Прејди на содржината

Broken-Hearted Girl

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Broken-Hearted Girl“
Сингл од Бијонсе
од албумот I Am... Sasha Fierce
Страна Б Video Phone(Издолжен ремикс)
Издаден 28 август 2009
Текстописец Бијонсе Ноулс, Кенет Едмондс, Микел Сторлир Ериксен, Тор Ерик Хермансен
Формат ЦД сингл, спуштање
Снимен 2007, Roc the Mic Studios
(Њујорк Сити, Њујорк)
Жанр Поп, Р&Б
Должина 4:38
Издавачка куќа Columbia
Продуцент Ноулс, Stargate
Хронологија на синглови на Бијонсе
Sweet Dreams
(2009)
Broken-Hearted Girl
(2009)
Video Phone
(2009)

Broken-Hearted Girl“ е песна од американската пејачка, Бијонсе Ноулс. Напишана е од Ноулс, Кенет „Бејбифејс“ Едмондс, Микел Сторлир Ериксен и Тор Ерик Хермансен, а продуцирана е од Ноулс и Stargate за третиот студиски албум на Ноулс, I Am... Sasha Fierce (2008). Како претходно најавен шести сингл од албумот, издавањето било одложено, а „Sweet Dreams“ служел како таков. „Broken-Hearted Girl“ подоцна станала седмиот сингл од албумот, издадена на 28 август 2009.

Како Р&Б и поп балада, песната се движи во умерено темпо и користи пијано, жици и тапани. Добила претежно позитивни прегледи од музичките критичари кои го пофалиле гласот на Ноулс и користењето на пијано во песната. Се појавила на неколку музички табели и се искачила меѓу првите десет во Австралија, Бразил, Чешка, Германија и Ирска. Музичкото видео за „Broken-Hearted Girl“ потсетува на поранешна врска и прикажува неколку сцени кои враќаат во минатото.

Позадина и композиција

[уреди | уреди извор]

„Broken-Hearted Girl“ е пијано-балада во средно темпо напишана од Бијонсе Ноулс, Кенет „Бејбифејс“ Едмондс и ко-напишана и продуцирана од Stargate. Песната била снимена во студиото Roc the Mic Studios во Њујорк Сити.[1] Напишана е во D-минор, со темпо од 84 удари во минута во вообичаен временски период.[2] Продукцијата и мелодијата е поддржана со жици и тапански удари.[3] Мариел Консепшон од Билборд напишал дека Ноулс „емотивно се топи“ во песната, „Јас не сакам скршено срце / И не сакам да ја играм улогата на девојка со скршено срце“.[4] „Broken-Hearted Girl“ користи примерок од кордната прогресија Dm–B♭–F(9)–F–C/E, додека вокалниот опсег на Ноулс се движи од F4 до F6.[2]

Оригинално ова беше класична, целосна Р&Б песна, која ја напиша Бејбифејс. Тој дојде и смени еден акорд и напиша текст, а потоа додаде фалсето глас кога го снимивме демото. Оттука преминавме да ја смениме целата позадинска песна и неговиот вокал. Ги сменивме акордите и сè друго, а потоа се помеша пијаното. Песната е напишана во D-минор. Претпоставувам дека повеќето од нашите песни се во помали тоналитети. Најверојатно се потпревме на почувствителна, мелодична експресија. Тоа е нешто што доаѓа природно за нас.

— Stargate, [5]

„Broken-Hearted Girl“ отпрвин требало да биде шестиот сингл од I Am... Sasha Fierce. Сепак, поради нерешени причини, „Sweet Dreams“ била издадена како таков. „Broken-Hearted Girl“ била потоа издадена како седмиот сингл од албумот.[6] Прво била издадена во Австралија и Нов Зеланд на 28 август 2009, а во октомври и ноември 2009 била издадена и на другите територии.[7][8]

Критички прием

[уреди | уреди извор]
Ноулс ја изведува „Broken-Hearted Girl“

Колим МекГуир од Pop Matters рекол дека „Пијано-баладријата на 'Broken-Hearted Girl' е едноставно повеќе Селин Дион отколку Арета Френклин“.[9] Нана Екуа Бру-Хемонд од Village Voice ја нарекла песната „романтично-комедиска саундтрак песна“.[10] Елиза Гарднер од USA Today ја одбрала „Broken-Hearted Girl“ како една од песните на I Am... Sasha Fierce кои треба да се спуштат,[11] додека Џенифер Винејард од MTV News забележал доминантност на пијаното и жиците во песната, додавајќи дека „гласот [на Бијонсе] покажува возджранот и пее во понизок регистар што ѝ дава поголема вокална моќ“.[12] Digital Spy ѝ дал на песната три од пет ѕвезди, фалејќи ги пијаното и жиците и "вокалите [на Бијонсе] пополнети со емоции“, но го критикувал користењето на тапан. Прегледот завршил со коментар дека покрај тоа што песната не е „магнетна“ како „Crazy in Love“ о „If I Were a Boy“ и не е „бесценета“ како сингловите на Destiny's Child од Writing's on the Wall и Survivor, туку е „доказ дека Бијонсе е една од најдобрите поп пејачи на нејзината генерација“.[13]

Микеланџело Матос од The A.V. Club почувствувала дека „Broken-Hearted Girl“ е „недовршена“,[14] додека Џесика Суарез од Paste напишала дека „командирскиот глас [на Ноулс] звучи необично тенко“ за време на песната.[15] Таа го нарекла пијаното „врискаво“ и не била убедена од текстот.[15] Ремикс на песната од Алан Браксе бил вклучен како четврта песна на европскиот макси-сингл. Метју Ричардсон од Prefix Magazine рекол дека ремиксот е „пријатна за клубови“ и слична со работата на Леона Луис.[16]

Табели и настапи во живо

[уреди | уреди извор]

„Broken-Hearted Girl“ за првпат се искачила на Британската Табела за Синглови на педесет и шестото место на 3 октомври 2009. Се поместила на дваесет и седмото место на 14 ноември 2009 и излегла од табелата во декември 2009 по дванаесет поминати недели.[17] Исто така се искачила на дванаесеттото место на ОК Р&Б Табелата.[18] Песната била успешна низ цела Европам заземајќи го триесет и седмото место на табелата за Европски Хот 100 Синглови:[19] се искачила на дваесеттото место на Ирската Табела за Синглови,[20] каде останала девет недели,[21] и зазела дваесет топ место на Ерплеј Табелата на Чешка,[22] и Германската Табела за Синглови.[23] Се искачила и меѓи првите четириесет во Австрија и Словачка.[24][25] аи се појавила на Шведската Табела за Синглови[26] и на Белгиските Музички Табели.[24] Во Австралија, песната поминала две недели на четиринаесеттото место на ARIA Табелите за Синглови и девет недели меѓу првите педесет.[27] Песната се искачила на и на Бразилските Хот 100 Ерплеј Синглови.[28]

Ноулс ја извела „Broken-Hearted Girl“ на нејзината I Am... Tour. Настапот на песната бил овозможен на нејзиниот албум во живо, I Am... World Tour.[29] Снимањето на песната било прегледано на Yahoo! Music на 25 ноември 2010 пред издавањето на видеото на 29 ноември.[30]

Музичко видео

[уреди | уреди извор]
Ноулс ја враќа розата во нејзината оригинална форма за време на музичкото видео на „Broken-Hearted Girl“.

Видеото за синглот било издадено на 16 јуни 2009 на Above and Beyoncé - Video Collection & Dance Mixes.[31] Видеото било режирано од Софи Мулер,[32] која претходно ги режирала „Déjà Vu“ и „Ring the Alarm“.[33][34]

Почетотко на видеото е снимен во црно-бела техника,[35] и ја прикажува Ноулс плачејќи во кола одејќи по плажа.[36] Додека плаче во колата, се сеќава на спомени од времето кое го поминала со нејзиниот партнер. Во моменталната сцена, Ноулс оди по плажа за подоцна да помести парче облека, превртувајќи го во камерата. Таа подоцна оди во водата со расплакани очи и пее во камерата. Во средината на песнатам видеото добива воја и Ноулс носи зелен фустан и држи црвена роза. Следува сцена која ја прикажува Ноулс како ја поправа розата, така што времето се враќа наназад, а таа ги додава цветовите. Видеото завршува повторно во црно-бела техника и Ноулс се врача во колата смеејќи се и потоа заминува.

Список на песни

[уреди | уреди извор]

Австралиски и новозеландски сингл[7][8]
  1. „Broken-Hearted Girl“ – 4:39
  2. „Broken-Hearted Girl“ (Ремикс на Каталист) – 4:46
Дигитален EP[37]
  1. „Broken-Hearted Girl“ – 4:37
  2. Video Phone(издолжен ремикс со Лејди Гага) – 5:04
  3. „Poison“ – 4:04
Австралиски, германски и новозеландски дигитален EP[38][39][40]
  1. „Broken-Hearted Girl“ – 4:37
  2. Video Phone(издолжен ремикс со Лејди Гага) – 5:04
  3. „Poison“ – 4:04
  4. „Broken-Hearted Girl“ (музичко видео) – 4:39
Европски сингл[41]
  1. „Broken-Hearted Girl“ – 4:38
  2. „Broken-Hearted Girl“ (Ремикс на Алан Бракс) – 3:29

Бразилски и германски сингл[42][43]
  1. „Broken-Hearted Girl“ – 4:39
  2. Video Phone(издолжен ремикс со Лејди Гага) – 5:04
Amazon France digital download[44]
  1. „Broken-Hearted Girl“ – 4:37
  2. Video Phone(издолжен ремикс со Лејди Гага) – 5:04
  3. „Poison“ – 4:04
Европски макси сингл[41][45]
  1. „Broken-Hearted Girl“ (Ремикс на Герет Вин) – 6:31
  2. „Broken-Hearted Girl“ (128 BPM Ремикс на Герет Вин) – 6:48
  3. „Broken-Hearted Girl“ (Ремикс на Алан Бракс) – 4:18
  4. „Broken-Hearted Girl“ (Даб Ремикс на Алан Бракс) – 7:01
  5. „Broken-Hearted Girl“ (Ремикс Оли Колинс и Фред Портели) – 6:36
  6. „Broken-Hearted Girl“ (Радио Уредување) – 3:29

Кредити и личности

[уреди | уреди извор]
Извор:[1]

Неделни табели

[уреди | уреди извор]
Табела (2009) Највисока
позиција
ARIA Табели[27] 14
ARIA Урбани Табели[46] 4
Австрија[24] 38
Белгија (Фландрија)[24] 7
Белгија (Валонија)[24] 9
Бразил Билборд Хот 100 Ерплеј[28] 10
Чешка[22] 15
Европски Хот 100 Синглови[19] 37
Германија[23] 14
Ирска[20] 20
Швајцарија[26] 62
Словачка[25] 39
Обединето Кралство[17] 27
ОК Р&Б Табела[18] 12

Годишни табели

[уреди | уреди извор]
Табела (2009) Позиција
Австралија (Урбана)[47] 37
Обединето Кралство[48] 189

Историја на издавање

[уреди | уреди извор]
Држава Датум
Австралија[7] 28 август 2009
Нов Зеланд[8]
Европа[45] 30 октомври 2009
Германија[43] 20 ноември 2009
Бразил[42] 23 ноември 2009
  1. 1,0 1,1 Knowles, Beyoncé (2008). Album notes for I Am... Sasha Fierce (Liner Notes) by Beyoncé Knowles, p. 4 [Compact Disc]. New York City, New York: Columbia Records (88607 42884 2).
  2. 2,0 2,1 „Broken-Hearted Girl digital sheet music (Digital Download)“. MusicNotes.com. EMI Music Publishing.
  3. McAlpine, Fraser (October 29, 2009). „Beyonce – 'Broken-Hearted Girl'. BBC Music. BBC. Посетено на December 9, 2010.
  4. Concepcion, Mariel (2008-11-22). „I Am... Sasha Fierce“. Billboard. Nielsen Business Media. Архивирано од изворникот 2009-05-29. Посетено на 2011-01-05.
  5. Tingen, Paul (May 2010). „The Stargate Writing & Production Team“. Sound on Sound. Посетено на January 31, 2011.
  6. June 18, 2009 12:00 am (2009-06-18). „Beyonce Knowles Broken-Hearted Girl music video released“. The Daily Telegraph. News Limited. Посетено на 2010-06-05.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  7. 7,0 7,1 7,2 „Broken Hearted Girl“. Sanity.com.au. 2009-08-28. Архивирано од изворникот на 2013-10-04. Посетено на 2009-09-15.
  8. 8,0 8,1 8,2 „Broken-Hearted Girl – Single“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на 2010-12-10.
  9. McGuire, Colin. (2009-02-06) Review: I Am... Sasha Fierce. PopMatters. Посетено на 2009-11-11.
  10. Nana Ekua Brew-Hammond (2008-12-17). „New York Music – On the Method Behind Beyoncé's Multiple-Personality Madness – page 1“. The Village Voice. Архивирано од изворникот на 2015-01-26. Посетено на 2009-09-15. Text "Village Voice" ignored (help)
  11. Gardner, Elysa (2008-11-25). „Listen Up: Beyonce is tender, sassy on 'Sasha Fierce'. USA Today. Gannett Company. Посетено на 2011-01-05.
  12. Vineyard, Jennifer (2008-10-23). „Beyonce Album Preview: I Am ... Sasha Fierce Shines Light On B's Alter Ego – News Story | Music, Celebrity, Artist News | MTV News“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2012-02-09. Посетено на 2010-07-19.
  13. Mayer Nissim (2009-11-01). „Music – Singles Review – Beyoncé: 'Broken-Hearted Girl'. Digital Spy. Hachette Filipacchi (UK) Ltd. Посетено на 2010-07-19.
  14. Matos, Michaelangelo (2008-11-17). „I Am… Sasha Fierce“. The A.V. Club. The Onion]]. Посетено на 2011-02-05. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  15. 15,0 15,1 Suarez, Jessica (2009-01-05). „Beyonce: I Am... Sasha Fierce“. Paste. Посетено на 2010-01-05.
  16. „Beyonce – 'Broken-Hearted Girl' (Alan Braxe Dub Remix)“. Prefix Magazine. 2009-10-09. Архивирано од изворникот на 2009-10-12. Посетено на 2011-01-02.
  17. 17,0 17,1 „Beyonce – Broken-hearted Girl“. Chart Stats. Архивирано од изворникот 2014-01-16. Посетено на 2010-12-10.
  18. 18,0 18,1 „Chart Archive – Top 40 R&B Singles Archive“. The Official Charts Company. 2009-11-14. Посетено на 2010-12-10.
  19. 19,0 19,1 „European Hot 100“. Billboard. Nielsen Business Media. 2009-12-12. Архивирано од изворникот на 2011-01-22. Посетено на 2010-12-10.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. 20,0 20,1 „Irish Music Charts Archive – Top 50 Singles“. GFK Chart-Track. 2009-11-05. Архивирано од изворникот на 2012-02-29. Посетено на 2010-12-12.
  21. „Chart Track“. Irish Singles Chart. GfK. Архивирано од изворникот на 2016-10-05. Посетено на 2021-08-10.
  22. 22,0 22,1 „Radio Top100 Oficiální – Beyoncé – Broken-Hearted Girl“. IFPI Czech Republic. International Federation of the Phonographic Industry. Посетено на 2010-12-10.
  23. 23,0 23,1 „Chartverfolgung – Beyonce – Broken-Hearted Girl“. musicline.de / PhonoNet GmbH. Архивирано од изворникот на 2012-09-17. Посетено на 2010-12-10.
  24. 24,0 24,1 24,2 24,3 24,4 „Beyoncé – Broken-Hearted Girl“. austriancharts.at. Hung Medien. Посетено на 2010-12-10.
  25. 25,0 25,1 „Radio Top100 Oficiálna – Beyonce – Broken-Hearted Girl“. International Federation of the Phonographic Industry Slovakia. International Federation of the Phonographic Industry. Посетено на 2010-12-10.
  26. 26,0 26,1 „Beyoncé – Broken-Hearted Girl“. hitparade.ch. Hung Medien. Посетено на 2010-12-10.
  27. 27,0 27,1 Steffen Hung (2009-09-27). „Beyoncé - Broken-hearted Girl“. ARIA Charts. Hung Medien. Посетено на 2010-07-19.
  28. 28,0 28,1 „Brazil Hot 100 Airplay“. Billboard Brasil (португалски). 2 (100). 2010-10-18. ISSN 9772176054002 Проверете ја вредноста |issn= (help).
  29. „Beyoncé: I Am... World Tour (Deluxe Edition)“. Amazon.com. Посетено на 2010-12-10.
  30. Johnston, Paul (2010-11-25). „Beyonce: Broken Hearted Girl (Live) - Exclusive“. Yahoo! Music. Yahoo! UK & Ireland. Посетено на 2011-01-02.
  31. „Video: Beyoncé – 'Broken-Hearted Girl'. Rap-Up. 2009-06-16. Посетено на 2009-09-15.
  32. „Broken Hearted Girl - Beyoncé“. VEVO. Посетено на January 1, 2010.
  33. Spera, Keith (2006-06-23). „Spare Notes“. The Times-Picayune. New OrleansNet LLC. Архивирано од изворникот на 2009-01-10. Посетено на 2008-01-10.
  34. „Ring the Alarm – Beyoncé“. MTV. Архивирано од изворникот на 2010-12-30. Посетено на 2010-12-10.
  35. „Beyonce Knowles Broken-Hearted Girl music video released“. The Daily Telegraph. News Limited. 2009-06-18. Посетено на 2011-01-02.
  36. Maloney, Alison (2009-10-07). „Beyonce is Broken Hearted“. The Sun. Посетено на 2011-01-02.
  37. „Broken-Hearted Girl – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на 2010-12-10.
  38. „Broken-Hearted Girl – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на 2010-12-10.
  39. „Broken-Hearted Girl – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на 2010-12-10.
  40. „Broken-Hearted Girl – EP“ (германски). iTunes Store. Apple Inc. Посетено на 2010-12-10.
  41. 41,0 41,1 „Broken-Hearted Girl: Beyoncé: Amazon.co.uk: MP3 Downloads“. Amazon UK. Amazon Inc. 2009-11-02. Посетено на 2009-11-30.
  42. 42,0 42,1 „Beyoncé – Músicas – Terra Sonora“. Terra Sonora. Посетено на November 28, 2010.
  43. 43,0 43,1 „Broken-Hearted Girl: Beyoncé: Amazon.de: Musik“. Amazon Germany. Amazon Inc. 2009-11-20. Посетено на 2009-11-30.
  44. „Broken-Hearted Girl: Beyoncé: Amazon.fr: Téléchargements MP3“. Amazon France. Amazon Inc. 2009-11-20. Посетено на 2009-11-30.
  45. 45,0 45,1 „Broken-Hearted Girl (Single & Remixes)“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на 2011-01-02.
  46. „The ARIA Report“ (PDF). Australian Recording Industry Association. 2011-01-04. Посетено на 2011-05-14.
  47. „Pandora Archive“ (PDF). Australian Recording Industry Association. 2006-08-23. Посетено на 2010-07-19.
  48. „Charts Plus Year end 2009“ (PDF). Charts Plus. Посетено на 2010-07-19.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]