 „ASCAP Pop Music Awards 2005“. American Society of Composers, Authors and Publishers. конс. February 16, 2011. 
  26. Stacy-Deanne; Kenyatta, Kelly; Lowery, Natasha (2005). Alicia Keys, Ashanti, Beyoncé, Destiny's Child, Jennifer Lopez & Mya: Divas of the New Millennium. Amber Books Publishing. стр. 60–61. ISBN 0-9749779-6-9. http://books.google.com/books?id=1ZGMcUEvkyEC. посет. 16 февруари 2011 г. 
  27. „Billboard Hot 100“. Billboard. Prometheus Global Media. August 21, 2003. конс. February 16, 2011. 
  28. Martens, Todd. „Beyoncé, Sean Paul Creep Closer To No. 1“, „Billboard“, Prometheus Global Media, 11 септември 2003 (посет. 16 февруари 2011 г).
  29. 29,0 29,1 Martens, Todd. „'Tailfeathers' Still Shakin' Singles Chart“, „Billboard“, Prometheus Global Media, 4 август 2003 (посет. 16 февруари 2011 г).
  30. 30,0 30,1 Martens, Todd. „'Baby' Kicks 'Tailfeather' From Chart Roost“, „Billboard“, Prometheus Global Media, 25 септември 2003 (посет. 16 февруари 2011 г).
  31. Martens, Todd. „'Stand Up' Ends 'Baby Boy' Reign“, „Billboard“, Prometheus Global Media, 28 ноември 2003 (посет. 16 февруари 2011 г).
  32. Hasty, Katie. „Beyoncé Makes It Ten Weeks At No. 1 With 'Irreplaceable'“, „Billboard“, Prometheus Global Media, 8 февруари 2007 (посет. 16 февруари 2011 г).
  33. "Baby Boy" Global Chart Positions and Trajectories“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. конс. February 16, 2011. 
  34. 34,0 34,1 „Gold and Platinum“. Recording Industry Association of America. конс. February 16, 2011. 
  35. Martens, Todd. „No Stopping Beyoncé's 'Baby Boy' At No. 1“, „Billboard“, Prometheus Global Media, 23 октомври 2003 (посет. 16 февруари 2011 г).
  36. „Beyoncé: Artist Chart History“. Billboard. Prometheus Global Media. конс. February 16, 2011. 
  37. „Beyoncé > Charts & Awards > Billboard Singles“. Allmusic. Rovi Corporation. конс. February 16, 2011. 
  38. Grein, Paul (October 6, 2010). „Week Ending Oct. 3, 2010: America's Most Popular Inmate“. Yahoo! Music. Yahoo!. конс. March 31, 2011. 
  39. 39,0 39,1 „Chart Stats – Chart For Week Up To 18/10/2003“. The Official Charts Company. October 18, 2003. Архивирано од изворникот на May 11, 2013. конс. February 16, 2011. 
  40. 40,0 40,1 40,2 „Beyoncé Feat. Sean Paul – Baby Boy (Song)“. ARIA Charts. Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  41. 41,0 41,1 „Beyoncé Feat. Sean Paul – Baby Boy (Song)“. Recording Industry Association of New Zealand. Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  42. 42,0 42,1 „ARIA Charts – Accreditations – 2003 Singles“. Australian Recording Industry Association. конс. February 16, 2011. 
  43. Reid, Shaheem. „Sean Paul Appears In The Flesh In Beyoncé's 'Baby Boy' Clip“, MTV News. MTV Networks, 20 август 2003 (посет. 16 февруари 2011 г).
  44. Cinquemani, Sal. „03 Year in Rewind“. Slant Magazine. конс. February 16, 2011. 
  45. 45,0 45,1 „Total Request Live debuts“. Popfusion. Архивирано од изворникот на January 2, 2008. конс. February 16, 2011. 
  46. „TRL Number Ones“. Popfusion. Архивирано од изворникот на April 15, 2008. конс. February 16, 2011. 
  47. Cinquemani, Sal. „The Kiss(es) Heard 'Round the World: 2003 MTV Music Video Awards“. Slant Magazine. конс. February 16, 2011. 
  48. Jay-Z Prevented Sean Paul From Performing With Beyoncé At VMAs“, Yahoo! Music. Yahoo!, 5 септември 2003 (посет. 16 февруари 2011 г).
  49. Wiederhorn, Jon. „It's Justin's Night As Christina, Kelly Osbourne Fight At MTV Europe Awards“, MTV News. MTV Networks, 6 ноември 2007 (посет. 16 февруари 2011 г).
  50. Simpson, Dave (November 4, 2003). „Beyoncé“. The Guardian. Guardian Media Group. конс. February 16, 2011. 
  51. 51,0 51,1 Shaheem, Reid. „Beyoncé Puts On Flawless – And Fall-Less – NYC Show With Robin Thicke“, MTV News. MTV Networks, 6 октомври 2007 (посет. 16 февруари 2011 г).
  52. „Beyoncé - Baby Boy“. Nuts (magazine) (United Kingdom)<nowiki />. IPC Media. конс. February 16, 2011. 
  53. „Beyoncé - Diva (live from the "I Am..." World Tour DVD)“. Perez TV. November 15, 2010. конс. January 9, 2011. 
  54. 54,0 54,1 Jon Pareles (August 6, 2007). „Romance as a Struggle That She Will Win“. The New York Times. Arthur Ochs Sulzberger, Jr. конс. February 16, 2011. 
  55. 55,0 55,1 55,2 Shaheem Reid. „Beyonce Puts On Flawless — And Fall-Less — NYC Show With Robin Thicke“, „MTV News“, MTV Networks, 7 август 2007 (посет. 16 февруари 2011 г).
  56. Beyoncé Knowles. (2007). The Beyoncé Experience Live. Columbia Records. 
  57. Parke Puterbaugh (June 29, 2009). „Review: Beyonce is ... Fierce talent“. New Records. конс. February 16, 2011. 
  58. Ben Ratliff (June 22, 2009). „Flash, Concepts and, Yes, Songs“. The New York Times. Arthur Ochs Sulzberger, Jr. конс. February 16, 2011. 
  59. „The Beyoncé Experience (Live) [Audio Version]“ (Dutch). Itunes Belgium. Apple Inc. November 19, 2007. конс. February 16, 2011. 
  60. „I Am...World Tour“ (Dutch). Itunes Belgium. Apple Inc. November 26, 2010. конс. February 16, 2011. 
  61. „Most Performed Songs“. American Society of Composers, Authors, and Publishers. конс. February 16, 2011. 
  62. Associated Press. „Suit Over Beyoncé's 'Baby Boy' Lyrics Goes to Appeals Court“, Fox News Channel. Fox Entertainment Group, 4 октомври 2007 (посет. 16 февруари 2011 г).
  63. MTV News staff. „For The Record: Quick News On Beyoncé, Britney Spears, Hilary Duff, Snoop, White Stripes, Simon Cowell & More“, MTV News. MTV Networks, 13 јули 2005 (посет. 16 февруари 2011 г).
  64. 64,0 64,1 Armour v. Knowles, No. H-05-2407, 2006 WL 2713787 (S.D.Tex. Sep. 21, 2006).
  65. MTV News staff. „For The Record: Quick News On Britney Spears, Beyoncé, Kristin Cavallari, Beck, T.I., Lil' Kim & More“, MTV News. MTV Networks, 3 октомври 2006 (посет. 16 февруари 2011 г).
  66. 66,0 66,1 „Beyoncé cleared of copying song“. The Independent. Independent Print Limited. January 3, 2008. конс. February 16, 2011. 
  67. „Armour v. Knowles“ (PDF). 5th Cir.: 512 F.3d 147. 2007. конс. February 16, 2011. 
  68. 68,0 68,1 „Beyoncé Feat. Sean Paul – Baby Boy (Chanson)“ (French). Ultratop 40. Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  69. „Beyoncé Feat. Sean Paul – Baby Boy (Song)“ (German). Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  70. „Beyoncé Feat. Sean Paul – Baby Boy (Nummer)“ (Dutch). Ultratop 50. Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  71. „Beyoncé Feat. Sean Paul – Baby Boy (Song)“. Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  72. „Nederlandse Top 40 – October 25, 2003 Week 43“ (Dutch). Top 40 Netherlands. October 25, 2003. конс. February 16, 2011. 
  73. „Beyoncé Feat. Sean Paul – Baby Boy (Chanson)“ (French). Syndicat National de l'Édition Phonographique. Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  74. „The Irish Charts – All there is to know“. Irish Recorded Music Association. конс. February 16, 2011. 
  75. „Beyoncé Feat. Sean Paul – Baby Boy (Song)“ (Italian). Federation of the Italian Music Industry. Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  76. „Beyoncé Feat. Sean Paul – Baby Boy (Song)“. VG-lista. Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  77. „Beyoncé Feat. Sean Paul – Baby Boy (Song)“. Sverigetopplistan. Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  78. „Beyoncé Feat. Sean Paul – Baby Boy (Song)“ (Swedish). Swiss Music Charts. Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  79. „Chart Stats – Beyonce Featuring Sean Paul“. The Official Charts Company. Архивирано од изворникот на May 11, 2013. конс. February 16, 2011. 
  80. 80,0 80,1 „Beyonce Album & Song Chart History“. Billboard Hot 100. Prometheus Global Media. конс. February 23, 2011. 
  81. „Beyonce Album & Song Chart History“. Billboard Hot Dance Club Play for Beyonce. Prometheus Global Media. конс. February 16, 2011. 
  82. „Beyonce Album & Song Chart History“. Billboard Pop Songs for Beyonce. Prometheus Global Media. конс. February 16, 2011. 
  83. 83,0 83,1 „Pandora Archive Year End Charts 2003“ (PDF). ARIA Charts. Pandora Archive. конс. February 16, 2011. 
  84. „Jaaroverzichten 2003 (Flanders)“. Ultratop 50 (Dutch). Ultratop 50. Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  85. „Rapports Annuels 2003 (Flanders)“. Ultratop 40 (French). Ultratop 40. Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  86. „The best-selling single of 2003 in Italy“. Federation of the Italian Music Industry. Hit Parade Italy. конс. February 16, 2011. 
  87. „Swiss Year End Charts 2003“. Swiss Music Charts. Hung Medien. конс. February 16, 2011. 
  88. „UK Year-End Chart 2003“ (pdf). The Official Charts Company. конс. 2011-04-11. 
  89. „The Billboard Hot 100 Singles & Tracks - 2003 Year End Charts“. Billboard. Prometheus Global Media. December 27, 2003. конс. February 16, 2011. 
  90. „The Billboard Hot R&B/Hip Hop Singles & Tracks - 2003 Year End Charts“. Billboard. Prometheus Global Media. December 27, 2003. конс. February 16, 2011. 
  91. „The Billboard Top 40 Tracks Titles - 2003 Year End Charts“. Billboard. Prometheus Global Media. December 27, 2003. конс. February 16, 2011. 
  92. „The Billboard Rhythmic Top 40 Titles - 2003 Year End Charts“. Billboard. Prometheus Global Media. December 27, 2003. конс. February 16, 2011. 
  93. „Pandora Archive Year End Charts 2004“ (PDF). ARIA Charts. Pandora Archive. конс. February 16, 2011. 
  94. „The Billboard Hot 100 Singles & Tracks - 2004 Year End Charts“. Billboard. Prometheus Global Media. конс. February 16, 2011. 
  95. „The Billboard Hot 100 Singles & Tracks - Decade Year End Charts“. Billboard. Prometheus Global Media. конс. February 16, 2011. 
  96. Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (38): 35. 20 септември 2003 г. ISSN 00062510. 
    • Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (39): 35. 27 септември 2003 г. ISSN 00062510. 
    • Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (40): 39. 4 октомври 2003 г. ISSN 00062510. 
    • Gloria Estefan celebrates a career milestone selling 70 million records!. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (41): 57. 11 октомври 2003 г. ISSN 00062510. 
    • Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (42): 23. 18 октомври 2003 г. ISSN 00062510. 
    • Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (43): 29. 25 октомври 2003 г. ISSN 00062510. 
    • For Billboard Hot R&B/Hip-Hop Songs chart:
      • Yes 35. Once upon a time: Rock moved to the front of the stage. Music became epic. 35 years later... YES are keeping it that way. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (44): 35. 1 ноември 2003 г. ISSN 00062510. 
    • For Billboard Hot 100 chart:
      • Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (49): 70. 6 декември 2003 г. ISSN 00062510. 
  97. Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (39): 80. 27 септември 2003 г. ISSN 00062510. 
    • Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (40): 80. 4 октомври 2003 г. ISSN 00062510. 
    • Gloria Estefan celebrates a career milestone selling 70 million records!. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (41): 94. 11 октомври 2003 г. ISSN 00062510. 
    • Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (42): 60. 18 октомври 2003 г. ISSN 00062510. 
    • Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (43): 74. 25 октомври 2003 г. ISSN 00062510. 
    • Yes 35. Once upon a time: Rock moved to the front of the stage. Music became epic. 35 years later... YES are keeping it that way. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (44): 96. 1 ноември 2003 г. ISSN 00062510. 
    • Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (45): 60. 8 ноември 2003 г. ISSN 00062510. 
    • From Mexico: Banda El Recodo De Cruz Lizárraga. A 65 Year Legacy. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (46): 82. 15 ноември 2003 г. ISSN 00062510. 
    • Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (47): 70. 22 ноември 2003 г. ISSN 00062510. 
    • José José: Mexico's Prince of Song. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (48): 66. 29 ноември 2003 г. ISSN 00062510. 
  98. Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (45): 29. 8 ноември 2003 г. ISSN 00062510. 
  99. From Mexico: Banda El Recodo De Cruz Lizárraga. A 65 Year Legacy. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (46): 49. 15 ноември 2003 г. ISSN 00062510. 
  100. Billboard: The International Newsweekly Of Music, Video And Home Entertainment. „Billboard“ (Nielsen Business Media) том  115 (47): 36. 22 ноември 2003 г. ISSN 00062510. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]